Тркалезно лице, крупни темно кафеави очи, кадрава темно кафеава коса, мал нос и средна пополнета уста. Вискока 1 60, со добри 60тина килограми и облини . Во хороскоп РАК.. Тешко се заљубува, лесно паѓа во депресија, инатлива, љубоморна, страшно мноогу љубопитна, насмеана, дружелубива,многу брзо простува, лесно се лути, озборувачка, мрзелива, забавна, грижлива, романтична, нерешителна, нежна, чувствителна итн. Многу сака животни, патувања, комедии, чоколади, сака да пее, свири, црта, слуша и чита вицови...Често грешам, сакам да помагам...Мразам лицемерни, дволични и луѓе од корист, мразам жаби и пајаци . Доста толку хх
Девојка со кафеава коса,темно кафени очи во облик на лешник,средна уста,форма на лице -ме можам да одредам ... Сакам се да биде балансирано,не поднесувам конфликти и неправда... Сакам елеганција,патувања, ги сакам најблиските,оние кои се искрени,комуникативни,забавни,дизајн-ентериери,мир,хармонија.. Романтична душа,секогаш имам време за другите дури можам времето за себе да го запоставам.. По малку себична... Мразам да викам добар ден/ноќ/утро не ми текнува повеќе-ќе се надоврзам друг пат
Кратка смеѓа коса,зелени очи висока и слаба. На прв поглед изгледам строго но многу сум како да кажам жалостивна. Кога сум лута избувнувам не гледам ништо околу себе и со викање ја исфрлам нервозата. Но потоа понекогаш и плачам. Многу сакам да патувам.Директна сум,се кажувам во лице,никогаш зад грб! За вистински другар и живот би дала.Мразам луѓе кои не водат ред за себе.Мразам разглени деца на кои родителите им допуштаат да им се качуваат врз глава.Енергична сум.Не ме фаќа место. Постојано сум во движење и сум авантурист.Кога ќе пораснам се гледам како силна жена и девојка, а најважно независна.Со своја работа. И многу брзо се лутам но за 5 минути ми поминува, ЕВЕ ВО КРАТКИ ЦРТИ
Висока 157 цм. 50 кг. Кафеави очи,мало лице,право носе и малечка уста. Огнено знакче ОВЕН ! Секогаш насмеана,ведра,дружељубива. Лесно се лутам,но и лесно простувам. Ретко кога издржувам да не вратам кога некој ме провоцира,без разлика кој е. Сакам да се забавувам и да лудувам. Лесно се заљубувам,тешко се одљубувам. Добро зависи од која причина. Тоа е тоа.
Батерфлај има смеѓа коса со средна должина, кафени очи, полни усни, овално лице, бел тен, висока 162цм, тешка 45кг.......Стрелец во хороскоп Таа е тврдоглава девојка која е многу чувствителна, често греши, често избувнува во напорни ситуации.....Знае да каже секакви зборови кога е лута, тешко се заљубува, а уште потешко се одљубува Дружељубива е, љубопитна, сака се да знае, мрзелива, некогаш е оптимист, а некогаш песимист, срамежлива за оние што не ја знаат, а луда за тие што ја познаваат Сакам патувања, обожавам животни, сакам да слушам музика, да цртам, да седам на компјутер..... Доста беше ако ми текне уште нешто ќе дополнам
165 цм висока...Кафеава средно дола кафеаца коса,со шишки на страна...Тврдоглава и кога треба и кога не треба,инаетчика,упорноста и е покаја страна...често може да се налути за глупост..Вага во хороскоп со подзнак Близнаци...Може 24/7 да зборува уста да не затвори,срамежлива пред непознати но сосема поинаква кај пријателите...уште два месеци ќе полни 14 Најмногу сака да слуша музика,гледа тинејчерски филмови...се плаши од хорор филмови,затоа и не ги гледа воопшто...и тоа би било тоа
Имам овално лице,кафеаво-зелени очи,полни усни,долга темно кафеава коса,темен тен,голема инаетчика сум,никогаш не попуштам безразлика дали сум во право или не секогаш оптимистка,Вага во хосроскоп подзнак јарец,во октомври ќе правам 14 години.Омилен спорт ми е фудбалот.Голем навивач на Баерн Минхен од мои 7 ипол-8 години (тоа ви е познато) Имам спортски стил на облекување,скоро секогаш сум во тренерки и патики,неќам да носам суќни и фустанчиња,носам многу ретко за прошетки ако ме натераат другарките . Дружељубива сум,понекогаш срамежлива,сакам да патувам и да откиривам нови нешта,обожавам да читам,тоа ме смирува.Мразам луѓе кои се дволични,нефер и кои лажат.Многу сум емотивна, грижлива и зборлеста . Не сакам кавги,ама ако некој ме испровоцира после незнам уста да затворам Тоа е тоа отприлика
Јас се викам Кристина .. 165 цм, висока сум, тешка 47 тука негде нзм точно, имам 16 години, учав во Охрид .. Секогаш сум насмеана, имам зелени очи, долга темно кафеава коса, понекваш ми е виткана ама ептен ми е како права Хороскоп сум близнаци некои велат дека близнаците повеќе владее главата отколку срцето ..xaxax Имам еден брат поголем од мене за 1 година. Омилен спорт ми е одбојка. Многу сакам да патувам и многу сакам да одам негде остров Најмногу сакам да слушам музика, тинејчерски филмови и комедија а помалку хорор и да пеам и да свирам гитара и да се возам со ролери и скате и лаптоп и секако обожавам да се облекувам моди .. Многу сакам да јадам. Едноставно по 3-4 се лакирам а кога и да излезам се шминкам , парфем и косава си ја средам и тоа .. Ги сакам најблиските,оние кои се искрени,комуникативни,забавни,мир,паметни , начитани, смирени добри околу мене и др. Многу сум емотивна, грижлива и зборлестам, малку сум мрзелива не сакам кавги . Мразам лицемерни, лигуши, дволични нефер и кои лажат , имитирање и љубоморни, важен, агресивен, груб и др. Животна желба: ~сакам да пливам со делфинчиња а ги обожавам куче и папагал и маче Чувам тајни! тоа и тоаа, Поздрав феминкиии
Се викам Леона 15 години,172цм висока,околу 55 килограми тешка,со големи дреч зелени очи и долга ептен права,кафеава коса. Потекнувам од Србија,од малечка живеам во Велес,а од декември се селам во Скопје за да одам во средно училиште таму од второ полугодие ( една година сум тргната подоцна во училиште) Слободното време го поминувам со своето друштво,на лаптоп,и два часа дневно,седум пати во неделата сум на тренинг,а тренирам синхронизирано пливање. Опседната сум со мода,алишта,прстени,часовници и обувки. Обожувам да патувам ( најубаво нешто на свет,како што велат патувањето е единственото нешто на што ќе потрошиш пари а ќе те направи побогат ) и да готвам,знам да правам многу десерти со овошје. Свирам на клавир ама за пеење сум ОГРОМЕН антиталент,како да рикам Од музика слушам буквално се,омилени серии ми се Gossip Girl,Pretty Little Liars и How i met your mother. Голем антиталент за природни науки (математика,физика,хемија,биологија). Како личност сум многу друштвена,лесно се вклопувам во друштво,не сум тврдоглава што мислам дека ми е маана,сакам само да наоѓам компромис и не сум по карањето. Доста наивна и детинеста,но знам да се забавувам.
Плава (фарбана) коса до по градите со долги шишки настрана кафеави очи 166цм 57 кг добродушна но понекогаш знам да бидам кучка љубоморна, инат, горда,насмеана,весела, секогаш средена рак во хороскоп
Портокалова фарбана коса до раменици, кафени очи, мало лице, ситно тело, средна висина. Премногу тврдоглава, добра со тие што се добри со мене, секогаш тука за најблиските.
Висока сум 1.64 см. Имам темна коса, темни крупни очи, голема насмевка, мал нос и мало чело. Имам бебешки влакна кои ми идат на нерви. Градбата на телото ми е токму како што ми се допаѓа - мали колкови, долги нозе, средно малечко газе кое сакам малку да го затегнам, стомаче кое сега моментално ми е добро (порано не беше) и средно големи, убави гради. Егоцентричност, инает, контрадикторност, емотивност, искреност. Се е измешано. Голем поборник сум за правдата. (Кога гледам дека некој лаже најчесто му плеснувам се во лице. Во последно време се контролирам. ) Палава, немирна, расеана, детинеста, нималку сериозна, бесна, а некогаш и (слатко) хистерична. (Постојано си потпевнувам.) Во последно време ме интересира човековата душа т.е. зашто одреден човек станал и е тоа кое што е. Се трудам да ги сфатам сите ама не ми оди. И се трудам да останам мирна ама и ова не ми оди.
Се викам Магдалена, родена во Скопје ама од мала сум Битолчанка Имам 13 години, висока сум 157цм и тешка околу 50 кг (мислам ). Имам долга темно кафеава коса и зелени очи, не сум многу дебела ама многу сакам да ослабам во делот на стомакот и бутовите Секогаш сум ведра и насмеана, понекогаш и премногу детинеста Сакам да читам добри книги, да гледам американски серии и филмови, да си играм со мачињата Пред да се запознаам со некој, срамежлива сум ама потоа сe опуштам и често сум многу зборлеста Друштвена сум, ама не сакам излегување надвор, повеќе сум за гледање филмови со некоја другарка отколку шетање Мразам луѓе кои се дволични, лажат и би направиле се за одобрение од некој друг.. Многу сум мрзелива, избегнувам одговорности ама ако нешто морам да направам, ќе го сторам до перфекција.. Емотивна сум и на се' плачам.. Чувствителна сум и ако некој ме навреди се убедувам дека нема да му простам, ама често паѓам на „извини“ и „те молам“ Омилени часови на училиште ми се Англиски и Математика (ако учиме нешто лесно), а мразам Физичко.. Голем антиталент сум за спорт, па дури и за трчање, aма ако треба да изберам некој спорт, би го избрала фудбалот..На училиште сум примерна и одговорна (освен за доаѓањето на училиште, секогаш доцнам).. Обожавам Есен и Зима а мразам Лето.. Во Зима сум најдетинеста и кога другите девојчиња си одат дома, јас останувам со другар ми и се тепаме со топки снег Летото најчесто го поминувам пред компјутер, затоа што не поднесувам жештина.. На интернет поголемиот дел го поминувам во гледање серии, на форумов и на јутуб (ги гледам Jenna Marbles и nigahiga).. и тоа е се.. мислам
СЕ викам Анамариа имам 12 години живеам во Скопје во населба кисела вода...Висока сум 150cm. Имам права кафеава коса и имам кафени очи...
-172 цм -60кг -сини очи,кафеава коса до половината -бебешки влакна во изобилство..ги сакам сепак! -мали усни,мало чело,мазна кожа..а да и бемка над усната(таа лепотанска шо ја викаат) -ексцентрична,инаетлива,контрадикторна,чувствителна..
Висока сум 163см,слаба сум и имам 48кг Имам светло кафеава коса и кафеави очи Мало носе Обожавам цвеќиња,мразам инсекти Не јадам грав,грашок,боранија Во хороскоп сум Бик ,а подзнак рак Понекогаш срамежлива,дружељубива,инаетчика,емотивна,немирна ,досадна,трпелива,весела Имам бемка меѓу дупчињата на носето xD Омилени спортови ми се одбојка,кошарка и тенис...
Висока сум 168см,48кг Имам светло сини очи и русокоса(природна,а сите ме прашуваат дали сум шатирана) Во хороскоп Риби,подзнак водолија...Идеалист,креативна,скромна,чуствителна,понекогаш и малку досадна,секогаш барам нешто ново различно од вообичаеното. Во слободното време ги учам познатите композиции да ги свирам на клавир.
слатка мала со долга кафеава коса, кафеави очи и сега големо стомаче во кое се крие слатко мало бебенце
Девојче со плава коса и кафено-зелени очи.Висока околу 170цм и тешка 50кг! Дружељубива,палава,твроглава,ИНАЕТ ГОЛЕМ .. Обожавам фустани.. Омилено јадење овошје,чоколадо... ИИИИИ толку ми текна