опсесивно цртање на одреден симбол И јас скроз исто.. срциња и коцки па од неа уште милијарда коцки се прават демек...
опсесивно цртање на одреден симбол Да видам лист и пенкало, се потпишувам ама обавезно. Прееска читав весник и низ цел весник мое име и презиме
Некој ке мисли дека се зезам јас, ама и јас опсесивно цртан еден симбол. :geek: И тоа, што ако не - ТОЧАК. Па кај и да ми текне јас си чкртам точачиња, кога на две, кога на три тркала... некогаш со едно седиште, некогаш и со придрушно. Некогаш со корпа. Често машки, често женски точак. Го цртам секаде, на листови хартија или весник, на стакло со фломастер, на замаглено стакло со прсти... И тоа чудно некако, секогаш гледам од лево надесно да биде... Рачките од лево па натака продолжува. Уживам и постојано го усовршувам. Своевремено длабоко размислував да станам точако-креатор. Ама ништо. Ме уби високава технологија со тротинетиве.
кога зборувам на телефон - цртам цвеќиња кога слушам предавање на нова лекција - цртам цвеќиња кога и' зборувам на мајка ми за школо - цртам цвеќиња кога читам весник - го испошарувам со цвеќиња Уште од мала знам, некоја ЦВЕЌАРКА мора да станам Моите се со многу многу густи листови обиколени од сите страни. Не мислам што цртам, не гледам што цртам, мислите ми летаат, а раката сама ми оди. И квадрати знам да цртам, и мики мауси. :geek: Ама тоа поретко се дешава. И мајка ми црта цвеќиња кога разговара на телефон и од неа се навикнав.
смајли што се крсти, две секунди пауза, смајли што се онесвестува, пет мин пауза, се освестува и ви кажува дека можеби сето ова немаше да биде толку трагично ако темата не се наоѓаше во категоријата „Другата“ наука. Инаку јас цртам бабароги за да ги јадат неумните деца
А тек па една наставничка што имам, нон стоп единици црта. Шала на страна, пак ќе кажам, само желба за внимание е.
Смајлиња, срциња, коцки и името мое. Ама секогаш кога ми е досадно, и имам хартија и лист пред мене..
Отсекогаш кога ќе се задлабочев во мислите и си чкрткав нешто безвезно , на крајот излегуваше цртеж на стрелки во сите правци и со заеднички центар .Ова се случува целиот мој живот ,буквално . И дури пред некој ден открив дека тој мој „чкртки - мртки “ цртеж , всушност бил симбол на хаосот . Е ај сега да те видам ?
И се мразам заради ова, али откога знам за мене цртам и боже мили уште цртам само срциња На сите могуќи страни, на сите тетратки на сите книги, па уште и кога ќе напишам онака полу несвесно FOREVER TOGETHER, па ми иде да се самозапалам
Штом пред мене имам пенкало и некаква хартија, си цртам цветчиња, по некоја пеперутка меѓу нив, а поретко и срциња. Незнам што е работава, али гледам имало многу како мене. До сега никогаш не сум помислила на тоа дека стварно цело време цртам цветови, а никогаш не сум се запрашала зошто го правам тоа
Мене ми се има случено пред две години на секаде да го цртам она занкочено на Хитлер И кога видоа моите си помислија се поремети девојчево А сега многу често цртам прашалници,што е и многу реално пошто се наоѓам на животна раскрсница и имам многу дилеми. Јас верувам дека цртањето на ваквите знаци е потсвесно и дека ја отсликува нашата психолошка состојба
Несвесно цртам ѕвездички по работ на тетратката, листот или било што додека не ги поминам сите рабови во круг. Не сум размислувала никогаш зошто е тоа така
Што кажуваат чкртаниците за вашата личност? Положба на цртежот Особено е важно каде се наоѓа цртежот во делот од листот: Ако цртежот е на средина, вие сте оптимист по природа; Ако се наоѓа на десната страна, вие сте отворени за промени и сте љубопитни; Ако е на левата – оставате впечаток на затворена личност која сè крие во себе. Цвеќе, лисја, сонце Ваквите цртежи делуваат радосно, но тие зборуваат за вашето моментално расположение. Личностите кои го цртаат ова најчесто немаат внимание, делуваат отсутно, им недостасува љубов и другарски односи. Тие се ранливи, премногу се сентиментални и подложни на меланхолија. Би требало многу повеќе внимание да посветат на својата околина. Спирали, кругови Личностите кои цртаат кругови и спирали имаат потреба од помош – тие се чувствуваат затворено во круг без излез. Главно живеат туѓи животи, другите ги искористуваат и честопати не го гледаат излезот од ситуацијата во која се наоѓаат Многуаголници Овие личности често лесно се откажуваат, иако сè прават пополека и играат на сигурно. Би требало на работите да гледаат поедноставно и во склад со тоа да ги решаваат проблемите. На овие личности успехот им е особено важен, па затоа ретко ризикуваат. Куќа Во зависност од типот на куќата која ја црта некој, се даваат следниве објаснувања: 1. Доколку е симетрична и уредно нацртана, со сите елементи, личноста има внатрешен мир и се наоѓа во хармонија со себеси. 2. Многуте патишта кои водат до куќата, од неа или околу неа претставуваат потрага по пријателите и излез од моменталната ситуација. 3.Доколку куќата е стара, без кров или е тој чудно нацртан (крив, без сите елементи), ако нема ниту врата ниту прозорци, тогаш личноста има некој семеен проблем и таа се чувствува непријатно во друштво на домашните. Срце, усни Судејќи по цртежите, овие личности се среќни и секогаш имаат некого на кого му се восхитуваат. Но, тие се плашат да ги откријат мислите и емоциите. Инаку, не се плашат да преземат иницијатива и кажуваат гласно за она што им лежи на срце Мрежа ртежите кои потсетуваат на мрежа (линии со кои добивате квадратчиња) укажуваат на бавни реакции и агресивност. Ако цртежот наликува на црно-бела шаховска табла, се мисли дека во личноста е насобрано многу незадоволство и разочарувања. А ако повеќе наликува на саќе од пчели или на обична мрежа, без пополнување на црни полиња, тогаш се смета дека личноста се убедува самата дека сега е вистинско време да ги стави најблиските на прво место. Ако мрежата е во рамки, значи дека таа личност не дозволува никому да и навлезе во интимата. Ножеви, стрели Ако врвовите на стрелите и ножевите се свртени нагоре, личноста е во топ форма и е спремна за своите цели да се бори до крај. Доколку се свртени надолу, значи дека не верува во тврдењето на другите. Не навлегува во дебати и спорови и не се обидува насила да ја дефинира својата позиција и мислење. Лица, фигури, oчи... Овие цртежи укажуваат на беспомошност, страв од нови искуства, како и од осуда на околината. Најчесто ваквите личности се плашат да не направат нешто погрешно. Би требало да размислат повеќе за својата корисност. Икс - нула Овие личности не обожаваат игри и игрички, туку сакаат да знаат на што се. Можна е веројатноста дека околината вешто манипулира со нив, користејќи ја нивната грижа на совест за да ги занемарат своите цели. Ако често цртате икс-нула, ставете точка на лошите вибрации, бидете насмеани и отворени. Надевам се дека темава ке ви биде интересна а колку е точно тоа треба вие да кажете
Што кажуваат чкртаниците за вашата личност? Фала ти целосно се пронајдов во тоа лица,фигури и очи и тоа само тие три ги цртам а најмногу очи прво окото па лицето и тоа на левата страна и само половина од лицето се гледа и да малку офтопик зборував ама точно е дека се плашам да не згрешам нешто фала ти и поздрав
Што кажуваат чкртаниците за вашата личност? И јас уште од почетоците кога почнав да го увежбувам цртањето секогаш цртав лица, меѓутоа на средината на листот. Проблемот беше што секогаш почнував и јас од левата страна на листот, т.е десното око ќе му дојде и таа страна продолжував да ја цртам, за потоа да не можам да ја нацртам другата страна. И тоа ме фрустрираше страшно многу бидејќи никогаш не ми излегуваше како што треба цртежот. Цртав и други работи но ова е нешто што најмногу сакав да го цртам и се уште најмногу цртам профили, дали е карикатура, дали е лик вистински, тоа е тоа што сакам да цртам, само веќе е усовршен од моето пречесто пробување да ги изравнам двете страни на лицето, пак сега ги цртам паралелно двете страни, но се уште си почнувам од очите. Како блу ајс, тебе дури и името и фотографијата ти се тоа. Има нешто веројатно во ова.