Висина : 167 Тежина : 55 Коса : средна должина, темно кафеава, прекршена и прегуста Очи : темно кафеави и ситни Тело : убава градба, но незатегнато Карактер : малку срамежлива ама со тек на време досадна дрдорка, самокритична и со ниска самодоверба, емотивна ама не знам да се справам со емоциите...
Срамежлива со образи кои поцрвенуваат како пожар.Премногу добра,културна љубезна.Лошо кога сум изнервирана тогаш може да бегаш.Кога сум среќна сакам сите да бидат среќни.Многу осамена...Убава згоднаЗагубена во желбата за вистинска љубов.Очајна глупача и така
Ниска сум исто така слаба. Имам кафеава коса и кафеаво зелени очи. Знам да бидам идиотка без причина. Сакам книги. И углавно сум ЃУБРЕ
*Смеѓа,долга,брановита коса *Шарени очи (сакам да кажам имам 2 различни очи,двете се плави но со различна нијанса *висока 163 см *кога станува збор за врска многу сум љубоморна *Чувствителна личност *Вага во хороскоп *Лесно можам да приметам кога некој ме лаже(не сум наивна) *немам многу пријатели *не сум многу комуникативна личност па можеби затоа немам многу пријатели *малку срамежлива...
Висока и слаба, со кафеава коса и кафеави очи. Многу срамежлива и со ниска самодоверба. Сакам да помагам на луѓето на кои им е потребна помош. И многу емотивна.
Црна коса Плави очи Висока Слаба Премногу зборувам Го сакам сарказмот Опуштена Вага Емпатична НАРЦИС.
Шо знам... на една обука пред неколку години имавме задача да се опишеме едни со други, после многу модули поминати. Описите беа: глуварче, котва, светилник покрај море, море, локна (?!), бреза. Како "растам" ги сфаќам полека што се значат...Имаше и Мортиша Адамс, и дожд, и нож. Тоа сум се опишано, со темната страна и нивната сенка која сите ја имаме за да сме цело. Долго време не бев "цело", негирав да сум "цело". Само лудиот и циникот ќе ти рече "благодарам" на лошотијата, дури будистички монк би ти вратил со саркастична зен приказна.
Коса фарбана плава, кафеави очи, висина 163 цм. , нормална тежина ни премногу ни премалку, средно зборлива , емотивна сум, близнак , дружељубива
165cm, 55kg, кафена коса, зелени очи, изгорена кожа, убаво градена. Јака, брза на зборови, посветена, лојална и најголемиот емпат. Обожавам промена, брза храна и кафе. И да спијам.
Темно кафени очи. Темно кафена боја на коса, кадрава коса (каква коса има девојката на аватарот таква е и мојата) долга ди под рамењата. Висока нешто измеѓу 160 - 165. Тежина 50 кг. Многу јака меморија имам, многу ситничарам, се одмаздувам така што враќам на ист начин, брзо и лесно се извадувам од некоја неволја, хумана сум, помагам на мои блиски па и на непријатели (но не на сите затоа што змија во прегратка не се чува), го мразам секое зло, понекогаш пропагам од срам....
Надворешен изглед: црнокоса со бел тен ,големи кафени очи со долги трепки,мали ушиња, бели заби со изразита и гласна насмевка, слаба (57кг) со изразени колкови и задник, мали гради. Висока 1.64. Внатрешноста... тврдоглава,многу избувлива, љубоморна само ако се работи за маж инаку не сум завидлива, упорна, голем другар, чувач на тајни, емотивна иако на прв поглед делувам ладнокрвно, јарец подзнак рак, страсна љубовница, откачена, на прв поглед повлечена и мирна потоа ураган бидејќи ми треба време да се опуштам, плачка, без влакна на јазикот, помалку будалеста, гласна, обожавам црн хумор . Тоа би било во кратки црти