боја на ѕидови:бели завеси со вини пу и прасето 4 полици со книги-розеви и тиркизни 2 плакара -розеви со тиркизно и обратно биро со компјутер ( тиркизно со кафено) 2 кревета - беж боја тепих - беж боја обичен огледало и натказна со косметика ..заборавив имам еден куп мечиња на креветот и врз плакарот
Огромна соба розова ! со темно и светло розов плакар, многу пеперутки и цветчиња, многу јасно розови чат пат по некое мекано мече, се друго извадив имам само некои кои ми значат, огромен кревет (од кој секој ден станувам укочена, како војни да водам додека спијам), мала клуб масичка, еден куп електроника, РС, телевизор, принтер,клима, модеми, апарати за кабловска, радијатор (бљак!), дваесетина кутии од обувки, завеса, розова пак, па дури со пеперутки ! (да, имам 21 година ). Абе мислиш во светот на бајките си )) сепак иако ме иритира розовава боја (која ми беше хит едно време), си ја сакам собава, катче во кое поминувам најголем дел од времето, ме опушта, но понекогаш имам страшна потреба да ја напуштам и ги мразам четириве ѕида. Кај и да е и се спрема реновирање, сега за сега знам дека ќе биде зелено-плава боја и ќе нема ниту една дрангулија што сега е присутна (тогаш со мерак ќе си чистам низ соба, не редејќи ги дрангулииве саат време потоа ).
Девојки ве молам за помош.... сакам да ја преуредам мојата соба... која и не е баш некоја нај нај.... вака ќе ви ја опишам... имам двосед спуштен со розова постелнина...сив теписон...регал со мноогу место за мечиња, книги,...масичка со огледало...фиоки...и на ѕидот рамки и срценца со смс пораки... искрено мене не ми се допаѓа... сакам да ја променам... помогнете ми дајте некоја идеја... фала...
Голема соба, виолетово/розеви ѕидови со бело/виолетови плакари, ниска мала виолетова масичка со еден куп перници во разни бои за седење тв, мечиња на сестра ми , книги, и еден куп работи во план ми е сега да се стават полици, како и рамки на ѕидот во стил како на сликата.
Голема соба ... Исполепена со милион постери .. Со бели плакари ... Неколку фотељи исполнети со безброј алишта ... xD Компјутер , систем , лап топ , телевизор ... Мојот најудобен кревет ... Нем зависи пошо ме нервираа ... Мала масичка ... 2-3 перници за седење ... ^^
-2 ѕида зелени два жолти -плакар зелено и жолто -2 полици една зелена една жолта и кафеаво малце(ама некако преголеми се ) - зелен тепих со кафеави цветчиа -кафеаво биро исто и креветот - жолти ролетни - и жолт лустер све жолто и зелено дури и постелнините ми се такви е само столчево ми е црвено...ама ми е од одамна па затоа .... и секако собата само моја..
Moјата соба не ја делам со никого и е само моја! Ѕидовите се зелени и жолти (сега планирам да си ставам некои интересни тапети со цветови) ,завесите и ролетните зелени , ламбата жолта со месечина и ѕвездички плакарите зелени со жолто , шкавчињата зелени и жолти бирото зелено и жолто масата во форма на цвет зелена.Цела соба ми е зелена со жолто и сите украси се во тие бои , тепихот е со цветови зелени кремови и портокалови
Собата е само моја ѕидовите се лилјакова боја а плакарот, масичката, бирото, и сталките ми се црвена боја постелнината ми е бала со лилјаково а тепихот бело со црвено
Собата е само моја. Ѕидовите ми се во 3 нијанси - бебешко розево, потемно розево и лилаково светло многу. Имам тапети на еден ѕид со чадорчиња розеви и кафени -> Спојлер (ова е само дел) Имам саат со двајца заљубени, гушнати и розови срцина на него кои ги означуваат бројките. Тепихот ми е со цветчиња темни розеви и светли розеви на бела основа. Бидејќи сум на подкровје имам такви прозорци накосени кои ми дремат сега над главата. Имам голем плакар, кремово со светло лилаково и горе врз плакарот ги имам наредено сите розеви големи плишани мечиња. Огледалото ми стои на самиот плакар и се поврзува со лилаковото делче. Светло лилаково делче со 6 полици кое стои до плакарот е во големина со самиот плакар и е залепено до него. На првата полица ја имам ставено Мина Маус која ја чувам од својата прва годинка и големото прасе- касичка, на втората полица имам ставено парфеми, на третата козметика, на четвртата лакови и кремови за лице и за тело, на петтата масажер и слончиња со кренати сурли и на шестата полица ја имам ставено омилената овца и уште две нејзини другари- мечињата од сакана личност. На истиот ѕид на кој ми стои саатот, оној главниот ѕид(кога влегуваш одма гледаш во него) имам 3 големи полици - кои ми се наместени хоризонтално од кои првата и третата ми се светло лилакови а втората светло розева. Над првата ја имам наградата за пеење. На првата имам 3 свеќи, еднорог елен со самовила, голема кутија во која го чувам накитот, уште една мала кутиичка до неа за леќите, кутиичка од парфем која не би ја фрлила за жива глава и мала рамка со девојче и мече со нејзините раце. На втората полица ги имам наредено омилените книги и на чело ми стои биографијата на Анџелина Џоли, имам ставено кутиичка во која ми стојат моливите, пенкалата.. имам 2 големи свеќи, три кутиички - во најмалата ми стојат прстените, во поголемата шнолите а во најголемата стегачите, девојката со шешир од Авон(мислам дека беше) за ставање на обетки ама мене ми служи за украс и имам ставено мала рамка со девојче (исто како првата рамка) само сега е попораснето и е на ролерки. И на третата полица имам ставено голема свеќа, кравичката розева во која ми стојат едни мали украсни чадорчиња, уште две помали свеќи во облик на цветче, голема рамка и слика од мене, албум розев со точки, на албумот голема пеперутка созева со циклама и мала рамка со девојчето од предходните рамки сега најмогу пораснато и станато принцеза. Под последната рамка ми стои распоредот за часови. А под трите полици ми е сместено бирото на кое ми стои компјутерот(расипен ), кукичка во кои ми стојат весниците, букетче, вода, моменално смоки, и две прегради поставени вертикално на кои ставам се што е натрупано на бирото па така бирото ми стои празно. Под саатот со заљубените ми стои креветот, со неудобен душек арно ама кога ќе заспијам неможам никако да станам. И во спротивниот ѕид со оној на тапетите ми стои закачен портретот на кои сум сликана на 6 години. Имам врата за излегување на тарасата, а до вратата имам розева канта за отпадоци, а до кантата ми стои чантата за училиште. Работам на случајот за ламба, гола ми е ламбата без ништо одозгора, барам нешто едноставно ама никако да најдам.. Одприлика тоа е мојата соба
Собата ја делам со брат ми И не е баш како што сакав, но.. Има два кремови кревети, 2 кремово-кафено плакари, кремово биро полици за книги-едната кафена едната кремова кремова маса зидовите се кремови имам кафен тепих. компјутер, телевизор огледало со масичка (кремови)........и има некои ситни работи повекето кафеави Убава е собата, но мразам што ја делам со брат ми
Mojaта соба е како да влегуваш во џунгла , ми се чини ти треба пола сат дури да дојдеш во креветот од алишта .Несредена ми е скоро секогаш ја чистам многу ретко обично за Илинден Собата ја делам со сестра ми како и повеќето работи кои се наоѓаат во собата... Ѕидовите се бели иако јас сакам да ставиме некои нежни тапети . Има еден тепих и е цел со патчиња едноставно си го обожавам , ме потсетува на детството и сестра ми досега многу пати сакаше да го смениме , да ставиме некој еднобоен но јас глава давам за тепихот Има два кревети еден мој и еден од сестра ми ..таа спие до прозорецот а јас кај вратата оти си имам мака со клоцањето навечер па го тргам прекривачот и промаја може да ми дува .. затоа што е сигурно сигурно е .. прекривачите се кремови со кафено .Има една голема полица со книги и под полицата има 2 фиоки една моја и една од сестра ми ..на фиоките има налепници од Мики Маус што ми ги дадоа за мојот 10 ти роденден ..исто има и некои поштенски марки земени од времето на татко ми .. Потоа има 2 големи плакари претпоставувате дека едниот е мојот а другиот од комшивката (сестра ми ) ..има место и за тие 2 плакара...веднаш до мојот плакар ми стои орбитрекот што обично ми служи како закачалка колку да не бидат алиштата на подот да се валкаат ..завесите се обични бели и јас обично си ставам брошеви на нив да ми бидат поинтересни ..порано имав постери во собата но брзо ми здосадуваат затоа и незнам дали да ставам тапети да не ми здосадат и тие .. сега имам само некои интересни натписи залепено и нормално над перницата ми стои името фајрквин со различни темперни бои на блок бр. 5 ( не знаат за форумов ) ..навлаката од перницата ми е светло зелена и супер е ...не ми е битно дали некој влегува со патики во собата или не оти не чистам јас . Искрено може е и себично од моја страна но треба да почнам да водам грижа за тоа па и да средувам почесто ..се надевам ќе имам време и за тоа
Кај мене е се под конец. Лаванда розева боја. Не знам како да ја опишам бојата, половична нијанса е навистина. Оваа боја затоа што кога одбирав мебел некако најфина ми се виде. Пријатна боја е. Ми дојде во склоп со килимот, па потоа и ѕидовите ги средив. Секогаш е се на свое место, освен кога имам премногу за учење, па кое кај паднало не станало. Секој месец правам генералка, и уживам да го правам тоа. Повеќето пријатели за мрдната од умот ме сметаат, но многу сум организирана, во природата ми е. Особено ме вади од такт кога сестра ми мора да го извлече тоа нешто кое е најдоле ставено, и автоматски се се растура.
Собата ја делам со сопругот и со синчето. А и на креветот во последно време тројцата сме лоцирани. Креветчето така си стои, не дека е празно, скоро секогаш е полно се перници, јоргани, ќебиња, само син ни ретко да го видиш во него. Зимата и студеното време му се најде како одличен "изговор" да се пресели помеѓу нас, и му се уарни До креветот од едната страна се наоѓа огромен плакар, од другата страна ноќно ормарче со две фиоки, а врз него ноќна ламба. Над нас се наоѓа полица со миризливи свеќи, некои украси, рамки со слики... Целиот мебел е во светло кафеава боја. Креветот има убава покривка со праска боја. Прозорот е голем, со најубав поглед, со малечка завеса исто така во праска боја. Теписи, килими немаме, не ги сакам многу, повеќе ми се допаѓа кога е само паркет.
Розева и малце сино ... со спуштен таван .... ламинат има крем боја ... има крвеветче ... 2 плакари ... многу шкафчиња ....мал тапих ... работно катче големо огледало .....
соба метро на метро шо се вели xD кревет, плакар, биро, во виолетово и жолто, ѕидовите во истите бои, креветче ...
Дома ми е се бело, сакам кога е светло, почнувајќи од дневната соба, бели теписи( јас си ги чистам ,,сама ) , масичката, комодата и трпезаријата црни во комбинација со бело. Тука е и моето бело биро кое е растурено секогаш со куп книги, и што треба и што не треба. Кујната и таа ми е бела, цела,црни се само плочките на подот( и таа си ја чистам сама ).Монотонијата црно бело ја разбивам со некои ситници во црвена боја. Спалната ни е моментално бела, ѕидовите, но за брзо( да се стопли) земам поликолор и ја правам виолетова еден ѕид во кобинација на некој тапета. Плакарот е кремаст, поделен на два еднакви дела, и веднаш ќе го препознаете мојот дел, колку и да го средувам не знам зш пак не е среден , за разлика од моево маже се му е под конец, а јас таму ништо не сум пипнала.Креветот ни е исто во кремста боја и е оогромеен( а ние сме ситни ), за тројца, ако не и четворица...ама секогаш сме двајца хехехе... Другата соба која сега ми служи за пеглање е секогаш преполна со алишта, кои чекаат ред за пеглање, ќе ја средиме кога ќе имаме нов член во семејствово , и предосбјето е кремасто, и има две големи огледала... бањата..бордо. Многу низ дома кај мене ќе сретнете пеперуги, слики, препарирани, од платно, пластични, дрвени...ги обожавам...
Ѕидовите ми се темно виолетови(оние главните), а носечките се сиви. На виолетовото имам две ленти бели тапети со розевки и виолетови цветови. Тепихот и прекривачот на креветот се розеви, а на тепихот има големи цветови во нежно розева, виолетова и кремава боја. Има големо биро со светло дрво, маса за комјутер, иако повеќе си го сакам лаптопот Ја обожавам мојата собааа
Собата малце е како џунгла,од алиштата расфрлани поземја..мојме да играме наградна игра пронајди го подот а има два кревети,црвен шкаф ич не го сакам бидејки е црвен,биро,компијутер,огледало на ѕиздон и тоа
Мојата т.е. нашата (заедничка со братчето мое) соба е со ѕидови со праска боја инаку останатото е во зелена боја со комбинација со боја на даб. Имаме огромен вграден шкаф, биро, кревет на фиока, и масиче за кафенце кога ни дојде некој со 4 столчиња мали.
Јас имам заедничка соба со сестра ми. Има бели sидови, два кревети. Една фотеља помеѓу нив(ни служи за облека шкафовите не се доволни ) Мебелот е комбинација од две бои крем боја и костенлива спротивно од креветите имаме масичка(не е баш масичка ама не знам како да ви ја опишам) има и фиоки на нејзе и е вградена заедно со плакар помал ама. Има и како едни многу интересни полици во форма на голема коцка и поделена е на 4 помали квадрати кои имаат простор и таму ставаме книги. Две од нив се затвораат,а другите две се отворени(тоа 4 коцки) тие што имаат вратиче за да се затворат се во крем боја,а другите што се отворени се костенлива боја. Исто така кај креветот од сестра ми има плакар кој е вграден со како една исто така интересна полица која е како квадар легнат кој е поделен на 3 еднакви дела и во нив ставаме книги,парфеми и така.