1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опседнатост од демони и егзорцизам

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Bitter-Sweet, 27 јули 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Нормално, пред да ја отворам темава барав во случај да постои веќе но не забележав.
    Сакам да отвориме дискусија и на оваа тема. Прво, да ја дадеме дефиницијата иако на сите ни е добро позната оваа појава.

    Егзорцизам е верски ритуал на протерување демони или други духовни сили од некое лице или место за кое се верува дека е опседнато.Во зависност од духовните верувања на Егзорцистот (истерувач на духовни сили), егзорцизам може да се направи со нудење на лицето да изврши заклетва, вршење на целосен ритуал, или едноставно со наредба таа духовна сила да замине во името на повисока сила.Овој ритуал е доста стар и дел од системот на верување на многу култури и религии. Можат да се забележат многу видови на егзорцизми и ритуали во различни вери. Всушност, егзорцизмот е споменат во секоја религија. (Преземено од www.wikipedia.org.)

    Опседнатоста од демони може да биде моментална, како напад од страна на некоја сила, односно дух или демон, а може да биде и подолготрајна каде демонот сериозно сака да му наштети на човечкото суштество или едноставно да си се „всели“ во него и да живее целосно манипулирајќи со човекот. Во тој случај, единствен спас е да се изврши егзорцизам врз опседнатата личност.

    Забележани се многубројни случаи на опседнатост од демони и извршување на егзорцизам кои некои завршиле среќно но некои несреќно, со смрт. Дел од случаите се во линк подолу.







    Што вие би кажале за ова?
     
    На EvAngelos, maca cvet, Vitaly и 3 други им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    го гледав вчера филмот Егзорцизам на Емили Роуз базиран според вистинска приказна, сторијата ме фасцинира
    Јас не верувам во демони и нивна опседнатост
    Поверодостојно и повеќе за верување ми е појавата на шизофренија, психички проблеми, ментална болест
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Јас ниту верувам ниту не верувам . Не сум имала блиска средба со духови и слични сили , но филмот Егзорцозам на Емили Роуз го имам гледано , исто ја гледав и сторијата со вистинската Емили на јутјуб ( мислам дека сега е избришана , но не сум сигурна ) , и имаше делови од животот на Емили под опседнатост на духовите . Можеби е монтажа можеби не , но знам дека бев вчудоневидена од сето ова .
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Најголема ѓаволова измама е што успеал да го убеди современиот човек, дека не постои духовен свет. Како да стотици години пред, човештвото верувало во бајки, па наеднаш разумот зацарувал и човекот напокон открил дека самиот е Бог.
    Каква невистина, која почива и се храни со гордоста човекова.

    Секако дека постои демонска опседнатост, но малку се говори за тоа и само мошне јаки духовници можат да помогнат.
    Молитва, пост, исповед, причест и голема борба под водство на духовно лице.

    Инаку не треба многу да се размислува и чита за ова. Секако да се избегнуваат филмови на тема ѓавол и слично.
    Бидејќи грешната природа човекова лесно се закачува за помисли демонски, кои како птици летаат околу нас, чекајќи само дозвола наша, гнездо да свијат.
     
    На LegallyBlonde13, crazylady, maca cvet и 5 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Како пред појавата на христијанството, политеистичкото човештво илјадници години да верувало во бајки, па конечно открило дека постои еден Бог.

    Се извинувам за офтопик.
    Не верувам во демони, ѓаволи и нивни протерувачи. Се си има логично објаснување, почнувајќи од психички растројства, до експерти за хипнотерапија.
     
    На biGirl, blackwave, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Темата е демони.
    Политеистите исто така верувале во нив.
    Поточно отсекогаш и секаде, духовниот свет бил присутен.
    За се друго на религија имаш.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Вакво нешто се случи на едно девојче кај мене во школо. Јас лично не ја видов, ама тие што ја виделе беа сите пребледени, преплашени, една дури плачеше од што беше потресена. Излегоа и муабети дека ѓавол влегол во неа, затоа што очите ѝ биле црвени, ама тоа нормално дека ќе ѝ бидат кога си бил изложен на вакво нешто. Не верувам во демони, ама интересно ми е да читам вакви ствари.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум верник, а и самата основна молитва споменува " избави нè од лукавиот" , знам дека и самата религија признава постоење на двете сили.
    Омилен филм со ваква тема ми е "истерувач на ѓаволот" и гледан ми е десетици пати.
     
    На Ina-Mar и LadyC им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Па ете нека биде темата демони. Во античко време поимот демон не бил сфатен злоќудно, како што го сфаќаме сега ние.
    И атеизмот бил присутен секогаш и секаде. И во антиката бил несфатен и прогонуван (властодршците преферираат богобојазно население, полесно се контролира)
    Дали ти денес веруваш во постоењето на Зевс, Хера, Атена, дали ги почитуваш како богови и дали веруваш дека живеат на врвот од планината Олимп? Претпоставувам дека не, и тука е поентата. За некој век може христијанството да биде напуштено, и ништо нема да се случи, сонцето ќе продолжи да грее.
    Погледни го будизмот, нетеистичка религија и ништо не го спречи да опстојува подолго од христијанството.
     
    На crazylady, Bender Rodriguez, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Тоа што демоните или духовите во антиката, можеле и добри да бидат, не ја менува суштината, дека биле дел од духовниот свет, кои атеистите го негираат. Не гледам никаква потреба да се прави паралела, кога јасно се изјаснуваш дека не веруваш во сето тоа.
    И денес некои луѓе обожаваат демони. Човекот е просто и духовно битие, се е тоа природно,без разлика што многу не се свесни, колку е и погубно.
    А, будизмот е секако заводлив, дава привид дека секоја единка може и без Бога да достигне спокој.
    Демонски е тоа, секако.
     
    На AndyRad, LegallyBlonde13, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Ова е вистина и филмот со Емили е според вистинска приказна го имам гледано. Во секој човек има свети дух кој после смртта излегува но некои се зли од лоши луѓе кои не се покајале и не се промениле или пак напатени луѓе кои душата не им е мирна а во сето тоа игра улога ѓаволот со тоа што некои стануваат зли духови наречени демони.
    Дали се сеќавате на емисијата "Големиот брат"? Епа сега имало иста таква само нова наречена"Happy" (ако ме се лажам дека така ми кажаа дека се вика) и запазете што се десило.
    Едно девојче од мисијата Јована кое престојувало заедно со сите си имало одамна такви проблеми паранормални и остото и се дешавало и тука и повикале човек кој лечи од надприродни сили човек кој има таква дарба од бога и погледнете што се случи еве ви линк http://www.kurir.rs/stars/video-hor...source=ia&utm_medium=referral&utm_campaign=ia
    И пронашол три демони во неа, и како тој и лажува молитви таа бега од него нозете самите и идат наназад ама скроз истото како од филмот Емили. И и рекол кога ќе излезе од мисијата ќе ја излечи.
    Јас девојки се плашам бидејќи трета година по ред имам такви маки незнам само колку постови ви имам изнапишано во темата "необјасливи случки" и овдека влегов во темава со цел да пишам и тука дали знае некој да ми каже човек кој лекува од вакви работи (дури почнав и да ги гледам како светлина навечер која за секунда се префрла од едно место на друго :( да не ви кажувам повеќе страшно :() то ес само како на преглед да појдам недај боже да има нешто но тој стрикно знае за тие работи ќе ми каже што е проблемот ако знаете пишете адреса,број..?
     
  12. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Јас нормално би рекол тоа што ке го видам во тоа верувам...мислам на оваа тема....гледав еднаш видео можеби постои уште...во руски затвор или што и да беше...онемев со тоа што се случуваше во собата...креветот леташе и останатиот мебел на сите страни а личноста во собата беше баш необјасливо...
     
    На EraBon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Не постои лош дух, туку лоша енергија. Незнам за егзорцизам, ама еднаш поминувавме со кола и сестра ми здогледа како некој "калуѓер" лебди по патот со црвени очи. Чудава на светов не се докрај иследени а и кој знае што чуда уште постојат..
     
  14. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Егзорцизаам е извршен и во мкд неколку пат и тоа не биле условно да ги наречам пациенти само од мкд...а дали навистина биле во прашање демони незнам...локацијата не е битна :)
     
    На EraBon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Машки
    токму за ова и служи црквата , да не одиш по бајачки и гатачи и егзорцисти , сите тие им служат на демоните кои те плашат и те притискаат , се надевам дека си христијанка , најди си духовник (свештеник кој е ракоположен од владика да води духовни чеда) и во библијата е објаснето убаво како се изгонуваат нечистите демони (овој род се изгонува само со пост и молитва) и така , за секого важи тоа , инаку и искуството го потврдува ова што го пишувам , само црквата успеала да излечи душевни болести.
     
    На sonuvana, LadyInTheDark и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Пост, причест и молитва чуда прават, баталете гатачи и бајачи. :)
     
    На sonuvana, agios, LadyInTheDark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Одлично мислење ама остави простор за дебата не биди лоша ке треба да се затвори темата :)
     
    На EraBon и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  18. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Да да христијанка сум, да може и така како што велиш но егзорцистите немаат никаква врска со гатање, баење и правење да не кажам "ачирибучири-ба" тие се како вештерки јас не верувам во нив. Но егзорцистите баш се поврзани со бога имаат таква дарба од бога и исто читаат МОЛИТВИ а не ачирибучури
    -ба да се разбереме два различни поими се тоа. Инаку така е се како што велиш само Бог е моќен само тоа може да излечи ништо друго ТЕ ПОДРЖУВАМ само сакав да прашам дека и овие луѓе се водат под истото то ес ја применуваат библијата. Но каде да најдам свештеник или во некој манастир да појдам, бидејќи живеам во мал град па морам негде подалеку да одам па дадете некој предлог ...? Фала ти многу :)
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до мене, простор има. :D
     
  20. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Машки
    да одиш само во црква , и секој што не е од црквата а се занимава со нешто што е поврзано со човечката душа , му служи на гаволот , верувај , знам што пишувам
     
    На sonuvana, LadyInTheDark и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.