Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опиши се!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    уште едно ракче во продолжеток,

    високо 169, тешка хм па околу 57 , зелени очи смеѓа многу густа коса ни права ни виткана, никогаш не фарбана и се некоја стандарна должина до рамења. обично фатена во репче или со шнола оти пустата многу нервира. гради прилично мали ама па затоа задникот ми е колку што треба и не треба :D

    голем фантазер, смирена во главно но знам и доста да виканм, чист и висок глас.

    достоинствена и горда.премногу сериозна за свои години, минимално нашминкана.
    мрази шопинг и шетање по продавници, лакирање ноќна мора и вечни нервози :D обожавам добар филм и книги, добар разговор, добро кафе и мир у кучи :P .

    ретко излегува по дискотеки (читај никогаш)

    верен и доверлив другар, добар колега и посветен работник.

    обожава јазици и патувања .

    лоша домаќинка но затоа добар љубовник и грижлив партнер, ретко љубоморен.

    и на крај најпозитивната и оптимистична личност :D
     
  2. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Физички изглед:
    Висока 160 см. Само што се мерев :D Тешка 52 кг.
    Имам црна (не многу темна) коса до раменици
    Сини очи, натажени (Ги шминкам во облик на бадем) :)
    Устата ми е многу убаво оцртана (се гордеам со неа :lol: ) а на образите кога ќе се насмеам имам мали дупчиња :D

    Телото не ми совршено имам многу мали гради :$ солидно струкче и најсреќна сум што немам големо меше.
    Имам убави и долги нозе (на мајка ми)

    Карактер
    Многу сум скромна, се задоволувам со мали нешта и истите тие ме прават многу среќна.
    Многу често сум нервозна без некоја посебна причина. Знам и од каде сето тоа произлегува а знаат и луѓето околу мене па се доста толерантни. Понекогаш некои работи од минатото оставаат некакви последици во сегашноста. Најбитно од се е тоа дека се трудам да го сменам ова, вистински се трудам.
    Многу сум озбилна за своите години и поради тоа многу често не се пронаоѓам во друштво со мојата генерација. Се нервирам што сум таква, сакам да си ја ослободам душата и да уживам во своите години и својата возраст. Многу сум напната :worried:
    Се соочив со многу големи проблеми чиста среќа косата што не ми побеле од нервози, се опоравувам но затоа пак нервите ми попуштија. Премногу сум емоционална малку некој да ме повреди знам да се расплакам. Ах ми доаѓа од кожа да си излезам. Порано бев многу цврста и колку и да ми беше тешко не дозволував никој да ме гледа дека страдам. Сега не можам да се воздржам. :worried:
    Многу размислувам за иднината и правам многу големи планови. Себеси се гледам како амбициозна и успешна жена, мајка и сопруга. Затоа сериозно си го сфатив факултетот па на време и го завршив.
    Посакував и ете веќе 5 години имам долга и прекрасна врска. Прашање на време е кога ќе се качиме скалило погоре :) Јас едвај чекам.
    Како што ја негувам својата врска така го негувам и пријателството. Јас сум полна со разбирање и не да се фалам но сум многу добар пријател. Никогаш никого не сум навредила и разочарала. Моите пријатели безрезервно ми веруваат. Горда сум поради тоа. Знам да ислушам, знам да сочувам тајна, знам да дадам совет!
    Јас сум многу горда и достоинствена имам строго зацртани граници кои не дозволувам да бидат пречекорени.
    Порано не им давав втора шанса на луѓето, а сега простувам премногу што дури понекогаш правам и будала од себеси.
    Многу ги сакам животните, премногу и цел живот сум опкружена со нив. Најмногу од се сакам еден ден таа љубов да им ја пренесам и на моите деца.
    Обожавам да готвам и морам да признаам готвам преубаво. Сакам кога се лицкам, многу се грижам за својот изглед. Си се туширам саат време, па купки, па маски, па регенератори.. :)
    Сакам долги прошетки и патувања на подолги релации. Не сум многу многу по дискотеките и ноќните клубови сакам да излегувам на по мирни места.
    Верувам дека секое лошо носи нешто добро што за мене кажува дека сум голем оптимист. И тоа е тоа во кратки црти.
     
    На Hopeful и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  3. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Темава ми е...90-60-90. :D
     
    На Lolo5, Nika666, missperfect и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. litllemonster

    litllemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    Долга кадрава коса,сини очи висока 167cm.Секогаш расположена за забави,обожавам музика денот без музика не ми поминува.Не поднесувам шали а многу ја сакам модата.Најмногу пари трошам на облека иако немам много да си дозволам.Во хороскоп сум ШКОРПИЈА.Лубоморна,зависна и секогаш сакам да биде по мое. ;) (ТОА ТИ СМЕ НИЕ ШКОРПИИТЕ) Многу си го сакам семејството секогаш на прво место и силно верувам во господ.Добра и верна другарка што секогаш чува тајни.Обожавам читање и зависна сум од пиење млеко со бисквити хахахаха ;)Сакам многу да патувам,сакам трчање,шетање... :hai: :*
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Па ќе започнам со физички изглед- висока 170 cm тешка зависи од годишно време :) моментално окулу 60. Косата ми е темно кафена, далеку од црна со изразито големи зелени очи, чупаво кратко малце пуничко носе и полна уста. На телото мене ми изгледа дека ми е се горе доле ускладено освен задникот кој секогаш мора да ми штрчи, го сакам но често ме нервира затоа што морам да носам боди или подолга маица бидејки на фармерки со низок струк обавезно ми ѕиркаат гаќичките а тоа ми е крајно невкусно :@ . Градите ми се поприлично мали но немам некој комплекс заради тоа, не би можела да се замислам себеси со поголеми, она што ме нервира што во последно време многу лесно почнав да се поправам :sweat: па морам почесто да вежбам :muscle: Би ме препознале по тоа што скоро секогаш сум нашминкана и средена, едоставно ме нервираат луѓе кои не внимаваат на својот изглед. 8)

    Карактер типичен за еден бик или поточно дупол бик бидејки тоа сум и во подзнак. Понекогаш неподнослива за средината но некогаш и обратно средината е неподнослива за мене. Преголем инат и човек кој секогаш мора да е во право што некогаш знае и да ми засмета.Крајно импулсивна и избувлива кога некој ќе ги искористи трите шанси кои ги давам, во тој момент на нервоза би го убила и Чак Норис :rofl:
    Неверојатен романтичар, значи сакам свеќи, вино и балади. Понекогаш материјалиста али не кон парите на другите туку кон своите односно сакам скоро секогаш да сум добро материјално обезбедена. Забавана, ведра, главен забавувач во друштво особено со иронични и саркастични коментари иако некогаш се случува да ми се налутат заради тоа. :( Поборник за рамноправноста на жената во секоја ситуација и разочарана од т.н. Македонски синдром на патријахално семејство. Надежен политиколог со амбиции некогаш да бидам влијателен политичар во Македонија, али о’том потом. :!:

    Па тоа би било во кратки црти, онака најизразените карактерни црти :)
     
  6. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    157 cm 37 килца, долга светло кафеава коса, кафеави очи, уста..нз како да ја опишам..најнормална, нос со грпкичка :D ама баш ми е гајле.
    Иначе во хороскоп сум риби..многууу сакам живони(било какви ама животни да се).Голем инает ама тоа е, никогаш не си призавам коа ќе згрешам или не сум во право и така..
     
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Имам кафеава коса, долга и помалку извиткана, имам рамни шишки.Очите ми се зелено-кафеави, често ја менуваат бојата во зависност од светлината во која што гледам.Не сум многу висока 1,64. имам 54 кила :tmi: Учам во средно училиште, уживам во моите 15 години и сум стрелец во хороскоп :D

    Според карактер:многу сум уникатна, креативна, комуникативна но срамежлива личност,обожавам животни, сонувач, често знам да фантазирам, ептен весела и позитивна личност, искрена и секогаш кажувам се што мислам, авантурист во душа, немам многу самодоверба, ведра личност, неодговорна.Ги имам сите карактеристики на стрелец.
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до физичкиот изглед, висока 1,62 см, тешка 57-60 кг, зависи од месецот (зимно време повеќе се дебелеам :lol: ) шушмуресни очи (зелено-кафеави) прилично крупни кои шараат насекаде-се морам да видам, ништо не може да ми избега и да ми се провлече, плава коса фарбана, должината варира - од коса до половина, во моментов скратена до под уши, со или без шишки како кога.
    Карактер за да се опишам ќе се послужам со некои ликови од ТВ сериите)- е па јас сум ти некој чуден спој од:
    -Бри (Очајни домаќинки)-софистицирана, модерна, жива педантерија, дама во друштво, колку и да имам некој проблем излегувам насмеана, плачам без никој да ме види, два пати мерам-еднаш сечам, борбена и упорна, со сите сили се обидувам да има мир и хармонија, трпам трпам и собирам, ама ако ми се стапне на жуљ-бегај подалеку :@
    -Шарлот (Сексот и градот)-наивна и срамежлива, верувам во љубовта и дека за секое грнче има капаче, неколку пати повредена, ама секогаш со главата горе и во потрага по вистинска љубов (конечно ја имам :inlove: ), добра другарка и рамо за плачење :)
    -Мајка Тереза-вечен алтруист, пред се на другите да им е добро и да се среќни, секогаш внимателна за туѓите чувства, никого намерно да не повредам, плачам на филмови, се сожалувам на се и сешто - голема плачка ;( :lol:
    -Калимеро-е значи нема правда, застапник и поборник на сопствените мислења и права, ако нешто е црно мора да биде црно, никој нема да ме убеди дека е бело или шарено...
    Типична Вага - упорна, амбициозна, трпелива, инаетлива, мора да е по мое па што сака нека биде- некогаш туркам ѕид со глава :headbang: , но и расположена за компримиси :handshake: , соослушувања на туѓи мислење и предлози (сепак не значи дека истите ќе бидат прифатени :lol: ), комуникативна, лесно склопувам пријателства и морам да признаам често правам шеги на своја сметка...
     
    На Butterfly-itgirl4s му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    физички изглед; 168цм 73 км малкичко имам вишок

    плави очи црна коса прилично дола до пола грб големи гради ( некогаш ми е неугодно да облечам залепена маичка ) 24 години бик хроскоп не работам

    карактер; зборлеста дружељублива искрена кога немозам да докажам дека сум во право плачам од нервоза ( тоа си го мразам али шта е ту је ) лесно познавам фолирање и лицомерство кога е во моја близина, обожавам патувања лудори мразам луге кои се сожалуват сами и сакат од околината исто....

    Обожавам насмеани луге и луге кои знаат да се зезат и на свој рачун јас сум една од тие хиххи кога е во питање сакана особа и другарки секогаш сум оннлине за нив и така ако се сетам уште нешто ке дополнам
     
    На Amon Ra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    кафеави очи ..кафеава коса ...15год...јаерц...во хороскоп
    карактерот... па во некои случаји сум ладнокрвна... не од што сакам туку од што морам
    знашиии хмм сакам да се смеамм...и се смеам и кога ми е најтешко затоа штооо на некои тоа им пречи! :D ии то :D :D :D
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Висока сум 167 см, а имам 50 килограми ( понекогаш варирам 49, 50, 51 ) Имам долга скокоро до половината ептен темно кафена коса (фарбана ама блиску ми е до природната ) Не ја пеглал барем за тоа не се жалам бидејки ми е совршено права. Имам темно кафени очи и црни веги. Еј да и имам дупченца на образите кога се смеам. Е носот па и не си го баш обожавам ( не дека е ептен катастрофа ама пусти жени мора нешто да ни фали :D ) Карактерно искрена сум, не сум многу дружељубива, си го сакам кругот на пријатели и избувлива сум и за жал многу чувствителна
     
  12. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Висока сум 174 тезина 56 имам долга кафеава коса,кафеави малку на зеленискаво о4и полни усни долната поизразена,немам висок килограми и си го сакам телото
    Хороскоп овен подзнак стрелец
    КАРАКТЕР
    борбена дури и кога не треба импулсивна сум и амбициозна особини сто ме доведоа многу подалеку од моите врсници се гордеам со тоа а и кога сме веке при гордоста некогас сум многу горделива но секогас сум приземна.се трудам да сум многу скромна зосто само така ме прифака околината,првиот впецаток на повекето зени сто ме сретнуваат е завист и некогас се лоси према мене,но секогас си ја изразувам топлината во мене и тоа дека сум спремна на пријателство и затоа повекето ме сакаат.емотивна сум и некогас премногу се гризам за некои особи поцесто изигрувам заститник незнам се цуствувам силна тоа е борбениот овен во мене.лесно донесувам одлуки и сто е најцудно некако не тагувам долго по нестата не сум носталгицна секогас наогам нов мотив за срека,автосугестија.проблемите ги гледам како нов предизвик и највеке сто мразам е да цекам па толку сум нестрплива тоа е страсна работа,во глобала сум добра лицност хахахахах кој тоа не би го рекол за себе :rofl: посебен однос имам само со партнер и тоа кога подобро ме запознае тогас некако се правам лоса сто би рекла другарка ми ти не си лоса се правис таква но тоа е ради баланс на врската.. мозеби затоа сум сингл сега :rofl: :rofl:
     
  13. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Средна височина, доволна тежина.
    Сеуште растам, ама не верувам дека ќе ги надминам моите посакувани над 168 цм.
    Со тежината фала богу, сега сме многу усогласени, што ретко ни се дешава. :lol:

    Се случува луѓето да ме проценат погрешно и да ме карактеризираат како тоа што најмалку сум. Тоа е така затоа што не внимавам на првиот впечаток што го оставам. Сега почесто тоа го практикувам, затоа што сватив дека не може секој да ти ги чита мислите, како да те познавал со години.
    По природа авантуристка. Сакам да безделничувам, да уживам во сонце, дожд, снег, кал. Мене не ми сметаат природните појави, не ми смета премногу чистото нити пак прљавото, би сакала да искусам од се по нешто. Да научам од секоја вештина. Јас сакам тотални спротивности. Го наоѓам заедничкото помеѓу балетот и каратето, помеѓу лутото и слаткото, вкусното и горчливото. Сакам изненадувања и тие се дел од мојот живот. Се почесто ги отфрлам предрасудите за луѓето и го ценам секого до моментот кога ќе ми го сврти грбот. Секоја авантура за мене е искуство. Тежнеам кон тоа. Јас немам желба да бидам славна, богата и лице од насловната страница. Тие вечно ќе се незадоволни и алчни кон повеќе. Доколку имам се што ќе посакам незнам кон што би се наделавала, за што би се трудела. Не би сакала мојот живот да го следат папараци или да се натпреварувам со колешката која поскапа кола ќе купи. Не живеам за светот. Живеам за себе, моите најблиски, другари, пријатели.. оние со кои моментите ми се совршени. Ги ценам малите нешта и знам да и се восхитувам како да се 8-мо светско чудо, мене ми значи секој збор изустен со добра намера. Ги сакам критиките, особено кога ми се кажани в лице и на само, тогаш знам дека не се за да ме навредат, затоа што ако им било тоа намерата можеле истото да го кажат и во јавност. Едни од моите негативности се самокритичноста и тврдоглавоста. Но мене не ми сметаат, јас сум среќна што се дел од мене. Обожавам забави, тие се дел од мене. За мене забавата не е само во дискотека, и најобичнато кафе,чај,сок со другарките, мене ме расположува и ме прави среќна.
    Искусив околу 5 навидум вистински пријателства, од кои најмалку траеја две години, па се до цели 12 г.
    Не тие не завршија, но веќе не е ништо исто. Не не е поради караница, едноставно патиштата ни се оделија.
    Имам напишано дека не верувам во вистинско пријателство, но морам да кажам дека овдека се негирам.
    Јас не им се восхитувам на некои големи луѓе кои успеале во светот. Јас им се восхитува на луѓе тотално небитни на јавноста , непознати, некаде во мојата околина меѓу кои има и на фемина.
    Мала сум, и не се вака искажувам на јавност затоа што не е баш некој муабет за 14г. :D . Јас сум сосема обично, мало девојче кое штотуку го запознава светот. Знам да си набијам комплекси, да се загледам во некоја славна личност, да сакам до бол, да патам во себе, а сепак со насмевка да се трудам да ја скријам својата разочараност од животот. Убедена сум дека талентот е 99% работа и искуство.
    Ги почитувам сите спортови, стилови, хоби , активности и имам желба за сите да дознаам по нешто.
    Немам оформено некој посебен стил, јас се облекувам како повеќето на моја возраст. Често имам променливи чувства, а како што сум забележала многу ми влијаат туѓите мислења. Сеуште не сум зрела да си оформам свое, па јас сум копија на другите. Не лутете се, што понекогаш земам пример од вас, јас штотуку се оформувам себеси, морам некого да земам за пример.

    Малку ова бидна на долго и филозоффирано... Не ми замерувајте. :!: :$ :D
     
  14. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Средно висока (можеби малку пониска, ама сепак нормална :lol: ); тежина - 46/47 кг; темно кафеава (долга, малку под раменици) коса и очи. Toa e што се однесува до надворешниот изглед. :)

    Многу емоционална личност со лесно променливо расположение. Иако длабоко во себе чувствителна, во најголем број од случаите тоа не го искажувам. Недоверлива во другите луѓе, така да ми треба доста многу време за да стекнам доверба во некого. И покрај тоа, не се многу личностите во животов на кои им верувам.
    Некомуникативна, но тоа не значи дека и не сум дружељубива - сум, но ми треба време прво да ги проанализирам луѓето па потоа да им се отворам и да им ја испружам раката.

    Со еден збор, од една страна сум многу искрена, отворена, дружељубива, сочувствителна (со луѓе за кои барем јас сметам дека тоа го заслужуваат), од друга страна повлечена, затворена во себе, некомуникативна, дистанцирана, ладнокрвна.
     
  15. Plavokosa

    Plavokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    20
    имам плава коса, зелени очи, висока сум 165, а тежам 58кг. :)
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Имам виткана коса, која се уште ја опоравувам. Нивеата здравје и зема. Уште малку и пак ќе си имам здрави локнички. :inlove:
    Висока сум 166 цм и имам 55 килограми.
    Очите ми менуваат бои, на моменти се зелени, па кафени, па hazel. Најголем дел од времето се како третото.
    Носот и забите ич не си ги сакам. Имам лоша коска, сестра ми од мала комплекс ми наби, иако навистина не е толку лош. :$ Сум видела сто пати полоши. Забите не ми се и никогаш не ми ни биле бели. Имам жолта коска, но и вака и така ок ми се. Други нема да ги трпам. :^)
    На десната страна од лицето имам 7 мали бемки, на другата ниедна и тоа ме вади од такт.
    Горда сум на телото, иако не можам да се пофалам ама ич во предниот дел. Си ги обожувам нозете, бидејќи имам тенки, убави, манекенски што би рекла мајка ми. Немам колкови и целулит што ме радува како мало дете. Ама мешето е тука и постојано го пазам. :$
    Имам чуден, променлив карактер. Типичен бик. Заљубен средношколец. Песимист во душа.
    Моите идеи, моите сфаќања ретко кој ги разбира. Тешко читлива. Одредена личност го кажа правото нешто: предизвик. Дури и сама на себе сум си.
    Тврдоглава, љубоморна, посесивна, длабоки интереси кон литература, уметност, археологија, мода, дизајн, мистика и религии.
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Нешто што тотално ме опишува е една реченица од некоја страна за лајкување на ФБ, а таа гласи-
    “ Станувам во 8 часот, :o гледам 12“

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Wild-GirL, Adi888 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Ниска сум-157см.Тежина-48кг.Имам смеѓа барновидно ( бушавка) коса малку подолга од рамениците.Темно кафеави очи.Прав нос и полни усни долните малку повеќе заразлика од горните.
    Забите не ми се баш прави али сега работам на тој случај т.е носам мобилно апаратче.
    Младолика сум и тоа многу!Се нервирам дури.Иако имам 16ипол кога некој прв пат ќе ме види ми вели ти кое 8мо одд си? :D ....
    Телото не ми е нешто посебно ама не можам да се пожалам.Освен тоа што сакам да можев да пораснам уште малку.
    Во хороскоп сум вага исто и во подзнак и се што пишува за вагите ме опишува мене значи.Неодлучна сум и тоа многу.Тврдоглава.Инаетлива.Мирољубива и тоа многу не можам да поднесам насилство или неправда.Сакам се да си е онака во некоја рамнотежа.Никогаш не сакам да сум сама.Премногу се врзувам за луѓето и ептен ногу ногу ногу си ги сакам пријателите и семејството.Секогаш мислам дека сум во право и скоро е невозможно некој да ми го смени она што веќе сум си го зацртала.Дружељубива.И срамлива сум и опуштена зависно од ситуациите :D мирна сум и може да се каже дека сум малку повлечена.
     
  19. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Пролетно дејче со вечна есен во душата. Една познаничка, дупло постара од мене што се занимава со кабала, ми кажа дека имам стара душа, затоа не се радувам често. Не сум депримиран лик, далеку од тоа, ама не сум ни вечито среќна и кикотлива девојка.

    Имам гооолеми очи со боја на темен килибар. Среќа не ми се испакнати, па делувам како аниме девојка отколку ко да имам Базедова. :D Носе - си забегува на лево, ама е мало и не ми пречи. Усниња средно полнички, повеќе средни отколку полнички, ама имам цртка на долната усна што многу си ја сакам.

    Секогаш чувствувам некоја носталгија, скоро никогаш не сум задоволна со сегашноста, но секогаш сум благодарна што сум тоа што сум. Екстровертна сум, од прва може да ми тргне муабет со некој и истиот да трае со часови и часови. А не кревам на непознати броеви на телефон. :D Еднаш ми кажаа и дека сум била ексцентрична, имам специфична смисла за хумор, уште поспецифичен вкус за мажи.

    Тело, висока скромни 163 сантиметри. Ама тоа што го немам во висина го надополнувам во корпите на градникот, а богами и во злоба. :D Вечноприсутното стомаче, со изразита бемка на левата страна, бемката позади колено и онаа над десната веѓа ми се најспецифичниот знак на телото, покрај тетоважите.

    Коса, темно кафеава со црвен отсјај, густи рамни шишки напред, должина до под раменици. Не ми е лелеава, а толку многу сакам да биде. :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
    163цм, 50кг (се трудам уште 1 до 2 килца да накачам и тогаш се ќе биде ОК, ама за жал никако не ми успева :) ) Овен со подзнак Рак. Темно кафеава коса (пред 1мес ја скратив малку подолу од рамениците, ми се здосади цел живот ја носев долга), црни очи, полни усни, а кога се смеам на образите имам малечки дупчиња :)
    Импулсивна, дружељубива, мнннннннннннннннннннннноооогууууууууууууууу тврдоглава и инаетчија, креативна, спонтана, често пати доста несмасна :$ сакам да помагам секому кому можам, цртам, пејам, пишувам, во главно сум уметничка душа, голем романтичар. Сакам да патувам и да запознавам различни култури и да стекнувам нови пријателства. Велат дека сум предобра како личност, многу мила, но кога некој ми гази некој на нерви неможам да се контролирам и веднаш избувнувам. Директна сум, никогаш не вртам од околу за да стигнам до нешто, а она што го зацртувам во главата секогаш го иполнувам. Верувам во љубов на прв поглед, затоа што од кога ми се случи тоа до ден денес сум среќно заљубена :$ И мислам дека е доста, во моментот неможам да се сетам на нешто повеќе :)