Мојата соба е светло плава на сите ѕидови и не ја делам со никого Сите плакари, фиоки и полици се во темно кафеава и кремаста боја.Летово правев голема makeover на собата-дел од плишаните играчки што ми значат ги собрав во една кеса и ги ставив во шкаф, а остатокот ќе го однесам во дом за деца, исто и облеката што повеќе не ја носам и некои тракатанци од собата што не ми се свиѓаат.Оштетените работи ги фрлив...Сега собата ми личи малку празно-го нема купот детали по полиците...Ама поубава е вака
Собата ја делам со брат ми. Има бели ѕидови. Има 2 фотелји на пуштање, помала масичка. Кремасто-кафеави полици на ѕидот. На едната има рамка со слика, една убава играчка автомобил и каса со баскет-топка. На другата има бело плишано мече со сино машниче, небесно сина рамка, украс ангелче. Имаме голем кремасто-кафеав шкаф, од него ни е продолжена работната маса со компјутерот. Имаме тераса, еден голем прозор и на него завеса со кремасто-кафеава и бела боја. Мерино тепих темно кафеава боја. Вратата е цела налепена со постери, почнувајќи од Jared Leto, Chad M. Murray, Will Smith, Selena Gomez, Shakira, Beyonce, Johnny Depp .....
Мојата соба - класика. Мечиња, зајчиња, срциња, како и секогаш "уметничко" расфрлани по подот. Кревет кој ме собира, на него постелено летно јорганче со некои си барбики, а врз него како и секогаш срце - поголемо и од мене. До него работна маса, на која секогаш мора да има книги за читање и дел од моите украсни кутии (рачно изработени де). Една бела долга завеса за која уште од дамна велам дека ќе ја сменам, а веќе на другиот ѕид крем плакар кој е ставен колку да не биде празна собата, а веќе од друагта година здравје Боже и ќе стигне нов. Доле има ламинат, светол како дрвото од креветот и работната маса, а врз него двете мои најомилени черги (ваљда волнени).
Мојата соба ја делам со сестра ми.Имаме два кревети,пред креветчињата имаме мала масичка во светло жолта боја.Тепихот ни е исто така светло жолт со секакви шари.Sидовите ни се розе и имаме 5-6 слики закачени на нив,огледало,саат,некоја си карта со животни и закачалка.Имаме и две шкафчиња кои си преполнии со плишани мечиња,рамки,украси,сувенири,ламби ииитн...Меѓу днете шкафчиња ни стои компјутерот,розевиот маус и розеви звучници...и тоа би било се.Собата ми е секогаш средена и премногу си ја сакам.
Ѕидовите на собата ми се зелени, силно зелена боја. Шкафот, масичките и полиците се кремасто-плави (не ми се допаѓаат баш, сега, после неколку години). Инаку собата ја делам со брат ми. Креветите ни се исто плави. Имам еден поголем постер на ѕидот, од омилената група на брат ми. За се друго се грижам јас. Украси и слични работи сакам да имам низ цела соба.
Собата ја делам со сестрами,уште малце додека не замини на факултет.Ѕидовите се бели сите..имам зелен кревет за двајца кој се пушта..масичката ми е зелена со жолто како и шкафовите...имам тепих мал значи само насредина по боја бело со зелено.Постери немам зашто татко ми не ме пушта да лепам.Мечињаа имам премногу 3 се на креветот а другите се во корпа за играчки за да не се расфрлаат постојано
Собата ја делам со брат ми. Преовладува жолта и плава боја. Ѕидовите се жолти, пердето е жолто, а креветот бирото, шкафот, полиците, тепихот, лустерот, фиоките, масичката и табутерките се плаво-жолто. За чистотата и уредувањето се грижам јас и се трудам секогаш да е средена. Да нема расфрлани алишта наоколу а уште помалку прашина и триста срања по тепихот и ламинатот.
Јас собата ја делам со брат ми и сетсра ми најколоридна ни е. Креветите и наткасните ни се кафеави а шкафовите зелени Спојлер за нијанса по темно..ама баш таа ја нема во боите завесата ни е зелена со плаво и тепихот е плав Јас како најстара се грижам собата да биде постојано средена...Насабајле креветите ги местиме заедно..а расфрланите алишта ги ставаме во едно како шпајс.. Спојлер тоа јас го измислив..а штом стигнат таму треба пак да се пере, да се пегла....поише ти се исплати да ги наредиш веднаш..отколку да чекаш следната недела да се исперат .
Мојата соба не ја делам со никого, иначе по големина е средна. Во средината на собата има огледало па така да секогаш кога ќе поминам морам да се погледнам Спојлер Слична е на оваа, само боите не се тие
Мојата соба е мала. Два ѕида се зелени, а два жолти. Таванот ми е направен како ѕвездено небо т.е. темно сино со бели и жолти ѕвезди, месечина и комета. Е сега..ќе беше уште поубаво ако светеа во темница...
Собата е само моја... имам теписон кремаст со бели цветови имам кремаста масичка, биро, шкаф и кревет значи се е во кремова боја ѕидовите ми се бели имам големо огледало до него фиоки и многуу козметика, чешли, кутии имам фиоки за ситници шкафот ми е полн со плишани мечиња рамки за слики компјутерот, системот....
Собата ми е таманска, ништо розево, ништо посебно ни модерно. До пред 6-7 години ја делев со брат ми. Тогаш во фаза на пубертетлук и дечко на факс, многу многу не се трпевме. Мораше порничи без тон да гледа, којзнае колку тешко му паѓало тоа. Така советот на куЧава се одлучи да имаме посебна соба, идеја која особено ми се допадна. Јас задржав апсолутно се во собата, тој си отиде на ново, во нова соба. Мака мачам со влага во собата. Голема е за мене, всушност е најголема од сите соби во домот во кој живеам. Кафени плакари, стаклени витрини, доколку влезете сигурно ќе ги распознаете од некои др. дневни кај што сте биле гости, бар ја сум ги заприметила во неколку домови. Двосед, тросед. Кревет, до него масичка за некоја рамка, книга или сл. На витрините меѓу плакарите козметика, аксесоари и сл. Ако ништо друго, климата ми е најпогодена во собата.
Ѕидовите се во портокалова боја, нежна праска нијанса. Мебелот е цреша (не боја, туку дрво ), има две бироа, од кое едното не е типично туку ќошаклија што би рекол татко ми. Едниот ѕид од собата е целосно со мебел од горе до долу, а на средина на собата имаме масиче на кое има миризливи свеќи и ни служи за кафе кога ќе ни дојдат другарки. Тепихот е со портокалова основа, а на него има големи црвени и кремасти цветови. Исто така, имам портокалова фотелја со цветови која се спушта и може да се користи како кревет, а завесите се кремасти. Прекривките на креветот и фотелјата се со цветови во топли бои, дури и лустерот е со три сијалици кои стојат на три цвета Има еден кревет, и уште еден под него кој се влече (бидејќи немаше доволно простор за два кревети). До фотелјата има едно големо огледало кое е закачено за ѕидот и на кое можеш да се огледаш од глава до пети. Татко ми ни постави еден куп светла во собата, едно над креветот, едно над фотелјата, едно над работните маси (за да не расипеме очи кога ќе читаме) + две неонки над прозорот под завесите. Мебелот има доволно голем капацитет за да собере буквално се, од облека, чевли, книги, шминки, постелнини итн. Имаме полици со рамки, украси, книги и слично. На едната работна маса и стои компјутерот на сестра ми, а на другата мојот лап топ.
Собата ми е доволно голема. Ѕидовите ми се светло розе. На едниот крај од ѕидот имам биро, но розево големо биро, не за учење, на него ми стојат наместени ми се сите шминки, лосиони за тело, парфеми деодоранти лакови и двете најубави вази. Имам два големи плакари, чоколадо боја се, едниот е со стакло, внатре ми се сите украси, барбики, мечиња некои, книги, украси за кои сум немала место каде да ги сместам, и така си ѕиркаат од таму. Измаѓе двата плакари, ми стои телевизорот и некои украси до него. До бирото ми стои најубавата столна ламба, која е огромна и е розева. Тепихот ми е розе со цветови, а и пердето исто ми е розево со чоколадни елементи, да ми оде со плакараите. Во средина имам маса, со зелена покривка и свеќи. Креветот е на едната страна од зидот и мечето што е поголемо и од мене си го ставам да ми стои на креветот. До креветот имам раскошен бамбус, со зелени перничиња, на кој обожавам да седам, да читам, да гледам филм. Доволно е мислам.
Девојки што мислите дали одговараат овие бои сакам да ја преуредувам собата па се мислам каков мебел мислам боја да бидат пошто ќе ја делам со сестра ми морало да има и розово... што мислите вие дали ова е добра комбинација... ова на сликава
Прво, два кревети,еден мој, еден од сестра ми, мојот е воедно на мојата страна од собата, која сама си ја уредувам,украсувам како што сакам и слично,затоа ќе си го опишам само тој дел,подетално. Десно од креветот е бирото. Над бирото имам полица со украсна столна ламба, страшни маски од некои хорор ликови, Пез диспензер исто со хорор тема, ситници,блабла..такви работи имам тука. Инаку полиците, бирото, фиоките, плакарот се зелено-жолти. Ѕидовите се темно сини. На ѕидот над мојот кревет имам... не знам како се вика тоа.. табла од плута?? E па тука имам закачено слики, исечоци од списанија и слично. Исто одма над мојот кревет имам неонка, и на неа ми се закачени едни два балони со хелиум, зајчиња, кои се ептен впечатливи, прво кога ќе влезеш во собава тие се гледаат. И тоа у главном.
НАЈУБАВА ТЕМА хаха Епа вака мојата соба е големка кога вегуваш прво пто гледаш е прозорецот и одман под прозорецот ми е бирото со лаптопот и столче од левата страна имам шкав со огледало а од десната ми е креветот ѕидовите се темно сиви и имам завеси кои се виолетови многу си ја мразам децката -.-
Ко кутија е. Еден корално црвен ѕид и три други светли. Тиркизни жалозини(или ролетни,од тие во сите бои што ги има) на трите прозори и голема тераса . Биро со сталак за дискови. Полица со една рамка за слика,рубикова коцка,чаша од Скопско со глупости и еден Спонџ. На еден ѕид табла со еден куп слики,ливчиња,заебанции. Кревет со миризлива постелнина,моментално со Спонџ Боб. Мала комода во која е прибрано све. Орбитрек, табуретка и столче за нишање. Исфрлени перници, огромна кадифена жаба и орбитрек на кој обично бесам облека (е браво) и так, дрангулии. Спомени,спомени..крај им нема.