Психијатар од Америка, како прво, знаеш ли дали е воопшто психијатар? Никој психијатар не ти работи без пари, најмалку од Америка. И јас волонтирам да им помагам на луѓе кои минуваат низ се и сешто во животот, ама со строга забрана да им давам совети, да им се мешам, да им коментирам. Чисто, да ислушаш некој на другата страна. Ти треба психијатар, што е до тебе, што има лиценца и што ќе ти каже што точно ти се случува. И нова матична.
тоа е најмогу што можам да го направам премногу ми помага жената од Америка го слуша секој мој збор има преголемо разбирање за мене на мои години поминала низ истото. Не ми зема пари бидејќи и е роднина на мојите две најдобри пријателки
Да де, пред некоја вечер жива кукла имало во куќата. Мислам, ако немаш ништо паметно да кажеш, подобро не коментирај. Психичките растројства не се за твоја разонода.
Добро, не мора одма да напаѓаш. Коментарот со куклата е во друга тема а не овде, сега го прочитав. Таа овде има пишано дека ,,демонот" веќе не го видела и затоа ја прашав.
Се сложувам со Кримсон,на девојчето му треба психијатриска помош. Самата се убедува дека е добро и мислам дека за третманиве измислува и се залажува дека и е подобро. Незнам како родителите нејзини не ја приметуваат толку.
Тогаш престанува викаш. Овој коментар многу кажува. @LadyInTheDark со тебе што бидна? Се реши ли твојот проблем?
И по некое време пак се враќа. Зошто верувате во опседнатост со демони? На девочето и треба психијатар. Некаа си оди пак во манастир секој дена ако треба, ама психијатар плус и е потребен.
Два пати @maca cvet ја цитирав, два пати ти @DAngel ми одговори место неа. Може сама таа си каже. Ок, нека побара стручна помош.
мацо, ух сори што ти чепкав по профил, ама... гледање мн хорор, читање за демони, опседнатост и сл. колку што знам не се препорачливи за луѓе кои ги сфаќаат работите сериозно... плус тоа, добри мисли = добри визуелизации = добро расположение лоши мисли = лоши визуелизации = лошо расположение Spoiler: лично искуство сите што сме ја отвориле оваа тема е зашто нешто не заинтересирало. НО НЕ СИТЕ СЕ ОПТОВАРУВАМЕ СО ТОА. јас на пример имав еден период кога гледав само хорор филмови, се замарав со глупави стории од creepypasta и после ми беше став да идам до купатило сама на мои 15 години. за жив срам и грев. и што се деси потоа.... престанав. И ден денес интересно ми е да си читкам такви ствари ама не се врзувам за тоа. од здодевност и забава. а не од тоа што планирам да постамам егзорцист. Еден близок другар еднаш ми се довери дека гледал деформирани лица и разговарал со нив. Јас и кажав за тоа на тетка ми пошто она е лекар, и она ми рече дека тоа е типичен пример за шизофренија. Но еве го дечкото, без да оди на доктор, престана да се оптоварува со такви работи, си живее нормален живот. Поентата ми е, смени го стилот на размислување. се согласувам со @Petar80 . Сите овде ти даваме совети да одиш на психијатар, но малку треба да се потрудиш и ти самата. Место да гледаш човечки скелети, гледај цветчиња на пример. Многумина го знаеме цитатот од деп проблемот не е проблем, туку нашиот став кон проблемот. и она за докторката мислам дека другите погрешно те разбраа, Дали си покушавала да ја убедиш дека е вистина за твојот ‘‘демон‘‘?? ... па секако дека нема да ти верува. не ме сфаќај погрешно плизз. разговарај со стручно лице и со некој близок. се надевам дека ќе бидеш поарна
За молитва и пост знам, Исус го вели тоа во Библијата. Ама прв пат слушам дека и со причест се изгонуваат демони. Сум гледал на хорор филмови како католички свештеник му дава леб вино на опседнатиот... на тоа ли се мисли?
@maca cvet ова е сериозно психичко нарушување, мораш под итно да одиш на психијатар. Ај што си опасна за околината, опасна си и за себеси. Може многу лошо да заврши целава приказна, ,,гледајќи демон'' може да се убие човек. Порано шизофренијата ја сметале за опседнатост од демони, сега барем знаеме за што се работи и како се лекува.
Ти не и бараш упат за верски храм, ниту за некое здружение на атеисти. Нејзините верувања настрана, со твоиве искуства она е должна да ти даде упат за психијатар. Или смени ја, или пушти го мобилниот да снима аудио како не ти дава упат и лично ја ќе се погрижам за 2-3 дена да и ја одземеме лиценцата. Во Библијата пишува: „Затоа, кој јаде од лебов или пие од оваа Господова чаша, на недостоен начин, ќе биде виновен против телото и крвта на Господа. Но, човекот нека се испита себеси, и така да јаде од лебот и да пие од чашата, зашто кој јаде и пие, а не Го распознава Господовото тело, јаде и пие за свое осудување. Затоа мнозина се слаби и болни меѓу вас, а мнозина и умираат.“ (1 Коринтјаните 11:27-30, Библијата) Евентуално опседнатиот од демон сигурно не е верник и тој не го распознава Господовото тело во лебот и виното, што значи дека кога тој/таа би земал од причеста, тој би јадел и пиел за свое осудување. Се разбира дека болниот или опседнатиот нема вина доколку некој друг насила му дава причест, но доколку сам зема на недостоен начин, тоа е лошо за него/неа. Овде гледаме колку причеста е света и Бог не дозволува да се прави пародија од неа или да се зема со непочитување. Причеста Исус ја воспостави со цел да биде спомен и навестување на Неговата застапничка смрт за нашите гревови. Знам дека имаме различни верувања и не сакам да ти сугерирам, но јас сериозно би внимавал кога би ја користел причеста за било која друга намена гледајќи колку Бог сериозно ја штити нејзината светост што некои верници дури и умирале заради недостојно учество во неа.
Toa што ми е пишано на профилот тоа не е нешто зериозно. Беше од текст на една песна и кладба дали ќе успеам да го напишам тоа. Не гледам хорор филмови бидејќи имам некој проблеми со срцето така да не сакам да завршам во болница. Ова со психијатарот е добра идеа не велам не, јас веќе имам подршка од една психијатарка. Сепак верувам и знам дека бог е со мене
@maca cvet не сакам да се повторувам, но имаш сериозен проблем. Одење кај стручно лице во никој случај не можиш да си дозволиш да го пропуштиш. Кога ти го читав мислењето, ме лазеа морници, не дека верувам во тоа што го пиша туку колку можи мозокот да си поигра со човек. И гледај, оди побрзо. Слободно оди во црква, манастир, моли се, причести се, ама немој да не побараш помош од стручно лице - психијатар. Неопходно е. Се надевам дека се ќе се среди, for good. Се најдобро.