.. ...не многу убава,шармантна,харизматична,згодничка, . ..моментално црвенокоса,француска фризура,со шишки,темнозелени очи,блед тен,дупчиња на образите. ..го сакам животот,позитивна,оптимистка,дружељубива,комуникативна.. .
висока сум 1 74 ,59 кг,имам долга црна коса,кафени очи,тен ни многу блед ни темен на средина . трпелива сум,не избрзувам во некои работи,прво ке размислам пред нешто да кажам...и тоа
костенлива коса, претпознатлив знак веѓите Срамежлива, но пред се упорна. Ги постигнувам зацртаните цели без разлика на падовите,бидејќи нели од грешките се учи ? :? Сакам да им помагам на другите,но се разбира се додека истата не биде злоупотребена.
висина -1 69 тежина -60 kg боја на коса-светло кафеава-долга до половина но ретка за жал очи-зелени лице-полна устичка и малку пегички на носто карактер-избувлива на моменти но бргу ми поминува нервозата,и љубморна многу лоша особина што може човек да ја има
Oптимист..висока...ни дебела ни слаба меѓу средните сум..плава коса плави очи па може да се каже и темно руса ...ги сакам сите...а најмногу себе си ^^...долги и убави трепки...некогаш сум и нарциз...долгаа косааа ....згодничка..комуникативна....пријателски настроена...шармантна...и така xD
1.74 висока. Со 58 килограми. Со Средна кафеава коса, кафеави очи и Златен тен. Дбра, Љубезна, љубопитна, забавна. По хороскоп Водолија Зависна од интернет, сакам да читам списанија .. Е друго не ми текнува
висока 160 см.- 46 kg. долга коса- светло кафеава,темно кафеави очи,голема уста,многу долги трепки. Ги сакам сите а најмногу себеси. На никого не му ги кажувам моите тајни. Во хороскоп сум девица но бидејки сум на почетокот имам и каректеристики на лав,а под знам ми е рак. Модерна сум и често си ја комбинирам облеката. Имам поголема сестра,која ми значи најмногу на светот Порано мислев дека имам вистински другарки,но подоцна сфатив дека уствари ги немам. Забавна сум и откачена. Постојано патувам. Мојот најдобар другар ми е симпатија. Одам на англиски,германски и играорна. Живеам во Скопје. Многу тврдоглава,упорна а воедно и нервозна личност.
Висока 164, 50 kg. пропорции 85-60-90 Слатко девојче со свелто кафена виткана коса долга до половина, огромни темно кафени очишта. Добра за добрите, љубопитна, забавна, гледам многу реално на работите - што на другите им смета, многу ама многу љубоморна (за жал), паметна (понекогаш многу глупава). Знам да чувам тајни кога ми одговара. Имам љубов за сите, а највеќе за моите, братучедите, другарите, и за него Доволно е...
Епе еве и онака сум по нова на форумов, па ај и ја да си се опишам Високо не многу слабо девојче (175 висина, 60 тежина) , Со долга, валовита, кафеава коса (иако секогаш испеглана ), кафено-зелени очи... Бик во хороскоп... скоро секогаш позитивна, и опкружена со пријатели. Главна занимација пеење, цртање, пишување, драма... Сакам се што е поврзано со уметноста. По дома сум си поприлично сама, единка на моите најсакани родители, кои пред се за мене предствуват некој вид водечи, низ овој животен пат нели хммм, што друго би рекла... ете нека остане на ова, за сега е доволно, и онака го читам форумов повеќе од 1 година па одлучив и јас да се регистрирам, така да од сега почесто ке ме гледате... ^^
Висока околу 165 м.,слаба, имам кафеави очи и кафеава права коса до рамења, се обидувам да бидам секогаш ведра и позитивна (иако некои работи го предизвикуваат спротивното). Понекогаш мислам дека сум премногу толерантна, ако заслужиш можам да ти отстапам било какво место, фер личност... Во хороскоп сум девица. Велат дека девиците се делат на две групи или многу избувливи и дрдорливи личности или потполно затворени кои се си носат длабоко во себе. Јас дефинитивно сум во втората група. Понекогаш мислам дека премногу работи си трупам во душава, ама тоа е што да се прави... И покрај некои проблеми, секогаш сум си насмеана Исто така ми викаат и дека личам на Anne Hathaway (во изгледот). Тоа би било тоа
Слаба девојка со средна висина,зелени очи и кафеава коса. Емотивна девојка која секогаш погрешно ги проценува лугето,верува во љубов на прв поглед,не се заљубува така лесно,брзо се лути но уште побрзо простува,се бори за своите права,колку и луѓето да ме повредат јас едноставно не знам за мразење,не сум љубоморна и се радувам кога некој ќе успее,секогаш сум ведра,позитивна,оптимистички настроена,знам да ценам кога некој ќе направи нешто добро за мене.
Висока, пунка, кафеава коса, кафеави очи. Во хороскоп сум бик. Малку сум мрзелива, се инаетам но лесно омекнувам. Може да се каже дека сум наивна, им верувам на сите тоа ми е НАЈЛОША особина. Многу сум променлива, во еден момент можам да сум насмеана, весела, среќна а во друг момент да сум тажна, повлечена. Многу сакам мачки и коњи. Сакам да помагам , ама во повеќето ситуации тоа со лошо ми се враќа и никако да научам да гледам за себе .Премногу емотивна личност сум. Зборлеста сум, правам како што мислам дека е најдобро, ама и грешам често....така учам од грешките. Можам да правам со секој муабет, без разлика дали е млад или стар. Често избувнувам и се дерам кога сум нервозна. Не сум љубоморна личност и многу ми е мило кога некој ќе успее во нешто и ќе си ги оствари своите соништа. Мрзам дволични,и некои што ми солат памет, а не се у право.
висока,кафена коса и очи. во хороскоп сум бик и сум многу голем инат.лесно се приврзувам со луѓе и им верувам, што е најголема грешка.идиот сум и незнам да мразам
ВОДОЛИЈА... Црна коса,зелени очи,ниска по раст ,слаба (тамн) Заљубена,изгубена,насмеана,паметна,инатлива,избувлива,дружељубива,ги сакаааммм животните,обожавам хорори,секс,авантури,патување,парииии..Иден физиотерапевт ...Доста е толку за денеска
Ниска,црна коса и кафени очи,малку здебелена ама ај ќе ослабам (се надевам) , тазе верена со старата љубов,Овен со подзнак Шкорпија,лоша,љубоморна ...ама како што поминува времето се подобра и поНЕљубоморна,опседната во моментов со бебенца (многу сакам едно) без доверба во другарки само површно пријателство онака,уште неколку испити на факултет и крај конечно
висока слаба мислам како секој нормален човек кафеава коса плави очи хороскоп риби љубовен статус слободна
Ниска 160 цм,слаба со облини,небесно сини очи,смеѓа коса оди кон плаво.Во хороскоп сум овен и ми е многу точен. Сакам едноставен живот и се обидувам таков да имам.Не ги обожавам баш сите луѓе,имам неколку избрани пријатели со кои се дружам.Едноставно не можам секој да го сварам исто и некој мене.Сакам добри,мили, луѓе.Мразам кога некој силно вика,кога некој постојано се фали. Не дозволувам да бидам надитрена ја проценувам секоја ситуација.Затворена личност,на изгледа ногу повлечена,но изгледот лаже Не верувам на ского,ретко ќе се најде некого.Можам многу да сакам ,но не си дозволувам,се уште не.
Висока,со смеѓа коса,виткана...со зелени очи,со малку поглеми гради хаха.Внатрешно имам многу добро срце,секому помагам кога знам дека можам..колку и да несакам неможам едноставно таква сум.Девица сум во хороскоп ...и се влегувам во сите детали на сите работи. Перфексионист сум премногу. Некој личности ги сакам повеќе некој помалку...никој немразам! Едноставно ме нервира кога некој ке се направи важен,ке се испофали,ке почне да се дере...Сакам смирени,добри,паметни,начитани луѓе околу мене. Секогаш сакам да си го добивам големото внимание од спротивниот пол.Можам да сакам еден и то многу колку што неможе ни една друга жена...но премногу ми е рано за да се случи тоа...
Висока,со смеѓа коса,виткана...со зелени очи,со малку поглеми гради хаха.Внатрешно имам многу добро срце,секому помагам кога знам дека можам..колку и да несакам неможам едноставно таква сум.Девица сум во хороскоп ...и се влегувам во сите детали на сите работи. Перфексионист сум премногу. Некој личности ги сакам повеќе некој помалку...никој немразам! Едноставно ме нервира кога некој ке се направи важен,ке се испофали,ке почне да се дере...Сакам смирени,добри,паметни,начитани луѓе околу мене. Секогаш сакам да си го добивам големото внимание од спротивниот пол.Можам да сакам еден и то многу колку што неможе ни една друга жена...но премногу ми е рано за да се случи тоа...