Средно висока,црна коса средно долга,сини очи,темен тен,мала уста,малку поголема килажа од што треба but i'm working on it ... Инаетлива,малку љубоморна по потреба ,голем песимист,на почетокот срамежлива ама кога ќе се пуштам прилично комуникативна,дарежлива,неекономична ,по малку наивна ,многу горда... Се што е во врска со креативност-не ми оди... сакам да играм и да пеам,не покажувам лесно емоции,многу лесно се заљубувам,и за најдобрите другарки-душа давам! Секогаш спремна за авантура,нови познанства,поинакви други места... Многу сакам животни,особено кучиња. Сакам да слушам музика и да читам книги. Најомилен јазик ми е германски и го изучувам веќе три години,исто така многу сакам шпански и руски,а мразам француски. Ме интересира биологија и хемија. Во иднина се гледам како докторка со голема кариера. Бик во хороскоп,лав во подзнак ,мислам дека се ви е јасно А да уште нешто... ми викаат дека многу добро глумам и имитирам
173 цм висока.78 кгр тешка смеѓа коса,темнозелени очи шармантна,харизматична,секогаш насмеана, внимателна,љубезна,реална,самокритична, секогаш топ од глата до петиците добра мајка добра сопруга добра бизнисменка сакам коли,патувања.. лелеле па јас сум била идеална...................хахаха...а ненене..... тврдоглава,инаетчивка,имам голем нос....ете да не биди се нај,нај,............
Добро утро! Убава и паметна!Фала и пријатно! Тој ме сака,барем две жени ме хејтаат и уште 10тина мажи стојат у мојот ред,макар што не сум ја опрала косата са Шаумом! Тоа е успех! Тоа е тој прекрасен,шмекерски живот,лепота на која откидаш,сакала ти или не цуцо...тоа е! Опиши се-ме мрази бившата на бившиот! Епа да! Епа!!! Не може човек толку јавно да те хејта ко она мене! Онака со солзи у очи зборува за мене,се прашувам дали е заљубена или после факинг сто години уште се опсеснува! Епа боље опис нема од тоа-убава,паметна и се опседнуваш со мене! Мња,ја сакам,топсикис4епоззок! (хејтерите ќе хејтаат,умните и паметни феминки ќе сфатат дека си тресам и како демек дискретно мантрам )
Опис од друштво - Лудача која може секако да те насмее. Надворешен опис -Светло кафеава брановидна коса , зелени очи , поглед ко да ке убијам некој, за тежина и висина врска неам Внатрешен опис - Смешка, огромен љубител на животни кој ги собира сите улични мачки и кучки, тврдоглава (ако не ми се исполни нешто што сакам да го направам не сум жива) и не ми текнува друго
Се викам Јована и имам 11 год.Живеам во Скопје во населба Бутел, во куќа заедно со мајка ми,татко ми и баба ми.Висока сум 155см и тешка сум 44кг.Имам кафена коса и кафено-црни очи. Во хороскоп сум лав и во подзнак сум лав што значи дека сум смела,мила,добродушна,лојална,забавна,креативна,горделива,љубоморна,сурова,мрзлива....... и сите карактеристики кои го сочинуваат лавот. Омилени работи ми се театри,камери,музика,гледање филмови (комедија,музички,спортски),пливање,возење ролерки,шопинг и др. Омилена боја бела и црна.Омилено милениче немам,сите ги сакам.
165 висока, кафена коса со средна должина, кафени очи, светол тен Сегаа внатрешен опис Забавна, амбициозна, мрзлива (мнооогу ), спанка, малку досадна, духовита, самоуверена, кавгаџика , одговорна, неспретна ептен, праведна, љубопитна, дружељубива, љубител на благоо, неодлучна, малку инаетлива, не се замарам шо мислат другите, живеам како шо мене ми одговара... Ете тоа сум јас поздравче
175 висока, 55 тешка Црна коса, црни очи.. студирам на правен факултет се гледам како иден правник...Во слободно време одам на кафе со моите пријателки и пријатели, знаам и умеам како да си го пополнам времето. Јас не сум јас ако не работам две работи оддеднаш (некако досадно ми е , и монотоно) Положен возачки испит, по природа сум оптимист, секогаш насмеана, весела, имам една мана неможам да се налутам на некого и да му останам лута подолго од 10минути.
Висока сум 175, имам 42 кг. Кафеава коса, со средна должина. Кафеави очи. Во хороскоп сум скорпија. Дружељубива, понекогаш љубоморна , една од поголемите фанови на благото, мразам типки кои се прават таканаречени `шмизли`. Простувам но не заборавам. Понекогаш на почетокот сум срамежлива, а потоа сум опуштена. Многу ми шлапа устата, па знам да кажам работи кои не се за кажување. И за крај да не должам многу сум голем зависник на Фб, а уште поголем на Фемина.
Висока 171 Кафеава коса и очи. Очите ми се малииииии Косата ми е до раменици. Слаба (премногу слаба) Инатечика. Идиот. Самобендисана. Емотивна. Плачка.
Прво изгледот : 172 цм. 60 килца..хаха треба да се слабее Светло кафена коса и кафено-зелени очи. Нормално густа виткана коса Огромниии стапала,дланки и прсти...Ххахахахахахаха во тоа сум посебна Најмногу си ја сакам устата, затоа што имам полна уста . Карактер : Темпераментна максимално, смирувачки делувам на луѓето, средно толерантна ( секогаш зависи за што се работи), многу амбициозна, ме бива за јазици, музикална, расположението може да ми се сврти за 5 секунди и од најсериозната личност што можете да ја видите, да се претворам во лудо бебееее хахахаха Штедлива, многу внимавам на детали, шкорпија, што значи фатален заводник , не сум многу срамежлива, можеби само на почетокот одма ми трга муабетот, дружељубива, но сепак јас имам многу познаници, малку пријатели. Тотално не им верувам на луѓето и само во мајка ми и татко ми имам доверба, ниедна другарка не била достојона за тоа :/ можеби многу барам, ама затоа никогаш не сум нае*ала (ќе ми простите на израз, ама тоа е најдобар збор за да се опише работава) од некоја дволична другарка и некоја љубоморна. Зависна од музика, книги, филмови, убав изглед, ланчиња, прстени и пархеми. Накратко ( и не е баш кратко, хахахах ) тоа е тоа !
Имам доолга, густа и темно кафеава коса, костенливи очи, светол тен ама кога отидам на одмор добивам чоколадо боја, ни слаба ни дебела висина па средна тврдоглава како магаре, верувам во љубов и соништа сакам многу да гледам филмови од типот акција, комедија, па и не толку страшен хорор, љубовни филмови, турски серии, од спорт на ТВ гледам бокс, во спортови ме бива одбојка а по малку и кошарка имам желба да играм билијард сакам партис, романтична и уметничка душа сум, обожавам да сликам, цртам, пеам па пишивам и песни (за пеење), често возам ролерки, мноогу дизајнирам сама шиам понекогаш многу сум жалостивна и сакам да помагам и да донирам (кога сум во можност), оптимист сум да, мноогу смирена ама ако се изнервирам моли му се на Гоцпод да те чува од мене, сакам кога има акција и авантура во мојот живот инаку бик сум во хороскоп, стилот на облекување си го сакам затоа што тоа ме покажува која што сум и во друштви секогаш имам нај лакирани нокти и позз до сите и ако има некој сличен како мене нека пише за дружење
Надворешен изглед: Имам 15 години.Висока сум,1.70. Долга светло,кафеава коса и кафеави очи. Имам мнооогу тенка половина и голем задник. И го мразам тоа. Внатрешен: Како прво,личност која е секогаш спремна да помогне.Обожава животни.На прв поглед многу срамежлива,ама кога ќе ме запознаете,баш сум она спротивното Немам баш некоја висока самодоверба. Секогаш сум спремна за авантура. Обожавам да се смеам и да се гушкам. И да заљубена сум А друго,што знам..Не ми текнува сега
Висока сум 1,76,средна кафеава коса и светло зелени очи тенка и тоа многу тенка половина,а голем задник Имам 57 килограми се гордеам со нив фина девојка секогаш спремна да помогне на другите и авантуристка голема зависна од адреналин,заљубена моментално и голема њубителка на животните и тоа една од наголемите p.s слични сме со претходната феминка малку
170 висока, природната боја на осата ми е кафеаава, но сега ми е фарбан некако црвенкаста. куса коса имам со шишки на страна. очите ми се зелени. не сум љубоморна, но и не пасам трева водолија сум во хороскоп. сакам да им помагам на луѓето. мразам кога некој ме лаже во очи а мисли дека му/и верувам,кога си гледа само за себе некои работи, кога неговата/нејзината нервоза ја префрла во мене и ми го уничтува животот. тогаш немам баш најдобар крактер, бидејки ке те оставам да видам до каде ти е границаа и кога ке бидеш срекен/а јас тогаш ке ти кажам СЕ во очи (не е убаво,али....добро до сега го немам направено ова али има една другарка што ми се прави блиска, а позади грб којзнае се сто ми прави и зборува,си гледа само за неа а мене ми создв само нервози и сплетки во животот). ми имаат кажано дека кога се запознавам со некој често оставам добар впечаток, откачена и затоа најчесто ги нервирам професорите најчесто сум мрзелива али ми поминува . обожавам да цртам, иако во последно време немам многу време за тоа. сакам искреност,лојалност, да се гушкам најнајнајнааааајјјјј голем антиталент за пеење најчесто по дома или некаде на гости бељите се направени од мене ако гледам хорор филм после тоа неможам да спијам цела недела, или па ке седнам да го гледам ама пред тоа ке ги соберам сите перници од куката до мене најголема желба ми е да патувам низ светот и сум многу голем авантурист
надворешен изглед: висина 170 тежина 58кг долга,густа кафеава коса,темно кафеави очи накај црно горната усна ми е потенка а долната полна имам преубави бели заби карактер: претвродглава,понекогаш инает,мрзелива (ни земјотрес не би ме натерал да станам од кревет xD),не сум многу љубоморна,друштвенаааа,љубопитна,несуммм злопамтило ,искрена тоа што го мислам го кажувам во лице,несум срамежлива,храбра,самоуверена,сакам да патувам за овие мот 18год имам прошетано секаде,многу сакам да читам книги,да слушам музика аа секако и да гледам добри филмови.многуу сакам мачиња мразам:дволични,лицемерни луѓе....оние кој денес ти се пријатели а утре сешто зборуваат за тебе.. хороскоп:вага подзнак близнаци многу многу многу ги сакам моиите најблиски, сетсрааа ми и брат ми,мојата најдобра пријателка (и во оган одам за неа ако треба) немам милениче ама имам брат тоа ти доаѓа исто ете тоа сум јас
па вака девојки имам 15 години висока сум 160цм тежина 52кг имам кратка кафеава коса,црни очи.. по каракер тврдоглава,љубопитна,слатка,дружељубива,оптимист,злопамтило.. ги сакам тие што ме сакаат мене,сакам да се дружам со добри личности на пример да имам добри и вистински другари,сакам чоколада сладолед и др.Сакам лето и зима Во животот среќна ме прават малите нешта! Најмногу од се сакам да се СМЕАМ Нешто што го мразам кај себе е тоа што секогаш очекувам премногу и на крајот само се разочарувам... Тајната на успехот е упорноста! Но и кога ти е најтешко,не заборавај дека си човек и дека мораш да одиш до крај! Научи да го живееш животот со насмевка,без разлика колку и да е тежок! мразам:дволични,расипани,лјубоморни... најмоногуу гии сакам
Кој знае колкав реферат ќе излезе ова. Надоврешен опис - зелени очи,кафеава кратка коса,инаку природно права,висока сум 170,тежам 58 килограми. Внатрешен - признавам чуден карактер сум. Прерано созреана личност,па затоа и тешко дека можам да се дружам со секој. Овие врсниците мој се некако пре-не-созреани.. Најпрво многу сум едноставна,скромна,used to be песимист,ама сега некако се обидувам да размилсувам по оптимистички. Многу искрена и директна, тоа го сметам за лоша особина. Перфекционист сум,сакам се да биде совршено и се да има свој ред. Од таму произлегува и педантноста,сакам чистота и хигиена! Самокритична и самоуништувач сум. Никогаш не сум задоволна,најпрво од самата себе..а после од сите останати. Ситничар до коска... на се можам да најдам маана. Премногу критикувам и анализирам,нормално во себе,а сето тоа го правам неприметливо. Многу сум трпелива,ме бива за со деца Тоа ми е како некој талент. Се сметам за добра личност бидејќи на секого му мислам добро,со сето срце,а луѓето што се не правеле за да ме уништат.. Разочарана сум од човечноста и од луѓето. Не верувам на никој,па дури и во себе понекогаш..од секогаш сум имала проблеми со самодовербата.Сакам да помагам и да давам совети,и тоа е нешто во што сум добра. Не сум амбициозна воопшто,мразам да бидам најдобра. Реалистички насторена Не љубоморам,само го имам она чувство кога посакувам да ги имам работите што ги има некој друг,а се случувало и да посакувам да бидам на местото на `таа` личност. Ладнокрвна,на прв поглед,а можеби и на втор Не покажувам емоции,не се доверувам никому,се чувам во себе и на крај пукам како балон полн со вода. Знам да бидам претерано емоциална и чувствителна. Забавна сум,на некој чуден начин.Треба многу за да засакам некој,А за да сакаш некој треба најпрво да се сакаш себе си. Ете ја пречката. Многу добар другар сум,посебно кога треба да искушам некој, да дадам совет,рамо за плачење.. за се`. Комуникативна,праведна,лојална,независна,трпелива,весела и љубезна.. Порано се секирав за се и сешто,тоа ми е во природата. Мозокот ми работи 24/24,дури и кога сонувам xD Пре смирена,стбилна и приземјена-дури татко ми ми вели и не е нормално толку што сум смирена. Трудољубива. Флексибилна. Страшен филозов. Обижавам да читам книги,особено Агата Кристи и Фројд. Пишувам. Не сум упорна. Како и да е,можам да зборувам 2-3 дена и пак да не е доволно. Во суштина-тоа сум јас,во кратки црти.
♥ Isfolirana-Zato sto uzivam!♥ ♥ Dignata-Zato sto se nedam!♥ ♥Ku4ka-Jer netrpim poraze!♥ ♥ Ljubomorna-Jer posmatram od strane!♥ ♥Umisljena-Jer volim sebe al ipak se druzim! ♥