Јас сум многу опседната по облека. Секогаш се носам модерно и така ми е најубаво, а за штикли не сум многу.
Јас со штикли сум опседната. Морам да купувам и ако не купам после цело време во мисли ми се. Морам да се одвикнам, дома дуќан ќе отворам
Опседната сум по хеланки. Најудобно се чувствувам во нив. Ги имам во разни бои и дезени. Не сум некој обожавател на штикли. Ретко ги носам.
Опседнадата сам по купување. Нешто ако видам ми се допадне и не го земам цело време го мислам. Мора некако да се одвикнам од купување дома слободно можам да отворам продавница за облека,штикли и ташни, одма како комплети ќе ги продавам. Опседната сум посебно по ташни.
Не сум опседната со купување нешто ново. Никогаш не купувам на почеток на нова сезона.Тоа правило си го почитувам затоа што не сакам да платам нешто што на намалување вреди 50% помалку. Правам план што ми е потребно за претстојната сезона и тоа разгледувам низ продавниците. Отстапки правам за обувки затоа што носам мал број и потешко наоѓам, па не бирам во која сезона и што купувам. Се случува во зима да купам чевли и сандали. Ако најдам нешто на намалување за малку пари, може да земам, иако признавам дека првично се колебам, па пред да заминам ќе поминам на каса. Но, ретко се случува да купам непланирани работи. Слабост ми е бижутерија и колку и да имам секогаш нешто ми недостасува.