Океј беше цеееела година, на крајот попушти еве.... у 5 за 12. Колку да се ушљака и таму кај шо не било до сеа. Тоа ти е као човече, селаче, шом со сите е крш и со тебе ќе е кад-тад.
За мене лично успешна, плус внучка дојде на свет, но со темен, црн настан кој ќе остави трајни последици.
Годинава ми беше силна шлаканица по лице од која извлеков наравоучение дека зборовите "да си жив и здрав" тежат многу и треба да сум благодарна за сè што имам.
Ќе погрешам ако кажам дека била целосно лоша година; воглавно беше година која нè научи на многу лекции, барем за мене беше таква.
Година полна нервози, испливаа на површина многу фрустрации и вистинските лица на луѓето што ги знаеме.
Чудно искуство, како на филм, филм кој не би сакала повторно да го гледам, но ќе им го раскажувам на децата во иднина..
Оваа година моето семејство војуваше едена тешка битка, за жал завршивме поразени... Ова е најтешката година за мене и моето семејство! Годината која ми го скрши срцето, ме направи најтажна на цел свет, ми ја зема насмевката, ми ја зема среќата... ми го зема тато... Полоша не можеше да биде...
Година која ми помина со брзина на светлината,втора беба,моја љубов,исоолнета со љубов и 2 пара рачички кои секојдневно ме гушкаат
Мирна, тивка, повеќе слободно време, повеќе заштедени пари, повеќе психички одмор,брзо дојде и пројде,па и не беше до толку лоша годината.
Лошо ми почна, од јануари до мај. Во мај се подопуштив, до октомври. Последните 2 месеци-ужас. Се уништив психички и физички од толку искушенија. Од светлите моменти... Најубавото нешто што ми се случи е светлината која Бог ми ја испрати, не на крајот од тунелот, туку во самиот тунел. Километри далеку, а блиску во срцето. Иако вирусот ни ги поремети плановите, верувам дека љубовта ќе победи и ќе го гушнам толку силно што никогаш нема да го пуштам.
Чудна, на моменти убава со убави случки, убави моменти со фамилијата,повеќе заштедени пари,крајот многу тежок, среќа се добро заврши
Godina vo koja padnav ,go doprev dnoto i stanav povtorno .Se nadevam dosta mi bea naravoucenija vo mojov zivot...