Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опиши се!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Би почнала од висината 180цм ( нека не ве залажува висината, обожавам да носам многу високи штикли), тежина 62 кг, соодносот ми е складен и сум презадоволна од мојата линија 8) . Имам темно кафена коса, која има амбицци наскоро да порасне до рамена :) (едвај чекам да си имам пак дооолга коса), кафени очи, полна уста и нормален тен. Секогаш се шминкам, тоа е во нормални граници (пудрам римел, сјај, руж) сакам средени луѓе, мислам дека убаво ја комбинирам облеката и следам модни трендови :) . Но доколку ме процените врз физичкиот изглед, без да ме запознаете ќе направите гооолема грешка (ми се има случено во поголемиот број на случаи)
    По природа сум многу зборлеста личност, комуникативна и дружељубива личност :talk: . Многу пати и сама си кажувам дека сум фина, ама само спрема луѓето кои се ок со мене. Лигавења од типот на мила, срце, душо од личност која ме видела два пати во животот - не сакам!!! :devil: Денеска секој на секого му е мил и душа изгледа хахах Не сакам лицемерни луѓе и се оградувам од нив, не ми требаат таквите во животот. Имам пријатели кои ги ценам и правам се за нив, како и тие за мене. Секогаш сме тука едни за други :emo:
    Можам да кажам дека имам цврсти ставови и ги бранам со аргументи, лесно можам да влетам во дискусија и дебата доколку некој се обиде да ми покажува и докажува авторитет. Расправии не започнувам прва, но доколку некој почне ќе го добие заслуженото :) Секогаш јавно си ги кажувам моите мислења, дури и да се во вид на критика, или спротивни од оние на соговорникот (сепак секој има свое мислење ;) ).
    Ете ова е накратко за мене :P
    P.S. Понекогаш скромноста ми е слаба страна, ги истакнувам оние квалитети кои ги поседувам. :^)
     
  2. sugar.nn

    sugar.nn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    15
    Височка сум си 165...
    Имам полни усни, тенот не ми е многу светол, кафеави очи и кафеаво-црвенкаста коса (нова ми е и си ја обожавам :D ) Најчесто можете да ме видите оклештена од 8 до 8 дури и кога сум најмизерно расположено. Обожавам да носам штикли високи високи, најчесто гледам што е модерно и сакам да бидам во тренд али често купувам и нешто што ми стои убаво а не е баш нај нај модерно. Ги обожавам луѓето што ме прават среќна :*
    Многу се нервирам за глупости :) Најчесто не сакам да се карам и гледам да сум фина али кога ми пука филмот имам многу долг јазик, неколку луѓе ја виделе таа моја страна и... :swear:
    У принцип сум фина со луѓе кога се запознавам и сакам да им е пријатно во мое друшто. Малце сум срамежлива али некогаш па се вртам и сум се само срамежлива не. Углавном јас сум си човек што може да оди од крајност во крајност... Сдк можам да бидам и ваква :angel: и таква :devil:
    Обожавам луди проводи :party: и обожавам да правам изненадувања за мои драги личности...
    Си го обожавам семејството и не би можела да живеам без нив :inlove:
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Висоа сум негде 167 ( се мрев во мај) и полничка сум си.Имам коса долга кафеава и многу сакам да експериментирам со неа.Имам зелени очи и полни усни.Клемпави уши-немам.По природа сум многу забавна,откачена и секогаш ги засмејувам другите. Секогаш одам до крај не сакам да ги оставам работите недовршени.Сакам да читам,пишувам и да чкрапам со телефонот наоколу.Многу брзо се спријателувам и ги засаувам луѓето.Сакам многу да шетам сегде сум само дома не сум.Зборлеста сум не можат да се доискажат од мене.Знам да чувам тајни и секогаш сум отворена.Многу сум тврдоглава.
     
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    6.739
    173 см висока со изразено големи нозе...незнам веќе дали е проблем или доблест тоа но јас го сметам за позитивно
    плавозелени очи , на зима ми се поплави од обично
    полна уста со румени образи
    немам големи гради но доволни ми се :D
    По душа сум доста присебна девојка , не сакам непромислени и неорганизирани работи од типот да се одлучува во 5 до 12 .. :/ .. кога ме боли глава не сакам врева.. мислам тоа дека никој не го сака ..
    кога готви мајка ми редовно се врткам околу неа и дегуститрам :D
    кога им треба довет на другарките и рамо за плачење пробувам да бидам тука за нив за и кога мене ми требаат да ги имам покрај себе ( поздрав до нив : maja , kate )
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Висина:166-167 незнам точно
    Тежина:51-54 постојано си варира
    Ќе почнам од физички изглед,имам долга црно-кафеава коса,некогаш права некогаш искршена,шишките ги чувам така да за наникаде се моментално,ама си ја сакам косата,на моменти добивам желба да ја шишам зошто цел живот сум со долга,ама кога спомнам сите ќе ме убијат пошто наводно сум имала прекрасна коса.Очите ситнички исто темно кафеави,топли, мајка ми ми вели како на срна ми биле и кога се смеам ги снемува :D,носот правилен и устата онака нормалана, ни голема ни мала,веѓите цел живот никакви,неможам да ги скротам,едната не ми расте до крај и ушите ми се како на виљењак така шилести смешни :D Порпорциите ми се 70-61-100 и поради тоа си го мразам задникот а ла Џеј Ло,сета маса оди во него :( Често слушам коментари дека личам на Северина и Лив Тајлер :D Инаку сум типичен претставник на мојот знак,овен и горда сум што сум тоа,мада подзнакот девица прави убиствена комбинација и понекогаш и самата не се поднесувам.
    Добри карактеристики:
    Енергични и динамични, борбени, страсни, ентузијасти, оригинални, охрабрувачки и херојски настроени, незапирливи, посветени, грижливи, реагираат брзо, веруваат во своите способности и не се плашат од бариерите, имаат голема самодоверба и самодисциплина.
    Лоши карактеристики:
    Горди, егоцентрични, импулсивни, тврдоглави, невнимателни, љубоморни, непостојани, нетолерантни, агресивни, им недостигаат дипломатски способности.Точно(освен за тврдоглавоста и љубомората).
    Во љубовта не сум ногу романтична,попустлива сум многу што ми е маана,простувам, но не заборавам иако ретко,скоро никогаш не се одмаздувам.Уживам во секаква уметност,такава сум уметничка душа.Сликам,читам и обожавам филмови на тема постарите времиња и сакам филмски класици.Животна желба ми е да го прошетам светот и знам дека барем добар дел од него сигурно ќе го видам.Го сакам животот и го живеам со сите сетила најдобро што можам.Дечко ми вели дека сум многу чудна личност,посебна и единствена(што нормално дека за него сум си таква)Најголема потпора во животот ми се 3 те другарки,тој и мајка ми,личностите без кои јас не би била јас.Се заборавив малце,ама тоа е во најкратки црти што би кажала за мене.
     
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Висока сум 168 см, имам 55-57 кг, варирам веќе 7,8 години и сум си со истата килажа :lol:
    Имам зелени очи, многумина ми ги мешаат со сини, некои прв пат кога ќе ме запознаат ми велат имам многу убави сини очи, а некои пак зелени, али воглавно зелени ми се очинјата :angel:
    Косата ми е темно кафеава веќе некои 5,6 години, долга скоро до половина, природно ми е извртена малку, но јас многу сакам права коса и затоа постојано ја пеглам, пред 2 месеци си направив шишки пошто сакав да си направам мала промена и сум си така сега ;)
    Инаку сум дружељубива личност, обожавам да сум во друштво, сакам да се смеам, да се дружам со откачени луѓе (во позитивна смисла), со паметни луѓе за да научам по нешто ново, не за џабе рекле дека човекот се учи додека е жив ;) Друго...многу сакам да патувам, да разоткривам и гледам нови места, сакам странски јазици, имам талент за тоа така што за сега зборувам 4 јазици али се уште не е касно може да научам и уште толку со тек на време, се уште сум мала :lol:
    И тоа за мене, друго не знам што друго да ви кажам за себе :?:
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Јас...
    Па... висока сум 164, имам зелени очиња, и црна коса(со малку црвено) од тоа што некогаш бев црвенокоса, тезам 55-56 кг , секогаш да им помогнам и угодам на тие што ми се блиски и помалку блиски, сум голема плачка, инает и тврдоглава(само понекогаш) попустлива, хумана, сакам да патувам, да запознавам нови луге, и нови култури и јазици,чуствителна, ранлива.

    И секако да не заборавам лесно заљублива, посесивна и понекогаш љубоморна.Ако ми се смее-се смеам,и сите ке ги насмеам околу мене, ако ми се плаче ке плачам, но доволно е некој да ми казе нешто смешно и ке се насмеам или пак ако ме ми е денот-не ми е денот( да не сте ми во близина, оти лошо ке биде) хахахаха,но брзо ми поминува, не сум некое злопамтило :lol:
     
  8. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Како викаат, најтешко е да се опишеш себе си, ама ајде еве да не останам покуса ...
    Висока солидни 170 cm, 60 и 2-3 кила, да се надеваме ќе стигнам барем до 58 месецов. Средно долга светло кафена коса, кафени очи. Имам некое мало чудно носе, некако угоре ми гледа хаха. Ситни очи и уста, и огромни образи кои што дечко ми од за мене несфатливи причини ги обожава.
    Мајка природа се заборавила кога ми го полнела градниот кош, мислам дека еден ден ќе се сопнам на нив. А и во стомакот не ме штедела :)

    Срамежлива со луѓе кои не ги знам добро, освен ако не ме фатат будалите па да почнам да лупетам. Тешко искажувам чувства, така ми викаат, а јас мислам дека на моменти и ги немам па нема што да се искаже. Ретко се случува да се расплачам пред некој, што и да се случило. За мои веќе 17 години, мислам дека сум многу позрела од останатите девојки на моја возраст, т.е поточно кажано има некои кои ги презирам. Обожавам јазици, англискиот го завршив, сега сум главно насочена кон германскиот, па здравје до година и шпански. Од се поголема важност ми е образованието, сакам да се запишам на факс, и тој да си го завршам, па после што биде нека биде. Сакам да живеам нормален живот, да имам доволно пари за да живеам удобно, да имам среќен брак и неколку дечиња да ми се шетаат низ куќа.

    Идеалист, перфекционист, понекогаш и песимист. Најмногу мразам луѓе кои прават лице, кои лажат, и кои газат преку се за да постигнат некоја си своја цел. НЕ, целта не ги оправдува средствата. Од кожа ме вадат полуписмени луѓе, кои незнаат една реченица правилно да состават а се прават дека се којзнае колку паметни. Не е МОЈТЕ, туку МОИТЕ,за еднина се користи КОЈ, а за множина КОИ.
    Мразам луѓе со предрасуди, па зарем е вистина дека сите машки се исти, или некој ќе ми забрани да бидам заљубена на 17 години ?
    Самостојна(финансиски уште се водам под мама), иако прифаќам туѓо мислење, добро или лошо. Некако не ме бива многу за совети, ама некогаш знам да склопам некој.
    Брзо создавам мислење за секого, знам кој ми одговара кој не. Брзоплета сум, многу често зборам работи што не ги мислам ако сум нервозна.
    Уживам во читање книги, слушање музика, пиење кафе со цигари мхмм, пиење водка со ред бул, и во целото време поминато со дечко ми :)
    И нели беше тешко да се опишеш сам себе, ама мене ми се заарни. Како бааги некој ќе го чита ова.
    Ајде доста беше, бај бај за крај хахахах :)
     
  9. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Висока сум 160 цм , а тешка 50 - тина кг . Живеам во центарот на Скопје со сопругот . Бојата на косата ми е природно костенлива , долга , се уште нема побелени влакна , а очите ми се кафени , крупни и испакнати , не можеш да не ги забележиш . Усните ми се природно раскошни , а носот напрчен . Градбата ми е супер , не толку големи гради , впечатлив задник и тенко струкче , нозете ми се пуни , многу убаво ми стојат долги , свечени тоалети . Во хороскоп сум шкорпија со подзнак стрелец и месечина во бик . Не сум типична шкорпија , молчалива сум и не сакам да сум во центарот на вниманието. Сакам малку луѓе покрај себе , позитивни и добронамерни . Не сакам врева , шеми , безвредни муабети и луѓе што дрдорат . Сакам добри книги , комедии и релаксирачка музика . Сакам понекогаш да одам на журка во Миднајт со сопругот , редовно пешачиме на Водно и се дружиме со пријателите во кафанче .
    Не избувнувам лесно , но не трпам неправда и се трудам да бидам праведна . Не сакам луѓе што се улизуваат за корист и ако некој таков ми е во близина го ставам таму каде што му е местото.
    Сакам авантури и го прифаќама секој предлог за шетање . Сакам позитивни луѓе со добро срце.
     
  10. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Хелоу евриуааааан ! :D

    Јас сум уште една од многуте тинејџерки тука на форумов, гимназијалка-2ра година, одлична ученичка, просек 5.00 :)
    Висока сум 162 и тешка 53 кг, од кои 3 не би било лошо да се симнат :))
    Темен тен, темно кафеава долга права коса (со расцветани врвови кои набрзо ќе бидат отстранети), црни ептен малечки, коси очи. Носе со правилен облик и големина. Полни,сензуални усни и малку раздалечени, бели запчиња, за кои одржавам многу хигиена.Убаво дефинирани веѓи и големи обравчиња.Слатка јапонска фацичка- ми велат :lol:
    Немам долги нозе и понекогаш многу се нервирам заради тоа.
    И нормално, бидејќи во секое друштво постои онаа со најдобар задник, во моето тоа сум јас :$ Па може да се рече дека сум задоволна од градбата на моето тело,освен од стомачето што малку го имам. хD
    Типичен овен...родена за да бидам број еден.Сакам да демонстрирам сила, индивидуалност и самоувереност. Секогаш подготвена за освојување на нови хоризонти.
    Прилично тврдоглава, инако некогаш знам да бидам и многу послушна. Сакам да бидам во центарот на вниманието, а кога тоа нема да се случи, одма менувам расположение. Значи кое ѓубре сум цц :)) Најчесто јас сум онаа која ја има водечката улога за многу нешта и знам беспрекорно добро да се снајдам со таа улога.Секогаш барам правда и вистина.
    Се борам најдобро што можам против гнилите појави во човештвото и настојувам на сите да им покажам дека во ова модерно време треба сеуште да владеат добрината, искреноста и чесноста како најблагородни особини кои еден човек може да ги поседува.
    Што се однесува до љубовта, тежок случај сум хх. Лесно се занесувам по некого, и само што сум помислила дека ја најдов љубовта на животот-веднаш се одљубувам. Додека трчам јас по него, интересно ми е и затрескана сум во него.Но, кога ќе ми рече дека и тој чувствува нешто за мене, се губи таа возбуда и сите тие чувства. Ноо,ете сега решив да пробам со едно детенце кое цела година се мачеше да ме добие и заедно сме веќе неколку месеци.Сега ми е океј, прв дечко ми е и ќе видиме до каде ќе тера :)Романтична душа :inlove:
    Ја сакам музиката и обожавам да пеам, без разлика дали моето пеење му се допаѓа на некого или не. Често пати знам да си го земам чешелот и да пеам дома како луда на цел глас. Слушам се, освен народњаци. Обожавам да излегувам со друштво и со дечко ми. Во слободно време висам на Фејсбук и на Фемина, сето тоа добро зачинето со Јутјуб. Сакам да цртам, да креирам, да создавам... Сакам да бидам сакана и да сакам. Си ги сакам родителите и мојата сестричка и сите останати комуникативни и позитивни,насмеани лица.
    Сакам да јадам чоколадо, а знам дека дебелее. Тоа ми е вечен проблем. х)Ја сакам модата,го сакам сиот свет околу мене.Го сакам животот и чест ми е што сум дел од овој свет...Можеби расипан,но, доколку знаеш како да живееш-ќе бидеш среќен.
    Секогаш насмеана од 6 до 6 !
    Тоа сум јас ! :) Има да пишувам за мене со денови , но ова е најважното.
    Се извинувам што е прилично долг текстов и им се заблагодарувам на оние кои имаат живци да го прочитаат цел.
    Мило ми беше,
    Вашата чоколатче :* !
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    А јас да се опишам :?:
    Епа ајде да почнам од полесниот дел, ниска 155цм, лесна 40кг :lol: , кафеаво-зелени очи, светло кафеава долга до половина на степен коса, слабичко и ситно девојченце :angel: .
    А сега карактер. Голема татина маза, разгалено и мрзливо со искривен ‘рбет :!: . Голем инат исто како што се опиша Мисс и кога знам дека не сум во право стојам на своето па макар и да морам цел свет да го убедам дека зеленото е жолто а не е зелено, ете така. Сакам да се дружам и забавувам но тоа не ми успева многу и за тоа го окривувам мојот град (една уличка со 10 кафичи, со 1000 жители, кафичите полу-празни, секој со секој се знае и се знае, оговарање на големо, простилук и уназадени сфаќања |( ) Затворена и зборувам кога навистина има што да се каже а не како некои мои другарки мелат глупости безвеза нон-стоп да им се чудиш на ак‘лот. Еден ден можам да си го опишам со два збора, училиште-дома-интернет-јадење-спиење и така секој ден. Секогаш внимателно ги слушам другите додека зборуваат и не пропуштам ниту еден детал. Постојано сум замислена и размислувам за било што, не размислувам само кога спијам. Многу ме интересира и многу ми е важно каков впечаток оставам кај другите и тоа многу ме нервира. Незадоволна од моите постигнувања и мојот живот. Секој ден се будам со нова надеж за нешто подобро. Не сакам да живеам во мојот град, едноставно нема што да се прави. Слободно време имам за извоз повелете нарачајте. Ах да ќе заборавев, добар збор за мене не знам да кажам, се критикувам страшно и сега од мојата анализа можете да ме замислите каква сум хахах како смајливо |( а ако имам позитивни страни тоа може да го каже само некој друг.
     
  12. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Ајде и јас да се опишам :) Висока 163 цм, тешка 55-56 кг. Кафеави крупни очи, благо закосени, многу невин поглед имам :D Мало носе, напрчено и мали усни, горната усна ми е малку напрчена нагоре :D Сите што не ме познаваат мислат дека сум помлада, еднаш во болница ме прашаа кое оделение сум :D Костенлива боја на коса-мојата природна боја(не сум фарбана никогаш, само два пати бев бланширана), бел нежен тен, кој во лето преминува во чоколаден :) Многу лесно фаќам боја и не горам, иако сум бела.

    Е сега, поинтересниот дел

    Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Можам да се вклопам во муабет дури и ако првпат седам во некое друштво. Обожавам долги разговори на теми психологија и филозофија. Голем логичар сум и обожавам математика. Многу често си развивам своја сопствена логика за некои нешта, сосем неконвенционална и различна од онаа на другите :) Голем аналитичар сум, сакам да ги анализирам законите на природата, на животот и на взаемните човечки односи.
    Многу лесно примам нови луѓе во мојот живот, но многу ми е тешко да искажам емоции со зборови. На мајка ми и на татко ми никогаш не сум им рекла „те сакам“, ниту пак сум им кажала колку го ценам тоа што го прават за мене, а живот би дала за нив. Дечко ми на почеток мислеше дека не го сакам, велеше дека сум многу ладна, но после ме научи :) И за некое чудо, малку ме опушти, полесно искажувам чувства кога станува збор за него. Но, во пораки ми е полесно да искажам што чувствувам. На цимерката пред неколку дена и напишав песна, во која искажувам колку ми го надополни животот со нејзиното присуство, а лично тоа не би можела да го сторам никогаш.
    Не забележувам детали. Се случи еднаш да не забележам дека другарка ми си ја префарбала собата. А упорно ме прашуваше дали забележувам некоја промена во собата, а јас како некое теле само се вртам наоколу и се чудам: „Дали оваа рамка претходно стоеше тука? Или пак лустерот можеби и е нов?“ :D
    Сакам да патувам, да посетувам егзотични места, како и да шетам во природа.
    Сакам да пијам кафе, па макар и сама :)
    Многу лесно избувнувам и никогаш не си ги собирам нервозите во себе. Во моментот кога ме нервира нешто, веднаш го искажувам тоа, но затоа пак за неколку часови нервозата ја снемува целосно. И заборавам што се случило, не сум злопамтило. Мислам дека тоа е така благодарение на тоа што сум избувлива :) Многу сум тврдоглава и секогаш сакам јас да го имам последниот збор.
    Многу ми е тешко да се извинам кога сум згрешила. Ова за со зборови кажувам. Но секогаш наоѓам начин да покажам дека се каам.
    Една од најдобрите особини, која ми е наследена од татко ми и за која сум му најмногу благодарна што ми ја пренесил, е тоа што знам како да уживам во моментот. Знам да им се радувам на малите нешта и задоволна сум од животот. Кафе со пријатели, гледање филм со дечко ми, па дури и пиењето кафе сама ме прават среќна.
    Оптимистички сум настроена во поглед на иднината. Верувам во себе и знам дека сум способна да си изградам убав живот, бидејќи, како што кажав, не ми треба многу за да бидам среќна.
    Не го гледам животот со розови очила, како што некои погрешно ме проценуваат. Свесна сум дека постојат тешки моменти, сум доживеала и знам дека допрва следуваат други. И не се молам да немам тешкотии во животот, туку да имам сила да се справам со нив. Мора да постојат и добри и лоши работи, тоа е закон на животот. „Мора да го осетиш горчливото, за да знаеш да го цениш слаткото“ изрека од филмот Vanilla sky, со која потполно се согласувам.
     
  13. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Еве ме и мене..
    Висока сум 165 цм,имам 59-60 килограми ,зелени очи(ја менуваат бојата во зависност од тоа што носам ),долга темно кафеава коса.
    Голем оптимист поради кој што другите ми се чудат,тврдоглава сум и голем инает,вредна па и не сум баш..
    Многу сакам патувања и би сакала да го пропатувам целиот свет :lol: .Си го обожавам семејството и се би сторила за нив.ИСто така сакам да давам поклони но и да примам :) .Обично кога сум со личностите кои ми се блиски и со другарките сум доста бучна и ги засмејувам нон стоп, додека кога сум со непознати личности сум повлечена и ми треба малце повише време да се опуштам .Другарките цело време бараат совети од мене бидејќи секогаш сум им помагала да донесат правилна одлука-така велат.На училиште најмногу ми одат јазици а најмалку математика.
    Голем хуманист сум, многу сакам да им помагам на болните луѓе и децата без родители.Голем сон ми е да учествувам во некоја успешна хуманитарна организација.Обожавам животни, мачки поточно.Мразам дволични луѓе,лажови,наметливи, како и неблагодарни луѓе...Простувам но не заборавам.Инаку голем аналитичар сум и сум доста самокритична односно со еден збор типична ДЕВИЦА. :)
     
  14. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Епа вакааа:
    Висока сум 167 cm, имам темно кафена коса до раменици, околу 59-61 кг, задоволна сум од својот изглед но секогаш се чувствувам ко да имам kg повеќе. :wasntme: Имам плави очи, ваљда сум складно градена итн итн... Многу сакам да јадам, премногу впрочем... највеќе сакам да јадам junk food, сладолед, торти и чоколади а моето животно мото за жал гласи: Од утре сум на диета :D
     
  15. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Ајде и јас да се опишам
    Висока 161цм тешка 56/7кг, светло кафени очи кои на сонце дури и ми стануваат жолти, имам кафена коса накај црвено малку долга до градите и искршена по природа но јас ја пеглам.
    Доста за мојот изглед :)
    Значи сакам да се дружам и да запознавам луѓе но го мразам нивната дволичност и лицемерие.
    Бодолија сум :)
    Лесно можам да избувнам но гледам некако да се справам со тоа.. ГОЛЕМ инает сум и никогаш не попуштам кога знам дека имам право :!: и сум многу своеглава... Сакам да им помагам на луѓето (сепак тоа одговара и на мојата идна професија) и во многу случаеви сум немилиосрдна, без чувства :P

    Работи кои ги мразат:
    Неправда, „кралици на драмата“, да се чувствуваат изолирани, да должат пари или услуги, кога мораат да изберат само едно нешто. (апсолутно точно)

    Па тоа е се во некои кратки црти
     
  16. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Уметник :clap: , епа Бик си :)
     
  17. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Hi :hai:

    Плава коса, кафеави очи, 165 висока и 53 килца тешка.
    Забавна, љубоморна личност, многу тешко се заљубувам, прибирлива и наивна многу.
    Дупли близнаци во хороскоп и сите карактеристики од нив!
    Го обожам алкохолот :tmi: :rofl: и излегувањата! Сакам да се облекувам во кратко, па така секој ден на школо сум во туника и хеланчиња. Пратам мода обавезно! Многу комуникативна и дволична личност(не во смисла дволична лице да правам, туку многу променлива во мислењата, еден ден ќе сум лудо вљубена во тебе наредниот не те познавам) :lol: .
    Обожавам да пишувам проза и понекогаш поезија.
    Обожавам да се лигавам и да се понашам ко мало дете :lol:
    Постојан сум во потрага по нешто ново. Ме убива монотонијата, и ретко кој од спротивниот пол знае да ми го задоволи тоа.
    Сакам да се дужам, но најчесто во мојот круг на пријатели сакам само една другарка. Мразам галама и бучава. Многу површно ги сваќам работите. Љубопитна сум, и сакам да оговарам. Типичен близнак :lol:
    Непостојана, емотивна.
    Мразам дволични луѓе најмногу!
    Најголемиот шегобиец!
    Се смеам и кога ми се плаче.
    Сакам многу благо и брза храна.
    Мразам детали.




    ете тоа сум јас :)
     
  18. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Здравоооооо!

    Јас сум плава, ептееен висока, лигава и се облакам многу секси. Ма да за некој тоа е курвински, ама нема везе. Имам 5 куќи, 12 викендици и 16 стана и имам двааа џииипа. Имам дечко што повеќе и од мене се дотерува, што ми трча цело време по задников, ама ми викаат ме вараал, ама нема везе не верувам. Имам едно 100 другарки и сите ми се другарки иако на две од нив им ги украдов дечковците и три од нив ми украдоа мене по еден дечко, ама нема везе важна е дружбата, сите сме богати нели... Одиме по салони за убавина цееело време, баш е супер. Студиравме у странство на најскапи факултети само да се фалиме дека сме биле тамуу, ама се вративме, зашто тука е боље, поголеми мангупки сме! Сега не работиме, зашто и вака и така ми останува на тато фирмата и јас секако цел живот ќе живеам на нивни грб, ама тати4кооо има пари4кииии, јеееееее! Не сме многу многу умни, имаме два три муабети и обично правиме муабет само за ДИЕТА. Ма да викаат дека сме сите како од Аушвиц и со изгорени коси плави, ама нема вееезеее. Сакаме етикети, знаеме дека САМО тоа е важно во животот и се ни е од Луи Витоооон, нели.. Имаме чивави и живееме како на Беверли Хилс, баш е супееер. Леле, сите не знаат беее. Да не ти се верува, мислаааам хелооооуууу!

    Така срцки тоа сум јас накратко кис4е до сите ве гу6кааааам...

    |( |( |(

    Е, сега јас сум СЕ обратно од ова!

    :lol: ;) 8)
     
    На Sunchild, EVA19, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Па вака имам плава коса (природна) до рамена со кркми на страна,плави очи ма да некогаш ми се зелени,полни усни висока сум 165,тешка сум 60кг,спорски тип сум сакам да се облекувам некако спорски (си ги обожавам тренерките и патиките :) )но кога треба знам и да се дотерам :rofl:
    Мразам луцомерки,искористувачки :@ ... Лесно се заљубувам и многу сум љубоморна,понекогаш сум досадна :lol: верувам во љубов на прв поглед, многу му верувам на луѓето(иако знам дека не треба)некогаш сум наивна.Водолија сум во хороскоп,сакам да се дружам со другарките, сакам искрени луѓе,кажувам се што мислам никогаш ништо не кријам,мразам да се карам со некого,мразам некој да ми се меша во животот и да ми кажува што треба да правам,ретко слушам туѓо мислење секогаш си терам по свое,некогаш се инаетам,почесто се разочерувам од луѓето кога ќе видам дека се злобни и само сакаат да ти наштетат,многу сакам да се бакнувам(со дечко ми секако),луда сум,забавна,сакам да се зафркавам,голем фантазер сум многу сакам да фантазирами да си правам филмчиња што како ќе биде,некогаш се однесувам како мало дете,многу плачам ма и за најмала ситница,сакам да шетам по светот :rofl: и не сакам да живеам во Македонијава,мразам портарки :envy: тоа сум јас во кратки црти опишана :D
     
  20. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    коса смеѓа, крупни плави очи, чуден нос, не многу голема уста, висока ,не баш слаба, се облакам најќесто кежуал , но знам да се дотерам.

    ракче во хороскоп, премногу емотивна и срамежлива. ретко љубоморна, обожаваам да помагам, не сакам да сум центар на внимание, сакам да се дружам, да спијам, да шетам, се заљубувам многу лесно, обожавам да патувам, не ми годи баш секогаш да сум сама, сакам кога имам некој до мене, сакам да си играм психолог (хаха) и да има давам совети на другарки и останати луѓе што ќе се решат да ми се доверат, не мразам никого (но ме нервираат одредени особи) , често ми е досадно и не знам што да правам, обожавам да пеам(не ме бива баш :D ) сакам да се забавувам, кога асе смеам ми течат солзи и сите мислат дека плачам -.- многу сонувам и со отворени и со затворени очи хаха. сакам да ги смеам луѓето, сакам кога ме фали некој, сакам да се гушкам и не сакам кога некој ми кажува што да правам!
    тоа би била јас накратко. :) :)