Ќе ме нема една недела можи,немам ич време да пишам сега,ама после 15ти поактивно Ќе ве читкам ко ќе начекам wi-fi
Јас женски ќе бидам оправдано присутна тука, засекогаш! Шала на страна, од понеделник најверојатно ќе ме снема. На една-две недели. Ама не е сигрно, чекам потврда!
Оправдано отсутна поради обврски на факултет и преселување во Скопје за подолго. Сепак ќе ве читам при секоја можна прилика.
Јас да се пријавам за оправдано отсутна, преокупирана со факултет. Веројатно до нова година ќе ме нема.
Да се пријавам и јас за оправдано пристуно-отсутна. Нема да пишувам скоро ич, само по потреба(значи не толку активно како порано) ама сепак ќе ве читам од време на време и ќе модерирам со секое приклучување(а тоа ќе биде секој ден најмногу по еден час). Фала за разбирање. Чао.
2-3 дена се пријавувам за отсуство, вечер патувам за Белград. Ако имам нет ќе ви пратам pozdrav iz Beograda Ако не се читкаме од понеделник
Јас би требало да отсуствувам од форумов до февруари некаде, не знам ни сама колку колоквиуми и испити треба да спремам, башка семинарски, башка Нова Година, роденден, Божиќ, Бадник, слави, имендени... леле, леле, нема да знам за себе периодов и би било пожелно да се одјавам уште вечерва, до ... неодредено.
Јас најавувам отсуство од форумов, најверојатно засекогаш...или до некое подобро време. Намерно не го пишав ова во СДК, не сакам да бидам од типот барам внимание со заминување или јас заминувам сите да плачете по мене да видите што сте изгубиле и да ме молите да се вратам и не сакав да биде толку експонирано, сепак СДК си е СДК, не сакав воопшто ни да го напишам, ама ете, некако ќе се чувствувам ко да им должам на некои членки објаснување ако не го напишам. Знам дека многу ќе го поврзете ова со моменталните случувања со Реин и компанија, меѓутоа од старт да ве пресечам, причината не е тоа, не е ни дека форумот не е тоа што бил и слични такви глупости, форум си е форум, конфликти имало и ќе има, секаде е така кога има милион луѓе збрани на едно место, не може сите да бидеме истомисленици. Причината заради која заминувам е што на сајтов му се даде партиска обоеност, а јас не сакам да бидам дел од таква гнасна работа. Не дека некој многу ќе изгуби од моево заминување, или дека нешто многу ќе промени, или пак дека една реклама може да го обои цел сајт, ама сепак, ми боде очи и не сакам да бидам ни најмалку етикетирана како поддржувач на нешто што немам намера ни да го погледнам а не пак да го поддржам. Всушност, не сакам да бидам дел од ништо што има било каква политичка припадност. Го бојкотирам и овој и други сајтови со толку очигледни политички реклами, барем на интернет можам да направам селекција ако никаде на друго место. Поздрав девојки, мило ми беше, меѓу вас има навистина девојки што вреди да ги прочиташ (како и такви што вреди да ги скролаш со брзина на светлината, за жал), жал ми е што напуштам едно убаво катче каде си ги оставав мислите и чувствата и каде некогаш знаеше да има здрава дискусија.
Ќе бидам отсутна од форумов некое време, додека сум на екскурзија. Веројатно некаде околу 20 мај пак ќе се читаме, здравје. До тогаш, останете ми ведри и расположени!
Од утре 1 Мај, до Вторник 7 Мај....ќе бидам во Србија, ако имам понекгаш време на кратко ќе се пуштам, ако не, се читкаме од Вторник.
Наредната недела ќе бидам помалку на Фемина, бидејќи имам 2 екстерни тестирања, 1 тест и 2 испрашувања. Тоа е во понеделник, вторник, среда, четврток и петок. Ќе бидам активна, ама не многу.
Па... ќе сум отсутен од пишување сигурно уште пола месец до месец, дел ради испитите што ми идат сега во јуни, дел ради обврски и проекти на кои работам и дел ради тоа што немам волја превише да се замлатувам и да денгубам на фемина. It ain't worth it. А и ми помина бранот за редење постови како што ме дрмаше пред месец и половина. Приметив дека на интервали сум активен на овој форум, а тоа е претежно септември-октомври и март-април. За првиот период веројатно после летото сакам да се изнапишам и да кажам се што тлеело во мене, а за вториот период пред летото исто така да се испукам вербално. Ќе се вклучувам на фемина во овој период на отсуство, ама не верувам дека ќе пишувам многу, одмор пред одмор е добра работа.