Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опиши се!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. libra5

    libra5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    висока сум 1.75 76кг
    темно кафеава коса,кафеаво зелени очи, тенка уста-мала у секоја смисла.. :worried:
    иначе карактерно сум дружељубива,отворена, искрена, тврдоглава,неодлучна,праведлива, плачам на филмови на песни :lol:
    обожавам хорор филмови,комедии...хип хоп,балади,рап песни...
    сакам да бидам адвокат или професорка по англиски.. :)
    у хороскоп сум вага
    поззз :D
     
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Висока сум 163-164 см, тешка 57 килограми, ако не и повеќе. Бринета, долга коса, секогаш со шишките во шнолка :lol: Зелени очи, долги трепки, цик-цак веѓи, полни образи, нос мааалку поголем од што треба да е, мала уста, впрочем, долната е полничка а горна речиси немам :( Сите овие нешта кога ќе се склопат во прилично големо лице, даваат една симпатична девојка т.е јас- надворешно :)
    Карактерно сум дружељубива девојка, сакам да им помагам на другите и тоа ми е голема маана затоа што премногу се замарам со туѓи проблеми, некогаш и другите ги ставам пред мене. Амбициозна сум,оригинална, секогаш полна со нови идеи, и се сметам себеси за лидер. А, и ќе заборавев, снаодлива сум и голема итрица :lol:
    Во хороскоп сум водолија, до некаде типичен претставник на својот знак. Сакам да кажувам шеги, ми имаат кажано дека сум доста забавна личност.Премногу емотивна, голема плачка што на моменти не може да се контролира :$
    Кревам лева веѓа и не знам да кажам „Р“ :$
     
  3. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Епаааааааа вакаааааа...
    Висока сум метро и шумска јагодка, тешка 48, 49 кила, зависи кај се мерам... :rofl:
    Имам зелени очи, црна долга коса до половина, среден тен, ни многу црн ни многу бел, убави носе и уста :$
    Задникот, убав ми е, ама би сакала да ми е поголем, мали, тенки стапала, меше малку поголемко одколку што треба, ама не праи некои поголеми проблеми :lol:
    Градите, па хмммммммм не се ептен ептен мали ко шо сум гледала, градник 80ка, ама за мене, мали ми се, иако дечко ми ми вика дека ми се таман :lol:
    Мали рачиња, и мали ноктиња, кршливи
    Карактерно, претерано избувлива, и многууу си го мразма тој дел од мојот карактер, не многу љубоморна, во границите на нормалата, се нервирам за све и свачега :D , чувствителна сум претерано, мали нешта знаат да ме погодат многу, и во позитивна и во негативна смисла... Тие што ги сакам ги сакам со целото мое срце и душа, нескромно ни најмалку... а тие што не ги сакам... нека се подалеку од мене...
    Знам да простувам, и многу често го правам тоа, дури и кога не треба... злопамтило сум по некогаш, ако нешто многу ме погодило, ако не... одминало во виорот...
    забавна до максимум, сите што се со мене ги смеам, јас сум изворот на шегите, ако видите некоја што игра како нетокму у диско, ЈАС СУМ ТОА, и многу веројатно е да сум пивната, обожавам да си потпивнувам кога сум искочена, многу поубаво се чувствувам...
    И така, ако ми текне уште нешто, ке си допишам 8)
     
  4. lejlaplava

    lejlaplava Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    хмм висока 164 (со голема желба да пораснам уште малце :D ) 50 кг плава коса зелено -плави очи ама за жал не изгледам ко скандинавскине убавици (обично кога вака ке се опишам мажите на тоа помислуваат)
    бик сум во хороскоп со подзнак лав кој целосно го опишува мојот карактер малку тврдоглава, посесивна знам да се налутам многу и тогаш сум лоша ама брзо ми поминува понекогаш сум многу мрзлива ама кога ке решам нешто да направам одам со главата во ѕид не размислувајки за последиците, дружељубива сакам да јадам и да готвам уживам во добри книги и филмови и сакам фудбал.Доста сум амбициозна и сакам да оставам трага во иднината да се слушне за мене сакам да ме почитуваат и знам да почитувам. хоби ми е фотографијата.
     
  5. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    :rofl: :rofl: :rofl: се опиша а???
    ама делов ти е јак :drunk: леле јас во мојот опис ова го испуштив НЕнамерно :wasntme:
     
  6. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Хахаха срце не заборавам јас битни елементи :rofl: :rofl:
     
  7. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    73
    па висока сум 168cm, 49kg,задоволна сум си со моето тело и внимавам на него. Имам долга кафеава права коса (сега малце ми е осветлена), кафеаво-зелени очи, полна уста :lol: во хороскоп сум рак, и сум многу емотивна, значи и најмали работи можат да ме повредат :( прилично забавна особа сум, секад помагам (иако многу луѓе тоа не знаат да го ценат) , дружељубива сум, сакам да шетам, обожавам да купувам и трошам на се и свашта али пробувам да го сменам тоа :lol:.Многу сум избувлива, можам очи да му извадам на некој ако сум во право, а тој ми го тврди спротивното, инат невиден сум и затоа дома највише се карам со моите хаха... и тоа незнам што друго да ви кажам најбитното мислам дека го споделив :*
     
  8. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    -->
    Висока сум 1.68, тешка 49-50 килца.
    Имам зелено-кафеави очи (ни јас не знам какви ми се :D ),долги трепки, темно кафеава коса-виткана , полни уснички, убава насмевка (бар така ми викаат) :lol:
    Градите ми се поголеми од што треба да бидат (секогаш имам проблем со градниците ) |(
    Вага x2 во хороскоп :D

    Издржлива личност сум (кога ме нервира некој, знам да молчам и да не го :punch: ), дружељубива девојка, искрена, често пати и тврдоглава ]:) , секогаш насмеана и расположена за шеги . Полна со идеи и обожавам да ги нервирам луѓето (со шегување :!: ). Премногу оптимистка и се нервирам поради тоа : @ Тешко се заљубувам, но и тешко се одљубувам :worried: . Понекогаш знам да бидам љубоморна. Заљубена сум во облека.
    Сакам хорор филмови и комедии. Слушам песни од секаков вид (само да ми се допаѓа текстот).
    А и да не заборавам, можам да ги кревам 2 веѓи :rofl:
    За неколку год економист :bow:
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Долга кафена коса, светло сини мали очи, светол тен, полни усни и нормален нос. Висока сум 164cm и имам некој килограм повеќе (тоа ми претставува тешкотија многу пати и се трудам да ги намалам). Години имам толку колку што ми се потребни. :lol:
    Вага со подзнак девица. Mојата желба е да пронајдам одговор на секое прашање кое ми е интересно.Го почитувам секо мислење освен тоа што потполно не се совпаѓа со моето. Голем дипломат сум и секогаш сум фер. Секогаш тежнеам кон совршенство и комплетна хармонија во животот, односно сакам секогаш работите да одат во најдобар ред. Тотален позитивец, секогаш гледам на ведрата и светлата страна на животот и признавам дека многу пати сум се запрашала зошто секогаш сум таква, зошто секогаш во мене има барем трошка надеж дека се ќе биде во ред, но нема одговор.
    Среќна ме прават малите работи. Не сум голем материјалист во суштина и се радувам на мали нешта дадени од срце (не зборувам за материјални работи). Уживам во добра песна, добро друштво и отворен муабет.Обожавам да пишувам. Листот и пенкалото се мои големи пријатели и често кога имам инспирација ги дружам :)Исто така обожавам и да цртам. Почитувам искрени личности, личности кои секогаш се свои без разлика како мисли околината, луѓе со цврст карактер и свое мислење за секоја работа. Голем инает сум и во позитивна и во негативна смисла, но сепак имам некој баланс и се издржува. :lol: Мразам дволичност, лицемерие, скржавост (не само за материјални работи туку и за не подарување љубов, не искажување на емоции и сл. ), суетност, луѓе кои покажуваат лажна лубезност и и се „упикуваат“ на разни начини на одредена личност за да добијат на рејтинг...
    Почитувам кај луѓето кога покрај нивната возраст се заинтересирани за повеќе работи, сакаат да учат и да истражуваат. Кога не се мрзеливи, сакаат да ги проверат работите и да се надоградуваат себеси без разлика на степенот на образование до кој стигнале. Луѓе кои почнале без ништо, без никаква потпора, без поддршка која ги турнала напред и успеале во својата позитивна намера.
    И ајде за крај, голем филозоф сум ( мислам дека и се приметува :$ ), но знам кога да престанам, а и ми помага во многу ситуации кога сакам да изнервирам некого доколку не најдам друг начин. :rofl:
     
    На Rocker и abeajde им се допаѓа ова.
  10. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    јас морам да го надополнам малово Вајлд во описот за неа
    - преубаво знае да шминка :makeup: ....поубаво и од Дадар :P
    - и знае да ги прави плетенчињата во коса што ги сакам :hug:
     
  11. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Епа вака...
    Беше лето...Луѓето беа на одмор...само две жени беа на породилно...една од нив беше мајка ми...
    По неколку дена...се роди едно бебе што сега веќе не е бебе
    Ок...толку беше приказната да не бидам офф-топик :)

    Висока сум 166,тешка 52 кила..имам стомаче шо си го сакам највише на свет(право дека е)
    х2 Девица-аналитичар и перфекциониста огромен...на моменти се сакам да ми е совршено :lol:
    Ај лав ту синг...многу сакам да пеам..сум идела на сите можни хорови и фестивали ко помала :D
    Ај лав ту денс...секаде денсам-надвор,дома,у кола,у продавница,у вода,у авион,на плажа :D
    Ај лав пица-поголем фан на пица од мене НЕМА...Епа така...тоа сум си јас
    П.С...на моменти откаченко и то :P
    Кратко ама слатко :)
     
  12. Chika-Boom

    Chika-Boom Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    Епа вака:
    Висина:165 см
    Тежина:52kг
    Боја на Коса:Црна-долга коса(порано ми беше плава)
    Боја на Очи:Плаво-зелени
    Лице:Имам полна уста,мал нос и изразити очи со долги трепки,убава насмевка :D
    Карактерни особини:Во хороскоп сум близнаци подзнак рак страшна комбинација бидејки на моменти знам да бидам премногу емотивна добра и се тоа,ама кога некој ке ме изнервира знае да ми пукне филмот,доброто е тоа што тешко некој може да ме изнервира а и брзо знае да ми помине лутината.Знам да простувам многу тоа ми е мана што некој колку и да ми згреши јас ги заборавам грешките.Дружељубива особа и најчесто во друштвото сум лидер,другарките во мене гледаат особа која има одговор за секој проблем а и сум таква по природа да ги решавам проблемите и да им помагам на другите.Оптимист сум и умеам да направам од невозможно-возможно :D Тешко се заљубувам(само еднаш се имам вљубено и сеуште трае тоа)
    Обожавам да одам на шопинг,посебно кога нешо ке сум депресивна нервозата ја трошам со шопинг :D
    Срекна сум кога и другите околу мене се срекни,а кога некој во друштво е депресивен тогаш сум и јас, не знам зошто е тоа така можеби дека премногу ги сочуствувам другите.
    Мана ми е:Што палам-гасам околу мене :rofl: (мислам пушам премногу цигари) да не си помисли некој оваа пироманка хаххахах :rofl: :rofl:
     
  13. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    20
    Висока 156, 40 килограми :$ . Килажата морам подитно да ја променам, бидејќи ептен ептен сум слаба. Имам кафена коса, до рамениците, природно ми е виткана и со огромен волумен и шишки скоро колку самата коса, ама само на врвовите, ако не ја испеглам, катастрофа ми е-целата бушава. Најчесто ја носам пеглана со шишките на десна страна. Имам нормално чело и природно убаво оформени веѓи. Речиси поголем дел од годината(најчесто пролет и есен) очите ми се зелено-жолти, во лето ми се светло зелени, а обично во зима ми се сино-сиви, со не баш густи трепки. Носот ми е тенок, само на крајот малку ми се шири. Имам прилично полни усни, поточно долната усна ми е пополна од горната, кога ќе се насмеам, горната едноставно ми ја снемува-така да не си ја сакам насмевката. Имам бели заби, само што предните горни два заба ми се .. чудни, носев протеза, за да ми дојдат на исто ниво, ама не помага. Тенот ми е бел, не ептен, ама прилично бел тен. На лицето ми се познаваат неколку испукани капилари кои ме нервираат. Имам тенко и витко тело, гради-доволна големина за мојата возраст + push up = завршена работа, стомак- убаво граден, тенки раце, големи дланки, тенки долги прсти, со ептен кратки нокти. Задник-голем, цврст и затегнат, често ми го фалат :$ . Тенки нозе, долги стапала, тенки и долги прсти.
    Во хороскоп сум лав, а подзнак девица-комбинација катастрофа. Инает невиден сум, секогаш ќе го истерам до крај. Тврдоглава, секогаш мора јас да сум во право, иако знам дека грешам, ќе морам да го убедам другиот дека сум во право. Горда сум многу, ништо не дозволувам да ми ја уништи гордоста. Понекогаш знам да сум многу срамежлива, а некогаш сум ептен опуштена. Сакам да бидам главна(го мразам тоа), сакам да владеам со светот. Голем авантурист сум, секогаш имам вишок енергија и адреналин. Добра, фина и мила сум, ама ако ме разлутиш-тешко тебе, лесно избувлива сум. Кога сум изнервирана и лута-арогантна сум, никогаш не знам за доста и само омилената музика може да ме смири. Сурова сум и тоа премногу, скоро за ништо немам мерка за доста. Нештедлива и љубоморна во секое време. Голема плачка сум, ако сакам да добијам нешто можам да се натерам да заплачам, ама тоа што го сакам морам да го добијам. Не сум многу педантна, т.е. воопшто не сум педантна и грижлива, освен за мојата соба и некои работи што ми значат. Знам да чувам тајни и добра и чесна другарка сум. Знам да ислушам кога некој има проблем и сакам да помогнам доколку можам. Неостварена желба ми е банџи џампинг и скокање со падобран од авион. Нешто што многу ми оди на живци е кога некој ме игнорира. Имам некои чудни желби и гледања на светот, ама тоа сум јас.
    Љубовен план-рано ми е, ништо сериозно сега за сега. Имам помал брат, а на пат е уште едно бебе. Сакам мода, штиклите и ташните ми се преокупација. Сакам да возам точак и да се дружам. Сакам да пеам иако немам убав глас, затоа пеам само дома, играм каде ќе стигнам. Следам тенис и по малку фудбал, кога гледам натпревари пцујам :swear: :$ .Сакам да бидам новинар, ама има време, уште средно немам завршено. За подалечната иднина, сакам среќен брак со три деца. :)

    Малку претерав, до душа малку повеќе, ама тоа е, пократко не можев да се опишам(има уште ама доста ви е).
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699

    Ех сега Гоу за од Дадар поубаво :rofl: :lol: Фала сепак :hug: .
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.209
    Допаѓања:
    36.697
    Пол:
    Женски
    Висока сум 1.55, а тешка 58 кг. Природна плавуша сум. Косата ми е шатирана со бланш и долга до под раменици, во брановидна форма. Имам плаво-зелени очи. Во хороскоп сум рак, во подзнак риби, а во месечина шкорпија. Имам убав задник, мали гради (не премногу мали), полна усна (долниот дел ми е малку поголем од горниот) и крупни очи. Сите ми ги фалат очите. Имам светол тен. Не сакам да се шминкам. За излегување се облекувам спортски. Многу сакам да јадам благо. Карактерно сум фина, дружељубива, искрена, толерантна. Сакам да помагам.
     
  16. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    епа имаш поклон од мене во тиркизна боја кој ќе ти одговара на тенот,и очите :lol: позз
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.209
    Допаѓања:
    36.697
    Пол:
    Женски
    Фала за поклонот. Иако незнам што е. :D Позз
     
  18. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    па види во играта “gift for you“ :!:
     
  19. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Висока сум 1.50 и нешо а имам може 50 кила Имам сино зелени очиња така крупнички.
    Косата не ми е баш долга онака средна степенаста и боја кафеава.
    Во хороскоп сум близнаци а подзнак вага накај шкорпија :)
    Имам голекми гради не баш голем задник.. светол тен (ко мелкце хихих) .
    Овожавам да се шминкам иако сум повеке спортски тип.
    Сакам да пеам и да слушам музика .. а да глумам за тоа да не зборуваме хахах :D
    Кога некој ке ме изнервира поубаво да се чува пошо бум бам ке има хаах :punch:
    Иначе сум весело девојче секогаш насмеано и секогаш подготвено да помогне на сите
    Премногу сакам да јадам благо (затоа трпев мн големи болки на забар :( )
    Иначе имам цвраст карактер
    Сакам да танцувам ..
    Исто така сум и многу зборила понекогаш станувам и досадна хаха не сум ич срамежлива секогаш опуштена и спремна за добра забава.Малку сум нежничка знам да бидам и голема плачка .. тоа што го сакам секогаш го добивам дружељубива сум знам да бидам и незгодна :) Голем Оптимист сум исто така ..
    Горда сум си на себе .
    Од спортови сакам фудбал ракометн одбојка и по малку тенис
    Обожавам лето мразам зима
    Од музика слушам скоро се.. највеке рап
    Дружељубива сум знам да ги насмеам лугето не сум злопматило .. искрена сум .. дволична сум само со тие што се со мене дволични.. Обожавам скјетери .. Кога ме нема надвор сите се досадуваат затоа што скоро секогаш јас го држам друштвото на нозе со моите глупости хаха :D
    Мразам фалбаџии .. иначе и јас некогаш се фалам или не многу .. :$
    ии Металург ми е во срце :) :lol: :inlove:
    ии има уште мангу али ај сеа ке треба да пишувам реферат хохох :
     
  20. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Мислам дека можам да ти местам еден другар. Ме труја чоекот да му местам некоја и според ова што го прочитав одговараш со тип на женска како за него. Ако сакаш стојам на располагање ;)