Убаво ти зборува односно пишува кримсон, најдобро е да поразговараш со стручно лице, психијатар, психолог. И да им кажеш што се гледаш слушаш. Колку повеќе одложуваш толку повеќе ќе запаѓаш во такви случувања. Појди во Понеделник веднаш. Разговарај со мајка ти татко ти.
Епа иди кај матичната и кажи и, ќе ти даде одма упат за на психијатар (матични не можат да даваат за на психолог)
Значи ќе разговараш повторно, а и како што напоменав психијатар под итно. Не се затворај во себе разговарај за тоа со некој близок, прави медитации, читај некоја весела книга. Прави прошетки во природа. Значи пробај на било кој начин да ги отргнеш мислите од тоа. Ако наоѓаш мир и во црква ете оди и таму кажи си молитва и сл. Но стручна лекарска помош да побараш
имам побарано но мојата докторка ми вели дека тоа е само некој период низ кој поминувам и вели дека тоа не постои не верува и нема жива сила која ќе ја убеди. Имам неколку пријателки на кои им кажувам и они ми помагаат секогаш
Епа ако и имаш побарано, а не ти дала, катастрофа ти е матичната. Како добра докторка таа треба сама да те упати на психијатар, за полесно да ти помине периодов.
она се си објаснува според некоја нејзина наука вика ама ти сигурно спиеш и после ко ќе станиш мислиш дека е вистина
Вака прво матичната не е стручна да проценуа таква психичка состојба должна е да ти даде упат за на психијатар. Второ земи некој таблетки на билна база за смирување незнам ќе прашаш во аптека или хелексче некое. Ситуацијата не е така едноставна а верувам не си во состојба сама да ја процениш.
Каква докторка е таа? Ти очигледно имаш некои потиснати стравови, и мора да разговараш со стручно лице. Речи и да ти даде упат или закани и се дека ќе ја промениш матичнта. Таа од тебе пари зема и мора да те послуша и да ти помогне.
@maca cvet леле бе девојченце Мала си, не може со другарки да се справуваш со ова. Разговарај со твоите и убеди ги да те сфатат сериозно, да отидеш со возрасен на лекар. А матичната е должна да ти даде упат за на психијатар. Халуцинации се тоа, не е едноставен проблем, не си играј
немам стравови јас до пред некое време не верував во овие работи и вопшто не се плашам знам дека сум посилна од нив, сепак сакав да разговарам со стручно лице ми помага еден психијатар од Америка иако е само со допишување многу ми помага