Последниве 4 месеци ми уништија се'. Короната само малку ми го промени животот, ниту јас ниту мој близок беше заразен, сите си го зачувавме здравјето. Настрана од тоа, на приватен план имав бродолом. Една реченица со која може да се опише и заокружи 2020 е - Ќе биде подобро.
Ги изгубив единствените баба и дедо во последниве месеци. Страв, неизвесност, лоши вести цела година. Дома, дома и само дома постојано. Борба со анксиозноста... Не можам еден збор да најдам за да ја опишам ужаснава година. Само да сме здрави, живи, како мантра ми е деновиве и ништо друго не сакам за 2021.
Го сакам она чуство во кое сите спијат а ти шеташ и успеваш, фала богу оваа година направив први чекори во многу работи кои немав храброст да ги направам претходно.