Мојата соба ја делам со сестра ми.Средна големина обоена во сино-жолта комбинација,исто и мебелот и креветите сосе перниците се во таа боја Овде има телевизор,две бироа,еден голем шкаф и два мали,фиоки,компјутер,лаптоп,столна ламба,рамки за слики,фотелја,мечиња,перничиња,кукли,парфеми и триста чуда за нега на тело. Дневната ми е бордо-бело-златесто и во неа има телевизор,двосед,тросед и фотелја,електрична печка,стаклена маса и две помали маси на ќошевите,столна ламба,шкафчиња.. Кујната ми е бордо боја и во неа имам кружна трепезариска маса со 6 стола,работна маса,садопер,висичиња... Ходникот е праска боја и има сталажа за чевли,огромен шкаф за другите чевли,три шкафа.
mojata soba ne ja delam so nikoj...znaci e samo moja! uredena e po moja zelba (mi pomogna malce i majka mi vo izborot,ama sepak sum zadovolna) Vo kremsta boja mi e, so kafejavo...ne sakav vo nekoja druga boja posto ja ureduvav koga imav 22 godini i se cuvstvuvav veke vozrasna za rozevo i plavicko! )) imam mnogu prakticen plakar,so poveke pregradi i nekolku fioki! imam televizor vo sobata i biro na koj mi stoi kompjuterot! krevetoto mi e dovolno golem za mene samo! imam i nekolku mecinja koi ostanale od detstvoto, po nekoja ramka so slikicki se naoga nad televizorot...i toa e otprilika! ne mi se dopaga zavesata ama majka mi mi veli deka nemalo da mi ja smenat posto ke sum se mazela za nekoja godina,pa tamu kaj so ke odam da sum menela zavesi a za malce ke zaboravev,imam i mnogu prav vo sobata momentalno! i toa e mislam se!
Мала соба. Најголемиот дел е зафатен со ооогромен кревет (со розева постелнина да напоменам). Биро кое од книги, збирки и листови со задачи не може да му се одреди точната боја Цел ѕид со голем плакар. Полно кадифени мечиња (скоро сите поклони од бившиот. Спас?!). Бели ѕидови, розеви завеси, розеви лустери и ламби... И ако почнам да набројувам што се ми е розево ќе нема крај Сепак старата соба ми беше од почеток до крај погодете какава така да сега имам напредок со боите
Зидовите се жолто(повеќе накај крем)-зелена и на неколку места има постери, имам плакар, кој е поделен на три дела со крем боја, имам еден дел цел плакар, после тоа еден дел со пет фиоки,три полици и две шкафчиња и третиот дел е четири шкафчиња и три полици. На полиците има козметика, ластичиња, шноли и штипки, книги, разни украси и рамки со слики. Биро со крем боја и сини фиоки и едно мало шкафче. На бирото стои компјутерот, принтерот, столна ламба, и други ситни работи. Креветот ми е кремаст со сина огромна фиока, а постелнината најчесто ми е зелена. Инаку имам држач за цедеа, две мали дрвени столчиња, кремасто-син тепих со мечиња (само на дел од собата). Имам еден цвет(како кошница е) во ќошот на собата во зелено-жолто-портокалова боја и внатре има секакви работи. И имам уште едно мало шкафче кај што чувам ташни, ранци и куферот. Инаку собата не ја делам со никој, немам брат/сестра, а плус мала е.
Во мојата собичка сум сама, за среќа со брат ми имаме одделни соби! Па вака... имам кревет покрај десниот ѕид, едно биро за компјутер и книги но откако си купив лап топ на бирото ми стои системот и еден од звучниците, другиот звучник ми е на фиоката за книги! имам мала масичка на средината, а во едниот ќош имам гардероб со кремова боја! Бирото е кафеаво(светло) а ѕидовите се бели но преполни со постери од фудбалери и Роби Вилијамс! Масичката исто така има кремова боја со кафеаво и на неа стакло, под стаклото сликчиња од Федерер! Лустерот е портокалев исто и пердињата па затоа и дење и на вечер во собата ми е портокалево! Имам столна ламба на бирото што ја пуштам кога учам. Потоа има еден куп рамки со слики од дечко ми, украси секакви што ми ги подарувале, кадифени мечиња, разгледници од Италија, вентилатор и т.н. Многу си ја сакам собата и секоја слободна минута ја минувам таму! Но во лето е многу жешко тука! Ах. ми треба климаааа!!!
девојки во голема недоумица сум конечно моите попуштија и ми дозволија да си ја средам собата по мој вкус но сеа проблемот ми е со боите ги сакам зелената (светло) жолтата портокаловата и кафената не знам која од овие бои да ја изберам и која најубаво ќе прилега иначе собата ми е прилично мала што би се рекло 2 на 2,ај ве молам ако сакате да ми постирате некои слики со соби уредени со овие бои фала
значи ако е мала соба во никој случај немој да ја бојадисаш во темна боја... мој совет би ти било зелена светла и така ќе се чустуваш најубо и е многу релаксирачки, бидејќи ако ставиш темна боја во мала соба просторот ќе биде уште помал а можеш со кафеаво да направиш некој мал детаљ или ситен цртеж, пеперутче, срценце, ова она (како гејшата на ики, мн е доброоо), да обоиш еден зид вертикално со овие бои, би било ептен интересно да не испадни ептен обично, нормално ако ти се вклопува кафеаво во мебелот... И snake АКО СЕ РЕШИШ ДА ГИ БОИШ ЗИДОВИТЕ БИ ТИ ПРЕПОРАЧАЛА ПОЛИКОЛОР, ИНАКУ МОЖЕ ДА ИСПАДНЕ НЕРАМНОМЕРНО
а мојата соба ја делам со братми и нормално неможиме да ја уредиме мн женствено. ја обоивме црвено и сино, со 2 дијагонали и ептен убаво испадна. собата е голема ама темните бои ја прават помала на прв изглед, веќе си се навикнав хехе а имаме и син и црвен кревет во склоп со 2 бироа, големи бироа и нема потреба од полици за книги ова она, со медијапански сини и црвени вратници, а за регалот за облека(уѕидан) направивме вратници исти како тие на бироата за да се во склоп нормално... сега за сега празниот простор го имаме пополнето со куп плишани мечиша, бидејќи глупаво е да оставиме мн празен простор и не редиме постери по зидовите бидејќи мене ми е глупава идеја и кога тогаш ќе се одлепат па ќе ми останат само лепаците
значи ако е мала соба во никој случај немој да ја бојадисаш во темна боја... мој совет би ти било зелена светла и така ќе се чустуваш најубо и е многу релаксирачки, бидејќи ако ставиш темна боја во мала соба просторот ќе биде уште помал а можеш со кафеаво да направиш некој мал детаљ или ситен цртеж, пеперутче, срценце, ова она (како гејшата на ики, мн е доброоо), да обоиш еден зид вертикално со овие бои, би било ептен интересно да не испадни ептен обично, нормално ако ти се вклопува кафеаво во мебелот... И snake АКО СЕ РЕШИШ ДА ГИ БОИШ ЗИДОВИТЕ БИ ТИ ПРЕПОРАЧАЛА ПОЛИКОЛОР, ИНАКУ МОЖЕ ДА ИСПАДНЕ НЕРАМНОМЕРНО [/quote] и јас мислев нешто да ја правам во жолто-зелена кобинација па ќе видиме што ќе испадне дотолку дедо ми не се премисли
Значи мојата соба Цидот кај што е потпрана вратата цел е љиљаков. Таму е потрпано малото шифоњерче во кое ставам зимски алишта,а по боја е светло љиљакова за степен од ѕидот а другата вратичка е кремаста со љиљаково цветче. Потоа напред скроз ми се прозорите со љиљакови венецијанки и рамката е љиљакова. Потоа тука 2 стуба окулу прозорот се исто цели љиљакови а останатото е бело. Значи од десна страна прво ми е големиот шифоњер со алишта па масата со компјутерот.Од другата страна ми е телефизорот и пред него креветот кој е исто љиљаков. Љиљаково
Убава комбинација ти е зелено-жолта. Моите зидови се така фарбани, имам еден голем жолт зид, еден голем зелен и по еден мал (каде што се прозорорите и вратата) се жолт и зелен. Многу убаво изгледа.
Мојта соба ....... преовладува сината , зелената и жолтат боја . Средна големина некаде не знам точно колку квадрти ама тамн како за мене. Инаку најголем дел од собата ми го зафакаат плакарите не се многу големи ама доволно за да зафанат голем дел од мојата соба инаку се со многу рафтови , шкафови и фиоки оти навистина ми се потребни , тука ми стојат телевизоро , ДВДто , Појачалото , многу мечиња и украси и секако во шкафовите знае се што ми стое. Дргиот дел од собата имам син петосед и жолти постелнини што навистина е практичен , па и неодамна ми е правена собата и е баш по моја мерка , некев детски креветчиња исто овде имам сина маленка масичка и од спротива ми стое компјутеро на жолта масичка доста практична на неа со понекој рамкичка , урас , ламба итн.....тепихот ми е зелен со жолто и крем нешто , пердето зелено со сини завеси и забравив во почетокот ѕидовите ми се јако жолти. Инаку собата е сега само моја до скоро ја делев со сестрами ама она повеке не е овде така да е само моја, речиси секогаш е средена барем се трудам највеке што можам , мразам нераздигнато и нечисто. Инаку некои елементи како гитарата, еден огромен мендо, по некој стол ми зафакаат дел од собата и така. Многу си ја сакам и највеке време си поминувам во неа
Mojata soba e dosta golema. Plakarite mi se zolti so temno sini ramki. Policite se isto taka zolti so temno sini ramki ama ima crveno na postavite. Biroto mi e ogromno vo Г forma, od eden kraj a sobata do drug, i kako shto odi biroto odat i prozorite, znachi dva zida se celi so prozori shto mi e nashto najubavo vo sobata. Zidovite na sobata mi se beli i ima svetlo sini oblacinja na tavanot skoro i da ne se primetuvaat. Do krevetot imam golema polica so knigi i sliki, a do nea fioki. Vo drugiot kjosh na sobata imam televizor so 2 zvucnika i sistem. Vo sobata imam 2 kreveta (dodusha 4 zatoa shto i dvata imaat fioka pod niv so dushek za gosti) za mene i brat mi, ama brat mi ne spie vo ovaa soba tuku spie vo druga, taka da negoviot krevet mi e cel so pernicinja i mi sluzhi kako kauch. Pa mozam slobodno da kazham deka e samo moja sobava i si ja ureduvam kako sakam.
Мојата соба е само моја ѕидовите ми се светло лилјакови, но за да не бидат мнотони планирам да си ставам стикери на едниот ѕид, имам розеви венецијанки, розев тепих и розева постелнина со разнобојни перници на креветот, биро и голем плакар во кремаста боја. Плакарот ми е составен од два дела, едниот дел е за облека со две врати една за закачалка друга со полици, а другиот дел од плакарот ми е цел во полици на кои се наоѓаат свашта, рамнки за слики, плишани мечиња, шишенца парфеми, суви ружи кои ми ги поклониле, кутии за накит.... имам и помало плакарче во кое што чувам зимски алишта. Моментално сум во исчекување на малата округла масичка која шт ја нарачав и планирам да ја ставам на средина на совата а околу неа перничиња за седење , имам големо биро, на него веќе неупотреблив компјутер и печатар, кутии со пенкалца.. а ѕидот кај бирото ми е цел исполепен со белешки, убави мисли, љубовни пораки, изводи ... сето тоа залепени со оние разноболни самолепливи ливчиња во ќошот имам фотелја со розева прекривка кој највеќе ми служи за оставање алишта, до креветот имам наткасна со две фиоки, во фиоките чувам долна облека а во другите сите шминки лосиони и чуда... над наткасната има рамки за слика, интересна пепелјара полна со глупости, нешто за јадење и то
Јас ја делам собата со брат ми... Цела е светло портокалова,како ова таа во четврти ред претпоследната Само таванот е бел.Има два кревети( на брат ми е со сина голема фиока одоздола,а на мене со розева фиока),имаме и двајцата и фиокички посебни(за книги,тетратки,цедиња...).Масата е голема со 2 компјутера,има и телефизор,супер ми е во собата,така јас се чуствувам
Мојата соба е само мојаа Не ја делам!! Значи вака имам комбинација од две бои тегет и жолта ( омилена комбинација за соба) Два зида ми се тегет, другите два жолта иначе карши карши се...Големка ми е не се жалам...имам место за се...На жолтиот зид имам огромен тегет плакар мост каде се сместени сите мои алишта зимски, летни....Под плакарот ми е креветот исто така тегет а над креветот имам полици...тое е всушност мостот и на нив имам сликии, мечиња, украси и сите можни глупости....пред креветот имам мало масиче исто тегет, и две фотељички...Е на другата страна на другиот жолт зид ми е радната мас со пц-то и огромно огледало....а до него врата за тераса...мм сакаам тераса и супер што си иам....На другите два зида тегет на едниот има прозорец голем а под прозорецот термо печка...завеса ми е нежно розе...на другиот тегет зид ми стои масата за Тв....That's it!! Теписонот ми е исто нежно розе...значи завесата и теписонот ми е од пртходната соба почто цела ми беше розе.... Уфф Се распишав
Мојата соба исто е само моја... имам оооогрооомен кревет тукуречи спална имам шкаф кремаст во кој ми стојат алиштата во собата го имам и креветчето во кое сум спиела како бебе во него се мечина,кучина ... и сите тие крзнени глупости а на наткасната ми се рамки за слики и тие работи имам масичка малечка колку за книги а ПЦ ми е долу затоа што го користиме сите теписон немам бидејки нема многу место за тоа а завесата ми е розе со црвенко и плаво
ее интересна тема ... мојата соба е огромнааа и си ја обожавам само моја е Фала Богу тоа е мое царство и можам тука да си седам цел живот и ништо не ми треба инаку си имам и голема тераса која ја обожавам јас и сите други ... на втор спрат ми е собата и е жолта секој ѕид два дреч два помеки бои милион мечки огромни огромен жолт кревет а на него цел куп перници срциња повеќето жолти и некое црвено ... чувам значајни подароци рамки украси ... еден ѕид имам цел исполепен со спомени слики честитки пораки од некого ... имам две фотељи и маса на која има цел куп книгишта ... имам шолт лустер најубав и големо огледало .... шкаф за моите алишта огромен е поврзан со полици па затоа е огромен над него чувам ружи и букети овенати како и цветчиња што чат пат некој ми ги скинал... има и полици со милион глупости (смрт коа треба да се чисти) имам две три полоци големи со книги неповрзани со факс или школо , имам и корпа каде има списанија од кој знае која година па навака ... тепих жолт , папагалшето во кафез жолт и секако орбитрекот најскапата закачалка е тука имам и една како наткасна па има милион парфеми шишенца креми и слично а огледалото е како оние филмскине не знам како да објаснам и на него се сите шминки марамици средства за лице и слично...
Си имам станче во црниче. Прекрасен поглед на градот и Водно. Не е голем стан (двособен) но доволно е за мене сам. Зградичето е новоградба. Дневната е голема и имам големи прозори што гледаат кон Скопје додека собичката е малечка со креветче, биро и клуб масичка. Многу си го сакам станчево