1.73 цм , темно кафена коса,сини очи,долги нозе Забавна,духовита итн итн... толку од мене, сепак останувам тајна!
20 годишна девојка..1/68 виссина..55кг.. зелени очи..средна боја на тен..долга коса-костенлива боја.. нервозна..нежна..плачлива.. често знае да се осети повредена,навредена,критикувана.. полна со зелби а ниедна не остварена.. полна со лјубов за сите,но не секогаш и возвратена..знат тоа да ми го искористат но знам да вратам на лош начин.. со порака за сите напред со своите зелби и зивот!...
физично: 172 цм, 56 кг - морам да намалам, коса во боја на чоколадо никогаш бојадисувана и никогаш нема тоа да се деси, кафеави очи моментално сум зелена во образнот но кога не сум болна имам потемна полт, долги нозе... психично: насмеана, никогаш сама многу пати осамена, СИНГЛЕ мразам фалбаџии но на жалост има многу околу мене, огромно соништа-многу остварени, си ја сакам домововината повеќе од се, некогаш јазикот ми е побрз од мозокот, тешко простувам и не очекувам да ми простат, тврдоглава, оптимистична и спонтана...
Јас имам 12 години... Висока 162, со 49 килца. Многу сум чувствителна и премногу сваќам лично... Во друштвото, секогаш ас сум таа која треба да ги смее другите, макар и да изгледа глупава. Со високи оценки, и високи желби. Живее во холандија, ја обожава македонија, и брои денови да си дојде во македонија... Искусен патувач... Сака авантури... Тешко да престане да сака... Многу се смее и позитивна личност е според другите. Има прекрасни другарки. Има силен став и се бори за она кое го сака, но има и слаби точки. Понекогаш се обраќа на Бога за помош... Многу луѓе мислат дека сум многу храбра, но понекогаш сум и спротивното. Можеби и сум храбра. Во периодот на пронајдување на себеси сум... Сеуште се менувам. И тоа долг период е. Многу луѓе мислат дека сум зрела, но имам и други страни, знам да бидам многу тврдоглава.
Средно висока ,58 кг, темен тен , карамела боја и средна по должина коса, светло кафени очи. авантурист во душа ,сакам патувања. во слободно време сакам да се занимавам со спортски активности ,ги сакам предизвиците, особено интелектуалните. Во љубовта ,не сум пример за верност затоа што сум авантурист.Мразам дволичност. Во кратки црти , Тоа сум јас.
Шо да се опишам... кога не зависи од мене... за мајка ми сум... убав на мајка... за бившата сум... ѓубре едно... за сегашнава сум ... злато мое... за другаркаи и околина... опасен... за другари сум... педер ... за колеги сум... комплициран... за колешки сум... прост... за комшики сум... мило... за комшии сум... намќор... и т.д... а ја еден скромен... шо да ви кажам... за кој како.!! Патем,.. прв пат сега ја гледам темава... ја нешто као машта... ми личи на и тако то... а од она малку што прочитав... Кате најмногу ми се допадна,.. како се опиша... Пријателка ми е Кате..! нели Кате.!?
Еве како јас би се опишала и ќе се обидам да бидам непристрасна и кратка 22 годишна,скорпија-рак во хороскоп,родениот град ми е во источна Македонија Висока 173 сантиметри Тешка 62 килограми(сега сум малце ослабнета,сум имала и некое килце повеќе) Средна должина на косата,темно кафеава(природната боја ми е малце посветло кафеава),кафеави очи, овален облик на лицето,светол тен на кожата,средни усни и нос За телото може да се каже дека имам нормално и средно згодно тело,не многу широки колкови и задник,нормален облик на нозете(иако не би било лошо да ми се малце подолги)и во глобала мислам дека тоа би било се за мојот физичкиот изглед. Што се однесува до карактерот имајќи во предвид дека сум скорпија во хороскоп,многу сум љубоморна и понекогаш посесивна,иако можеби некогаш немало причина за тоа,секогаш си го бранам тоа што е мое,а за другото не ме интересира,верувам во традиционалните вредности,верноста,лојалноста,искреноста имаат големо значење во мојот живот,а истото го очекувам и од оние околу мене.Знаат да кажат за мене дека сум тврдоглава и темпераментна,премногу осетлива личност,иако не изгледам како таква,туѓите мислења и зборови оддамна престанаа да ме допираат,се чувствувам горда на себе и на тоа што сум,нормална личност со нормално семејство и сериозна врска.
епаа значи вака 171 цм висока, светло кафеава накај руса коса(природна) , маслинести очи , мала лузна на носот бидејќи си го имам скршено кога имав 4 год Психички сум доста созреана личност за моите години. Мразам дволични луѓе најмногу од се, не можам да поднесам да бидам во нивно друштво. Некои работи ги сфаќам многу сериозно и се потиснувам во себе, за на крај да пукнам како балон. Многу тешко се заљубувам и тешко ми е да изразам чувства. Малце сум ладна и ги измачувам луѓето што сакат да допрат до мене. Немам доверба во поголем дел од луѓето. Иначе сум секогаш насмеана, хиперактивна и многу луда Голем хуманист сум, обожавам да им помагам на луѓето. Желба ми е да се запишам на факултет надвор од државава, зашто овде се чувствувам како во кафез. ете толку од мене мои драги феминки
Надворешен изглед: Темно кафена коса,скоро накај црна..Бушава ми е,таков квалитет ми е косата,до раменици. Зелени очи,малечки трепки,подочњаци ГОЛЕМ НОС ..Тенки веѓи,и носам наочари со диоптер-НЕШТО ШТО НАЈВЕЌЕ МРАЗАМ! Што се однесува до телото..Имам малце бутчиња Ама имам мускули на нозете и затегнат стомак што убаво се познаваат мускулчињата.Имам спојлери ама тоа е тоа Внатрешен изглед.. Всушност јас сум навистина забавно девојче.. Сите кога ќе ме погледнат,ради изгледот мислат дека сум повлечена,бубалица..Но јас сум всушност добра,забавна,духовита,сакам да се забавувам и дружам,дружељубива сум..Но ете,само 3 души најмногу ме доживуваат така,другите не се ни дружат со мене Таква сум си јбг..
косата ми е костенлива некоја несекојдневна боја,бујна и природна,но секогаш ја пеглам големи зелено плави очи долги трепавици тенки веѓи мал нос мала полна усна Карактерно не сум избувлива, премногу аналитична, креативна ,позитивна ,секогаш да помогнам водолија со подзнак шкорпија
170цм :'( 49 и пол кила светло зелени очи кафеава коса, некаде до половина(скоро секагаш во плетенка) моментално "in love" со 2цм понизок од мене! сакам мачки имам 7 обожавам да цртам, пеам и свирам виолина( посебно коа сум изнервирана) не кажувам секагаш она што го мислам скоро се` чувам во себе ама коа ќе ми пукне филмот не можат да ме сопрат! мразам трчање но обожавам кога играм фудбал и сакам да излегувам ноќе летно време кога дува ветре со друштво во кое е и "нискиот" отприлика тоа е тоа..
Ајде и јас да се опишам...инаку сум 163цм висока, тежина 51-50 ( варирам помегу овие две ), имам смега коса должина до градите некаде ( ми порасна конечно), кафеави очи... во хороскоп сум риби и подзнак риби... лесно се заљубувам но и одљубувам зависи, амбициозна, секогаш распложена за дружење, зафрканции, не сум до толку сериозна и сакам луге кои се весели, секогаш сум искрена колку и вистината да е сурова, мразам лицемерие, лаги знам да чувам тајни и како што имам кажано во други теми секогаш спремна за давање совети, развиена интуиција ( дури и премногу што почнува да ме загрижува ), антиталент за пеење, сакам пливање, виолина, толерантна сум , трепение како што викаат спасение, но кога ке пукнам опасно е...
Светлокафеава, права коса со висина до средина на грбот,мали светлозелени очи со трепки што не се ни примеќаат. Полни усни. Светол тен. Слабичка сум ама во последно време малку се поправив. Ај да се опишам како нежна, дружелубива и срамежлива девојка. Мразам бубачки ( ) . Мнооогу сакам цртање и ме бива, исто така и сакам да слушам музика. Сакам возење велосипед и сакам да тренирам кошарка. Обожавам чоколадо и јагоди. Мразам лажговци. И ај да не зборувам многу одете во описот на риби, целосно сум опишана. поздрав.
Висока 168,62кг(работам на тоа да дојдам до 57) смеѓа коса баајѓи долга ... зелени очи..тоа од физичка страна е сега психички во хороскоп сум вага подзнак шкорпија.. мразам кавги ...баш секогаш гледам да бидам фер комуникативна,мразам луѓе кои се немтури зборовите со чингелајче да му ги вадиш...и само ќутат малце сум нарцис можам да си се гледам цеел ден пред огледало мрза до недоглед...за мене љубовта е се .. кога не сум посакувана од некој се чуствувам очајно и помалце депресивно .. болно љубоморна за машко ама во себе, никогаш не ја искажувам љубомората и никогаш машкото нема да знае дека сум... срамежлива ама и тоа знам добро да го скријам перверзна ама само на збор ...исто и јака сум на збор за 3 секунди со збор ке те напикам од каде што си излегол... зло памтило...направи ми нешто кога тогаш ке ти вратам и да не ти вратам ке си го паметам до гроб често си плачам ама тајно, јавно никако лицемерка никако или те сакам или не трето нема... ако не ми одговара да живеам со тебе нема да живеам мирна преконзервативна за некои работи никогаш не го правам првиот чекор за некое машко секогаш чекам се Тој тој и само тој немам женска суета ни да се јавам прва ни да пишам прва ни да го поканам да излезиме.. сакам да пеам и сон мие да станам пеачка сакам да читам книги да гледам филмови да трчам да возам ролери сакам да се пианчам да си поминувам лудо. ете тоа сум јас !
Висока- 174 Тежина- на диета сум. Кафени очи, бледа у лице, коса неопределена боја. Внатрешно- мизантроп, филозоф(Сите ми викаат дека само сум филозофирала), амбициозна, искрена( најголема мана ахх) и доволно е.