Цветичи. А видам празна површина и молив/пенкало, било што за цртање, автоматски почнувам цветови да цртам. И тоа не обични туку со едни испревртени листови. И сум заприметила кога ќе ни дадат пример од школо слободна тема за цртањe по ликовно, јас убавезно цртам цветови.
И јас ама иксови -.- ми се деси ова и минатата година тогаш цртав усти -.- Сеа имам икс на мобилен нацртано, на рака и на многу други места и поојма неам шо значи и дали значи..
јас еден период цртав срциња прободени со стрела...од кај во моите тетратки имаше, па и во тетратките на другарките почнав....им ги обележував тетратките..
Јас па името си го пишував насекаде... Тоа ми кажаа демек значи опседнатост со себе, нарциозност... А не можам да кажам дека не е така
Постојано цртам спирали, кај и да стигнам. Ги имам во дневникот- после секоја напишана страна, во сите тетратки, во книгите-- НАСЕКАДЕ
Јас цртам магариња, и патки. Го знаете она: Си било едно дете. Па му пораснале уши. Па му ставиле капа.. Е тоа!
Имав период кога опсесивно цртав костури. Дури почнав да се заплашувам. Но, имам забележано дека тоа ми се случува кога сум под стрес.
Цртам некои глупости знакчиња, срциња, смајлињаа цела клупа на школо е изнашкртана, стварно незнам зошто, ке го земам моливот и ке почнам да цртам, можеби е нешто сериозно
Коцки, коцки ... Коцки насекаде!! Сериозно, скриптите ми се за жалење. На секое празно местенце по некое коцкиче, квадарче. Читам и шкрапам со раката без воопшто да погледнам. Mоже да се случи некое извитоперено фацуле да ѕирне од некоја страничка од типов, ама пак најлични ми се Спојлер
Јас постојано го цртам знакот за бесконечност ∞ .. на листови, клупи, книги - секаде. Знае некој што значи ова?
Сега во последно време многу цртам очи и се потпишувам по корици ваму таму. А да,цртам и срциња. Но толкување за срцињава кога непрекинато ги цртам знам декаа сум заљубена!