Имам заедничка соба со сестра ми. Имаме 2 плави, 2 розе (лила) ѕидови. 2 бели сандаци (регали) не шала, многу се убави, но многу се големи. Два кревета на сиво и плаво, прекривачите на розево (ретко кога се наместени ) Во средина масичка (средна големина) бела со сино. Биро плаво со бело, плави полици, розеви (лила) венецијанки. Теписонче бело, со розеви и плави цветчиња. Ваљда не заборавив нешто.
Мојата соба во која понекогаш престојува мојот брат ја сакам најмногу. Се наоѓа во поткровје. Сите ѕидови се бели и планирам некако да ги ишарам, дали со некои ливчиња на кои ќе стојат пораки за поубав ден или нешто слично. Интересно ми е тоа што е на две нивоа. Мојот кревет односо душек се наоѓа на повисокото ниво кое скоро допира до таванот. Така јас сакав да спијам. Имам црн плакар кој обавезно ке го избојам со разни бои, биро кое ми врши услуга, но не е така спастрено. Импровизирана фотеља на која и фали нешто за да биде поубава и неколку фиочиња. Се разбира на еден од ѕидовите имам огледало на кое привремено стојат 4 убави мисли и планирам истите да ги отстранам и огледалото да го излепам со школки кои ми ги донесоа другарките од на море. Па, тоа би било засега се за мојата соба.
Двата спротивни ѕида виолетови, а другите два спортивни со виолетови виолети со сиви линии Со сестра ми собата ни е заедничка
Мојата соба е,како што рекоа пријателите на тато, ВЕЛОСНО ВМРОВСКА! Ѕидовите се црвени,под прозорецот имам едно големо биро,продолжено со мало шкафче за телевизорот и алиштата на дада! Потоа тука е шкафот за моите алишта,сето ова во врвено бела врно комбинација! Креветот и масичката ќе почекаат до есен! Пердето ими е преубаво бело со црвени и врни кругови !!! Отсекогаш сакав ваква соба и клонечно ја добив пред 2-3 месеци.
имам две соби една кај моите и една во ск ја имав честа и двете да ги средувам по моја желба, едната е со посовремен мебел- сеуште ја досредувам(онаа во ск ) и е со црвен мебел, бели ѕидови со сив тапет со црвени цветови и кругови, креветот ми е црно/бел како шах, кај прозорот имам биро и на него сум постојано за да се дружам со вас а другата ми е малку подновена пред 6години ,воглавно од среношколските денови -па и баш така изгледа, тепихот ми е плав, завесите порокалови со црвени/жолти/плави цветови , мебелот портокалов со многу темно плави украси и книги, а креветот жолт
Мојата соба е само моја,со никого не ја делам Целата е во сино-жолта боја.Значи имам две шкафови,кревет,тепих,биро,завеса и сето тоа е сино-жолто Во оваа соба си чувам буквално се што е мое,од алишта,до чевли.Се што имам,сите мои лични работи стојат во оваа соба. Единственото нешто што е мое,а не стои во оваа соба е четкичката за заби
Ѕидовите во собата ми се во боја на праска, а мебелот ми е зелен во комбинација со боја на (даб мислам беше светла кафеава некако). Собата ја делам со моето братче.. Зелена е од причина што зелената боја ми е омилена и плус што ја делам со брат ми (нели машко па неможе црвена).
Јас си имам посебна соба, а сестра ми и брат ми исто така посебни. Не е многу голема ама затоа е многу пријатна и си уживам во неа Мебелот е бело, сиво и црвено. Имам огромен плакар, кревет, 2 бироа, масичка, компјутер, телевизор, ДВД плеер и еден куп полици...
Големо катче,розево-црвена,таков ми е целиот мебел,5 плакари,мн фиоки,тоалетна масичка,клуб масичка за гости мн рамки со слики,перничиња секакви модели во розева или црвена боја Можеби треба да направам промена на боиве,може не ми личат веке на годините,но ја обожавам црвената боја во комбинација со розево за соба мн мило и слатко ми изгледа едноставно си ја обожавам собата,местото кое знае за сите падови и успеси,најбезбедното место...
Собата ми е искомбинирана со три бои...виолетова сребрена и бела..имам полици таму си имам ставено мечиња,имам огледало,кревет,плакар огромен е до таванот и е со клизачки крила имам бела маса и виолетово биро а фиоките се во трите бои
Мојата соба е мојот рај,,ѕидовите се бели и на два спротивни има по една лента тапета во црвено сребрена и црна мустра ,гарнитурата ми е црна козена и имам еден бел дебел тепих под масата која исто така црна но стаклена, за гости.Во другиот дел од собата тоа е инаку цел спрат и собата ми е ептен голема,имам едно одделче во кое стои креветот во кој спијам кој има форма на квадрат и со убава постелнина,ептен ми е светла собата и има гооолееми прозорци и заборавив да го спомнам огледалото кое ми стои на ѕидот има брановидна форма и е ептен големо,бирото ми стои до креветот кај сто спијам и има црвена боја малце брановидно некоја чудна форма и ламба од тие стоечките високи ако ги знаете http://www.supertapete.de/bilder/esprit2_01.jpg за тепетите мислев на ова несто слично
Мојата спба има јоргован лилава боја на едниот ѕид имам тапет бел со цвекиња,а другиот тапет ми е во пруги,бирото ми е светло лилава боја а креветот бел,имам црвена фотеља и бели полици каде што ставам книги фотографии,мечиња..и бел гардероб
Mojaта соба е со нерамни кремови ѕидови ( да не можам да чкртам и да се потпишувам) , а моите ги убедувам незнам од кога тепети зебрести да ставиме , ама неќат. Има 2 кревета, мој и од сестра ми . Имавме избор дали посебна детска или не ама ние одлучивме заедничка да ни биде бидејќи сме двете женски и супер ни е - Ова го пишувам оти цел месец се немавме видено да се разбереме Прекривките ни се исто така кремова и кафена боја која одговара со гарнитурата и дрвената масичка која е многу практична. Има една голема полица со книги и енциклопедии кои ги сакам многу и често знам со часови да се занесам во читањето посебно бидејќи има книги од мои омилени автори . Тепихот беше желба од сестра ми да биде сеуште со оние патчиња и автомобилчиња. Кога бев мала омилено ми беше тоа да си играм , да ги паркирам автомобилчињата и да одам до бензиска да чекам 1 минута ,,да се наполнат,,. Прозорецот е од страната на сестра ми бидејќи мене ми е страв да спијам покрај прозорец Орбитрекот е на среде соба иако знае понекогаш да фати прашина и да служи како закачалка за алиштата. Собата е често несредена да напоменам ако доаѓате некогаш известете ме 1 час порано да си знам , оти изгледа како внатре да живеат двајца раскалашени цимери кои секој пола саат велат : дај ваму сендвич или што има друго ..
Ѕидовите ми се кајсија боја, со абрип во форма на т.н. арапско писмо (по моја желба). иначе собата ја делам со братми (а има и моменти кога ни јас ни тој не сме таму). Креветите се на спрат и јас си спијам горе. Ламинатот, креветите и бирото за компјутерот се од светло дрво. плакарот оди накај портокалово, за разлика од столот со 5колца кој се врти и е во кајсија боја. Имаме врата/пенџера која води на малата тераса. Постелнините секогаш ни се исти (сигурно нема јас црно-зелено, братми жолто-сино).А, да, плафонот е бел. П.С. собата е често нарекувана ЏУНГЛА, бидејќи знае да личи и на тоа дури и полошо...
Мојата соба си ја делам единствено со мачката Целата е розова (од светло розова до циклама ) ,ѕидовите ми се розови и излепени со постери од сите фаци што ги сакам или барем се доволно добри за плакнење на очите Шкафот исто така е пинков ,го зафаќа целиот ѕид ,поголемиот дел е пренатрупан со секакви плишани чудесии (претерано ги сакам!) и по некое друго играче ,излепен е со малечки сликички од Еминем ,Џони ,Бритни и Анџа (сецкани од Тин Шема или Браво ) и баш ми е во мој стил. Креветчето ми е тросед -модел ,по потреба се пушта и е многу удобно ,посебно кога се тркаламе со мачката по него Да не кажувам пак што се случува кога има бебиња - рај Божји ! Бирото си е приказна за себе ,вечен неред и тракатанци Другото ,самоделски комбинирано ,ми се наоѓа како складиште за книги,тетратки и друг едукативен материјал Последно ,но не и помалку важно - погледот! Право кон гаражата на комшиите Катастрофи!
Типична дупка од соба... Имам два ѕида темно црвени, едниот кај делот од вратата и мини ходникот а другиот кај прозорот, т.е најнискиот дел од собата, бидејќи сум на поткровје... Многу хартија и ненаместен кревет со кремаста навлака ја карактеризираат мојата соба... Имам една полица за книги стара неколку столетија, која за чудо не се распаднала, маса и шкаф и да, колекција од слончиња наредени насекаде, love them. Што друго? А да, често смрди на темперни боици и на глина... И секогаш, ама баш секогаш имам шолја со талог од кафе која фатила мувла, и истата ја менувам еднаш неделно.
собата ја делам со сестра ми.Ѕидовите ми се бела боја а бирото,креветите и шкафовите се кајсија боја мислам две нијанси посветла и потемна.над двата кревета има дрвени полици за книги,мечиња и др... голем прозорец и бела завеса. тепихот е во форма на круг и е зелен со портокалови цветови да одговара на амбиентот
Порано имав соба за мене, но беше уредена со на мајка ми чеизот еден огромен регал, два троседи и мала масичка. Неможеше да ми овозможи да имам вистинска детска соба, но ништо не ми фалеше, не беше розева, немаше триста тракатанци, но пораснав еве ништо не ми фали . Но сега собата ја делам со Петко, пред некој месец си ја преуредивме, и ни е во модерен минималистички стил . Има четири бои кои преовладуваат, црна (комодата и плакарот), сива (креветот, полиците и тепихот, кој е сиво со црно), бела (3 ѕидови се бели, и некои украси), црвена-бордо(еден ѕид и украси). Имаме голем кревет, брачен доволен за нас двајца да се тркаламе, комода и полици за украси, кои ги имаме доволно и двокрилен плакар за алиштата. Незнам колку ја доловив, но неможам подетално, кога би ставила слики, ќе ви биде јасно за што зборам, ама нема тоа е наше љубовно гнездо и јас себично си го чувам .