1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опишете си ги собите :)

Дискусија во 'Дом' започната од Iki.Olsen, 25 февруари 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.566
    Што фини собички си имате...ама оној Бујото направи силен удар врз ентериерот...стерилни простории во тегет и бука боја...вадени од калап,колку и да ги красиш,пустиш,правиш...пак се исти,еднолични! :(

    Убави се лилавите соби,особено лаванда боја.Да не љубев кремаво со некои други земјени тонови и малце нечисто бело за спална,такви едноставни и не многу модернистички комбинации,туку едноставно удобни со енергија на земјата...сигурно ќе ми беше лилава идната ми спална која ќе биде наменета само и само за спиење и релаксирање!Ни компјутер,ни телевизор,само безконечна удобност!
    А сега каква ми е,не ви кажувам,ќе ме препознае некој! :D Стварно специфично и сенаменско,убаво подредено собуле си имам,јас си го викам станче!Врие од луди енергии,затоа често не се спие во него...од работна,уметничка до вежбачка атмосфера и енергија,јин и јанг не се у баланс,затоа ме заудираат несоници! :D
     
  2. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Мојата нова соба е стара околу 1 година.Порано ја делев со брат ми, сега е само моја.Прилично е голема.
    До секој ситен детал ја измислив јас..дури и димензиите,ја нацртав и им дадов на мајсторите да ми ја направат.
    Целата соба е светло розева со бело.Ѕидовите се на риги во розово бела боја.Имам огромен плакар во истата нијанса(розево бела)] и се наоѓа на едната страна од ѕидот.Од неговата спротивна страна се наоѓаат 2 кревети(едниот розев,а другиот бел) кои се во форма на буквата Г.Мораше да бидат два кревети иако сакав само еден,но имам постар брат кој скоро цела година е во Ск,но кога доаѓа дома да има каде да спие. Направено ми е креветите да изгледаат како чош,за кога ќе ми дојдат другарки да има кај да ги сместам.На средина има едно мало розево со бело масиче.
    Од едната страна од собата имам голем рафт за чување украси и книги,па наткасна со 5 фиоки(бело розеви) и едно прекрасно извртено огледало и наткасна за шминки.
    Тепихот ми е светло розев со бели и потемно розеви цветчиња.
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Ѕидовите во мојата соба се зелени, а мебелот е тегет со крем. Имам мал тегет тепих со крем шари по него, кој многу ми се свиѓа, но истовремено и ми ги кине живците затоа што секој ден мора да се чисти, се се лепи на него :@. Едниот ѕид од собата ми е целосно покриен со мебел. На тој ѕид се наоѓа плакарот за алишта, бирото, полици за книги и украси, како и еден дел кој во едната половина е затворен и таму си ја чувам постелнината, а другата половина е направена со отвори за системот и украси. На другиот ѕид, испод прозорецот се наоѓа мојот кревет во тегет боја. Завесите ми се во основа крем бели со тегет шари по нив. На средината на собата имам мало масиче, исто тегет со крем и две табуретки. Едно мало радијаторче за греење, кутија за се и сешто и тоа е се што има во мојата соба :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Е НОВАВА соба си ја немам опишано:
    два кревети (на едниот спие братучед ми); огромен плакар; биро, на него столна ламба, компјутерот и уште сто работи; две столчиња поголеми и едно помалечко; уште едно плакарче со стаклени вратници; ЕПТЕН малечко масиче за гости (кога дневната е зафатена); кварцна која стои на сред соба и три куфери под едниот кревет.
    Живот студентски :D
     
  5. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Собите во мојот дом - ниту големи, ниту мали полни со мебел од дрво (нешто како антикварница) :lol: . Татко ми е по тие стари работи и собите се исто како да гледаш филм од времето на кралицата Елизабета :lol: Има премногу слики на ѕидовите, часовници , мали масички во секое ќоше, украси од порцелан... Долги завеси со драпери, столни лампи со абажури... Се е во стилот на Middle Ages... но, да ме прашаа мене, ништо од ова немаше да има. Ќе имаше само кафеав седмосед, со ниска масичка, една до две слики, и многу малку мебел. Јас во сето ова се гушам. :( :tmi: Туку сакам да ве прашам вас, дали би сакале слики во вашиот дом, премногу мебел??? Поздрав4е
     
  6. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Доверливо....Си зедовме со дечкото соба со кујна и купатило под кирија на неколку месеци од причина зимно време кај ке одиме се по кафичи и кафани здосадува,а згора на тоа сме пушачи и на ова ладно не се стои надвор.За почеток си купивме црвена постелина,црвени свеки во знакот на љубовта и романтиката.Планирам се да биде во црвено и ке ја направам собичката кутија да има топлина и душа.Се мислам со која боја да ја комбинирам за да не биде еднолично. |-) |-)
     
  7. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    ^Крем боја е одлична во комбинација со црвена. Супер ќе ти го освежи просторот ;)
     
  8. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Благодарам кремасто да ми биде пердето а драперите црвени ама малку ке земам на метража за да не ми ја преземат драперите собата.На масата ке ставам црвено со крем чаршавче.Дечко ми изработува мебел ке го натерам да ми направе фиокарче крем со црвени рачки има кремаста иверица.Супер за идејата фалати многу.Поздравче :hai: :hai: ;) ;)
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Мене собата ми е зелена и виолетова и мн си ја сакам. Едниот ѕид ми е правен со риги зелена и виолетова.
    Имам:
    Биро
    Кревет
    Натказна
    Една така ко комода ама не е баш
    Шкаф
    Полици
    Тепих плав со твиити и мнооогу мноогу украси :D
     
  10. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Зелено(трева) со жолто (како кесичката од Несквик) ѕидови, тепих на риги на кој доминира зелено и жолто, а има и црвено, лилаково, плаво, зелен кревет, жолти и зелени перничиња, зелено биро, фиоки жолти, фотелји жолти, маса жолта, плакари зелено со жолто, библиотека зелено со жолто, полици зелени со милион зелени и жолти свеќи, полици жолти со украси поделени според боја на секоја полица, зелено со жолто живеалиште за хрчак. Кога ми доаѓаат деца на гости збеснуваат кај мене во соба зашто им личи на игротека :D , а јас намерно ги одбрав овие бои кога бев студентка, зашто жолтата боја помага за концентрација, а зелената смирува.
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Мојата соба ја делам со мојата сестра, но таа сега е на факултет значи собата сега е само моја. имам два кревети, плакар, масичка и биро во црна боја. Имам залепено 2-3 постери и еден куп украси и мечиња.
     
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Мебелот во мојата соба е во виолетова боја со бели цветчиња. Имам 2 големи плакари, со големи огледала на нив. Кревет, наткасна, биро. Имам виолетови завеси, и такво тепихче. Воопшто не сакам пренатрупани соби, немам мечиња, или некои ускраси. Се ми е наредно со шминки, парфеми и слични нешта, неколку рамки со со фамилијарни сликии многу книги. Доколку се прашувам сега, мојата соба би изгледала поинаку, но и изборот на мајками не е лош, многу нежно изгледа. Зидовите се од горе до пола виолетови.
     
  13. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Ја делам со сестра ми, иако бидејќи е на факултет исто како да е само моја :lol: . Инаку собата ми е во жолта и зелена боја. И ѕидовите ми се вакви и имам мики маус и мини маус огромни исцртани на ѕидовите, кои најмногу привлекуваат внимание кога ќе влезеш, особено кај помалите дечиња :) Инаку и мебелот, теписонот, завесите, прекривачот, се ми е во жолто-зелена боја :)
     
  14. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    Собата ја делам со брат ми, но јас повеќе го поминувам времето во неа отколку тој :D
    Иначе 2 ѕида се светло плави а другите 2 бели. Едниот ѕид ми е прекриен целосно со плакари. Спроти вратата е мојот кревет а десно од неа има телевизор и креветот на брат ми. Спроти неговиот кревет е бирото на кој стои мојот компјутер. Над бирото има 2 полици на кои стојат принтерот и книги мои за на факс. Над мојот кревет има 2 портрета, мој и на брат ми од пред 10 години :D
    Тепихот е плав и многу ме нервира зашто е направен од некој си материјал кој и влакно да падне се познава, па морам на секој втор ден со правосмукалка да поминувам |(
    Завесите се исто така плави, т.е во собава само плавата боја преовладува :D
     
  15. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    порано собата си ја делев со сестрами но сега се омажи и ми ја реновираа
    сега ми е виолетова има биро со мојот компјутер,кревет со дормео душек,на бирото има се што ми е потребно(неможам да набројувам ме мрзи),неколку постери,ТВ,радио,масичка,часовник во форма на срце,1 слика со мене и симпатијата :inlove: ,прозорец,
    врата,ДВД,слики со мене,наткасна,плакар,1 огледало од страните виолетово,ламба,завеси виолетови,тепих виолетов ...и др
     
  16. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Па мојта соба е кремасто обоена и ја делам со сестра...Имаме 2 кревети посебни за мене и за неа,2 шкавчиња исто така за мене и за неа, биро,модем и лаптопот :) Нема многу детали такви работи пошто нов ни е станот и се што беше непотребно од претходниот стан исфрливме...И врз шкавчињата мислам врз на сестра ми шкавчето има барбики, кукли... А на моето стојат парфеми ташни такви џнгарлашки :D
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    На вратата имам огромен постер и искрено размислувам под него на моите гости да им ја покажам гостопримливоста со тоа што ќе си напишам под него „Welcome to the jungle“. :lol:
    Мојата соба е една мала просторија, „уметнички“ распоредена со мноогу љубов. :) Два ѕида се жолти, два се зелени, стандард си ја ставам мојата омилена портокалова постелнина, која често е декорирана со расфрлани алишта (мама нон-стоп ме кара и ќе ме отепа ако види дека се „фалам“ тука) :lol: . :) Во Аголот над креветот имам една жолта полица која е наредена со куп мечиња, тато ми ја направи и е многу практична (не можам баш да ја опишам како изгледа :) ). Тепихот е мал (не сум обожавател на големи теписи :lol: ), а бирото е кафено и на еден дел од него имам наредено парфеми (цела колекција) и ги обожавам. :inlove:
    Од страната на шкафот си цртав јас (бидејќи е постар и летово ќе го менувам, решив да го украсам). Апстрактивно е, ама јасно се гледа еден детаљ кој го обожавам. :angel: Над него си е старата гитара на тато. :) А веднаш до него стои мојот штафелај и тој дел од собата ми е омилено катче за сликање. :)
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Имам своја соба со нежно розеви ѕидови, плави завеси а од истиот материјал и лустер. Розево со плаво тепихче, бирото и малата комода со плакарчето за алишта и креветот ми се светло кафена боја. Масичка со чаршавче како завесите и лустерот. Розево столче пред компјутерот и розева постелнина.

    Во кратки црти мебелот е светло кафен некоја си лешник боја а се останато е розево и сино.
     
  19. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Мојата соба е само моја :D Големка е, со кремави зидови, а мебелот е розево кремав. Си ја обожувам, поголемиот дел од денот го поминувам во неа и ме фаќа нервоза кога ми е растурена така да гледам цело време да ми е чисто во соба. :) Имам темно розеви завеси и тепих со таква боја. :) :)
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    порано ја делевме собата јас мајка ми и брат ми, а сега ја делиме јас и мајка ми(брат ми си доби своја соба)

    во собата има голем регал од левата страна со (шкафови, фиоки и витрина) право има големо огледало, мојот кревет, каучот на кој спие мајка ми, килим, масичка, фотелче,радиатор, а малку подалеку и моето биро за компјутер. Низ цела соба како и во витрината има многу украси-големи, мали, дедомразовци, свекички.

    целата соба е во темно-зелена и кафеава нијанса, а зидовите се боја на праска, и е една од најголемите соби во станот, и ми е супер. Многу си ја сакам мојата соба, ми е омилена.
    аииии, си ги заборавив завесите

    завесите ми се во златесто-кафеава нијанса со драгери од двете страни , па и даваат на собата лик како од бајка-нешто во тој стил хехехе.