Хахаха......секогаш ми е интересно кога треба сама да се претставувам,па вака : Висока 172 со 53/4 килограми.......светло смеѓа косичка(моментално црвенокоса ),темно плави очи мало устиче(не си ја сакам баш устата али добро).Друштвена секогаш сакам да сум негде со позитивни луѓенца како мене,нејќам негативни личности кој нонстоп се жалат и кукат за се и сешто,вечен оптимист упорна,трудољубива,забавна 24/7 музикааааа-ме нервира тишината,најубаво си учам со музика,обожавам да цртам,да сликам. да читам.У последно време си се учам да си готвам,мои специјалитети(посебно за поховани работи сум специјалист)и уживам во готвењето а посебно кога ќе добијам позитивни реакции од дегустаторите .Уживам да испробувам нови работи,да посетувам нови места(еве годинава на пример си се искачив на Кораб---чувството беше преубаво,ама и до упорноста беше )Обожавам пивооооо ,обожавам кино на отворено.,обожавам ситни мали работки кои ме прават среќна....епа сигурно уште мн работи али да кажам и некоја мана да не испадне дека си мислам оти сум совршена Мн сум мрзлива понекогаш,лесно избувлива(брзо се лутам-ама и брзо ми поминува),јазикот понекогаш ми е побрз од паметот што би се рекло,и мн се карам сама за тоа,брзо ми се здосадуваат нештата,мн им верувам на луѓето-сите мислам се добри фини мили,бавна сум ама па сакам се да ми биде добро сработено макар и во 5 до 12(а најчесто е така),мека на карактер,некогаш и преосетлива иако делувам надворешно ладно...тешко се заљубувам ,тешко се одљубувам.Па вака некако би изгледала јас....поздравчиња за сите
167cm, 57кг, викаат за у порно сум била, а верувајте не се шминкам така. Очите ми се кафеаво зелени, косата кафеава, долга и права, а карактерот незгоден, често сум нервозна, каснам, знам и да излажам кога ме мрзи да се објаснувам на некој, екстремно тешко се заљубувам, знам за 5 минути собата да ја претворам во тотален хаос, не знам да правам никакво јадење освен шпагети, знам да бидам и хипохондрик, почесто сакам да сум сама со себе, ама без разлика на сето ова, секогаш, ама баш секогаш си го местам креветот од сабајле.
Се викам Викторија. Ме викаат Вики. Зависник сум од Мода. Сакам да патувам. Ги имам посетено:атина,дубаи,париз,виена. Имам куче сибирски самојад. Слаба точка ми е семејството и кучето. Висока сум 179. Тешам 65 кила. Слушам метал и рокенрол. Не сум заљубена. Имам кафеави очи и коса. Зависник сум од интернет и c.s6. Обожавам да пеам и цртам. Сакам да се научам да пукам со пиштол. Сакам да работам во армија. Желба уште од мала ми беше да бидам V.S ANGEL. Сакам да бидам психијатар или моден дизајнер. Се плашам од смрта. Вежбам секој ден по 3 пати. Многу пати ми имат кажано дека би можела да бидам фото-модел. Како тинејџерка бев self-harmer. Многу сум ранлива. Хоби ми е тенис и возам ролерки. Сакам кога одам на Шопинг. Мразам лицимерни личности најмногу од се. Многу кои не ме знаат велат дека сум дигната шмизла но тоа не е така...уствари никој ме нема запознаено добро. Се плашам да ги кажам моите тајни. Мразам мали деца. (5-10) Имам мускули и стомачни Свирам на гитара.
Средно висока 15 години 47 килограми прироодна долга кафеава коса зелени очи хороскопски знак близнаци Сакам да патувам низ целиот свет/досега сум била Франција Германија Турција Србија Виена Австрија сакам авантури сакам да танцувам да се забавувам верувам во љубовта многу сакам мода шопинг сакам домашни миленичиња најмногу кучиња верна другарка сум и поради тоа сум страдала добродушна сакам да помагам на сиромашни болни луѓе сакам мали деца посебно бебиња мото во животот мора да се бориме, се се случува со причина и треба да сакаме бидејќи љубовта е богатство кое не се троши
Коса кафеава многу виткана, долга, очи кафеави. Тен бел, шминка не почитувам, висина средна (таман за моја возраст, незнам колку точно, се немам измерено), 52 кила, во хороскоп сум риби, омилена боја ми е зелена. По карактер сум друштвена, сите викаат дека имам голема смисла за хумор, зашто со еден збор можам човек да насмеам. Учам, пливам, не сум љубоморна и сметам дека немам ни потреба за тоа. Дечко имам, и не се палам на дечковци со стомачни, со мускули, со сини очи или плава коса, убаво дотерани...Ги ценам луѓето по карактер. Имам другарки (и вистински и лажни-.-), не се кревам, премногу сум чувствителна, ама и многу брботам, прикажувам, зборам нонстоп . Не сакам да озборувам или да ме озборуваат. Хумана сум, сакам да помагам. Кај мене нема срамежливост. Ете си се опишав на кратко.
Средно висока... 18години 50кг. Кафеава виткана коса...средна должина Плави очи Во хороскоп сум рак Сакам да танцувам и да цртам(само со молив) Верна другарка иако денес не постои другарство како некогаш...имам само неколку другарки на кои им верувам и можам да му кажам се што ме мачи Обожавам бебина Oмилен спорт ми е одбојка Желба ми е да бидам стујардеса Зависна од интернет Мразам лицемерие.. <3 Mода! Верувам во љубовта... Многу емотивна :/ Учам да свирам гитара Оптимист Љубоморна ( за жал ) Избувлива...се кажувам влице Креативна па накратко...ова би била јас
Долга,права,темно руса/светло кафена коса,зелени очи,висока 180 со 56 тежина,слаба ама фала богу,си имам женски облини,хахах Кошаркарка што се гледа по никот А внатрешно....е признавам,мрзам да зборам за себе Борбена но во исто време смирена,многу отворена,но недоверлива Лесно се спријателувам со луѓе и имам многу другари и другарки,но ретко на кои им се доверувам. Упорна,тврдоглава,но не своеглава - знам да толерирам и многу сум трпелива,можда и премногу,сите ми се качуваат на глава Ми се допаѓа кај мене тоа што сум многу посветена,на некои луѓњ во мојот живот,на спортот и на љубовта. А за друго пак,чисто ме заболе и тоа е тоа што не го сакам кај себе. Секогаш сум насмеана,среќна - понекогаш,задоволна секогаш Немам се што сакам,но имам се што ми треба и доволно ми е. Мислам дека знам да сакам,да ценам и да почитувам.Прво гледам за моите блиски,па за себе...важна ми е љубовта и среќата на тој што го сакам. Детинеста,дете во душа со љубов ги решавам проблемите и после се,секогаш се надевам.
Убава, згодна , неопходна Јас би си мавнала еден просек. 165 висока, кафена коса, кафени очи, омилена боја кафена.. Омилено време, пролет, сакам поезија, сакам ниски кондручиња, сакам скромност, зрелост кај луѓето, мразам лигавења, цуци муци Слушам рок и блуз претежно, ама знам и да си пуштам српско од Жељко Самарџич и компанија.. И така.
Кафена,права коса,кафени очи,ниска,елегантно пополнета (во превод дебела ).Какво и да е си го сакам своето тело,бидејки на свој начин сум си убава. Горда на себе,чуствитела,искрена,лесно можам да се изнервирам ама слабо го покажувам тоа,малку мрзлива кога се работи за учење ,за брзо време менувам мислење и луѓето ги оценувам веднаш по првата средба. Го сакам животот и неговите убавини.Најсреќна сум што имам свој живот. Многу читам и пишувам.Обожавам секакви книги само да се со добра содржина.Без кнгите не би можела да живеам.Тие се дел од моите секојдневие.Сакам да бидам писателка.Ама и психијатрар. Многу ме привлекува психологијата и длабоко размислувам за некои теми што е чудно според мојата возраст. Тешко стекнувам пријатели бидејки всушност денес луѓето спрема тебе се никакви и не те ценат ни малку.Верувам во љубовта,ама не и во луѓето.
Однадвор: Руса коса, очи ко смаракт, висока, слаба, долга коса... Одвнатре: нетрудољубива, мрзелива, дружељубива, ич не љубоморам, итра, мудра, снаодлива... По цел ден на компјутер... Кога треба да учам, ми се спие... Одлична поминувам во врска со оценките... ВЕРУВАМ ВО ЉУБОВ НА ПРВ ПОГЛЕД... Обожавам да возам велосипед, но НАЈМНОГУ сакам да се возам на ролери... Го сакам летото... Сакам да се облекувам стилски, а во лето СЕКОГАШ носам ПРЕкратки алишта...
Бринета,170см,кафеави очи....хахах како на некој сајт за барање партнер Ама само една работа може да се каже за мене,ако не сум на работа залепена сум на лаптоп(нажалост).Тоа е сега за сега ако нешто се смени веднаш ке ве известам
секогаш реална мрзелива дружељубива средна височина (мислам пониска) плави очи и плава коса избувлива верувам во љубовта зависна од интернет чуствителна
Однадвор: -178см висока(Жирафа сум. Сите од фамилијата ми се високи!) -64кг (Имам мускули, затоа.) -Портокалова долга виткана коса -Зелени очи Одвнатре: -Љубезна, фина, мила и дружељубива -Често се нервирам за глупости -Мрзлива -Реална -Емотивна Податоци: -Родена на 29.5.1985 (25 години) -Хороскоп: Близнак -Хоби: Играње одбојка, трачарење со добро кафенце и комшиките уз партија карти ( ), правење журки, пливање и други работи! Сакам: -Мода -Журки -Секс ( ) -Фамилија -Дечко -Спиење -Лето -Адријана Лима и сите останати ангели Мрзам: -Миење марула -Пружење алишта -Пеглање -Забари -Фобии -Сонови Професија од соништата: МАНЕКЕНКА! Сегашна професија -Адвокатка Град од соништата за живеење: -Њујорк Живеам во: -Скопје Тоа сум јас накратко!
па средна висина сум , бринета, прилично сум во хеланки и кошула, или тренерки и маичка, секогаш сум во исто облечена, ме мрзи да менувам комбинации, како во униформа... сакам многу забавни нешта, но од мрза не правам ништо.. ете како гарфилд сум. сакам да јадам, да спијам и да гледам ТВ. и ништо повеќе, ништо. а, и мразам понеделници.
Не дека мразам,ама не обожавам да се опишувам,ама сепак ке се обидам. Однадвор: -Кафена,долга коса,дебелка ,средно висока,зелени очи.... Одвнатре: Нескам расправии,верувам во животот и во љубовта,ама не и во луѓето.Се би дала за моите родители бидејки ги сакам најмногу.Ја ценам добрината и чесноста,мразам лажењеиако понекогаш го правам тоа. Но се трудам да не лажам за да повредам некого,тукуза ситни секојдневни работи.Ги почитувам туѓите мислења,секогаш ги сослушувам луѓето до крај.Хумана сум,сакам да помагам на сиромашните,сираците,болните.Обожавам храна,посебно благо,тестенини и пица.Омилена храна ми е макароните,а омилен пијалок ми е водата.Зависна сум од храна.Исто така обожавам и да читам книги,слушам музика и танцувам...Сакам забави и да патувам,да шетам низ светот.Би сакала да го прошетам цел свет.
-смеѓа коса до под раменици,степенасто ишишана,со плав прамен,кафени очи,169 cm,слаба,слатка и убаво тело(според другарки ),добра,дружељубива,знам да чувам тајни,трпелива,не се нервирам лесно,не верувам на секого,културна ,спортист,одбојкарка,обожавам да фотографирам,енергична,book-lover :geek:,не се заљубувам толку често,верувам во љубов на прв поглед,обожавам филмови и музика,вљубена до уши во хип-хоп стилот на облекување(односно уличен стил во Њу Јорк )btw омилен град, Марун 5 ........ има уште многу,ама сега за сега толку за мене
Мислам дека си пронајдов двојник Исто како јас самата да сум се опишала. Само што омилена боја ми е зелена и не сум баш згодна или убава