Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опиши се!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Висока 170цм, тешка 46кг, зелени очи, кафеава коса со средна должина(до лакти), средна нијанса на тен, полнички усни...

    На прв поглед ладнокрвна и одбивна а всушност личност со длабоки чуства. Гордоста (обично) на прво место, тешко простувам и не заборавам, оптимист, борбен дух, амбициозна и добра доза на ароганција (ако е потребно)...Јарец со подзнак Скорпија.
    Балерина(12 години), (во поново време) трасерка, обожавам да читам, цртањето ме исполнува, цртам и графити. Обожавам животни, природа, добра музика, добро вино, уживам во журки т.н. „од јутра до сутра“.
    Мразам лаги кои повредуваат, одбегавам комуникација со луѓе кои не ми влеваат доверба.
    Во врска и лудо ин лов:angel: :inlove: ...Најмногу од се на светов си ја сакам Мамичка. Медицината е гранката која е одбрав....

    Гарант заборавив нешто ама само ова ми текна сега :?:
     
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    И тоа како заборавив нешто многу важно :sweat: ...Скејтањето :inlove:
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ова опиши се ми иде нешто како порано на мирц кога си пишувавме zdr, asl, pls и задолжителниот опис нели, висока, слаба, згодна со плави очи, црна коса... :^) :)
    Не, не сум тоа јас, само така ми дојде :D

    Јас сум пасивна личност која не сака многу да се истакнува ниту пак да се фали. Не знам дали ми е тоа заради хороскопскиот знак или зашто со појавата ненамерно привлекувам внимание, но искрено ништо од тоа не ми е потребно. Доволна ми е грижата од моите најблиски за кои сум посебно врзана и кон секоја личност која ми е блиска сум секогаш расположена да излезам во пресрет. За останатите имам изградено оклоп околу мене, не сум лесно пристапна личност, не сакам празни муабети и губење време. Амбициозна до бескрај, секогаш со планови за секој нареден чекор, фантазер, размислувам пред да донесам одлука, обожавам да анализирам луѓе и ситуации, секогаш имам идеално решение за секаков проблем, никогаш не паничам, заинтересирана за технологија, патувања, физички изглед и странски јазици. Не сум срамежлива, ниту пак повлечена, но имам моменти кога не сакам да зборам со никој и се исклучувам од светот (или во глава ги анализирам останатите околу мене). Од друга страна сум тип на човек кој многу сака да збори, да се забавува и да фаќа сеир (ова последново не е баш најпозитивно, ама уживам во тоа :lol: ). Трпелива, самокритична, на моменти себична но не за мене, туку кога станува збор за луѓето што ги сакам, ретко покажувам чувства и сум резервирана кон лица кои не ми влеваат доверба и сигурност.

    Физички, висока сум 180см, некоја средна тежина околу 70кг (работам на намалување), горе идеална, долу не баш :D , темно зелени очи, долга кафена коса, полна и не многу голема уста, широки раменици, тесна половина, големи стапала...
    41 де :D
    Не се доживувам како најубава, најдобра, ниту пак најпаметна, но морам да признаам имам со квалитети со кои се гордеам.

    Зависник сум од шопинг, пари немам после 5 дена од плата, обрнувам многу внимание на себе, сакам се да ми биде под конец (за ова сум тешка пицајзла :D ), обавезно приметувам ако некој нешто ми чепкал, сакам црн хумор и прифаќам шали на моја сметка (затоа што и јас го правам истото).

    Епа ајде доста за мене, да не рече некој дека сум претерала ;)
     
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Висока сум 147цм имам плава коса до половина права у животот се неам фарбано а нема ни да го направам тоа (природно си е природно) :D
    Сакам да шетам да запознавам нови луѓе, да стекнувам нови пријателства, сакам да пишувам, пеам (само кога сум сама) :lol: љубоморна сум, љубопитна, еревише емотивна може и најмала ситница да ме расплаче знам да чувам тајни Девица во хороскоп... Мразам прости луѓе, безобразни, лицемери, сакам природа сакам да готвам... Романтичар сум невиден, нежна, лесно можат да не повредат, често сум повредена, знам да простам.. обожавам бебенца особено близнаци ауфф се надевам дека еден ден ќе имам близначиња :inlove:..... Единствена мана ми е тоа што сум премногу избувлива и можат многу лесно да ме изнервираат...
    Ете отприлика тоа сум јас поздрав :*
     
  5. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Плава коса,сини очи,полни усни,љубител на животни(зтоа имам 1 игуана,4 кучиња,1 папагал и 1 желка)висока,60 килограми,долга,густа и виткана коса и највазно во хороскоп сум лав (мислам дека ги знаете особините на лав).
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Висока 167см,тешка 60кг. Неможам да е дефинирам бојата на косата нешто ми е темно кафено,и ми е многу густа,кафено-црни очи коси како на јапонка( така ме викат јапонче),тврдоглаво суштество,многу сум емотивна,другарките викаат дека сум била забавна,кажувам многу глупости :rofl: . Сакам да шетам,да запознавам нови пријателства,ги сакам животните,вечна љубов ми е глумењето(актерството),пеењето и фотографијата :inlove: .Многу брзо се нервирам,и многу сум избувлива и исто сум многу љубопитна ова го сметам за моја најголема мана.Обожавам да се дружам со откачени луѓе :rofl: :lol: . Мразам шмизли,лицемерни луѓе. Во хороспкоп сум Рак.
     
  7. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    170 см,кафеава коса средна должина,права со шишки настрана :emo: ,кафеави очи... :)
    Kомуникативна,реална личност,забавна :rofl: брзоплета :@ тоа најмногу го мразам во мојот карактер..инајџија :tmi:
    Девица :*
    "Многу сте слатки и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè! Фактички може да полудите, затоа што никогаш не престанувате да мислите."
    Tотална вистина за мојата личност.. :!:
    Не верувам на другарки, приватните работи си ги чувам за себе
    Избегнувам негативни личности,ме исполнуваат со негативна енергија.. |(
    Секогаш сум тука да пружам помош :angel:
    Не им го правам на другите тоа што не сакам да ми го прават мене,за многу работи знам да премолчам се додека не ми пукне филмот...
    Tолку од мене :*
     
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Имам кратко име,кое си го сакам,и уште поубаво презиме,кое уште повеке си го сакам :D
    170 висока,(што мислам е доволно за женско,со оглед на потпетиците како додаток),56-60 кг,(иако тежинава за 2-3 килца секогаш ми варира,бидејки си јадам се,ама вежбам во теретана и џогирам на кеј обавезно!),темно кафеава долга коса(природно локнеста,и веке измачена од фенови и пегли :sweat: ),крупни кафеави очи,средни и истакнати силно веѓи,долги трепки,мал нос,полна уста,прави заби,прави уши :D
    Искрена,толерантна,флексибилна,малку помалку срамежлива,добра и наивна(лека полека се одвикнувам од овие карактеристики,бидејки се сувишни во ова време на живеење,и најзлоупотребени),емотивна(иако се си собирам во себе,а највеке би ме повредил некој ако е нешто во врска со моите родители и сестра,кои се се за мене),романтична и да и не,секогаш насмеана(само пред себе си признавам пораз и неуспех),ведра,комуникативна,дружељубива со широк круг на пријатели и познаници,отворена за помош и соработка,цврсто чекорам на земјата кон моите цели,со јасна претстава што точно сакам од животот,перфекционист(работам нешто максимално посветено),признавам грешки и не ми е тешко да кажам извини,иако секогаш го бранам моето мислење докрај ако сум убедена дека е тоа така,секако аргуметирано и издржано со факти,инаку воопшто не влегувам во дискусија.Почитувам луѓе кои се грижат за себе и без некој повод,имање сенс за елеганција,вкус,стил..
    Сакам внимание од оние кои ми значат,ценам луѓе кои се свои,не се дволични и имаат свое јас,кои го живеат својот живот.Ако примам љубов и внимание,вракам со дупла доза.
    Обавезно доцнам,тежок манијак сум на потпетици,часовници,ташни,наочари и парфеми,и уживам во вкусна и убаво декорирана храна.
    Знам ненајавено да испарам од се,да се изолирам и анализирам што и до каде сум,и често фантазирам,бидејки тоа го гледам како претстава и идеал за понатака.
    Го сакам брзото темпо на живот,и исполнетиот ден со обврски,и уживам во истиот,сакам работа,учење и добра книга,како и секој извор на информации интересни кои би ме насочиле или би извлекла поука од истите.Мразам да го трошам денот во празно,во анализирање туги животи,и солење памет на други,додека пак,личност немам замрзазено досега без разлика на штетата или болката која ми ја нанела,и колку и да се трудам,неможам,само ја бришам од листата на живи и за жал незаборавам иако не вракам.
    Во врска,тој е единствениот за мене,непостои друг,и неразмилувам за изневерувања од двете страни,бидејки чим се впуштам во врска,стекнатата доверба е неминовна уште во запознавањето.Сакам безрезервно и се посветувам целосно.
     
    На HardSex му/ѝ се допаѓа ова.
  9. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    Епа вака јас ке се опишам онака детално ... :wasntme: Јас сум личност што ги сака сите живи суштества на светов луѓе, животни , растенија , инсекти. Имам многу добра душа дури и за тие што не треба :rofl: насмеана сум и кога ми е тапа :) иако по некогаш знам да паднам у лоша депресија и да се мрзам самата себе :D Иначе висока сум 163 имам 57 кила убаво големко г'зе, слабичка ама не многу, имам плави очиња :wasntme: црвено - кафена виткана косичка , се носам како ке ми текне на г'зето ако ве интересира нешто поише обрате те се у лп ! ;) 8) :inlove:
     
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Текстурата ми е нешто како сомот. Само неправилни форми се, не се у риги тоа вдлабнатинките и испакнатинките.
    А, иначе зелена, стандард се знае.
    Имам голема гуша, :wasntme: овај меур... ама у душа сум ти убава ко тазе леб, од оној татко ми што го зема од пекарата у Аеродром. :$
     
    На Strumfeta93, Serafima и Go-Girl им се допаѓа ова.
  11. Insanity

    Insanity Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    59
    Висока сум 160, тешка 50 кг, се сметам, барем јас самата за привлечна :D
    Долга кафеава коса, зелени очи и бела порцеланска кожа :(
    Психички сум многу избувлива личност, сакам да слушам, да давам совети, пријател можам да бидам на секого кој сака да биде со мене.Мразам лицемерство, сакам искреност.
    Си имам малку чудни интереси.Преферирам секаков вид музика но најмногу сакам Indie, Rock итн.Обожавам уметност, сликарство.Природа.Имам некоја опсесија со змии.Не буквално самото животно,ако го видам усвит ќе бегам, но обожавам украси, накит, се на кое има змија.Баш и си чувам еден убав украс дома од Кобра, а и таков парфем. :D
    Иначе сакам спорт, гимнастика, атлетика, аеробик, пилатес.
    Ај доста е ме мрзи :D
     
  12. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    177 сантима висок пимпек,просечна тежина шо варира зависно од тоа колку сум го напунил меот дневно,а најчесто многу јадам. Кафеава коса,четворче некаде,темно кафеави очи. Чоек што ретко се отвара пред други и покажува емоции,углавно увек исчилан,увек има по некоја глупост да се тресе за да се забављаат другарчињата,темна кожа,лесно поцрнувам. Најчесто завршувам како психијатар на луѓето што ги запознавам,многу сакам да шетам сам,со слушалките у уши и да веам. Обожавам коли,израснат сум со коли. Од секоја музика го слушам најчесто она најагресивното,валда некој издувен вентил ми е музиката. Креативен по природа,зависен од компјутерот,најмногу ради комуникација и музика.
     
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Како тоа до сега темава не сум а видела ццц.

    Ајде да почнам, висока сум 165 цм, тежината варира, моментално надоле оде, ќе ја кажам за 1 месец :D
    Имам кадрава, чоколадо боја коса, долга, виткана.
    Имам темно зелени очи, кога плачам често знаат прозирни да ми станат.
    Обожавам да носам на мене живи бои, да комбинирам и експериментирам, а често знам и да се облечам елегантно, на пример класичното црно со некој мантил добра марама и чизми, чевли и соодветна ташна, целово ова зависи од моето расположение.
    Ташни ми се најголемата опсесија.

    На прво место во мојот живот се родителите и брат ми, тие ми се свети, за нив прав да падне не давам, сложни сме ептен и премногу блиски.

    Сум доба другарка, но тешка на карактер, тешко дозволувам некој да ми се доближи, и секогаш постои таа некоја граница, имам пропатено доста од расипани другарства и свесна сум дека каде и да сум со кој и да сум, може секој еден да те зае*е многу јако, така да, од тогаш, фино лепо линија подвлечив е сега поинаку е се, знам да слушам многу, знам да дадам добар совет и најдобро знам да расположам некој и да насмеам, ту мејк јор деј :)

    Лошата страна ми е што сум тежок перфекционист, сакам секогаш се да ми е чисто и средено, премногу анализирам и сакам многу детали!

    И на крај јас сум Ана, си го мразам целосното име Ангелина!
     
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.301
    ајде и јас да се описам
    го сакам зивотот и узивам во сите задоволства сто ги нуди.
    Обозавам да патувам, да посетувам нови земји да се воодусевувам на архитектура, култура, знаменитости.тоа е она сто ги полни моите батерии, не сум тип за сонце, плаза и 10 дена да се тегнам на едно место. секој слободен викенд го користам да просетам низ околните градови или земји.
    инвесирам многу време во интелектуалната надоградба и изуЧување странски јазици.
    голем гурман, не само да јадам туку и да зготвам. обозавам кинеска, италијанска, мексиканска...кујна, скара и добро коктелЧе.
    немам никаков талент(цртање,глума,пеење) , не сум креативна за сама несто да створам(дизајн,мода), мегутоа добро го користам сопсвениот вкус да искомбинирам она сто е сервирано од некој друг.

    многу земам ама и многу давам, без разлика дали станува збор за партнер или другарство.
    блиски имам само неколку другарки, засто најискрено другарството одзема многу време и енергија кои јас ги немам, затоа овие неколку си ги негувам и сум им целосно посветена. пријателства премногу но секогас со мала резерва во однос на нив.
    карактерно морам да признаам дека сум типиЧен јарец. умерена доза на ароганција, ладнокрвност и големо его се карактеристиките кои лесно ги препознаваат лицата кои не ме познаваат, тоа ке му дојде како некој одбранбен механизам, пазам пред кого го симнувам тој одбранбен стит. впеЧаток за лугето стекнувам многу лесно, да не реЧам на прва и за срека најЧесто сум во право. сто би рекле не е нисто лиЧно ама ели ми се свига и веднас се спријателувам, ели не ми се свига и мозе со години да работиме заедно и освен здраво и ЧАо нисто висе.
    многу сум амбициозна, организирана, тоЧна, голем борец и теско се задоволувам...секогас сакам несто повеке. во моментот кога целта, сонот е исполнет, веднас поставувам некој нов.
    кај мене е се под конец, посебно плакарот :rofl:
    сакам спорт, посебно фудбал и манЧестер унитед.
    сакам музика ,посебно робби вилијамс, ксавиер наидоо, у2, 30 секундс то марс...(од насите тоска и владо )
    сакам добри филмЧиња посебно науЧна фантастика.
    сакам добра облека и на свој специфиЧен наЧин да ја искомбинирам.



    висока сум 170 а теска околу 55. зелена боја на оЧи и бел(да не реЧам блед) тен.
    Косата Често е подлозна на експериментирања и екстремни преобразби, у моментов идентиЧно како на мојот профил фото.
    вљубена сум во љубовта.
    се сакам себеси, ја сакам мама го сакам сопругот.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  15. s.a.n.y.a

    s.a.n.y.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    16
    висока..па метро и Желба за растење [али и ниска си се сакам]
    плава коса-дури накај бело [нефарбана,и не планирам да ја фарбам]долга до половини до кај га*от, права како праз и ја носам со шишкички
    морско-сини ,па и крупни очи [си ги обоЖавам] ама сум скромна..
    полни усни ,не толку широки и мало овално лице , мало носе со по некоја од тие точките црвените како се викаа
    едит:ми текна дека се пеги
     
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Пааа еве ме :
    Висока 1.63 цм,57 кг,долга виткана црна коса ,плаво-зелени очи :inlove:...Тоа е надворешно :)
    Mојот хороскопски знак потполно ме опишува :$
    Женските претставнички на знакот бик, се предводени од нивната внатрешна сила. Тие се способни и трудољубиви индивидуалисти, на кои им се случува брзо да го изгубат трпението, па поради тоа се маркирани како избувливи жени.Бикот знае да биде многу своеглав и инаетлив. Може да поминат месеци, па дури и години додека тој го промени мислењето по некое прашање, кое еднаш го оформил. Промените не се лесна работа за луѓето со овој хороскопски знак. Поточно кажано, тие ги презираат промените во животот од каков било вид.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    хехе темава ме потсеќа не лексиконите од детство
    висока: 170
    боја очи: кафеаво - зеленкасти
    коса: долга црна
    хороскоп: јарец 8)
    подзнак: девица
    врска: во долга и прекрасна врска :inlove:
    омилена боја: бела,тиркизна
    хоби: правење китенки и бонбончиња за свадба,шминкање,шарање нокти...
    спорт: во срцето ми е спортот-стрелаштво :clap:
    спортисти: Jasna Sekaric,yelena isinbayeva,Branimir Jovanovski,Novak Djokovic,Predrag Samardziski
    обожавам: накит,шминки,парфеми,штикли,ташни....како и секоја девојка
    јадење: Mc, пица, лимон,мандарина
    пиење: фрапе,нес,лимонада,боза,coca-cola
    филм: сакам акциони,комедии, и љубовни
    глумица: jennifer lopez и sandra bullock
    глумец: tom cruise,Matthew McConaughey
    зборови: оптимист,борбена,трудољубива,одговорна,амбициозна,позитивна,вредна :$
    матичен број: ххххххххххххх :D
     
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    хаи то еврибади . :hai:
    висока сум 1.68 и тешка 64 (најтежок ми е задникот xd ). имам жолто-кафено-зелени очи (така ми ги опиша братучетката), полни усни и долгаааааа костенлива, брановидна коса. Ме опишуваат како верна навивачка. :wasntme: хиперактивна дома, у школо флегма, ПРЕвисоко интелегентна, искрена (ти кажувам СЕ у фаца), хумана, фина, некогаш ѓаволче, недопирлива, не може ништо да ме повреди, мистична...
    Всушност, ја сум нормална (а можда и не сум..), мила, интересна, сакам да им помагам на другите, па дури и на моја штета, знам да се изнервирам, а тогаш ти нема спас ]:) , не можам уста да затворам, филантропист, лесно се вљубувам, тешко го кажувам тоа, заробена во свој свет на фантазии и илузии кои сите викаат дека никогаш нема да се остварат, но МОРА да се остварат бидејќи јас сум и одлучна. Честопати нејасна, имам добра интуција, лесно се повредувам од обични, неважни работи, но брзо ми поминува поради харизмата и фактот што не можам да останам тажна.
    Омилено јадење ми е све од брзава храна, особено пица, а од домашни гравче на тавче.. :P :D
    Спортистка, тренирам аикидо, сакам кошарка и фудбал, а за навивање да не збориме. КУМАНИ ДО ГРОБ. :rock:
    Лошата страна ми е наивноста, зависноста (НЕМОЈ да си помислите дека се дрогирам :!: , зависна сум од благо и од тренинг).
    Ќе ме препознате по благата насмевка, големиот г`з :rofl: , ранецот кој го носам само на едно рамо.

    ии да не заборавам: зависничка сум од брендот НАЈК. :?: :inlove:
     
  19. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Ќе го искоритам постот на СноуКуин, за да не пишувам реферати. :)

    висока: 163
    боја очи: зелени накај сиви
    коса:долга кафена брановита
    хороскоп: Скорпија
    подзнак: Скорпија ( double ]:) )
    врска: ма без врска :lol:
    омилена боја: виолетова, светло кафена
    хоби: пеење, свирење, фотографирање, црткање и се што е поврзано со уметност :)
    спорт: ма ја не спортујем, ја спавам. Шалим се, сакам одбојка . :)
    спортисти: /
    обожавам: МОДА, и тоа висока мода, фотографии..
    јадење: Пица, Месо(лелеле), Брза храна, свиња шта чеш :$
    пиење: ладна кока-кола, швепс.. 8)
    филм: не гледам филмови..
    глумица: Alba
    глумец: Shane West
    зборови: да де, зборови :D
    матичен број: не си го знам, иначе ќе ви го пишев за да ме заколете и да ме фрлите во вреќа со сол :D
     
  20. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Уште малку па година откако се регистрирав , а сега ми текна да се опишувам ама ај.. да се проверам колку знам за себе :D
    Имам 21 година, 165 см висока и нешто повеќе од 55 кг :lol: Сакам да ослабам малку, ама поради тоа што имам голем апетит кога се работи за слатки задоволства, тоа некако слабо ми оди.
    Природната боја на мојата коса е кафеава, но ова лето ја офарбав црвена. Имам зелени очи.

    За себе можам да кажам дека сум едно несебично суштество, многу искрено, чесно и наивно до таа мера што понекогаш ми доаѓа да си удрам таков ќотек :!: бидејќи во сите епизоди кај што јас глумам Мајка Тереза поради тоа што сакам на сите да им помогнам и не знам да кажам "Не",се запоставувам себе си и своите обрски и на крај секогаш излегувам кривата за се и го извлекувам подебелиот крај. Но ,и покрај се сакам да им помагам на луѓето,среќна сум кога го правам тоа и не барам ништо за возврат. Давам се од себе да не оговарам и да не судам.
    Иако мојот хороскопски знак вели дека сум социјална пеперутка, и сакам да сум во големо друштво, многу често сакам да сум сама, да шетам и размислувам , да читам или едноставно да излежувам во пижами, да пијам чај и да гледам цртани. Не сакам филмови , незнам зашто :^) Филмовите што ги имам гледано во животот можам да ги избројам на една рака, и тоа најчесто биле според некоја книга, чисто колку да споредам со филмот што си го имам направено во глава и да се разочарам. Ама затоа пак сум најголем фан на Garfield и South Park . Верувам во карма. Математиката ми е огромна љубов. Студирам информатика. Многу сакам да читам мотивирачки, инспиративни, книги за уметноста на живеањето, за астрологијата, медитација, метафизика... Медитирам, а и пред еден месец се запишав на јога. Ги обожавам есента, дождот и маглата, и Октомври ... ми фали :( Умирам по долгокоси, музиката е мојот живот (пропаднат ученик за гитара хах) се будам со музика, заспивам со музика (читај: метал :rock: ).Сите пари би ги давала за книги и концерти. Имам сестра која неизмерно ја сакам со која еден убав сончев ден ке отвориме дом за деца и прифатилиште за кучиња и мачки бездомници.
    Амбициозна сум, и некогаш си поставувам и превисоки цели. Не можам да сфатм луѓе кои не сонуваат и фантазираат и на кои животот им е монотон, и дремат и чекаат нешто да им се случи.
    Ама голема мрза сум, неорганизирана, неодговорна. Ајт, доста е .