Опишете си ги собите :)

Дискусија во 'Дом' започната од Iki.Olsen, 25 февруари 2010.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Мојата е целата комбинација од виолетово и бело... На неколку места имам пеперутки ставено од џамбо што ги земав. Имам округлав лустер, кој многу го сакам :inlove: , мало телевизорче...
    Полиците ми се во форма на коцки, исто лила боја... Бирото е бело целото..
    Тепихот ми е од сите бои, да разбие монотонија :D ..

    До после и слики ќе прикачам ;)
     
  2. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Мојата соба е средна големина. Ѕидовите се бели, но планирам да ги украсам некако. Имам огромен лилав шкаф со сиви детали, со три врати. Двете се со полици за облека а една е со закачалки и една полица. Покрај прозорот се наоѓа мојата голема работна маса (сакам помала!) и таа е исто лилава со сиви детали. Бидејќи собата не ми е класична, има извртени ќошеви, незнам како да објаснам, во едната страна целосно внатре ми е креветот, неговите краеви се еднакви со краевите од ѕидотот од таа страна, како вдлабнатина е, голем лежај со лилава прекривка. Имам и еден пластичен син фиокар во кој ги чувам книгите. двете полици и малото кутивче се на левата страна на ѕидот, до мојот кревет. И нормално тука има многу свеќи, играчки, мечки...
    А и ретко кога е во чиста состојба. Најчесто облеката ми се наоѓа на подот, како и сега, па да одам да си ја исчистам ...

    П.С. Се извинувам на тоа што не знам да објаснувам, но ете, што е - тука се надевам дека барем некој ме сфати :)
     
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    4.989
    Тазе го реновиравме станот(па има година и нешто), и покрај тоа што сакав да имам соба со џинџурки, си стегнав заби и си реков-Срамота е Другарке, 23 години имаш бреј, сеа ќе дипломираш ти сакаш розева соба.

    Ме држи носталгија од старата соба која имаше розево-лилакова боја а јас бев многу приврзана за неа.
    И затоа решив, нека биде црно-бела.

    Бели ѕидови, бел кревет (Најважен ми е креветот а со тоа и душекот, на друг не заспивам).
    Бел (со сивкасто-сребрени линии-неправилни) вграден шкавф, и исто ми е бирото.
    А да и најважниот детал ќе го заборавев, зебрест тепих. Него го обожавам, ми ја освежува тотално собата.
    Многу сакам да ми е едноставна, да немам тракатанци за да ми е секогаш на изглед чиста и средена.
    Сите шминки, накит, џиџи-миџи, па дури и фен, четка, и разно разни препрати за убавина (а ги имаме нели многу, сепак женски сме) ми се спакувани во украсни кутии и ми стојат во еден дел од шкафот што ми е наменет за тоа. По потреба ги вадам и ги земам.
    Порано ми стоеја што би се рекло на ачик, ама веќе втора година,и се научив да функционирам вака. Од кога ми влијае девицата-подзнакот :lol:
    Навидум е многу проста, со минималистички стил, но јас уживам во таа едноставност и три бои само да ми доминираат.
    А на ѕид имам една слика со кравичка, црно-бела и циклама, тоа ми е право освежување.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Мојата соба е розево бела, ја деламсо сестра ми. Два кревета на две спротивни страни, над мојот кревет има апликација од пиштол, а од него наместо кушум изалага цвеќе, а пак кај сестра ми има кошаркар како дава кош (спортовите со кои се занимаваме).Исто така над мојот кревет ми стојат 100тина мечиња што ми ги купил дечко ми.До креветите имаме фиоки а помеѓу фиоките биро и компјутерот.Карши креветите и копјутерот ни се двата ормани розови со бели краеви а рачките цветчиња.Но ормарите не се споени туку разделени меѓу нив има полици на кои што стојам милион украси и слики, а под него телевизорор,системот и фиоки.Од левета страна ми е козметичкото катче со Големо огледало, и тука има 300 лепенки од џамбо,цвеќиња,пеперутки,срциња...а над огледалото голема розова слика со шрек како се венчаваат и на сликата пишува JUST MARRIED,подарок од дечко ми.
    А пак десно од шкафот Се наоѓа тарасата и тука имам розеви драпери, а одоздола, срциња розеви што висат.
    Епа тоа е мојата соба
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    ај да ве „почастам“ со еден ѕид од мојата соба :rofl:
     
  6. vanessa.k

    vanessa.k Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    15
    Мојата соба е малечка :$ Има две врати на спротивните ѕидови а меѓу нив ми е бирото.Спроти него имам прозорец и плакар, а на едниот ѕид со врата е креветот.На другиот од спротива имам телевизор закачен за ѕид.Ѕидовите ми се бели а едниот (тој од страна на креветот) е излепен со постери. Средена е само кога идат гости :P а другите денови е ко да паднала бомба :$ ама тоа е.. :)
     
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    Темно црвени ѕидови во комбинација со крем боја. Собаа ми е на поткровје и е во некој ориентален стил уредена, топли но јаки бои и слики од детството по ѕидовите.
     
  8. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Мојата соба е на поткровје и e на северна страна, што за жал малку ми е поладно зимно време :( Порано ја делев со сестра ми, но веќе не седиме заедно во истата бидејќи правевме некои промени. Така да у глобала голема ми е собата. Одма од вратата од десна страна стојат 2 огромни бели шкафови и прицврстено големо огледало од едната страна на шкафот, во продолжение имам едно пластично комодиче со фиоки и таму имам книги и тракатанци што не ги користам, понатаму е парното и голем прозор, тука овој ѕид завршува. Спроти шкафовите е мојот кревет, масата за компјутерот и бирото. Над бирото во ќошот имам дел како спуштено плафонче и внатрешноста ми е украсена со сите ситни деталчиња, подароци, слики и спомени од дечко ми, а под плафончето имам од тие мрзливите сијалички. Во продолжение одма позади вратата имам пилатес топка, тегчиња и јаже. Тепих моментално немам, го извадив оддамна сакам да си купам нов. Во собата ми фали уште една голема полица (која сеуште ми ја прават, од летото) за да можам да ги наредам сите книги, свеќички и џиџи-миџи Во средина имам масичка. Двата ѕида ми се во жолта боја, другите 2 во сива боја. Собата стално ми е средена, освен од неодамна што бирото ми е окупирано со homemade работи за ланчиња, обетки итн.. :) Во собата ми преовладува жолтата бојата со примеси и на црвена боја (мојата омилена) :)))
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    :D :D :D
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG0322A.jpg
      IMG0322A.jpg
      Големина на фајлот:
      205,7 KB
      Прегледи:
      231
  10. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Јас имам малечка соба, со 2 розеви и 2 окер ѕидови :) Имам еден мал прозорец од кој не влегува многу светлина, па собата ми е темна :?: На подот има ламинат. На лето ми е ладна (бидејки е на север), а на зима е топла бидејки е веднаш до кујната (каде што е и каменот). :) Сега пред некој ден читкав нешто низ темата 'Направи сам', па ми дојде инспирација и ги начкрапав ѕидовите со пеперутки и шарени кругови :lol:
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Првиот опис на мојата соба е ептен оскуден и мерак ми е да си ја опишам пак :) .
    Значи мала е, секое ќоше е пополнето, да сакам нешто да додадам не можам, да исфрлам нешто е за мерак ќе ми биде. Работата е што ниту еден дел не ми се исфрла, си ја сакам таква каква што ми е. Имам два кревета, ги купивме двоспратни ама сега се разделени, стари се ептен по 10 години и кусур ама добро зачувани. Имам еден орман, каде со сестра ми ја чуваме облеката. До него еден дел како половина орман доаѓа со стаклена врата, таму ги чувам сите мечки од мала. Малку е глупаво што ги чувам, ама чинам замрена ќе ми биде собата без нив, не сум пробала. Имам уште еден дел со бифе и мала библиотекичка и мала масичка на средината на собата. Сите овие делови што ги набројав се многу стари, татко ми ги имал уште пред да се земат со мајка ми, многу се зачувани и убави се, црни со бели траки. Е сега бирото ми е малку поново, некаде од пред 5 години. Сакавме да е во склад со другите делови па затоа и него црно го порачавме, инаку големо е и функционално. Огледало имам големо залепено на внатрешната страна на вратата од орманот. Имам мало сандаче за шминки и такви ми ти ствари, старо но добро зачувано, од мајка ми уште од средношколските денови. Шпоренце обавезателно за во зимските денови.
    Моменталната состојба е бум, кога е чисто - чисто е, ама кога е расфрлано страшно е. Функционирам и во двата случаја и тоа е :) .
     
  12. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    јас имав заедничка соба со брат ми,но се преместив кај баба и дедо и тие ми дадо една мала соба. имам само еден кревет,шкав,полици,биро и големо огледало.сијалицата ми свете црвено а на ѕидот имам нацртано голем скелет облечен го капут со капа и цигаре во раката. Го цртав со молив и изгледа прекрасно :) сите му се воодушевуваат :rofl:
    а над прекидачот за струја имам нацртано мало човеше елф :$
     
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Уф, мојата соба е малку како за мали дечиња. Правена е кога бев 12 години. Што сум знаела тогаш.
    Веднаш до вратата, од лево имам фотеља. Ми здосадува само на бирото да учам. До фотељата ми е ормарот, голем, но пак немам место за целата облека. До ормарот имам шкафче, со полици, од едната страна стакло. Таму ми се книгите. А под него има уште помал шкаф, таму ми стои другата облека.
    Десно од вратата имам полици, ми стои облека што ја носам почесто. Неможам да вадам нон-стоп од шкаф, и да враќам.
    Потоа е креветот, најважен во целата соба. Со многу перничиња, и многу висок, па ако паднеш, може да настрадаш. Над креветот, на ѕидот имам полици. На нив имам украси, мечиња, свеќи.. само прашина собираат. Потоа е прозорецот, многу сакам некоја убава завеса, но имам венецијанки. Ми се допаѓаат некои со цветови. Пред прозорецот ми е бирото, не секогаш средено. На него ми стои компјутерот, и некои ситници, свеќи пак. Под прозорецот имам мермер, поширок, на него има саксија. Ми ја донесе другарка. Некое чудно цвеќе расте. До бирото има шкаф таму има се! Кутии со накит, мечиња, украси, тетратки, моливи..
    Најважното е мала како табуретка наткасна, со шминка, и над него огледало. Целото го излепив со срценца и ѕвездички, и цветчиња. Во таа наткасна, има многу работи. Многу лакови, шминки што неможам да ги искористам и секој ден по 3 пати различно да се шминкам. На средина имам маса, на неа има миленце едно слатко.

    Се надевам имате убава слика за мојата убавка соба. :lol:
     
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Мојата соба е сеуште нова. :lol: Внатре имам се‘ што ми треба, доволно голема. Ѕидовите ми се виолетови, на едниот ѕид е гардероберот, го опфаќа целиот ѕид, со три лизгачки врати. На спротивниот ѕид од гардероберот, прозорот и вратата кон терасата, а под прозорот имам едно како клупа, со многу перници каде што сакам да читам, а во него си чувам некои понепотребни работи. На другиот ѕид е бирото (соседно до прозорот), бело со 2 виолетови фиоки. До него имам маса мала, бела и две столчиња. На спротивниот ѕид е креветот, бел со виолетова прекривка, и до него има огледало, полица и мало шкафче за тракатанци. Над бирото имам полици со енциклопедии, книги и украси...
     
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.262
    Мојата соба е со светло виолетови ѕидови :) на едниот ѕид имам плакар , мала комода,горе тв,доле еден куп мечиња..над телевизорот имам на ѕидот 4 мечиња во вид на срциња закачени скалесто. на другиот ѕид ми е двоседот во црна боја со сребрени цветчиња, парното,прозорот,бела завеса со чипка доле,и ѕидот од едната страна на прозорот до крај ми е излепен со тапети во потемна виолетова боја, на него имам закачено морска пена полна со слики од луѓето што ги сакам,спроти плакарот ми е креветот иста шара како двоседот,со светло виолетов прекривач и две мали перничиња,до креветот имам една наткасна,кај што си го оставам телефонот и лап топот,а пред креветот имам мала масичка,дрво боја,иста како плакарот.на ѕидот спорти прозорот имам огледало за шминкање со шкафчиња и табуретка.а на ѕидот имам залепено стикер со 3 цвета :)
     
  16. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    влегуваш у соба од лева страна е мојот кревет,лежај кој се собира у пето сед,на сред соба имам розев ангорски така го викам ја зашо е мн убав и мек тепих,над тепихот стои ниска масичка од дрво и стакло,
    десно од вратата фотелја во форма на перница(заборајв као се викаа тие :lol: )и таа е розева ,големо огледало со мала комодичка исклучиво за козметика...
    од другата страна на собата е плакарот на кој фиоките и 2 те врати се розеви,на него во одреден дел стои телевизорот,систем двд,слики мечина и тн ,,десно од плакарот се прозорците на кои имам розево реси долго до земја перде,и од тамо се излага на балкон на кој имам бамбусова масичка и бамбусови две столчина за у лето :)
     
  17. Tedi16

    Tedi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    54
    Мојата соба е кафеава со жолти детали. Има 2 полици со книги од кои 1 е поголема како 2 да се големи со мнооогу книги. Тросед кој се спушта... Компјутер, 2 плакара за облека од кој едниот е поголем (дводелен).
    Биро, систем за музика на кој слушам радио а може да се слушаат и плочи и касети, но го употребувам само за радио, мала масичка со мали столчиња и едни незнам како се викаат како перници се за седење... Мноооогу мечиња, постери залепени на вратата и некои украси....
     
  18. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Се преселив сама со сестра ми да живеам пред една недела-две сеуште има за пополнување(под пополнување мислам на детали и украси).Сепак една соба што сметам дека ми е готова и дека нема повеќе за дополнување и поправање е мојата соба.Односно мојата спална соба.Бидејќи ќе живеам со сестра ми,многу долго се мислев дали да земам спална или кревет.Спална затоа што имам дечко,за поголема комотност,а кревет за да не зафаќа голем простор,за да биде полесно за местење,разместување ,и.т.н... :) На крај се одлучив за нешто меѓу спална и кревет.Значи кревет,но доста поширок од регуларната големина на кревет.Собата како соба е стварно голема,(прво се размислував дали таа да биде дневна)значи креветот е сместен во едно ќоше под големиот прозор од кој се гледа,паа...цело Скопје.(на 10 кат сум и стварно глетката е :inlove: 8) :o ) До креветот имам онаква ко натказна за лампа и часовник за аларм,со две фиокички во кои си ги чувам најбитните работи кои ги ставам таму пред да си легнам да спијам.Спроти креветот има многу полици , кои се искривени и направени во разни форми.На полиците ги чувам моите книги.Под полиците,има подолга комода за ТВ и одоздоле фиокички за списанија,едно друго и така...Шкафот ми е огромен и е со врати на лизгање вграден во ѕидот.Инаку целата соба ми е комбинација ванила,шампањ и кафена боја.Уфф колку само си ја сакам...Бидејки старата во која живеев со моите,и едната сестра(3 сетри сме , едната се омажи има бебче Теа 8) :* ) имав многу подетска соба која ја немав преуредено од тинејџерските години(15-16).Сепак таму одам кога одам на 2-3 дена кај моите на гости.Како што спомнав во една друга тема,имам живеено пола година во Париз и пола во Њу Јорк.Сосема сама...Но тоа е,за таква работа се одлучив. :lol: :inlove: 8)
     
  19. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Значи ме мрзи да пишувам голем текст хахаха, накратко ќе кажам дека не е многу голема, во розова боја е и ја делам со сестра ми, иначе таа боја ни е омилена и за тоа во таа боја ни е собата, иначе веќе сакаме да ја смениме затоа што одамна ни е во таа боја. Имаме биро со фиоки (во кои што си ги чуваме книгите) на кој што ни е и компјутерот, кревет и плакарчиња во кои што си ја чуваме нашата облека. Имаме и телевизор меѓутоа сега моментално нешто е расипан, па се надеваме дека ќе го поправиме хаха. поздравче :*
     
  20. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    Ѕидовите ми се розеви, плакарот ми е розев со кремаво, тепихот ми е бел со розеви и плави цветови, завесата бела.. :D