Период цело средно школо до прва-втора на факс...со еден на кого сега ни мрсул не би фрлила (инаку бивш дечко со кој малку одевме), кој ме научи на лекцијата никогаш веќе да не си дозволувам да си праам таков бајрам со паметот. По тој период, не сум се опседнувала со никого...aли изгледа морало еднаш да се изгорам за да ми дојде памет. Никогаш, ама никогаш не си дозволувајте да се опседнете со некого. Најлошо нешто, избегнувајте го колку што можете.
Го сакам најмногу.Прва љубов.Прва врска со него Тој ми е се.Понекогаш помислувам на тоа дека сум премногу опседната со него и почнувам да се нервирам.Имам страв да не го изгубам :/ Некогаш и љубомората неможам да ја контролирам, и слабо му верувам.Иначе да,не поминува ноќ а да не сонувам нешто.. Така да често го сонувам него,а ми имаат кажано дека премногу често мислам на него затоа е така...
јадам- мислам на него, одам на училиште- мислам на него, спијам- го сонувам, седам на фб- висам на неговиот профил, гледам телевизија- го замислувам... единствено кога одам на тренинг заборавам на се но, тој повторно е во мојот ум... нема спас
Јас и мојата потсвест ке треба сериозно да разговараме ... Мислам не можам да си го објаснам ова што ми се случува . Се работи за моја прва љубов со кој веќе со месеци не сме заедно а многу ретко се гледаме , што делумно и ми одговара . Значи јас еве се си мислам дека сум на одличен пат целосно да заздравам од пост раскинувачкиот стадиум , значи не плачам веќе како луда на секоја поемотивна песна , текст , не мислам дека треба да му се јавам , мислам дека е време да се ориентирам на нешто ново , дека би можела да љубам повторно итд , но не ми е јасно зошто секоја 2 вечер сонувам нешто во врска со него , не мора него , но стравв ме фаќа веќе луѓе цела фамилија му ја испосонував и новата цура и да не сонувам конкретен лик , пак у сонот некој муабет или мисла ке падне за него , не знам како да си го објаснам ова ... дали јас сум си вообразила дека сум на пат да го "заборавам" а мојата потсвест ми праќа други пораки ? ЧД
опседната сум со личност која не се знаеме лично, на фб неможам да го најдам Ч(( помогне коа ќе го видам шо да му речам за да се запознаеме!
За разлика од другите јас сум опседната со машки, штом видам некој одма очите ми светат хахаха незнам што ми се дешава и да сум у врска тоа не е битно у секој момент подготвена сум да изварам иил да флертувам со друг, некој лек?
Бев опседнат со него заради тоа што бев премногу заљубена. Дечкото го идеализирав и ми беше совршен, од очите до устата, телото, висината.. совршенство. Не е во ред да се фантазира премногу со некој како што правев јас зошто на крајот лошо завршува. Не знам него како му е, знам дека јас не сум виновна.