1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опра Шоу (The Oprah Show)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 29 јануари 2011.

  1. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Како што знаме..ова ток шоу е едно од најпознатите и највисоко рангираните во Америка.
    Шоуто започна да се емитува на 8 септември далечната 1986 година...
    Има околу 24 сезони и преку 5000 епизоди..
    Најавено е дека шоуто ќе се снима и 2011 година,но и дека му се ближи крајот на 9 септември истата година.

    Легендарната Опра Винфри дава посебен сјај на самото шоу со својата способност овие емисии да ги направи позитивни,духовно инспиративни искуства.
    Преголемата великодушност,нејзината хуманост и оригиналност ја прават прекрасна личност.

    Мене лично ми се допаѓа што шоуто е разнолико и толку сеопфатно.Лични искуства и приказни од познатите како и од најобични луѓе од светот кои имаат нешто да споделат со јавноста.
    Шоуто има посебен ефект врз женскиот пол.
    Некои епизоди ми ги полнат очите со солзи,некои ми лепат насмевка на лицето.

    Колку вие го следите шоуто?
    Дали ви се допаѓа?
    Која емисија ви оставила најсилен впечаток?


    Јас искрено не сакам да му дојде крајот! :shake:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Дел од информациите се преземени од Википедија!
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    не ја следам многу Oпра, само знам дека пуна е пари од тоа шоу :D
    највеќе го гледам Mаури шоу, не верувам дека некој го знае, на Jутуб го гледам, одлепено смешно... :D Kо џери спрингер само што е милион пати подобро, и реални се луѓето дефинитивно ;) веќе година дена го гледам на јутуб, на други места го нема :(
     

    Прикачени фајлови:

    • 0.jpg
      0.jpg
      Големина на фајлот:
      22,6 KB
      Прегледи:
      298
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.261
    Допаѓања:
    89.923
    Пол:
    Женски
    Едно време ја гледав постојано, дури и репризите. Ми се допаѓа многу како водителка, а и речиси сите емисии биле одлични. Сега незнам на која телевизија ја даваат?
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Јас гледам само кога ќе фатам . Ми кажаа дека солзите не и се вистински , ставала нешто за да и потечат . Знае некоја повеќе околу ова ? :^)
     
  5. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Вчера гледав една епизода...
    Како што знаеме Опра често прави емисии наречени "My favorite things" во кои работи кои неа и се омилени ги поклонува на сите во публиката.
    Оваа емисија е последната од таков вид која Опра ја прави..и беше прекрасна..
    Покрај сите видови на подароци кои ги поклони на публиката..им поклони и по една Буба на секој еден во публика!
    И тоа од најновиот модел кој ќе излезе во продажба во 2012! ]:)
    http://www.youtube.com/watch?v=bbxufNX8RcQ
     
  6. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    ^ Ја гледав оваа епизода. Навистина беше прекрасно изненадување за сите :up: :clap:

    Инаку ја обожавам Опра. Ја следам најчесто на хрватската HTV1, малку каснат со епизодите, но нема гајле. Го следам шоуто и на интернет. Некои од епизодите кои ми оставиле впечаток се Healing mothers, healing daughters мислам дека се викаше, во врска со комплексите кои мајките ги имале во младоста а сега се пренесени на нивните девојчиња. Исто така една епизода каде тема беше самодовербата, потоа епизодата кога гостинка беше Бијонсе...и многу други. Ми се допаѓа шоуто затоа што е еден вид на релаксација, а во исто време и може да се научат многу работи. Ја сакам Опра заради нејзината смисла за хумор и нејзиниот однос кон публиката. Многу ќе ми биде жал што ќе заврши :worried:
     
  7. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Не ја гледам многу емисијава, веројатно бидејки не се прикажува на нашите канали.. неколку пати ја имам начекано на скај нет телевизија мислам, и тоа е тоа.. инаку ми се допаѓа вака од тоа што видов.. и она и емисијата :)

    Душица, какви фејк солзи? :^) Демек кога требало да заплаче и ставале нешто во окото? втф!! :o

    Што уба работичка а? си седиш и си збориш со луѓето, и гомила пари од тоа вадиш.. што е лесен животот бре бре :D
     
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Ја обожавам Опра. Толку е богата, а сепак многу хумана. Редовно ја следам, особено ми се интересни емисиите со Д-р Оз, многу добри совети дава човекот. Најсилен впечаток ми има оставено емисиите со Бијонсе и калуѓерките. Ми се допаѓа емисијата во целост, доста е поучна.
    Инаку сега ја има на hrt1