Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опиши се!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Висока слаба со долга коса ( шатирана сум) со темно кафеави очи и тркалезно лице хахаах
    Амбициозна личност, сакам да сум лидер, повеќе песимист од оптимист.... кога сакам сакам со цело срце и тешко ми е да го преболам бивчиот ете толку :) :)
     
  2. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    kako da izvisam? nekoja preporaka... sto da jadam? visoka sum 142cm a imam 17 godini?
     
  3. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    167 висока, 55 тешка
    Кафеава коса, долга, кафеави очи. 18 години.

    Прво, ОПТИМИСТ. Забавна, тешко се заљубувам, потешко одљубубам :( добра другарка сум, лојална. Се сметам за интелигентна и паметна. Амбициозна, весела. Позитивна. Љубопитна. Лесно можат да ме повредат. Ги покажувам своите чувства без срам. Тешко се нервирам, но кога се изнервирам, дури и солзи ми течат :) Како и сите, сакам искреност, мразам дволичност, лицемерие.
    Во хороскоп сум лав. Значи, сакам да сум лидер, да сум во центар на внимание.
    Омилена боја ми е виолетова, а и розевка.
    Сакам да патувам.
    Ме интересира многу македонската Историја.
    Бев првак во област географија кога бев 8мо одделение :)

    Повеќе не ми текнува што да допишам :)
     
  4. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Мхм, па вака...
    Висока сум околу 167-8-9 см и имам 53 кг.
    Косата ми е црна и долга, со шишки неутрална должина кои ги носам и настрана, и на средина патецот и некогаш дигнати нагоре. Имам кафено-зелени очи и надолгнавесто лице. Телото ми е ок, главен адут ми се градите, нормална големина се и цврсти, си ги сакам, но малку поголем газ не би бил од одмет хаххаха.
    Во хороскоп сум лав.
    МНогу нервозна личност сум и брзо избувнувам, но кратко трае, а додека трае... :headbang: . Брза сум на уста, па често знам да кажам нешто што не го мислам вистински, но имам многу добра душа. МНогу сум амбициозна и сакам да редам само успеси во животот. Голем оптимист за подобро утре сум. Не сум злопамтило, но она што ме повредили јако, знам да го вратам со иста мерка кога ќе ми се укаже прилика. Забавна сум и весела. Никогаш не дозволувам луѓето околу мене да видат кога сум тажна или патам. Најмногу ценам искрени луѓе, а не некои кои ти работат зад грб и те искористуваат. А, морам да кажам дека сум голема штедачка, пари во секој момент настрана си имам тргнато.
    МНогу сум си горда на себеси, кој ќе ме има во животот, блазе си му :rofl:
    Најмногу си ги сакам мама и тато, па сестра ми и моите две наааааајмили внучиња, па после останатите.
    Ете таа сум јас :whew:
     
  5. skeridoll

    skeridoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Моника. Околу 165 висока, едвај 50 кила :P . симпатична , на прв поглед ангел во душа ѓавол. Комуникативна , понекогаш и мн повлечена . Не верувам во љубов. се е навика,но се надевам дека че го сменам моменталното мислење кога че осетам љубов, оптимиста, моментално без дечко. опуштена секогаш насмеана и кога ми е тешко, Јарец во хороскоп. Сакам романтика, слушам највише рап. Авантуриста сум. искрена. не се замарам со глупости си гледам живот мој и така... тоа сум јас :D
     
  6. PoisonGirl-Valo

    PoisonGirl-Valo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    35
    :D специјален позз до тебе ,хахах дури сега видов дека си ме цитирала,шејм он ме :doh: п.с мило ми е што има некоја како мене
     
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    A јас тек сега ја откривам темата :$

    1,80 цм висок, 84 кг тежок, темно кафеава кон црна коса и иста боја очи, остар поглед и полни усни. Широки рамења и тело скоро цело мускул и тоа скоро е поради привремен минус на мотивација за продолжување на стандардното трчање, теретана и планинарење, и плус на сладолед (summer).

    Девица во хороскоп, но со текот на годините и созревањето ја снема класичната чувствителност што се наследува со проколнатите со овој знак.

    Тежок за импресионирање, доделување комплименти и прифаќање нови луѓе да ми се доближат во животот.

    Образуван во странство, аналитички и (само)критички настроен и во постојана потрага по интелектуален стимул. Доволно паметен да се стекнам со поголемиот дел од моменталните животни знаења набљудувајќи други луѓе како се сопкаат и глупираат, а не од сопствени грешки.

    Комуникативен, самоуверен и заштитнички настроен кон луѓето што ми значат живот. Не поднесувам плитки личности. Тешко се заљубувам и не верувам во добрината на човечката природа, човечката свест и не сум карактер што се доверува. Да, скептик...+ атеист.

    Избувлив и агресивен, но по потреба го активирам шармантниот EleMental, доколку ситуацијата го налага тоа од мене. Имам силен интерес во психологијата позади човечките постапки и веќе утврдено, сакам да анализирам проблеми од повеќе агли и да давам мои мислења/совети. Доколу не бидне човек од мене во мојата бранша, ќе се свртам кон психологијата.

    Сонови:
    Луѓето во мојот живот да се гордеат со мене, да кажат да, се жртвувавме и секогаш верувавме во дечкото, сите имавме свој придонес во неговото оформување како човек и денес тој е самостоен и спремен да ни помогне во се што може, доколку ни затреба. Едноставно, тој го оправда секое наше очекување, и вредеше за секоја секунда помината низ тешки периоди.

    -Да го пропатувам светот, во живо да ги видам сите животински видови, да гушнам лав, да пливам со делфини, да ја почувствувам природата без никаква цензура, без никаква заштита од модерниот свет, да спијам под отворено небо, на дожд да се бањам и од поточиња да пијам вода. Ете и таков период сакам да имам. Да ги видам остатоците од древните цивилизации на Инките и Ацтеките, Кинескиот Ѕид...

    -Сакам да ги спасам сите експлоатирани животни на светот. Да се смени човечкиот менталитет кој дозволува кучиња и мачки да бидат ловени и убивани и прекрасни суштества да се дерат живи само за некоја спонзорушка фуфа на другиот крај на светот да може да носи бела бунда, додека малоумното и задоено човештво гледа на малите екрани и ракоплеска нарекувајќи го тоа...ПОСЛЕДНА МОДА.

    Никогаш не сум запалил цигара, никогаш не сум варал.

    Ценам девојка со: смисла за хумор, исончано тело, цврсти гради, полни усни, да знае барем еден странски јазик, да има сопствени размислувања & ставови и да знае да ги брани истите, да ги сака животните или барем да не ме смета за изместен поради мојата љубов кон нив, богат речник и желба за конструктивна дебата/дискусија, зрела што нема да мисли дека инаетот е универзалното оружје со кој ќе стигне до посакуваното, да знае да се опушти во кревет и да свати дека не смее да ми мрдне се додека не и пружам сочна оралка (fetish alert, fetish alert). Убаво да се облекува и да знае како да го носи истото, но без да ми глуми Инспектор Гаџет и до детал да ми го проанализира & коментира секое парче облека. Такви опсесии не ми требаат и фала, доволно ми е една мајка.

    Еве, физичкото + карактерното
     
    На Sunchild, x.Daisy.x, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  8. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Надворешен изглед: http://www.kafepauza.mk/astrologija/nad ... korpijata/
    смеѓо-кафена коса, средна должина, најубави кафени очи(малце сум нарцис де!) ,прав нос(карактеристичен за шкорпија),полна уста,не мн. висока, немам некое килце вишок :lol:
    Скорпија во хороскоп
    креативна, лојална, со интересна смисла за хумор-секој можам да го насмеам, љубопитна, по малку таинствена, ништо не ме прави љубоморна, комуникативна, дружељубива,сакам да запознавам нови луѓе,не се нервирам ,тешко се заљубувам :P
    сакам да учам ,да читам книги, да цртам(сликам), слушам музика, возам велосипед, да учам странски јазици, членувам во театар(обожавам да глумам),да гледам филмови,да одам во шопинг :inlove: ->во слободно време, едноставно да си го поминам слободното време сама со себеси и да сонувам и фантазирам, или постојано ми се врти нешто во глава :tmi:
    сакам да научам да готвам, да патувам насекаде во светот,да пробан најразлични и егзотични јадења,сакам мистерија :?: да го разгледам светов...
    мразам монотонија и исто секојдневие , прости и некреативни луѓе.... :lol:
    омилена боја: тегет, виолетова, беж...; антиталент за: пеење
     
  9. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Е ајде да се опишам ;) Јуле е отворена,дружељубива личност секогаш насмеана и спремна за нови пријателства,пред се добра и верна другарка,тврдоглава сум,секогаш сум за нешто ново да се проба да се прошета,имам многу адреналин и гледам да го искористам колку можам,имам борбен дух,несамоуверена сум,дрдорливка сум,можам да се вклопам во секакво друштво но ги мразам оние кои многу се замислуваат и оговараат така да избегнувам такви личности,секогаш друштвото ми ја даваат онаа водечка улога поради тоа што умејам да се снајдам скоро во секаква ситуација,секогаш си го вадам класот од некој кал,обожавам музика дури и додека пишувам домашбна слушам музика,знам секогаш да се извинам,бидејќи грешам и доста често,не сум некоја голема мрзливка ама кога ќе ме фати мрзата не ме пушта подолго време :Dотприлика тоа би било дел од мојот карактер.Висока сум околу 163см,имам полувиткана подолга коса,бојата на косата ми е како во 2 нијанси,кафена боја ама се преливаат боите едната е потемна едната посветла,имам темно зелени очи,не се многу мали,имам убави трепки за ставање креон :D и подебели веѓи,имам полни усни и поголемо носе,ушите ми се нормални...и не знам друго што да кажам :D
     
  10. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Епа ајде прво надворешен изглед, права смеѓа коса до рамена , крупни плави очи со гигантска зеница :^) ,полна уста, одвратен нос и нормални ушиња. Висока сум 168 цм а за тежината имам околу 60 кила(не сум слабичка баш :$ ).За надворешниот изглед ова е сосема доволно.
    Внатрешен изглед:емотивно девојче кое живее да им помага и угодува на другите луѓе. На прв поглед по малку срамежлива но пота се опуштам и сум доста дрдорлива. Мразам конфортации и гледам да ги избегнам бидејќи мразам да се расправам. Не сум инаетлива, многу попуштам и имам доста трпение.
    Доста снаодлив човек(барем така ми велат).Знам да се извинам и да признаам дека сум згрешила. Не сакам претврдоглави, користољубиви, нетрпеливи,лесно избувливи и фејк луѓе, затоа истите се трудам да ги избегнувам.Мрзлива сум доста, но кога ќе ме фати работелецот ако ми се чисти ќе чидатам па макар да е 4 часот наутро.Типично ракче. Лојална сум многу , и знам да чувам тајни , за луѓето кои ми значат сум подготвена да се жртвувам себеси во било кој момент. Често ги ставам туѓите потреби пред своите од проста причина што другите ми се поважни од самата себе(не е убаво знам ама што да правам).Дружељубива сум многу и обожавам кога сум опкружена со позитивни и расположени луѓе. Не сакам да учам.Многу лесно се навредувам, но не го покажувам тоа пред сите. Исто така многу се нервирам и често се што ми се случува собирам во себо но кога ќе пукнам е тогаш се излегува од мене.
    Сакам кога луѓето ќе ја видат мојата добрина и истата ќе ми ја признаат, е тогаш се осеќам прекрасно. Многу мразам кога ме игнорираат.Малку плашлива.Голем оптимист кој секогаш се надева на подобри работи, но некогаш знам и да бидам најголемиот песмист и сета надеж да ја изгубам но брзо ми поминува.Огромна грижа на совест имам затоа внимавам што правам и кажувам.Лесно се вљубувам и приврзувам. Имам огромна потреба од љубов и кога не ја добивам од луѓето околу мене сум нерасположена и се затворам во себе.Не сакам да сум центар на внимание, едноставно не ми е удобно..Не трпам неправди и сум доста амбициозна......Има уште милион работи што можам да ги кажам но и ова е премногу :)
     
  11. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    155-висока, виткана коса, сини очи, танок струк :)
    Амбициозна, со изразена чувствителност(мора да го надминам овој проблем), и со добра харизма на која машките паѓаат.
    Јарец, подзнак Бик, што значи цврсто стојам на земја и сум ептен објективна.
    Алкохол си конзумирам-машала :D
    Претендирам да бидам уникатна. Не сакам копии. И не сакам нешто што сите го имаат.
    Имам сестра близначка. Имам и дечко.
    При крај сум со последипломските студии.
    Сега за сега-тоа е тоа. :*
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    ПичГрл,од старт имаш копија...
     
    На Neytiri, Phyramide, Dafnee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Мислиш на тоа дека имам сестра близначка или? :D
    Има логика, ама различни сме во голема мера. Си ја задржувам својата индивидуалност и покрај се.
    Ете и тоа што сум близначка е реткост ;)
     
  14. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Висока 168, тешка 64 (во процес на намалување на вторава бројка, чија рекордна "големина" беше 69 минатава зима :geek: ) Сини очи, кои ја менуваат бојата во потемни-посветли во зависност од расположението и времето надвор (кога е сонце се светли-небо боја, кога врне се темно сини, речиси сиви). Округло лице, прави црти, права темно смеѓа коса, светол тен на кожата. Широки колкови, г'зе за машала :P , мали гради (не екстремно мали, ама сепак мали :( )

    Креативна сум, знам да прескокнам некое излегување со друштвото за да седам дома и да изработувам накит, да си ги декорирам ноктите. Се чувствувам убаво додека си посветувам време себеси.
    Ги сакам летните вечери и прошетки со дечко ми низ градот :)
    Обожавам пиенки и собиранки со друштво (во кафич или парк)
    Го сакам овој период од годината кога почнува да се чувствува здивот на есента.
    Омилен ден од од денот ми е зајдисонцето, зачинето со кафе покрај езеро со луѓето што ги сакаш.
    Оптимист сум. Сакам и такви луѓе околу мене. Ми влијаат уште попозитивно. Секогаш сум насмеана, а насмевката никогаш не ми е лажна. Ако нешто не ми е погодено, се трудам тоа да не влијае на другите (е сега ако сум во ПМС и трудот би бил залуден :D ).
    Сакам кога некој ми пружи внимание на поинаков начин. Да ме исконтактира надвор од четот на фејсбук, да ми се јави на телефон и да ме праша како сум. Доволно во ова денешно време кога сите комуникации за жал паѓаат на четот на фејсбук.
    Сакам да изненадувам и да ме изненадуваат. И во смислувањето идеи сум многу креативна, а кога станува збор за дечко ми, веќе сум романтично-креативна. Нему тоа му се допаѓа, а среќа моја е што и тој е таков.
    Чувствителна сум од етички причини, но не сум ладнокрвна. Едноставно се трудам да ги потиснувам емоциите и тоа да не земам се при срце, бидејќи, што би рекол татко ми, секоја нервоза болест носи.
    Ги сакам старите луѓе. Имам една прабаба, 94 годишна. Секогаш кога одам кај неа, ја молам да ми раскажува како се живеело во времето на нејзината младост. Како историска приказна да ми раскажува. Би одвоила часови и часови да ја слушам.
    Сакам да одам на шопинг и да трошам пари на убави парчиња облека. Не сум некој зависник на модата, но и купувањето ме исполнува.
    Трпелива сум и знам да премолчам. Не сум злопамтило. Живеам со мислата дека на секој што ми згрешил, ако треба кога тогаш Господ ќе му врати.

    Љубоморна сум. Да разберам дека некоја му се плетка на дечко ми, косата в раце би и ја дала :D Не сум болно љубоморна, но тоа знае некогаш да му смета на дечко ми.
    Понекогаш сум своеглава, ако имам нешто наумено, мора да е по мое и мора да го направам. Се трудам целите да си ги остварам без некој да ми врши притисоци и да ми кажува умови, па макар биле тоа и моите родители.
    Во вербални караници, водичот со тон на гласот сум јас. Тешко тој што ќе се подискара со мене, цел живот ќе ме памти :devil:
    Нарцис сум. Така ме вика мама.
    Понекогаш делувам како да не ми е грижа за ништо, бидејќи едноставно, не покажувам, но јас си знам како ми е.
    Знам понекогаш да бидам материјалист, но среќна сум што тоа барем засега не влијае толку на мене како личност, па така околината нема такво мислење.
    Оговарам без срам и исаф. Нормално, со најблиските, не со секого. Тоа ми е во крвта и потеклото (на кое не сум баш многу горда :?: )

    Од мене толку, ова беше се што ми падна на ум изминативе 15 минути (додека го пишував). Ви ги доловив и убавите и лошите карактеристики. Тоа си сум јас :)
     
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Прво физички.. Висока сум мање-више 176цм, имам 56кг, во обид на качување некое кило.
    Природно кафеава коса, но моментално осветлена, уште малце и плава.
    Очите ми многу крупни и накосени, ирисот зелено-син, обиколен со тегет темна линија..
    Ептен светли трепки,потемни веѓи..

    Во хороскоп сум јарец, и сум вљубена во моето знакче. Подзнак скорпија.

    И сега доаѓа тешкиот дел. Најосновно што ме опишува, пред да продолжам е дека мразам да си го опишувам карактерот.
    Ах, што да кажам. Интровертна, повлечена, ретко се слуша моето мислење, не дека го немам едноставно не сакам да навлегувам во дискусии..
    Воопшто не сакам да сум опкружена со многу луѓе, повеќе уживам кога сум сама со себе. Или со ретки исклучоци.
    Пречесто плачам, ама не сум многу емотивна. Малце контрадикторно, ама си разбирам јас.
    Креативна сум кога не ме мрзи, односно сум, ама мрзата често ме спречувам да се изразам во право светло.
    Сакам мистериозни работи, ги сакам Placebo, сакам т.е. обожавам хорор филмови, тоа е љубов која не можам со зборови да ја опишам, сакам есен - ме инспирира..
    Порано бев голем песимист, сега не толку. Не сум ни оптимист,далеку од тоа, едноставно гледам реално на се.

    Со оглед на тоа што мразам да зборувам за себе, доста е.
     
    На Grunge и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Висока 165 (минус плус), Тешка 51 кг, Зелени очи, накршена смеѓа коса не многу долга бидејки ја скратив некни :emo: , Овално лице и детска фаца (никој не ми дава 21 година сите мислат дека имам 17) |( светол тен, не многу прави нозе :$ ама пак газе за мерак 8) многу тенка половина, и многу широки колкови Во хороскоп а воедно и подзнак сум Стрелец. Голем Нарцис. :inlove:

    Сакам:
    -музика, танцување, читање книги, сакам да сакам и сакам да ме сакат, шетање, сонце, море, плажа, пливање, вежбање по дома (зумба), мода, шопинг, шминка, филмови.

    Мразам:
    -лицемерие.

    Најголема желба ми е да станам некој и нешто, и да имам мок да им вратам на сите зли муцки за се што ми направија. За жал сум злопамтило. Не опростуувам и не заборавам!

    За повеке информации прочитајте овде: http://www.femina.mk/хороскоп/стрелец
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Убава,најубава,Лилит! Лепота!
     
    На Sunchild, Pelikuna, funkygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    165цм висока, 56кг тешка, долга костенлива коса, темен тен, кафено-зелени очи.
    Зависник од чувства, брзоплета, остроумна, искрена, аналитичар, поборник за своите права, чувствителна, реална, несебична, лесно простувам. Горда, индиферентна понекогаш, неодлучна секогаш
    вага во хороскоп :tmi:
    мрзлива, мразам да донесувам одлуки и да бидам избрзувана, увек доцнам кај и да тргнам, срамежлива во одредени ситуации, љубезна, премногу самокритична, креативна, шармантна, забавна и друштвена.
    Љубам кежуал стил, обожавам минимализам, а ми се повраќа од винтиџ.
    Сакам животни, добра храна, концерти, поезија, добро дизајнирана облека. Сакам искреност, промени, амбициозни луѓе, логика, избегавам контакт со патолошки лажомани, мразам ароганција и кавги.
    Студирам криминологија, прва година. Немам дечко, среќно заљубена. Ја сакам мама и сестричка највеќе. И тоа.
     
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Убава, згодничка, паметна... ма шта да ти причам. Сува, пресува лепота мамина, па и бабина.
    Пу, пу, да не се урочам :wasntme:
    167цм, 58кг(шејм он ми. Мора да се слабее :!: ).
    Кафени очи за кои добивам комплименти дека се доста „длабоки“, иф ју ноу ват ај миин. :)
    Господ ме сторил брунета, во памет плавуша, моментално црвена(фарбана оф скроз).
    Мрза сум си ја бре луѓе мои. Џоа Гарфилд сум... Ма и тој не ми е рамен 8)
    Некогаш песимист, некогаш реалист. Мразам импотентни, неподносливи, посесивни, импулсивни кучки! (Многу важно: и јас се класифицирам во оваа категорија на девојки за, пред и после дотичниот ми ПМС)

    Најмногу ме релаксира тивка музика, добра книга во рака и топло чајче.
    Како и секоја друга персона, творам, љубам, се забавувам, чувствувам и живеам за одредени цели кои си ги имам поставено во животот. Не дозволувам поразите да ми го попречат патот кон успехот. Инат не виден сум(на татичко :inlove: ), во одредени моменти саркастична, фина, комуникативна и љубопитна.
    Мразам лицемерие, не одговорни личности и нај важно мразам кога некој ми касни! Чекам пет до десет минути а потоа си го фаќам патот под нозе.

    Среќно заљубена. Сакам и сум сакана од оние кои ми значат.
    Среќата е на моја страна. Тенќу дијр лорд :bow:
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Црвенокоса. кратка(фарбана)слаба околу 47 килограми,висока 153 цм со зелени очи.
    Обожавам фудбал посебно Манчестер Јунајтед,понекад сум мрзелива а понекад ако ме фати мерак правам генералка низ куката.Срамежлива сум исто таак и тоа премногу,избувлива на пат да се поправи и сака да шири познаства и покрај срамежливоста.Ако се заљубам значи готово е,директна сум и искрена девојка и ги искажувам чуствата,самокритична,премногу емотивна девојка.Мразам лаги неверство лицемерство а ценам искреност.Голем љубител на животните.Студент на Филолошки факултет отсек Англиски и така :rock: