Висока, сини очи, права кафеава коса Како што би рекле дриугарите: Ретардирана, ненормална, луда, фантазер, авантурист, филозоф, упорна, храбра, неодлучлива, решителна, трпелива, спортистка, музичарка, емотивна, пријателски настроена.
Ниска сум,не сум дебела,имам кафена долга виткана коса,имам кафени очи,оргинал сум,забавна сум,комуникативна
Да се опишам и јас Висок 188 Тежина променлива 3% 86кг Тен -темен,чоколаден Очи -зелени во глобала, но има и од сите др бои во зависност од време и расположение Коса црна,со малку бели влакна -од нервоза Во хороскоп Бик така да се што напишале за карактеристиките на бик се 98% точни 
Многу слаба, со просечна висина Интровертна личност, емотивна, упорна (дури и тврдоглава), работлива, одговорна и точна до минута. Перфекционист во некои ситуации. Несебична за оние што ги сакам многу. Нервозна, импулсивна, хроничен overthinker.
Мене на некоја Incule ме потсети. По начинот на пишување и по буквално истите ставови. Знам дека е офф топик, ама само се надоврзувам.
Висок 178 см., тежок 83 кг., плав-смеѓ, кафеави очи, згоден, фин, културен, комуникативен, добар слушател на другите, сакам познатства, хороскоп-овен без рогови, особено сум љубител и сакам музика од диско, рок...особено 70-80-90 мн. ме релаксира кога слушам убава музика. Исто така го обожавам латино ритмот од забавната музика и т.н.
Просечна висина,црна коса ,кафени очи.Љубител на готвење,добро музиче,секогаш си стојам на ветеното,не сакам лаги,љубител на крими серии и научна фантастика филмчиња.Сакам планининарење,кога сум на одмор повеќе сум за плажи каде е тивко . Сакам многу да цртам,сакам понекогаш и кафе сама да испијам во кафуле...рак хороскоп -секогаш романтичар.... Охоо се изнапишав толку за сега
Бунтовна дебела, бела, лезбо девојка од високата класа. Ах, и не знам што со себе во животот. Спојлер Не дека пола од горонаведеното не е вистина, но за контекст ѕирнете го мојот потпис. Не, не сум сериозна.
А у,јас па средно дебела,многу вампирски бела,ниска класа сум и би сум. Блиску до совршенство *** ја сфатив фората
Ниска,ситна,кафени очи и бушава виткана коса...Близнаци во хороскоп,комунукативна,весела,љубопитна...мало интересно човече
Да се опишам и јас Висока 167 Тешка 75 Бело лице, Црна коса Комуникативна,харизматична не сум фотогенична во живо сум поубава Сангвиник,воспитана ,сакана,љубезна.
Висока, слабичка, црна ептен долга коса, кафеави очи, темен тен... Комуникативна, друштвена, скорпија во хороскоп
Висока, темна права коса, сини очи, светол тен. Бик во хороскоп Срамежлива, креативна, љубезна, трпелива. Љубител на готвење добро вино, музиче и добра книга или филм.
Висок, темен тон на кожа, меше *квази пивско* (да сигнализирам просперитет кај понежниот пол за прокреација да ги збунам и да испадне копулација без прокреација) саркастичен, на моменти циничен, и често правам шеги на моја сметка. Пар бемки да бидам џоа Мерилин Монро.. -edit Дефиниција на не-фотогеничност, ни агли ни филтери не убиваат гледање на себеси во слики со вртење очи .