Нормално, пред да ја отворам темава барав во случај да постои веќе но не забележав. Сакам да отвориме дискусија и на оваа тема. Прво, да ја дадеме дефиницијата иако на сите ни е добро позната оваа појава. Егзорцизам е верски ритуал на протерување демони или други духовни сили од некое лице или место за кое се верува дека е опседнато.Во зависност од духовните верувања на Егзорцистот (истерувач на духовни сили), егзорцизам може да се направи со нудење на лицето да изврши заклетва, вршење на целосен ритуал, или едноставно со наредба таа духовна сила да замине во името на повисока сила.Овој ритуал е доста стар и дел од системот на верување на многу култури и религии. Можат да се забележат многу видови на егзорцизми и ритуали во различни вери. Всушност, егзорцизмот е споменат во секоја религија. (Преземено од www.wikipedia.org.) Опседнатоста од демони може да биде моментална, како напад од страна на некоја сила, односно дух или демон, а може да биде и подолготрајна каде демонот сериозно сака да му наштети на човечкото суштество или едноставно да си се „всели“ во него и да живее целосно манипулирајќи со човекот. Во тој случај, единствен спас е да се изврши егзорцизам врз опседнатата личност. Забележани се многубројни случаи на опседнатост од демони и извршување на егзорцизам кои некои завршиле среќно но некои несреќно, со смрт. Дел од случаите се во линк подолу. Spoiler http://puls24.mk/zanimlivosti/zanimlivosti/11904-vistinski-slucai-na-egzorcizam Spoiler: Видеа Што вие би кажале за ова?
го гледав вчера филмот Егзорцизам на Емили Роуз базиран според вистинска приказна, сторијата ме фасцинира Јас не верувам во демони и нивна опседнатост Поверодостојно и повеќе за верување ми е појавата на шизофренија, психички проблеми, ментална болест
Јас ниту верувам ниту не верувам . Не сум имала блиска средба со духови и слични сили , но филмот Егзорцозам на Емили Роуз го имам гледано , исто ја гледав и сторијата со вистинската Емили на јутјуб ( мислам дека сега е избришана , но не сум сигурна ) , и имаше делови од животот на Емили под опседнатост на духовите . Можеби е монтажа можеби не , но знам дека бев вчудоневидена од сето ова .
Најголема ѓаволова измама е што успеал да го убеди современиот човек, дека не постои духовен свет. Како да стотици години пред, човештвото верувало во бајки, па наеднаш разумот зацарувал и човекот напокон открил дека самиот е Бог. Каква невистина, која почива и се храни со гордоста човекова. Секако дека постои демонска опседнатост, но малку се говори за тоа и само мошне јаки духовници можат да помогнат. Молитва, пост, исповед, причест и голема борба под водство на духовно лице. Инаку не треба многу да се размислува и чита за ова. Секако да се избегнуваат филмови на тема ѓавол и слично. Бидејќи грешната природа човекова лесно се закачува за помисли демонски, кои како птици летаат околу нас, чекајќи само дозвола наша, гнездо да свијат.
Како пред појавата на христијанството, политеистичкото човештво илјадници години да верувало во бајки, па конечно открило дека постои еден Бог. Се извинувам за офтопик. Не верувам во демони, ѓаволи и нивни протерувачи. Се си има логично објаснување, почнувајќи од психички растројства, до експерти за хипнотерапија.
Темата е демони. Политеистите исто така верувале во нив. Поточно отсекогаш и секаде, духовниот свет бил присутен. За се друго на религија имаш.
Вакво нешто се случи на едно девојче кај мене во школо. Јас лично не ја видов, ама тие што ја виделе беа сите пребледени, преплашени, една дури плачеше од што беше потресена. Излегоа и муабети дека ѓавол влегол во неа, затоа што очите ѝ биле црвени, ама тоа нормално дека ќе ѝ бидат кога си бил изложен на вакво нешто. Не верувам во демони, ама интересно ми е да читам вакви ствари.
Бидејќи сум верник, а и самата основна молитва споменува " избави нè од лукавиот" , знам дека и самата религија признава постоење на двете сили. Омилен филм со ваква тема ми е "истерувач на ѓаволот" и гледан ми е десетици пати.
Па ете нека биде темата демони. Во античко време поимот демон не бил сфатен злоќудно, како што го сфаќаме сега ние. И атеизмот бил присутен секогаш и секаде. И во антиката бил несфатен и прогонуван (властодршците преферираат богобојазно население, полесно се контролира) Дали ти денес веруваш во постоењето на Зевс, Хера, Атена, дали ги почитуваш како богови и дали веруваш дека живеат на врвот од планината Олимп? Претпоставувам дека не, и тука е поентата. За некој век може христијанството да биде напуштено, и ништо нема да се случи, сонцето ќе продолжи да грее. Погледни го будизмот, нетеистичка религија и ништо не го спречи да опстојува подолго од христијанството.
Тоа што демоните или духовите во антиката, можеле и добри да бидат, не ја менува суштината, дека биле дел од духовниот свет, кои атеистите го негираат. Не гледам никаква потреба да се прави паралела, кога јасно се изјаснуваш дека не веруваш во сето тоа. И денес некои луѓе обожаваат демони. Човекот е просто и духовно битие, се е тоа природно,без разлика што многу не се свесни, колку е и погубно. А, будизмот е секако заводлив, дава привид дека секоја единка може и без Бога да достигне спокој. Демонски е тоа, секако.
Ова е вистина и филмот со Емили е според вистинска приказна го имам гледано. Во секој човек има свети дух кој после смртта излегува но некои се зли од лоши луѓе кои не се покајале и не се промениле или пак напатени луѓе кои душата не им е мирна а во сето тоа игра улога ѓаволот со тоа што некои стануваат зли духови наречени демони. Дали се сеќавате на емисијата "Големиот брат"? Епа сега имало иста таква само нова наречена"Happy" (ако ме се лажам дека така ми кажаа дека се вика) и запазете што се десило. Едно девојче од мисијата Јована кое престојувало заедно со сите си имало одамна такви проблеми паранормални и остото и се дешавало и тука и повикале човек кој лечи од надприродни сили човек кој има таква дарба од бога и погледнете што се случи еве ви линк http://www.kurir.rs/stars/video-hor...source=ia&utm_medium=referral&utm_campaign=ia И пронашол три демони во неа, и како тој и лажува молитви таа бега од него нозете самите и идат наназад ама скроз истото како од филмот Емили. И и рекол кога ќе излезе од мисијата ќе ја излечи. Јас девојки се плашам бидејќи трета година по ред имам такви маки незнам само колку постови ви имам изнапишано во темата "необјасливи случки" и овдека влегов во темава со цел да пишам и тука дали знае некој да ми каже човек кој лекува од вакви работи (дури почнав и да ги гледам како светлина навечер која за секунда се префрла од едно место на друго да не ви кажувам повеќе страшно ) то ес само како на преглед да појдам недај боже да има нешто но тој стрикно знае за тие работи ќе ми каже што е проблемот ако знаете пишете адреса,број..?
Јас нормално би рекол тоа што ке го видам во тоа верувам...мислам на оваа тема....гледав еднаш видео можеби постои уште...во руски затвор или што и да беше...онемев со тоа што се случуваше во собата...креветот леташе и останатиот мебел на сите страни а личноста во собата беше баш необјасливо...
Не постои лош дух, туку лоша енергија. Незнам за егзорцизам, ама еднаш поминувавме со кола и сестра ми здогледа како некој "калуѓер" лебди по патот со црвени очи. Чудава на светов не се докрај иследени а и кој знае што чуда уште постојат..
Егзорцизаам е извршен и во мкд неколку пат и тоа не биле условно да ги наречам пациенти само од мкд...а дали навистина биле во прашање демони незнам...локацијата не е битна
токму за ова и служи црквата , да не одиш по бајачки и гатачи и егзорцисти , сите тие им служат на демоните кои те плашат и те притискаат , се надевам дека си христијанка , најди си духовник (свештеник кој е ракоположен од владика да води духовни чеда) и во библијата е објаснето убаво како се изгонуваат нечистите демони (овој род се изгонува само со пост и молитва) и така , за секого важи тоа , инаку и искуството го потврдува ова што го пишувам , само црквата успеала да излечи душевни болести.
Да да христијанка сум, да може и така како што велиш но егзорцистите немаат никаква врска со гатање, баење и правење да не кажам "ачирибучири-ба" тие се како вештерки јас не верувам во нив. Но егзорцистите баш се поврзани со бога имаат таква дарба од бога и исто читаат МОЛИТВИ а не ачирибучури -ба да се разбереме два различни поими се тоа. Инаку така е се како што велиш само Бог е моќен само тоа може да излечи ништо друго ТЕ ПОДРЖУВАМ само сакав да прашам дека и овие луѓе се водат под истото то ес ја применуваат библијата. Но каде да најдам свештеник или во некој манастир да појдам, бидејќи живеам во мал град па морам негде подалеку да одам па дадете некој предлог ...? Фала ти многу
да одиш само во црква , и секој што не е од црквата а се занимава со нешто што е поврзано со човечката душа , му служи на гаволот , верувај , знам што пишувам