1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опишете си ги собите :)

Дискусија во 'Дом' започната од Iki.Olsen, 25 февруари 2010.

  1. she-17

    she-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    23
    мојата соба е премалечка. има кревет, шкафчиња, две полици и нешто што сака да е биро :D :D сето тоа е во плаво-жолта боја незнам ни сама зошто. и тепихот е плав со мечиња и завесите се плави.. имам премногу украси и играчки што стојат во собата зашто искрено не ми се тргаат настрана. цела соба изгледа тотатлно детски оти направена е поодамна а немам намера да ја менувам..приврзана си сум за неа таква каква што е. а сонувам да имам голема розова соба :D :P
     
  2. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    -зелени ѕидови
    -биро
    -кремасти шкафови
    -мнооооогу постери
    -кафен тепих
    -кремаста со кафено завеса
    -многу хартија (бајаѓи цртам и пишувам) :)
    -алишта по столицата
    во кратки црти то.

    Абе мојата соба не може тек така да се опише... мојата соба треба да се почувствува! :D
     
  3. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    Огромен кревет, даските се бели, за секогаш со зелена постелнина
    Бело-зелен тепих
    Бели натказни масички покрај креветот
    зелена ламба на масичките
    спроти креветот голем бел плакар низ целиот ѕид со огромно огледало
    Од едната страна има голем алуминиумски прозорец со зелени завеси
    Бојата на собата е светло зеленка
    На другата страна има огледало и (во моментов не ми текнува како се вика) за шминки :/
    и зелено столче на кое што моментално седам
    и секогаш на наткасната за шминки се наоѓа мојот лап топ
    Многу си ја сакам собата.. :inlove: :inlove:
     
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    љиљакова.. бидејќи бојата ме бодри, да одам напред некако ме релаксира .. ;) и,омилена ми е :wasntme:
     
  5. Oluska

    Oluska Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    24
    Мојата соба е тазе реновирана и тоа од корен :D Задоволна сум од тоа како изгледа и нема некој шо ја видел а да не се воодушеви :) Иначе ѕидовите се бели ама летово ќе ги средам :lol: а елементите се розови во 2 нијанси и брановидно поделени.Има мноооогу украси.Тепихот е бел со розови пеперутки и цветовии и бело перде со розов драпер
     
  6. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Одличен опис :) И последново многу ми се допадна.


    Иначе дечки супер мило ми е што се приклучивте на темата :) Се надевам дека ми се допадна.
    Поздрав
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Неодамна се преселив , и имам соба само за себе :)
    Имам :
    - кремаст плакар со три врати
    - кремасто-сива масичка на која ми стои телевизорот и под неа звучници и ташни
    - биро на кое ми стои лаптопот , телефон за со татко ми да се слушам , розева кутија и се во неа , и секако розеви фиоки ;) и да не ги заборавам ружите од дечко ми :inlove:
    -сив директорски стол ;)
    - кревет кој е секогаш со розева постела
    -кремасто-розев тепих со кругови
    - огромно огледало - си го сакам многу :)
    -лустер убав :D
    - една розева полица над телевизорот на која ми стојат млека за тела , за лице препарати и маски , креми . Една малце погоре од неа , исто розева и на неа ми стојат неколку мечиња , па од таа малку подоле на која ми стојат дезодоранси , неколку парфеми . Една над бирото и на неа имам кутии со накит , слика од мене и дечко ми . На полицата над креветот имам повеќе парфеми , свеќи 2 мали и една поголема .
    -розева слика на ѕидот со кравичка :D
    -светла на ѕидовите
    -прозор со розева венецијанка и розева завеса :)
    *Напомена ! Иако се ми е розево , не сум шмизла или девојче мало. Интересно ми е така :)
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.526
    Допаѓања:
    8.199
    Пол:
    Женски
    еее вака:
    мојата соба: имам два детски кревети,две бироа,три шкафа,со три фиоки и прегради,фотелја и сето тоа во жолто-сина комбинација,мечиња цело купиште,на мојот кревет милион перници,украси,слики,рамки,парфеми,шминки,шампони,чанти,книги...итн итн :D :D
     
  9. Wind

    Wind Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    28
    хахаха интересна тема :y:

    јас имам - жолти зидови со постери и слики на одредени места
    - и на вратата имам исполепено нешто
    - цела соба ми е уствари жолто плава
    - огледалото ми е во форма на цвеќе и е плаво и многуу убавоо!

    многу си ја сакам собатаа :rofl:
     
  10. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Ја делам собата со брат ми . |( И ептенн се нервирам !Мислам јест да он не е во соба само за спиење ама ...Важно не ми го зема компјутерот .Да се вратам на темата
    -Ѕидовите ни се зелно-виолетови,со средна големина,биро со печатар и компјутер,фиоки,плакар на лизгање,завесите виолетови,мноогу украсчиња и ситни работи и кревет -
    [​IMG]
    Ваков сличен ни е ама горе не пишува ништо и долниот не е на тркалца.
    Инаку горе спијам. :)
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.332
    Допаѓања:
    5.850
    Мојата соба има бели ѕидови и си е само моја,ќе има некоја корекција на ѕидовите,имам кревет :D ,масуле тепих,плакар работна маса,компјутер кој онака само стои, и една печка која наскоро ќе летаа :)
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    91.007
    Пол:
    Женски
    Собата ја делам со сестра ми, ама преубава ни е, а и речиси сите се воодусевиле,била ко на БАрби хаха.
    Бели ѕидови, кремасти кревети, плакар кој има огомни огледала , креместа работна маса, кремаста завеса и тепих и најважното розеви прекривачи со многу розеви перничиња . До пред некое време имавме многу плишани мечиња , но ги исфрлив речиси сите.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    35.591
    Пол:
    Женски
    Мојата соба има 2 кревета, табуретка, масичка, биро за компјутер, компјутер, телевизор, музички систем, плакар, постери на ѕидот, венецијанер ролетни и завеса.
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Моето клаустрофобично собуле не го делам со никој! :D
    Свежо варосано, едната половина бела, а другата виолетова. Едниот бел главен ѕид, има виолетови вертикални линии и една прекрасна пеперутка нацртана вчера (ќе ставам слики веројатно утре, и онака ветив да го видите мојот молерај) :lol:

    Причината за виолетовата боја беше една постелнина во слична нијанса која ја добив на подарок и толку ми требаше, а и сакав да сменам (претходно беше розева во комбинација со резеда).
    Покрај нели креветот и бирото со компјутерот на него, си имам и уште еден плакар за алиштата.
    Над креветот имам 3 полици со моите книги, и тој дел ми е секогаш уреден, книгите наредени по автор, по боја, под конец! Се' можам да дадам, ама кога треба да дадам некому книга, срцето ми се кине. :(
    Имам дрвено ковчеже, таму си ги чувам дневниците и некои драги ситници. Многу рустикално, и дава посебен шмек на собата. 8)

    И орбитрекот и топката за пилатес во ќош. И мало масиче си го преместувам лево-десно за кафенце со другарките и така.
    Па кога ќе помислам, и јас во собата, не ќе да е толку мала :^)
     
  15. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Бојата не собата ми е сина. А на една страна од ѕидот има шаковница плаво бела :) (<3 Metalurg<3) хаха :D
    Има два кревети на едниот спиам јас но понекогаш на другиот братми. Има биро со некој ставри на него :) Па после биро друго и компјутерот и плакар и телевизор :)
     
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Мојата соба е во знакот на цветот,а доминираат портокаловата и црвената боја. Не сакам розева, многу ми е шмизличка, а и овие две бои некако ми влеваат топлина. Ја делам со сестра ми, а тоа подразбира два кревети + фотелја, огромен шкаф од под до плафон, еден куп полици, а на нив слики, играчки, свеќи и други тралалајки. На средината мала подвижна масичка која најмногу ми се наоѓа кога ќе ми дојдат другарки, на неа ставам кафе, и се остало. Телевизор, дивиди, компутер, лап топ, големо огледало. Три пригушени и дискретни светла + голем лустер. Сума сумарум - цветови, портокалова и црвена боја ;)
     
  17. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    20
    Мојата соба е на поткровје и е огромна. Имам само еден бел ѕид, а на него се нацртани пеперутки и цвеќиња. Инаку другите ѕидови ми се прекриени со дрво исто и подот. На подот немам тепих и го обожавам чувството кога ми крцка подот под нозете. :lol:, освен едно мало тепихче во средина. Инаку на подот имам изрезбано М ♥ Т. Вратата ми е бела од внатрешната страна цртана. Од левата страна на собата имам врата за сопствено веце, тоа е мало и во виолетова боја. одма до вратата ми стои плакарот, а до плакарот стои една масичка на која стои телевизорот, а под него има DVD и фиоки за цедеа, над телевизорот имам слика од љубениот и плакарот и масичката се во бела боја. Бирото ми е големо, за да има место за се. На него стои компјутерот, принтерот, рамки со слики од мене и брат ми, има посебно место за куќиштето, пет фиоки во кои има разни книги, енциклопедии и слично, и мало шкафче во кое ми стои ранецот и дел од ташните. Oд другата страна на собата имам дрвен брачен кревет(порано тоа беше соба на моите и креветот остана), со бело-виолетова посетелнина и многу перници во розева, виолетова, бела и црна боја и секогаш на креветот ми стои лап-топот, дури и кога спијам. Од двете страни на креветот имам наткасни со две ламбички во бела боја со виолетови кругови, на едната ми стои алармот, книги и наочарите и рамка за слика со брат ми, а на другата страна ми стои еден стар розев саат кој не работи, рамка со слика од целото семејство и бежичниот телефон. Од десната страна на креветот имам мала масичка со огледало и неколку фиоки во кои чувам разни работи од козметика па се до шноли, штипки и ластичиња. Од левата страна малку после наткасната е вратата од сопствената тераса. Инаку имам виолетово-бели завеси. На балконот има една железна црна маса, со четири црни железни столчиња, и најчесто таму седиме со другарки, освен ако не е ладно. И во средина имам мала дрвена кафеава масичка со две бели и две виолетови табуретки и под масичката и табуретките е тоа мало округло тепихче во бела боја. :) И над масичката имам огромен бел лустер со виолетови кругови. Инаку над креветот имам слика која ми ја подарија мајка ми и татко ми за мојот 16 роденден, инаку на сликата сум јас со текст што го избрале тие самите. А во едно ќоше ми стои огромна кутија со разни играчки во неа и закачалка за ташните што не ми ги собрало во малото шкафче. И во три горни ќошиња имам звучници. И собата секогаш ми е во ред и никогаш не дозволувам кога ќе ми дојдат другарки да ми чепкаат некои работи. А брат ми никако не смее да влезе во собата, затоа што после ни три дена средување нема да бидат доволни.
     
  18. Chika-Boom

    Chika-Boom Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    Мојата соба е во розева боја во комбинација со сина небесна.Значи мебелот ми е плав,креветот розев(постелнината со барби :lol: )на едниот sид имам пејсаж од море,палми(и кога ке се разбудам како да сум на плажа :rofl: )другите sидови ми се бели.Потоа каде што стое ламбата имам голема диско-топка.Имам масичка каде што ми стое компјутерот и тоа е мојата соба која највеке си ја сакам :$
     
  19. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Ѕидовите ми се 2 портокалови и 2 крем боја.
    Собата е само моја, не ја делам со никој !!
    Сите елементи ми се портокалово со крем .. многу ја сакам портокаловата боја !! :D
    Имам 1 кревет, над него имам 3 полици (двете се крем, а таа во средина е портокалова) :)
    потоа имам нешто како мало плакарче, на него имам телевизор, а доле ми стои постелата
    од другата страна имам голем регал, за алишта ;)
    потоа имам една за книги, ама на тркалца можам да го ставам кај сакам..обично ми стои до бирото :D
    ии да имам големоо биро,има изглед како буквата Г !! на него имам принтер, рамки и компјутерот, и имам простор за учење ;)
    потоа имам и масичка мала (кога ќе ми дојдат другарки, таму си седиме си пиеме кафе) :D
    имам две столици на тркалца !! :)
    портокалов тепих, и на полиците мечињаа, рамки !!
    И да на ѕидот имам голем саат, како смајливо е :)
    ии многу си ја сакам собата, највеќе време минувам таму. :*
     
  20. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Прекрасни соби имате Девојки