Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опиши се!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Згодна висока плавуша со пропорции 90-60-90 ха, ха just in my dreams |-)

    Значи многу сум фина, културна, по дома чистам, перам, пеглам, бришам прашина, фаќам пајажина, ликвидирам домашни миленичиња (знаете од кои нели- бубашваба,лебарка,ајкула,дракула....) :D
    Понекогаш и готвам, се нервирам кога доаѓаат домашниве од работа/факултет и не ги креваат одма кондурите/патиките на место.. Позитивна и љубезна, особа која на своето момче не може да одолее да му каже не! :$

    Значи чудо сум! Да ме немаше ќе требаше да ме измислите :!:
     
  2. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    паметна, фина(за тие што треба), културна, добра, помагам на тие што заслужуваат, инат голем, мн зборам ама барем кажувам све у фаца па гајле ми е кој се лути кој не.
     
  3. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Имам ни долга ни кратка СРЕДНА дол. на коса и ми е темно плава не ми се мрци тоа е важното! :rofl:
    Имам темно зеленикави очи по височина сум 150 знам ниска сум -.- тежам 43 килограми итн..Не сум страмежлива ама ич не се замарам кој што мисли за мене јас сум СВОЈА! Не пушам (а сакам) не ставам по 3-4 кила шминка на излегување ставам маскара и пудра само тоа.Многу сум смешна сите тоа го велат кој и да прашате од тие што ме знаат и така :D :*
     
  4. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    хммммм,,,,па вака сега хехе не дека се фалам меџутим јас сум многу убава,со црвена (фарбана)долга коса до кај задникот отприлика :P висока сумм 170 тешка сум 50килограми .........потоа имам hazel eyes :P :P :P згодна сум многу ,си имам дечко кој ме обожувааааааа и јас него исто така ...многу сакам да командувам значи мојот збор е последен и така во глобала тоа сум јас ХАХАх :$ :D :lol:
     
  5. unbreakable

    unbreakable Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    БигБен не ми е рамен (шала на страна) но сепак сум многу висока за моја возраст. Околу метро и 70-75 сум.50 и некое килце. Природна црвенокоса, со темно зелено-кафеави очи и пеѓи. ОГРОМНИ колкови и не толку широки рамена. Долги нозе и големи стапала, кои ги мразам, едвај наоѓам чевли за мене. Несигурна, срамежлива и не баш повлечена па и не премногу отворена. Не менувам мислење за никој и ништо. Тоа е мое мислење и крај, или почитувај го или мани ми се од пред очи. Ако некој ме изнервира, крај му се пише, во истиот миг го враќам од кај шо излегол и жив го закопувам ( буквално ... шала мала :D ). Не толерирам неправда. Повеќе би почитувала ако некој ми ја каже вистината отколку да ме лаже во лице. Не сакам некој да си игра со моето срце, како сите вас сакате да сте сакани и вие да сакате, нели? Антиталент за пеење, кошарка и сл. Талент за цртање и фолкор. (од седумгодишна возраст сум играорка, не се откажувам од фолкорот,никогаш!). Инат најголем. Со мене инат не се води, не попуштам толку лесно. Па и не сум некој борец, подобро да се откажам отколку некој да ми ги кубе живците. Девица со подзнак вага. Па како и сите девици, многу сум наивна, внимателна, педантна, остроумна. Мразам некој кога се изразува неприкладно или кога навредува или 'плука' по некој. А ако мене ме навреди тогаш враќам со иста мера, по секоја цена. Тој што ме познава многу добро или најдобро, би требало да го знае ова и многу повеќе. Поздрав цури :*
     
    На Lepaaa и katica30 им се допаѓа ова.
  6. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    јака е темава многу. хаха :D
    Епа јас сум..шармантна..крупни(не мн.) светло кафени..зеленкасти очи...висока т.е ниска хаха околу 1и60.
    Згодна..48 кила..затегната. долга коса темно кафена скоро црна..Голема Насмевка... Не сум совршена нормално.никој не е . Но задоволна сум од себе. :D
     
    На katica30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Заборавив заа карактерот. Непредвидлива,Хумана,Добра,Паметна.. и да не се фалам само..иам и лоши особини знам да бидам некогаш и себична ама ретко. Обично на добро враќам дупло подобро..а на лошо дупло полошо ..
     
  8. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Висока сум 170 см, 50 кила.Црна многу густа коса под рамена и шишки настрана , темно кафеави очи бојата на кожата не ми е многу светла но и не ми е чоколадна ... :)
    Комуникативна, секогаш насмеана дури и кога ми е тешко, амбициозна, забавна,љубоморна, обожавам да глумам, гушкалче, лесно се приврзувам, секогаш и секаде доцнам, сакам да читам книги, не спортувам освен на физичко и тоа со сила за оценка, сакам да патувам, не сум срамежлива, не им давам на другите да ме газат, секогаш го кажувам своето мислење, инает сум невиден, од музика слушам се но најмногу Џастин Бибер, емотивна сум премногу (во хороскоп риби), верувам во господ, саркастична, мрза, креативна...
    Тоа сум јас :rock:
     
  9. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Големи стапала, многу слаби нозе, тенка половина, долга, смеѓа коса, висока сум 162 цм, а тешка сум 39,5 кг. Нормална големина и форма на очи со долги трепки, идиотски нос, клемпави уши :sun:
    Имав многу криви заби, сега носам протеза.


    Сакам животни, голема спанка сум, креативна, не баш комуникативна, авантурист сум, многу фантазирам, инает сум, мразам темни простории, гужви и луѓе кои живеат од интернет.
    Немам никакви предрасуди, имам комплекси :worried:hock:.
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Средна височина(нема лошо да ми беше да бев повисока :wasntme: ) слаба, згодна, виткана коса, големи зелени очи со убави трепки и глупав нос. Да има како ќе си го исечам носот. :lol: Тенка половина, мали гради, убав задник и што друго треба? :lol:
    Мила сум, добра за тие што се добри со мене, љубоморна. Понекогаш сакам се да е по мое, а кога не е се муртам и тоа како. Малку сум лигава, но што да правам не е до мене. ]:)
    Голема инатечија сум, и кога знам дека јас сум во право не можам да си преќутам. Мразам кога им се нанесува неправда на луѓето(а тоа секојдневно се случува) и мразам што не можам да направам ништо во врска со тоа. :@
    Се нервирам од секакви ситници и тоа дефинитивно ми влијае на здравјето. :)
    Не сум многу комуникативна, поради проблем што го имам со зборувањето, но не сум воопшто срамежлива и пред другарките сум луда гица. :lol:
    А заборавив.. Обожавам домашни миленичиња, посебно мачиња. Од кога знам за мене дома сум со мачиња. :inlove:
    Мислам дека е доволно.
    Фала, чао, пријатно. :hai:
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    За духовна самоанализа и опис само еден збор ми е потребен:чудна или необична!
    Во секоја смисла и потсмисла на зборот.
    Чудна во однос на размислување кое ретко кој го разбира, чудна во секојдневието и работата, чудна во облеката, чудна во се :tmi: ...
    Личност која личи на се, само на човек не.
    За човек потребно е многу повеќе, пред се духовно :!: . А тоа очигледно малку го поседувам :worried: .
     
  12. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Висока 1.59
    Тежина 54
    Знак Бик,подзнак Девица
    Близначка ( брат близнка)
    Долга кафеава коса, кафеави очи, тажен поглед
    Избувлив карактер, доста нервозна ( за секоја ситница), добар другар, знам да чувам тајни
    Секогаш расположена за кафе муабет со другарките
    Сакам животни , најголема желба да научам да јавам коњ :D
    Солиден ученик , а да, и послушно дете ;)
    Реална, некогаш и дозволувам да управуваат со мене ( I do not know why |-) )Амбициозна, внимателна, не простувам баш така лесно, строг карактер, но чувствителна и често ми доаѓаат солзи на очите за ситници
    Го сакам звукот на виолината
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Едно од нештата кои се најтешки е квалитетна самоанализа. Нема да се обидувам да биде по терк на некои познати шринкови, ќе пробам да ги сублимирам сопствените спомени од долгорочната меморија и туѓите перцепции, надевајќи се дека се пообјективни и поблиску до реалната слика.

    Чудно е што од сите спомени секогаш ми испливува на површина првенствено овој - бев на некои 4-5 години и бев тажна, не се сеќавам точно на причината знам дека пиев какао на масата од дневната. И си реков себеси ,,запомни го овој миг, какаото е баш убаво и ми е по вкус, нема потреба да бидам тажна,,. Веројатно уште тогаш сфатив дека сама сум си најголемата утеха и тоа остана така. Својата сила ја чувам за другите, никој всушност и не знае колку ме мачеле туѓи потешкотии, од проста причина што не зборувам за тоа. Дури и зборувањето за себеси ми е раритет и премногу лично го сметам за да го споделувам со неверојатна леснотија. Немам почит за луѓе кои пред секого говорат за својата интима, семејни и роднински проблеми, деловни тајни и сл. и притоа ги озборуваат и покажуваат во најлошо светло своите најблиски, макар и го заслужувале тие тоа. И никогаш не успеав да одгатнам зошто луѓето отсекогаш лесно ми се доверувале и ги споделувале своите тајни и приказни со мене, од една страна знаејќи дека нема соодветен фидбек од моја страна, од друга како го препознале кај мене она што мислев дека успешно го кријам преку индиферентноста - грижата за луѓето.

    Веројатно повеќето кои лично ме знаат би ги разочарала вистинската јас версус проектираната, која не е ни толку добродушна, ни толку сурова колку што веројатно може да биде, ако вложи волја, време и енергија во истото. И се плашам само од едно чувство - рамнодушноста, повеќе знам да се носам со меланхолијата и гневот и сите негативци од палетата емоции заедно отколку со ова, за мене најпоразително чувство.

    Од денешен аспект знам дека сум делувала иритирачки врз моите соученици, уште од мали нозе бев постојано предмет на пофалби за учење, литературно творење, цртање, пеење, а немав чувство никогаш, како некои самобендисани дечишта дека сум нешто посебно, немаше тогаш филмања за индиго или Сваровски деца :lol: , па и да имало отсекогаш знаев едно, дека сум обична, ама различна.
    Долго време ја водев со себе таа битка, дали е подобро да си роден конформист и ако не си дали треба да се трудиш да бидеш стекнат барем, ама не е тоа дебата во права насока, бидејќи не можеш од умислена потреба или каприц да се измоделираш во нешто дијаметрално спротивно на себеси и Бах со неговиот галеб Џонатан Ливингстон и Селинџер со ловецот во ‘ржта ми го дадоа потребното спокојство во бунтовните години. Така склучив нераскинлив пакт со книгите и знаењето, иако сфатив дека уште со катаклизмата на социјализмот, тоа нема неминовно да ме однесе на позиции и успеси кои се посакувани. Книгите, дали биле тоа романи или научни дела, беа и се моето не засолниште, иако често така мислев порано, туку мојот дом. Всушност моја религија, надвор од православието. Исто и музиката, кога сум хиперсензитивна, а тоа е најголем дел од времето, морам да ги експлоатирам. Љубопитниот и истражувачки дух не ме напушти никогаш и фала Богу за тоа. Детето во мене е уште присутно и хиперактивно во возрасната јас, ама кога ќе паднам во малодушност го праќам на принудна пладневна дремка.

    Не знам дали да се сметам за успешна на љубовен план, сум љубела и била љубена, сепак длабоко во себе не пронајдов до сега партнер кој би ги исполнил моите замисли и очекувања, го немало она потребно автоматско секундарно клик-клак, повеќе било како дотрошена запалка која се трудиш да упали низ обиди. Затоа компензирав со поместување на границите на емоциите и сексот, во склоп на постоечките љубови и веројатно тоа имаше и добри и лоши страни, ама создавав и комликации, во голема мера и намерно. И очекував повеќе од партнерите не лично само за мене, туку да направат во врска со своите личности, пред се‘ за себеси потоа индиректно да, и за мене, за што апсолутно немав право. И знам дека ми е најутопистичка идејата за онаква голема љубов и не знам дали ќе ја остварам, ама знам дека ќе копнеам по неа трајно, иако всушност има и голем емотивен терор во тоа да се соголиш толку душевно пред некого и останеш навек заедно. Има некоја грандиозност во сето тоа...

    Од сите спортски активности го сакав и ми остана уште пасија трчањето на долги патеки. Иако го имам занемарено и нема да барам некое глупаво оправдување. Го сакав периодот кога редовно одевме со една другарка да ја трчаме стазата накај Парк во двата правци, со пауза секако и тоа во ноќните часови. Мислам дека никогаш не сум била во поголема хармонија со природата и родната грутка од овој универзум од тогаш, има некоја духовност во напрегањето на сите мускули додека го расекуваш воздухот и уморот е толку еднаков на задоволство и повеќе ми асоцира на хедонистичко сатисфакторно остварување, од се‘ друго што под истото се подразбира...

    Јас сум многу флексибилна можам да одберам да бидам и со најактивен социјален живот и изолирана во светото тројство на самотијата - me, myself & I и да сум подеднакво (не)исполнета. Само кога сум во хармонија со себе сум и со остатокот од светот и тогаш сум навистина среќна.

    Ако еден ден напишам книга(и) тоа дефинитивно ќе биде под псевдоним, не сакам да правам комерцијала од своите чувства и доживувања. И не знам што ме спопадна да го пишам сето ова, веројатно работев по таен налог на некој дел од мојата подсвест. Нека.

    Си имам свој систем на правда кој го бранам со сите сили и кога бранам став не почитувам принцип на другарство, едно е да пиеме кафе денес, ама поради тоа утре нема да си го погазам убедувањето во својот суд на сметка на другарувањето и вистинските другарчиња ќе ме сакаат и натаму :D . Си имам и систем на предрасуди и граници на толеранција, кои не се еластични до бесконечност секако. Доблестите и мааните не ги откривам во целост, ама оние кои ми се најдеструктивни се инаетот и гордоста и затоа знам дека не сум добар верник. Брзо пламнувам, ама судам бавно и не базирано само врз една постапка. И се трудам да сум достојна човечка креатура, да не бидам карикатура во душа, какви што врие на светот денес, бидејќи нема естетска душевна хирургија јбг.

    Инаку освен висината од 170 Цантиметри друго се‘ може да варира и да се видоизменува (фарби, леќи во боја и бла бла...) и не ми е баш релевантно за давање на опис на личност...
     
    На Sunchild, La.Reina.Del.Sur, MSkorpionka и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ептен долга костенлива коса. Крупни зелено-кафеави очи скриени во циклама очила. Нормална тежина и висина за моја возраст.

    Карактерно: чудна. Заради рипчето во хороскопот, не живеам во Македонија, туку во ѕвездите. Фантазирам и летам со паметот доста често. Моите дома и поблиските пријатели ме опишуваат како страшно интелегентна (абе интелектуалка на 14 :lol: ), забавна, рамо за плачење. Некогаш знам да бидам флегматична и крајна мрза. Не сум љубоморна, затоа што во целост сум задоволна од себеси. Барам премногу и не секогаш добивам се. Опуштена, релаксирана. Ретко се замарам со секојдневни (или нескојдневни) работи, а кога се замарам тоа го правам во комфорот на мојата приватност. Читам книги, пишувам проза и поезија (но само за моите очи), слушам музика, трошам батерии на апаратот и овие активности може да се опишат како хоби. Искрена сум и сакам да се искрени со мене. Слаба точка ми е косата. Најчеста одбрана ми е удар со нога. Сакам патувања, ама луксузни. Не сакам гужви и замарање. Сакам крај себе (во далечна иднина) да имам некој што ќе ме заштитува, пази, што ќе е добар со мене, како и со другите и што ке е висок и убав.

    Има многу за објаснување, ама толку, ме мрзи за повеќе. Тоа беше дел од Принцезата. :)
     
    На bubili61 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Надворешно: Долга,темно кафена коса,често ја носам пуштена (обавезно виткана),или пак во реп.Крупни кафени очи,со долги трепки и такни веѓи.Малце побуцкасти образи,голема уста.Гради одвај (море им текнаа да растат,да не се подречам),мало стомаче (оти со месеци немам правено стомачни :tmi: ),широки колкови,нозе онака :lol: .

    Водолија во хороскоп,така да ретко некој може вистински да ме разбере (ем сум женско,ем сум водолија :lol: ).Љубов не ме интересира,не сакам да се чувствувам врзано за некој,бидејќи ние водолиите многу си ја цениме слободата.Почнав да уживам кога сум сама,да сум сама дома,на школо да стојам сама во ходник,сама да отидам до некаде (ова не се подразбира кога ќе ме пратат некаде мама и тато ),сама да ја почекам другарка ми во кафич,додека она надвор си го пуши цигарот со друштво.Многу често флертувам, и најчесто останува само на флерт (по моја волја).За љубовни совети,често знаат да ми се обратат,иако досега сум немала дечко или пак сум била заљубена.Се сметам за одличен слушач,па затоа понекогаш другарките пола саат ќе ми зборуваат без престан.Многу често знам да си раскажам нешто што не треба,пред некој што не го познавам долго време,па покасно да си зажалам.Сега сум многу поопуштена,за разлика од порано,кога бев премногу срамежлива.
    Обожавам да слушам музика,премногу ме опушта,а и често знам да си се пронајдам во многу песни.Сакам да читам книги,иако не сум почнала,едноставно немам од кој да позајмам а не ми се фрлаат 350 денари,за некоја книга,која можеби воопшто не е онаква каква што очекувам.
    Најголема желба која никогаш нема да ми се оствари,е да бидам машко барем на 1 месец. :D
    Премногу сакам да отидам во Париз,еднаш со друштво,еднаш сама,откако ќе го научам францускиот јазик,и ми се појави желба да се запишам на француски јазик,бидејќи преубаво ми звучи,некако дамски.
    За 15 години сакам да работам како полицајка,или пак да служам во војска (не од патриотизам,туку едноставно имам таква желба).Сакам да патувам на различни места,проследени со кратки љубовни авантури (оти нели напишав погоре,не ме интересира многу љубовта).И така. :D
    И знам дека отупев со постов па толку сега за сега,друг пат ќе се надополнам. ;)
     
  16. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Да сум маж, тука ќе барам жена. Ем сите згодни, струкче, нога, височки, слабички, па и сите паметни...

    И ја сум таква хахаххаа :D Сува лепота :D со полни усни, црни очи, 57 кг со тенденција за 52, права коса, шишки, енергична во поголемиот дел од животов, бик со подзнак лав, неможам без вежбање.

    Непристапна. Не сум експлицитна кога треба да кажам нешто лично за себе, неможам а и незнам како. Строга. Обично во центар на внимание, а кога не сум се стремам да бидам (работам на искоренување на ова зашто ќе ме убие еден ден) Математика и физика сакам, ама жално е што не се занимавам со тоа, работам сосем трета работа. Критичар и за себе а и за другите.
    Не сакам контакти со сељаци (опишани во симптомите на being a сељак оние со селска заруменета фаца, фармерки 501 дигнати до плафон и оцртан органот со акцент на мадињата на едната страна и сл. такви понашања).
     
    На bubili61 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    тешка сум 63 кила :devil:
    висока 1.69
    овен во хороскоп..
    лесно простувам..
    многу лесно избувнувам дури и за ситници..
    го обожавам клавирот :)
    не сум многу послушна..
    ја нервирам мајками најчесто за ситници и глупости :D
    многу сум плачка..и ја мразам таа особина :D
     
  18. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Долга кафеава коса, зелени крупни очи.Висока 158-160, и 50кг.

    Близнаци во хороспок.Зборлива, дружељубива, лесно избувлива и голем инает!Никогаш не се откажувам,секогаш го добивам тоа што го сакам(со голем труд секако).Обожавам да читам книги и да слушам музика.Сакам да патувам и најголема желба ми е да отидам во Шпанија.Смеа - тоа е мојот карактер.Имам бујна фантазија, немам никакви предрасуди.Не трпам неправда!Секогаш го кажувам своето мислење,па и тоа да повреди некој.Комплицирана сум некат, признавам.Лесно простувам, но не заборавам.И имам љубов за секој кој ја заслужува :)
     
  19. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Кафеава долга коса зелено-маслинови очи 167цм(тука некаде се немам мерено) :geek: 59 кила . Добра , умна , сезнајка ..
     
  20. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    Тешка едно..60 кила |(
    Висока негде 167 цм
    Долга светло кафеава коса,широки раменици,биг бупс :$ , крупни така..зелени очи,полна уста :) .Маалце стомаче,мали спојлери :$ ,редно е да ги стопам више! :devil: .Нозете онака...средни,прави.. :)

    У хороскоп сум овен.Ептен мразам коа ме лажат,искрена сум и сакам да бидат и со мене искрени.За љубов па и не ме бива,неможам се чуствувам заробено,како без слобода.Ја сакам слободата,да идам јас кај сакам,со кого сакам,без некој да ме умара за тоа.Иам голема смисла за хумор,барем така викаат.Некад знам да забегам :D.Голема мрза сум,флегматична сум,неможете да ме натерате нешто доколку неќам.Според хороскопот,сум агресивна а и така е,неќам да си играат луѓето со мене,така да се претставувам агресивно,и се однесувам агресивно in public.Со блиските секад сум срцка,интересна,полна со вицови,интересни муабети,неможе да ти биде досадно со мене :P :D .Неќам гужви и такви замарања,сакам големи места,сакам добри пријатели како моите,да запознавам нови луѓе,да шетам,да се заебавам,да патувам, да седам со друштво и да го гледаме омилениот филм со придружба на пуканки или сладолед.
    Има уште мноогу,али ме фати мрза,па си викам доста е. :P