Ми е срам да напишам дека ми беше убава, настрана светската пандемија. Којзнае колку ќе беше спектакуларна да беше "се нормално" Нека е 2021 поубава од сите минати
И покрај сите срања, за мене подобра од 2019. Наоѓање баланс и среќа во малите работи додека светот гори во позадина
Настрана пандемијата, ги откажав антидепресивите, ослабев 19 кила, почнав да се исхранувам здраво, се посветив на кожата и ја подмладив, го сменив карактерот, се сакам себе си повеќе. Во глобала годинава се посветив на себе. Па и не ми беше така лоша.
Лошите мисли, стравови кои ги имав поради анксиозноста, оваа година ме натера и да ги осетам на своја кожа,да не останат само мисли како велат,, Какви ти се мислите таков ти е животот'', тоа што го мислиш тоа и го привлекуваш
Почеток на едно ново поглавје во животот наречено брак, премногу исчекувања и неизвесност кои што ќе траат до самиот крај на годината од аспект на кариерно поле.