Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опишете си ги собите :)

Дискусија во 'Дом' започната од Iki.Olsen, 25 февруари 2010.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Новава соба е прекрасна. За почеток е во една таква старинска куќа, со дебели ѕидови. Два ѕида се бели, а два се дрвени односно прекриени со дрвени штици. Прозорите се дупли, едни има што се отвараат нанадвор во силно зелена боја, а другите навнатре, дрвени. Кога влегуваш, од десно има прозор, право тросед и после еден огромен регал со фиоки и огледало. Лево од вратата има огромен плакар после него една мала ниска масичка со две столици и над неа прозор. Креветот е висок, дупли со висок дрвен наслон. Десно од креветот бела маса, висока, во функција на биро со две бели столици. И до креветот од двете страни, наткасни.


    Соба сон.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Мојата соба... :lol:
    Ѕидовите се бојадисани зелено и потрокалово. Горе колку пола метар има зелено,надолу портокалово.
    Шкафчињата исто така се зело со портокалово. Имаме еден дупол прозорец кој не се отвара,но е доволен затоа што ни е мала собата,не многу. Имаме сопствена тераса,прилично голема. Лустерот ми е бел со црвени цветови. Имаме слики од тинејџери и деца. Немаме постери. Обични полици имаме четири и четири во вид на квадрати и една комодичка за телевизорот. Тепихот ни е со цветови. Имаме две комодички до креветите. На мојата има лампа. Имаме биро на кое стои: фотрлоти за ЦД-ња, украс од Пазарџик,цвет со насмеано лице,свеќник,украси,омилената честитка и секако компјутерот. Имаме два кревети,но сестра ми сеуште спие со мајка ми и татко ми. :lol:
     
  3. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    6.542
    Пол:
    Женски
    Сега сум во фаза на реновирање, фалат уште некои ситници.
    Значи ѕидовите ми се бојадисани сиви. Имам прозор - врата со бели завеси и тегет драпер. Имам голем плакар на цел ѕид моментално е розе ама ќе му најдам чаре. До креветот од едната страна имам биро од карши огледалце со наткасна за шминки и креветот ми е сив ( не е класичен кревет туку гарнитура на ГЕ) со шарени перничиња.
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    До пред 4 години собата ја делев со брат ми, ама откако реновиравме проширивме, секој си има своја соба :)

    Мојата е жолто-портокалова комбинација
    Жолт плакар, со потрокалови фиоки, жолта масичка и три портокалови табуретки, бирото ми е портокалово со жолто столче, ѕидовите се бели, тука таму има по некоја плишена играчка закачено а над креветот имам направено рамка од фотографии
    Нешто вака:

    [​IMG]
     
  5. Winter222

    Winter222 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    7
    Мојата соба не ја делам со никого бидејки нема сестра/брат.Виолеово-жолта е,но на некои места има и розево.На виолетовиот ѕид има лепенки (шаренки кругови и цветчиња) имам и виолетова фотеља ,бела масичка,а исто така сега за празниците и зи ја украсив собата. :)
     
  6. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Јас и брат ми сме 12 години разлика така да тој сеа има 1 година и 5 месеци и собата си е само моја розева е ама летово и следува реновирање :lol:
     
  7. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    па вака кога влегуваш ја затвараш вратата и на вратата имам закачено ташни и марами што во последно време ги носам
    потоа одма откако ќе влезеш од левата страна имам огледало и еден како елемент со 4 фиоки.
    од вратата право има прозор и биро и телевизор
    и од вратата десно има полици кревет и плакар
    собата ми е малечка ама добра ми е.
    мебелот ми е зелено со бело ама сакам да си купам поточно да ми купат моите онака обичен кафеав мебел се надевам дека до летоска ќе бидне :)
     
  8. Caliopea

    Caliopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    Mojaта соба е светло виолетова боја,голем кревет,голем прозор затоа што сакам светли простории,и има некои слики од природа на ѕидовите.Ја сакам и таман ми е :)
     
  9. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Мојата соба е светло виолетова боја, а еден ѕид е бел и на некоја ми ја имаат нацртано Ајфеловата кула само во виолетова боја. Имам кревет, биро и на него компјутер, полици, плакар, тоалетна маса, 2 мали кауча и една мала масичка (кога ќе дојдат другарки да имаат каде да седнат), а каучите се пуштаат кога ќе ми преспиваат другарки, роднини, комшики и слично. Убава ми е собата и си ја сакам :inlove:
    П.С.:Покрај прозорот имам како полица за седење и таму си имам ставено перници и можам да си гледам кога врне надвор! :)
    Имаме дома во цел стан ламинат (светол) и имам бушав тепих (исто светло виолетов) :)
     
  10. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Мојата соба не ја делам со никого.Многу е топла,во лето не се издржува.Ја сочинуваат три бои:светло ит емно виолетова и кремаста.Правоаголна е по облик.
    Мала е,но имам повеќе нешта.Ѕидовите(освен тој со тапетот),се бели.
    Кога ќе влезете,од левата страна е виолетовиот тапет со цветови.Од десната страна е креветот,а над него има четири полици и шкафчиња,тие висечите во светло виолетова боја.Спроти вас е кремастото биро со компјутер,а под него има три фиоки,темно виолетови и една бела.Над бирото на белиот ѕид има уште две кремасти полици,каде ги чувам училишните книги,тетратките,некои украси.До нив е прозорецот со едно цвеќе.
    Кога ќе се свртите кон креветот,од вашата десна страна се висечите,а спроти вас,на белиот ѕид над креветот има полица со неколку книги и ламба.До прозорецот,во ќошот имам светло виолетов со кремасто плакар.Тепихот ми е виолетов собело и кремасто,а лустерот темно виолетов.Имам и неколку розеви-виолетови цветови на едниот ѕид каде што е плакарот,а на другиот ѕид каде што еплакарот календар.Имам и многу украси и рамки за слики.Имам и две плишни животинчиња на креветот и едно перниче-срце. :)
     
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.090
    Пол:
    Женски
    Мојата соба ја делам со сестра ми, собата е прилично голема, има една комода, нема ТВ има 2 бироа, и многу фиоки, ѕидовите се бели! Има и еден шкаф а и постери, мебелот е воглавно виолетово со сино, и тук там портокалово, тепихот е помеѓу розево и виолетово и има шараници по него (не со пенкала, фломастери маркери, туку шари на самиот тепих :lol: ) и масичка има горе виолетово доле сино :)
     
  12. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Собата е ужасна. Боите се како да си влегла во фустаните на Ники Минаж односно све ми боје лепо стоје.
    Зидовите ми се виолетови-едниот темно а другите посветли. Потоа мебелот е од иверица и има шара онаа како да е дрво. Но секаде каде што има простор за линија има ставено СИНА линија . Тоа во комплет се купувало и сега фиоките ми се сини,на полици имам сини линии.И да биде најтрагично моментално имам ЗЕЛЕН покривач. :@
     
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Па всушнош моево не е соба, имам нешто како апартман, соба ,вц и кујна како посебен дел од куќата , со родителите имам само заедничка излезна врата.
    Собата ми е и соба за спиење и место каде што ги дочекувам другарките.Бидејки многу го сакам оној планински стил на куќи имам голем прозор без малку колку целиот ѕид [​IMG] вака некако, има убав поглед, дека живееме во периферија на градот се гледаат прекрасни ридови со дрвја :!: .Од внатре едниот ѕид ми е со панели(ламинат или незнам како се вика-[​IMG] вака) и таванот и подот и она малку ѕид од кај прозорот е исто.Третиот ѕид има помал прозор и тој е целиот бел, а четвртиот беше бел но јас нацетав нешто на црно сиво и окер-и многу убаво се вклопи
    Имам кревет- софа која се спушта и масичка - мала,покрај прозорот и биро иии уште само една комода на црно.Тое е се што имам во собата :)
    На тарасата од мојата соба имам мноогу цвеќиња и ондак тоо :D :D
     
  14. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Црвена со жолто ми е целата!На ѕидовите имам слики од најмилите,огледало и две полици.Под полиците се наоѓа телевизорот.Една голема полица,која не е на ѕид,полна со книги. :$ Огроомно биро,и два плакари.Ааа и темно црвен тепих. :lol: :$
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    За сите соби кај мене горе-долу важи истово.

    Oд мебел само она најнеопходното и да зафаќа што помал простор. Помалку е повеќе, велат, а и лично не сакам соби пренатрупани со мебел. Големи прозорци, ѕидовите се во беж и праска боја...
     
  16. nirvanaholic

    nirvanaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    147
    Еве ви слика од мојата соба :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  17. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Ѕидовите се светло зелени нежна боја не дреч. Елементите во неа се бели со розево. Два кревети розеви со зелени јорганчиња. 6 прозорци има од двете страни, 3 на една 3 на друга. На третата има полица со книги и други тракатанци и на четвртата закачени мечиња. Малечка е многу ама пријатна и многу топла во лето :)
     
  18. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Лиљакова, не ја делам со никого фала богу :D , и имам една комода а над неа полица и околу полицата срца :D ,биро, еден кревет, два плакари (еден за закачалки а другиот е со полици :wasntme: ) и сето ова е во лиљакова, розева и бела боја :)

    И да заборавив да напоменам дека имам и мала тераса 8)
     
  19. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Епа вака собата ми е мала ама си ја сакам
    на едната страна имам полица со книги , парфеми и други работи
    потоа имам гооооолем шкаф
    на ѕидовите имамм многу слики потоа крететот и на другата страна ми стои масата со лап топот
    и двата големи прозорци :)
     
  20. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Собата ја делам со брат ми, двата ѕида се розови, двата зелени, до едниот зелен ѕид е на брат ми креветот, до едниот розов ѕид е мојот кревет, до другиот зелен ѕид е шифуњерот, до кој има нешто како мало шкафче ама не е баш шкафче нз како се вика :D На него има мечиња. парфеми, книги и др. До другиот розов ѕид е бирото со компјутерот, таму има и голем прозорец, долу има паркет и зелен тепих со шолто бело и незнам уште што има :lol: До на брат ми креветот има зелена масичка на која е лаптопот и то :)