Секој цртеж што махинално, но опсесивно го цртаме, ги рефлектира нашите длабоки чувства и нашата потсвест.Случајно, налетав на една листа за најчесто цртани симболи, изготвена од психолозите кои сметаат дека нашите шкработини и трагови многу искрено зборуваат за нивниот автор. Положба на мечевите и стрелите Ако нивните врвови се свртени нагоре, откриваат дека сте спремни да се борите до крај за своите цели. Ако врвовите се свртени надолу, тогаш тоа значи дека не сте сигурни дали сте во право, па затоа не влегувате во никакви расправи. Фигурите предупредуваат на недостаток на верба Цртежите на лица (или делови од него) и фигури значи дека иако имате можност за избор, сепак се чувствувате беспомошно, бидејќи се плашите дека не сте во состојба самостојно да го решите проблемот. Со ваквите цртежи откривате дека сте оптеретени со размислувањето дека ќе направите нешто погрешно што луѓето нема да го одобрат. Цветчињата откриваат тага и осаменост Цртежите на цветчиња, ливчиња или сонциња говорат дека вашето моментално расположение е лошо.Ранлива сте и премногу чувствителна личност.Концентрацијата ви паѓа,се чувствувате осамено, ви недостасува љубов и искрено пријателство.Ќе си помогнете себе си кога ќе сфатите дека ќе почнете да примате љубов тогаш кога ќе научите самите да ја давате. Несебичните луѓе цртаат спирали и кругови Спиралите и круговите говорат дека во вас се крие личност со добра смисла за хумор и доза темпераментност, која е многу несебична и тешко одбива да им помогне на другите.Не сакате да го нарушите угледот на благонаклонета личност кој ве прати, па наместо својот живот, често ги живеете туѓите животи. Коцки и триаголници ги отсликуваат аналитичарите Цртежот на триаголник карактеризира личност која ужива во предизвици, има одлична моќ на запазување и дар на добар аналитичар.Коцката открива практичен дух.Во љубовта најчесто се определуваат за долги врски со предаден и емотивно зрел партнер.Квадратот означува непоколебливост. Срцољубците се плашат да ги покажат чувствата Срце е симбол на изразена сексуалност и романтична природа со голема доза на почит кон верноста и предаденоста. Срце-цвет открива чувствителна личност, која повеќе го слуша своето срце отколку разумот. Доколку цртате срциња и усни, во вашата душа е мир и опкружени сте со симпатични ликови. Куќичките се симбол на семејните односи Ако куќичката е симетрична и уредно нацртана, со сите елементи кои чинат една куќа,тоа значи дека во вашата душа владее мир и дека сте во хармонија самите со себе си.Ако куќичката ви е искривена или без кров, тоа е сигурен знак дека ве мачи некој семеен проблем. Полињата (мрежите) карактеризираат не задоволство Цртањето мрежичка доловува црно-бела шаховска плоча, што покажува дека во вас се собрало многу незадоволство и разочарување, поради што чувствувате огорченост.Ако сте нацртале пчелино саќе или обична мрежичка без пополнети црни полиња, е знак дека семејството ви е постојано во мислите и дека чувствувате дека мора да дадете предност на приватниот живот и семејството. Се надевам дека толкувањава ќе ви бидат од корист
Само очи цртам. Само десно значи.Опсесија. Цртам каде што сакам и каде што не сакам.Имам цртано секакви, знаци: -црни, црвени, зелени,сини, изразени, темни, ,,длабоки,,. А прочитав дека тие што цртаат очи се неоткриен талент за цртање, нешто сме криеле нешто во себе. Тоа е се што слушнав за цртачи на очи.
Jas samo osmici crtav eden period 2 godini so red neznam zasto.. ali samava pomisla me plasese lol :/ se plasev od samiot crtes :/
Имав еден школски пред 2 години , цели тетратки испишуваше со бројот 6. Само тоа правеше на часовите , ни разговараше со некој , ниту пак се интересираше за учењето, само 6 чиња си чрташе .....боже боже
Цртам многу добри малечки спирали и вртени кругчиња. Исто така црткам и триаголници и сите ги правам со различна текстура. Ова ми е опсесијата, ако може да се нарече така иако во принцип ретко шкрткам по книги и тетратки бидејќи ми изгледа неуредно. А еве што значело: Точно, особено за триаголниците.
Сите предавања ми се со шаховски табли. Баш си викав што ми е филмот, кога па јас шах сум играла значи стварно е точно ова психолошкото тумачење. Ме погодивте. Инаку знам и друго да цртам најчесто срциња, цветчиња, и потпис. Зависи од расположење
Ја цел живот одкако знам за мене само квадрати цртам, ма ништо друго.. И кога зборам на тел, и кога чкртам на лист безвезе, и кога ми е досадно само квадрати да се цртале ...
Јас цртам само дрва,гранки дел од дрво итн. опседната сум до дрвја.. и многу сум поврзана до дрвајата.. кога бев помала имав цреша која многу ја сакав.. Копавме дома менувавме цевки и го пресекоја коренот од едната страна и таа се навали. Јас ништо живо не оставав да ја сечат и татко ми ја потпри со шипка за да не се скрши... ама еден ден бев охрид и ко се вратив шо ке видам... 3 сати ко ненормална липав над земјата