1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опишете си ги собите :)

Дискусија во 'Дом' започната од Iki.Olsen, 25 февруари 2010.

  1. love.butterflies

    love.butterflies Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    23
    Си ја сакам многу собата, ама понекогаш ја чувствувам мала, веројатно дека ја делам со сестра ми.
    Инаку во неа имам кревет виолетов поделен на два еднакви делови,речиси секогаш е спуштен не мрзи да го креваме хихи и го покриваме со виолетово тенко ќебенце, потоа има плакар поврзан со полици и биро, до него стои уште еден плакар помал и на него телевизорот. На другата страна на ѕидот стои уште еден плакар мал и на него огледалото и сите дрангулии.. на средина има масичка во форма на коцка, тепихот ми е виолетов со кремасти и розеви цветови и завесите ми се во тие бои... :))))
     
  2. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Мојата е бебешка сина со бело! :) Цела е во тие бои и нема ништо во друга боја. Преовладува сината зошто таа ми е омилена боја некако ме потцетува на слобода. Креветот ми е бел, и одма до него имам огромно огледало со сина рамка. Имам бело биро лаптопов ми е син со бели рамки, рачките на фиоките се сини, Шкафот ми е син со бели рачки, столчето за на биро ми е сино, имам округол тепих бел со сини точки во различна големина и бела масичка на која стои син чаршав и вештачки сини рози во бела вазна. Имам мало шкафче бело одма до креветот со сини рачки и најчесто тука имам вода или чај или цедевита нешто за пиење кога сум во собата и ламба со сино постолје(или како и да се вика тоа) и бело онакво не знам како се вика. Имам 4 полици на едниот ѕид, 2 сини, 2 бели на нив ми стојат книги и слики од моите најмили. Завесите се бели. Многу си ја сакам собата зошто самата си ја уредив и ми е пријатно внатре. Не ја делам со никој, но ја делев старата соба со брат ми и не би сакала пак да ја делам собата со некој.
     
  3. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Мојата соба е во зелена боја,таа ми е омилена и на мене и на сестра ми.Ѕидовите се во нежна зелена,а креветот,шифоњерот и фиоките ми се во многу светла зелена.Бирото ми е мало бидејки јас и сестра ми имаме посебни.Бирото ми е бело.МАло ама битно мое си е :D .Само шифоњерот го делам со сетра ми бидејки е голем има место и за моите и алиштата на сестра ми.Огледола имам на вратите на шифоњерот,така да не ми треба друго! :) Само тепихот,бирото и полиците за книги ми се бели,а другото е во зелено.Имам завеса во малку потемна зелена боја! :)
     
  4. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Виолетово-сиво, виолетово-сиво. :lol: Имам телевизорче, многу полици, компјутер и принтер. Креветиште големо, за препелкање. 8)
     
  5. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сеа ништо не е ок, зашто сум збутана со брат ми прцулот во една соба.
    Вака , мене собата ми е по “малку’’ по-детска заради брат ми и неможам да си ја направам како шо сакам. Ѕидовите ми се сино со жолти, тепихот со зајче и патче , завеса со мини и мики маус плус плуто и доналд |( |( |( :@ :@ :@
    играчки насекаде поради него.
    Така да планирам да си направам моја соба , и тогаш ке ми биде супер :) :) :)
     
  6. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Епа вака.... мојата соба е само МОЈА пошто немам ниту брат ниту сестра :) и си ја средував пред околу 3 месеци. 2 зида ми се розави (драчно розави накај црвено, многу специфична боја) на зидот кај што е вратата имам еден кревет со кожена подлога и 3 кожени перници на кој спијам и се прави и за гости и за спиење, на другиот зид над главата има звездички и до креветот имам еден гооолем шкаф на кој има вградено огледало и шминкарница и над огледалото вградено во шкафот имам 3 мали сијалички. :) Наспроти шкафот имам биро и на бирото лап топот и една фотејла. Од другата страна до бирото има уште една розева кожена фотејла ( топка) и по розевите зидови има полици и цасовник а на белиот има стикери залепено.На средина на собата има мала масичка со 3 мали кожени фотејлички. Тепихот ми е розаво со бело. Се надевам ме разбравте барем малце :D
     
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Мојата соба е мешавина од зелена и бела ( нежни се боите, не премногу нападни ), не е пренатрупано со украси и такви работи бидејки не го сакам тоа , сакам голем простор за мене каде што ке се чувствувам пријатно
     
  8. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Немам ни брат ни сестра и собата е само моја :) 2 sида ми се виолетови а другите 2 светла боја и на нив имам цртано, имам големо дрво, печурки и планирам да нацртам уште нешто за да бидат целосно готови.
    До вратата имам фиоки со огледало, таму ги чувам шминките парфемите и другите работи, потоа ми е бирото,таму ми седи пц-то,некој чашки со пенкала,четки,бои и моливи,имам многу свеќи, на другиот sид имам фотелја, полици со украси книги и мечиња, табла каде што чувам слики, разни работи и сл. предмети, потоа една мала маса до креветот, шкаф, уште една мала масичка каде што имам некој украси и на средина на собата уште една.Црната и виолетовата боја преовладуваат во мојата соба.Тепих, завеси и тоа е тоа :)
     
  9. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Сива ми е собата фарбена.Причината не ја знам мајка ми рече таква и убава е некако поголема ја прави собата.Со никој не ја делам собата и сега кога е лето не спијам во мојата соба бидејки е многу жеско спијам во дневната на земја, убавини. Сега се мислам да ја фарбам црешова боја вие шт мислите?? :)
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Собата е само моја не ја делам со никого бидејќи имаме посебни соби со брат ми инаку е лимон жолто со кралско сино и едноставно ја обожавам
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    собата ми е средна,ниту голема,ниту мала,офарбана е црвено.не ја делам со никого,браќата ми спијат во други соби. :D на едната страна ми се плакарите и полиците,за облека,чевли,книги.....на аголот си го чувам својот сакан баскет,хахах :rofl:
    имам брачен кревет,иако сум само 15 години,на него имам многу перничиња,а над него си имам постери :D
    од другата страна ми е масичката и таму ми седи компјутерот,а лаптопот ми е најчесто оставен на кревет.до масичката за пцто имам едно големо огледало,а под него црвени свеќи и раѕни шминки,и до него имам една црвена табуретка во форма на срце за шминкање,
    на третата страна имам само прозорци и вратата од терасата,дека многу сакам светлина..истотака имам и едно големо цвеќе :)

    голем поздрав и многу бакнежи до сите :* :* :* :* :*
     
    На SarahTayMomsen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. The.girl.in.pink

    The.girl.in.pink Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    13
    Епа вака...Влегуваш во мојата соба и прво ке забележиш една слика :)Потоа имам дел за шминкање и огледало над него,веднаш до него едно биро,спроти него има кревет врз кој има прозор и до кревтот има шкав...Пропуштив некои работи али отпрлика ова е :)
     
  13. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Сива. Со никој, самичка сум ^_^. Па од кај да знам. Спалната ја мачкаа сива. Остана боја и ја измачкаа и мојата соба. Сега оваа или следната година планирам да ја мачкам црвена(нешто како темна црешова боја.)
    [​IMG]
    (како парталот што виси горе на ѕидот.)

    :hai:
     
  14. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Мојата соба е малечка, но мене многу ми се допаѓа. Ѕидовите ми се светло зелени а таванот жолт. Едниот ѕид ми е цел шкафови , полици, фиоки, мечиња, книги, рамки... уште што не. Изгледа шарено и интересно. Имам биро зелено со жолто , како што ми се големите шкафови и малото шкафче до креветот. На бирото стои компјутерот. Има кревет на два спрата со зелени прекривачи(обично на долниот кревет кој е на сестра ми стојат стуткани ќебиња,чаршави а кај мене горе лап топот), како и шарен теписон на кој преовладува зелено. Најмногу и се радувам на терасата на која сум лето. :D
     
  15. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    имам прилично голема соба која ја делам со сестрами..
    преовладува белата боја и лилаво..
    значи од вратата лево имам големо биро бело сјајно кое е под агол и е многу убаво бидејки едниот дел се наоѓа под прозоред па тој ми е идеален простор за учење..под тој дел се наоѓаат 4 фиоки за книги
    и другиот дел од бирото се наоѓа телевизорот и двд и некои рамки со слики украси и сл.
    потоа тука се двата кревети кој се исто така бели и одма наспроти нив е големиот регал и до неа од старата спална на моите шминкерницата која е со огромно огледало и како да е дел од истиот мебел во собата, значи многу се вклопува
    под неа има 4 фиоки каде што чуваме гаќи маици боди...
    инаку преовладува бела боја само имам лилаво-сини теписони, лилави завеси и постелнините претежно ни се лилави како и некои ситни детали :)
    и го заборавив синтисајзерот кој е одма измеѓу бирото и креветите :)
     
  16. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Собата е прилично голема која ја делам со сестра ми, кога влегуваш од десно имаш место за шминкање со големо огледало, одма до него ми стои плакарот со алиштата, до тој плакар има фотелја маса и 2мали столчиња, натказна со телевизор, одма тука е и прозорецот, до прозорецот компјутерот, до компјутерот плакарот на сестра ми и до него мојот кревет. ( Ви опишав вртејќи круг од десно кон лево ) :)
    Над креветите имаме како постојки или незнам како се викаат, и на нив стојат многу книги.
    Мебелот ми е зелено-розев(си ја мразам бојата) и едните спротивни ѕидови ми се бели,другите розеви.
     
  17. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Мојата соба ја делам со сестра ми и е прилично голема.Кога ке влезеш до вратата десно се наоѓа голема маса каде што стои мојот лап топ и некои други украси,а демек беше за пишување и учење :D .Потоа на другиот ѕид се прозорците и има тераса,на другиот ѕид има огледало едно стаклено шкавче каде стојат сликите,шминки и др. до тоа стаклено е телевизорот на една полица,потоа се наоѓа мојот кревет па доаѓаат големи плакари и на другиот ѕид е креветот на сестра ми и до креветот стои едно мало натказниче.Ѕидовите се виолетови со тапети тие се од горе до висината на елементите, двата ѕида се со сребрени виолетови и темно виолетови тенки линии,а кај што е креветот на сестра ми тапетот е со срциња со истите бои. :D
     
  18. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Мојата соба е обоена во боја на лаванда.На ѕидот кој доваѓа отспротива кога се влегува има тапети и многу ги сакам :***
    Десно од вратата има плакар и едно древно за украси,слики и слично,понапрд од тоа е бирото со компјутерот,лево од бирото е креветот, над креветот има прозорец со виолетов венецијанер(мислам така се вика :$) тука пак има простор за украси и толку :)
    Како и да е јас многу си ја сакам мојата соба :)
     
  19. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
  20. tifanny

    tifanny Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Ova e mojata soba :)
     

    Прикачени фајлови: