Да и тоа премногу. Порано на компјутер сега телефонот од раце не го пуштам. Најчесто сум на социјални мрежи.
Искрено не толку бидејќи работам од понеделник до петок а викендот ми е битно да се одморам и прошетам. Секако сакам да видам што има ново, ама не да сум опседната. Познавам особи што болни паѓаат ако еден ден не стават стори. Го сакам интернетот во граница на нормала, ама да сум преопседната што да ставам на стори или да сум 24/7 на нет не сум. Секако кога сум на одмор некаде ставам и стори или во слични прили ако се поддотерам, но во граница на нормала.
Со интернет да - првенствено затоа што 80% од работата ми е преку интернет. Со социјални мрежи не и не користам ништо од нив (деактирав пред повеќе од една година фб, инста, снап)
Кога сум зафатена, било со работа или со приватен живот, многу помалку сум на интернет. Инаку знам и да претерам, делумно и затоа што ми е поврзано со работата, но често за глупости трошам време
Да, телефонот ми покажува дека временски седам на телефон колку едно цело работно време И мајка ми нон стоп ми вели дека претерувам, ама некако џабе зборењето
Да, посебно кога сум на работа постојано користам интернет. И секоја недела телефонов ми покажува дека рушам рекорди. Оваа недела во просек сум седел по 10 часа на интернет.
Има денови кај што киснам на сториња. И се освестувам дека два саати вртам без везе и се нервирам зашто си го губам времето.
Во последно време не.Најголем дел го поминувам читајќи на Фемина,на фб влегувам да честитам роденден ако му е на некој и ако разлистам на пет минутки.Инстаграм се поретко користам.По потреба користам и ако нешто пребарувам на гугл или ме интересира па барам.
Не би рекла дека сум опседната, кога имам обврски не осеќам потреба да седам на интернет, туку во денешно време е неопходно средство за информирање и комуникација.