Висок 175-8 и нешо. Кратка смега коса и кафеави очи. Карактерно( офф леле) Тврд некад емотивен, знам да пуштам созла, поготово на филмови со животни ( лол) Позитивен секогаш, некад писимист, но пробувам тоа да го извадам од мене, некако. Насмеан, секогаш тука да помогнам на кој треба и што треба, Зависи од расположение. Обожавам плажи, ич ама ич несакам зима. Лесно може некоја да ми се допадне, па и да се заљубам, но претешко се одљубивам. Сакам да шетам, ми се иде во Барселона и Лондон. Плави женски ми се слаба страна, уште од мал сакам плави. Но гледам и други. Не поднесувам неправда, љубомора, лажење. Секогаш сум искрен со другите, но некад очекувам и они да бидат, што не e секогаш е така. Смирен сум, но во мене сакам да експлодирам, но знам да се контролирам. Голем љутко сум, али после 5мин ми поминува, (наискрено, повеќе од 5мин не ме држи лутината) Која сака дружба нека пише. Или за нешто др нз.
Дечко да не утнал ти нешто или така ми се чини?! Форумов не служи за себе-презентација, ни па за “такво“ запознавање.. Надвор имаш женски колку сакаш, тука ли најде да бараш.. брејјј таксират..
Имам зелени очи, кафеава виткана коса, висока сум некаде 170цм имам 50 кг. Емотивна личност сум плачам на се и сешто, но секогаш сум позитивна и насмеана. Ретко се случува некој да ме изнервира ама и тоа се случува се почесто сега кога на светов живеат луѓе без срам и никакви чувства. Мразам кога некој се умилкува само за да добие нешто, лажење и фалбаџии. Се лутам често но веднаш ми поминува.
тешко ми е да се опишам самата себеси затоа што некогаш неможам да најдам зборови што ме опишуваат изглед : густа бушава кафеава/ смеѓа коса ( ни се пегла ни се суши ) , висока сум ептен ама не многу 173 cm. и имам 15 год. моментално , полни усни и нормални веѓи ( не танки , ниту густи ) , носот ми е обилен и не ми е голем , имам образи и ги мразам ( и брат ми има , наследно ни е ) , боја на очи многу комплицирана светло кафеави малку како на зеленкасти , микс од тие две бои , округли очи .. за број на тежина не сум сигурна оти се немам мерено долгоо време ама не сум ни многу слаба ни многу обилна , некаде на среде бик во хороскоп карактер : сакам да помогнам на секој , можеш да ме сметаш како дугарка и можеш да имаш доверба во мене, посебно ги ценам постарите луѓе кои можат да те научат нешто и да ти раскажат за порано , ценам се што некој прави за мене иако е мала ситница, никогаш не позајмувам без да вратам, никогаш не крадам, ценам луѓе со добар карактер .. за мене : знам да се инаетам и некогаш е тешко да погодиш точно што и како сакам , затворена личност сум не зборувам многу за моите чувства или за мојот живот ни пак со најблиските, емоционална сум ( на филмови некогаш ) , мислам дека сум физички и психички јака , ама некогаш сваќам дека не сум ни блиску до зборот ''Јака''.. добродушна сум, можам да се ставам во ситуација на друг човек , размислувам брзо, не ги гледам работите само од надвор пробувам да влезам во смислата на нештото , нашколо имам добри отценки , некогаш зависи од класот или наставникот .. сакам : добра музика, добри луѓе ,гитари, уметност, искреност, љубов , комедии, луѓе со смисла на хумор омилено животно : мачка/мачиња и тигар ( некако се пронаоѓам во тигарот ) храна : се што е добро , пица, помфрит, бурек, торта, мразам мексиканска храна и мразам чорба, мусака мразам : големи фалбаџии, луѓе кои не ценат, лоши луѓе, некој кога се прави важен, луѓе збеснати по пари и популарност , кога некој навредува некого, кога некој критикува некого по изгледот а не по душата и карактерот и да колку и да напишам пак не сум објаснета комплетно комплицирана тоа е зборот
Паа да започнам ... Имам црна коса шишана како тенџере супер шишкички имам напред иасто така каде и да одам си имам друштво во косата , тука се моите слатки вошки секоја си има посебно име тук на список ке ги ставам една од поважните ...Мрсулка ,Прдешка, Дудула, и дунда ... Хмм Инаку за друго шта да ви причам ... Имам огромни уши кои ги имам наследено од татко ми додека мајками има убави и мали уши. Огромниот нос наследен ми е од мајками додека татко ми има нормален и баш сексилав нос ... Забите ги имам наследено од татко ми као зајачки шепи се ...Шта да ви причам ...А мајками има убави бели заби ... Имам по 6 прста и на двете раце ... ВЕЛИКИ Баксуз ...
Ко што би рекла мајка ми,горниот дел ми се состои од куќа,кров и поткровје.Додека позадината ми ја краси една убава тераса. Што се однесува до тревата кафена е,со едни крупни кафено-црни камења.
Бринета, слаба права густа коса со средна должина и она како мене (средна височина сум) отворена пред себе затворена пред другите Изолирана сум и некомукативна имам малку пријателки ама подобро малку вистински отколку многу лажни Сакам луѓе со смисла за хумор На луѓето не му верувам поради две причини : -не ги познавам -ги познавам Мразам да чекам и мразам ка некој ме чека попуштам од кога ќе попуште другиот ( од тука и тоа дека сум малку глупава на моменти нели попаметниот попушта а јас тоа не го правам никогаш прва)
Висока 155цм кафеава коса со средна должина кафени очи.Лудувам за Енрике Иглесиас имам многу пријатели мразам да ме чекаат шкорпија во хороскоп мразам дигнати девојки и маомчиња имам 13 години и сум голем обожавател на книги
Ќе се опишам само карактерно, онака тврдокорно до коска. Епа вака децо, дојде време и јас да ги истакнам особините ми убави. Значи уште на почеток да си кажам - Материјалист сум голем, хедониста до срж, и не се срамам да признаам дека низ скалата на приоритети, односно таму на врвот некаде се наоѓаат лускузот и парите. Затоа честопати кога животот станува немил и суров, јас за возврат ги острам забите со срп и се служам со мотото ,,Целта ги оправдува средствата''. Иако навидум делувам како силна насмеана и наивна личност, одвнатре сум огорчена, празна како школка, но исто толку мудра и присебна. Далеку сум од злобна, бидејќи имам огромно срце за секој оној кој ми покажал дека ја заслужува мојата великодушност, иако знам да бидам и мошне голем непријател за оние кои ќе ја изневерат мојата доверба. Затоа и пријателите во мојот живот имаат посебна улога, и се исто толку на висока скала колку и моќта и парите. Патем, дур да ја заслужат титулата, или да заслужат да ги наречам така, треба да поминат една цела низа тестови на доверба кај мене. Или со еден збор, јас сум нешто како меч со две острици. Особено за таквите кои се дрзнуваат да си поиграат со моите чувства и емоции, кои честопати знаат да варираат од многу длабоки, неразбирливи и бурни до површни и непознати. Затоа и не плачам често, веројатно затоа што сум кукавица, или сакам да си докажам себе си дека не соодветсвувам на типично ,,женскиот профил'' и токму поради некои такви банални родови причини умеам да бидам тврдокорна кучкетина која не проштева и заборава лесно, иако тоа не го признава и бара само погоден момент за да врати двоструко. Исто така поради фактот што често се жалам, луѓето можат да стекнат погрешен впечаток или проценка за мене, па да мислат дека сум сколна кон песимизам. Но, вистината е дека дур тие си лежат на своите розовки облачиња, мислејќи дека е се совршено или се близу до идеалот, јас како вешта тетка и голем приземен реалист по природа, ја зимам дрвената лажица и почнувам да ја кувам својата манџата во котелот. Тука дури и експлозии може да се десат во случај да дојде до утка. Инаку, под дифолт мразам лицемерие, затоа често патам од својот внатрешен суд доколку некого озборувам позади грб. Па така, за да ја минимизирам штетата, сето она што сум го кажала за личноста која не била присутна во моментот, и го признавам следен пат кога ќе се видиме во четири очи, притоа посочувајки на фактот дека за истото тоа сум разговарала со некоја трета особа со која го делиме мислењето. Исто така никогаш луѓето не ги осудувам според изглед и сметам дека секој е убав на свој начин. Значи, внатрешноста кај луѓето ми е ужасно битна, (да не речам пресудна за да продолжам дружба), и ако ја немаат тие истите немаат апсолутно никаква вредност за мене, и немам тенденција да покажам интерес па затоа ги бришам од меморискиот тефтер засекогаш или се правам дека не постојат. Авантурист сум по природа, но за банџи џампинг сепак заборавете на мојот број, бидејќи таква ствар е голем ризичен потфат за мене, и сепак не би бидејќи мислам дека на се треба да постои граница. А да, сакам луди проводи по диска, онака лајт, тотално неиспланирани во придружба со брзи флеш средби, скапи автомобили, театар, светла и подиуми. Далеку сум attention whore, а не ни сакам да бидам во центарот на збиднувањата, и не ми се допаѓаат луѓе кои настојуваат да створат таква слика за себе пред другите. Лична сатисфакција ми преставува личното надоградување, па затоа сметам дека ваквите тинејџерски бубачки или испади се минорни и безмислени. Имам природна дарба да се снаоѓам во густи ситуации, па така иако сум голема паничарка на крај сепак успевам да издејствувам позитивен исход. Голема тремаџика сум исто така, особено кога доаѓа до испрашување! Е тука, обавезно по некоја елементарна непогода ми се дешава. Стомак, глава, нозе...се активира се у задња секунда онака без посебна причина. Љубовта кон партнерот исто така не ми е воопшто битна за жал, претежно ги претпочитам своите интереси, и склона сум кон неверства. Бидејќи сакам слобода и независност во секој поглед и не се врзувам емотивно со партнерите. Борец сум и бунтовник за одредени човекови права, и сум прилично либерална по одредени прашања. Затоа кај мене скоро и да не постојат табу теми, мистерии и сл. глупости. Напротив, настојувам да бидам јасна, концизна и отворена, за да не оставам простор за забуни, безпотребни драми исполнети со тајни или лаги. Мразам телесна љубов како што кажав претходно, па ја претпочитам рационалноста, и умот ми е секогаш сто чекори понапред од срцето. Немам блокади, бариери кои си ги поставувам на љубовен или било каков друг план. Поет сум голем, имагинацијата ми работи како луда, сонувач сум со сива четка, боем, чуден човек со уште дупло неостварени желби а со уште толку повеќе планови кои чекаат на своја реализација. Бидејќи за среќа поседувам голема доза трпение иако понекогаш сум импулсивна. Ете, токму тоа сум вистинската јас.
Јас имам темно зелени очи, вегите тенки и светли, окригло мало носе,хахаа, долната усна подебела од горната, бел тен ко сиренце, по природа сум светло смеѓа, но сега ми е црвена косата, ни права ни виткава, значи средни локни, да ви кажам право имам такво невино лице . тело : не сум висока само 155, и тежина 45. Карактер : таинствена, не многу зборлеста, понекад сам озбилна а некад стварно ко кловен, жалостивна,дружељубива сум само со оние кој се слични на мене, мразам глупави луѓе, мразам војни и немир, сакам хармонија иако сум мрачна личност, и мистериозна па дури знам да бидам злопамтило, но таква сум кон оние неправедните и враќам демек со лошо, колку да се опаметат дека тоа не е човечки. Ако ме повреде некој ЕДНАШ јас враќам цел живот. Ама можам да бидам и стварно добра и да ризикувам самл за некој кој е вистински пријател. Лесно се изнервирам, не лажам, МРАЗАМ ДА МЕ СПОМНУВААТ било за добро било за лошо! Занимавам се со психологија, заинтересирана за глума, пеење, пишувам поеми но во готик стил. аха,и, шкорпија сум.
Кафена,долга,права коса,зелени очи,убави веѓи,долната усна поголема од горната.Висока 1,69,53 кг (може од нив и некој да се намали).Искрена,пред некој премногу опуштена пред некој премногу срамежлива.Дружељубива,емотивна но НАЈГОЛЕМ ИНАЕТ.Сакам кога сум сама дома,но ноќе кога ке тропне нешто знам и да се уплашам.Ако некој ме повреди,знам и да простам,ама ако некој го замразам и притоа да ме повредил ке му враќам цел живот.Лесно знам да се изнервирам,често знам и да излажам(но не големи лаги,колку да се спасам од некоја ситуација).Во хороскоп сум лав,има многу за пишување ама доволно е
Молчалива, бунтовничка на моменти, љубеник на книгите и сериите, љубител на храна (особено благите работи). На изглед ниско мало девојче, внатре со огромно срце. Приврзана за спомените од детството. Во хороскоп Вага. Доколлу нешто не ми се допаѓа, си кажувам веднаш, и директно. Мразам Хемија. Ги обожавам јазиците. Кафеави очи, кафеава коса, многу бемки, и долги нокти.
Оти даваш лажни податоци. НЕМАШ тртка на носот, ете се гледа. Јас... физички сум иста последниве 10 години. Арна со здравјето. Фала на прашање.