1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опстипација кај деца

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 16 октомври 2013.

  1. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.556
    Пол:
    Женски
    Nadja каков сируп даваш? И јас со малата(скоро 3годинки е) ист проблем , др вика имала мрзливи црева со време ќе се регулирано тоа и ништо не ни препишува. Исто млеко пие количински МНОГУ , од храна ма ништо несака да чуе за цел оброк, тука таму маслинки црни, овошје зеленчук и тоа е. Ни сок не пие. Грицки ама ич . Ниту пак слаткиши. Значи не е од храната, туку вид на "траума" од какање ај така да ја наречам. И сега кога прочитав дека сте 4год а не сте го надминале проблемот ме фати паника. Јас ја држам во раце како чучната со свиткани ноџиња кога ќе поминат веќе 3дена и не се трпи да ја слушам како се мачи. Може некоја мајка ќе сподели искуство совет што ќе ни помогне.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Какво млеко ви пијат децата? Кравјото млеко многу често е причина за хронична опстипација кај децата.
     
    На Annath и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.556
    Пол:
    Женски
    Тетрапак Битолско пие мојата ќерка. Сум менувала и други и со помала масленост ама ништо.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Многу лош избор, ај што е кравјо, па и тетрапак. Масленоста нема врска, протеините се оние кои прават проблеми (буквално ги оштетуваат цревата). Според мене пробајте намалете го кравјото млеко (најубаво е воопшто да не пие крајво млеко) би требало да има резултат.
     
    На Mari*, danichap, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  5. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.556
    Пол:
    Женски
    Затвор има кај малата од самиот страв за вршење голема нужда, абе НЕ сака да оди тоа е ужас и жал .
    Пробав да го исфрлиме млекото , ни јас сама не знам колку пати , и без успех. Навечер по 2 пати се буди за млеко а голема е веќе. ;( Не можам да објаснам какво хистерично плачење е тоа кога не сум давала млеко , и после такво урлање рикање следува повраќање . И пак нема друго да јаде наместо млеко. Ме фаќа страв како живее на млеко ,па проверуваме крвна слика редовно ,крв супер ! Пред некоја недела имаше вирус со тт ,дијареа и повраќање мислев ќе куртулиме од млеко , како да не , пробиотик електролити , медицински јаглен ама и млеко . За 5 дена дете како ново . (facepalm) И не и е тврда столицата туку НЕ сака да кака , ма НЕ сака да чучне , ги стега нозете исправени и бутовите стегнати и вришти . Препорака од педијатар добив само совет да и зборуваме почесто како се оди по голема нужда , ма пелените не можеме да ги фрлиме од што НЕ сака да седне на нокшир или адаптер . Наместо да учиме одење во тоалет , јас треба да ја учам "КАКО" се врши основна физиолошка потреба , е како ?!?! И така од самиот страв од стискње идеме до другиов проблем. Дијареа да имаш и да стискаш стоечки :headbang: Еве и во тоалет со мене ја носам и зборувам објаснувам , со дада и ја праќам во вц (сега и она ќе биде дада уште малку на бебето па дадите одат во вц не носат пелени, милион и една приказна..) ма не бре :@ ме фрустрира веќе од што не знам како веќе , па се надевам кога ќе се роди бебушот може ќе имаме успех ,кога ќе види дека бебиња носат пелени па некако да се "престраши" . Во градинка не можеме да тргнеме од овој нејзин страв од врршење нужда и одбивање оброци.
    Јас се извинувам за долгиот детален опис :(
    ...мислев дека друго дете немало ко моето , ете не сме биле само ние ... Уште да најдам решение , а барав очајнички и по форумот ама не најдов ништо.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Млекото прави проблем, под итно исфрлете го. Мојот поголем син имаше таков проблем, од млекото беше. Детето не пиеше воопшто млеко додека не почна во градинка, таму една чаша испи, и се појави голем проблем. Од дете кое одеше по голема нужда после секое јадење, доби запек кој траеше една недела. Детето доби уплав и секое одење во тоалет беше хорор за нас. Траеше добри две и пол години, помина само од себе, буквално преку ноќ кога детето наполни пет години. Сега оди еднаш дневно по голема нужда или на два дена, што ми е криво, му остана како последица од болката од запекот од тоа проклето млеко.

    Додека пијат млеко, нема да јадат друга храна како што треба и колку што треба, оти млекото заситува. Затоа децата не јадат и тука многу родители грешат, упорно го даваат млекото, демек да не е гладно. А само полошо му правите. Јас на ваше место сосема би го исфрлила млекото од исхраната. Свесна сум дека детето ќе плаче и ќе се треска од земја, ама нема друго чаре, порадо би го оставила да плаче, отколку да му направам доживотен проблем, пошто гледам дека моево дете, иако го надмина стравот од болка при какање, ќе има проблеми со нередовна столица цел живот.
    Без млеко ќе пројаде она што навистина треба да јаде, зеленчук, овошје, месо, јатки, житарки, да пие доволно вода. За доброто на детето е. И без млеко се расте и развива, жив пример сум, како дете ништо млечно не сум сакала. И моите деца растат без млеко, и верувам дека нема дозволам да се повтори истата грешка во градинка со второво.
     
    На gjoker4e, EuHenIa, Mari* и 5 други им се допаѓа ова.
  7. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.556
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за сподленото искуство , знам дека се расте без млеко , поголемата ќерка откако почна со кашички па скрос ми го исфрли млекото ,Капка млеко и ден денес не пие ,фала богу здрава права е . Па со вторава мома се најдов ко во небрано лозје (ад количински многу пиеше до година и 9 месеци ќе банкротирав мислам)
    чиниш прв пат дете растам ...исфрустрирана сум што не можам да се справам со ситуацијава . Арно викаат слушај паталец не гаталец , ти верувам на кажаното искуство и друго не ми преостанува освен да го спроведам во дело исфрлање на млекото.
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Мајка, очигледно кај вас е останата голема траума од болки при какање и затоа сега детенцето не може да се опушти. Јас немам искуство, ама сепак од тоа што го имам читано мислам дека млекото е најголем виновник, а ете и Анатх ти сподели сопствено искуство.
    Обидете се со заменски млека, бадемово, кокосово... еден по еден оброк скратувајте, за почеток тие ноќните, па потоа постепено и другите. Тешко ќе биде сигурно, ама мора да бидеш упорна, оти нема апсолутно никаква корист од него, само штета. Ви посакувам успех! :hug:
     
    На mal.ecka, NarCis@ и tambelina им се допаѓа ова.
  9. Nadja.91

    Nadja.91 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Јас и го давам сирупот Порталак.
    Инаку еве конкретно за млекото и јас и давам Битолско знам дека е многу 1л на ден.
    Без млеко не може секако пробав да ја одвикнам Иако докторите бидејќи 162637 прегледи и мислења слушнав ми кажаа да не смее многу да се пие млеко но за таа возраст е во ред кога и во исхраната вклучува се што е здраво за јадење.

    Со сирупот што го давам на некој начин се ублажнува болката и полесно ќе оди а верувам и со тоа и психички ќе сфати дека секој оди ми го препорачаа да го давам но не постојано.

    Но еве јас 2 години се мачам со овај проблем, секаква исхрана пробав сите можни прегледи ги направивме и не успеав.
    Последно пред месец кога бев докторките ми рекоја да оставам само по себе ќе сфати и ќе го надмине тоа.

    Ама мене ми е тешко да ја гледам а не пак таа низ што поминува.
    В градинка учителките како и обично не забележуваат иако им кажав за овај проблем и им дадов предлог ако ја забележат да се стега да ја однесат кај другите деца за да сфати дека секој оди.

    На 1 година откажавме и памперс сама идеше без проблем.И јас сметам дека е траума бидејќи пред 2 години беше доста болна и мислам дека од системите и чепчињата некако доби страв.
    Бидејќи само по 1 недела откако оздрави (тогаш имаше 2 ипол)почна да добива страв за да оди по нужда а ете и тогаш пиеше млеко.

    Ја носев и на психијатар за да го надмине сето тоа.Безуспешно.
    Незнам искрено веќе што да правам сите методи се што постои пробав.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Две и пол години се мачевме со истиот проблем. На петгодишна возраст буквално преку ноќ прекина да ја задржува столицата. Ама проблем со нередовна столица остана. Мислам дека така ќе биде и понатаму.
    Внимавај со Порталак и слични сирупи, ептен лошо делуваат на забите, содржат многу шеќери.
     
  11. Nadja.91

    Nadja.91 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Истиоот одговор и докторката ми го даде дека таква и е столицата и дека нема до голема да прави вака ќе се свести на времето време да му дадеме.

    Ама стравот најмногу е што со денови ќе го одложува одењето и кога ќе дојде време за да појде тогаш се јавува болката бидејќи исфрла толку колку што би требало ако оди секој ден затоа е тој страв.

    Еве денес го применив советот за млекото.Не и дадов ич туку го заменив за чај не се спротистави иако мислев ќе биде преголем проблем ама и кажав дека само големите девојки пијаат чај а млеко само бебињата и нормално секое дете сака да биде големо па веднаш зеде чај да пие,нејќам вели повеќе млеко не била бебе.
    И така денес поминавме без млеко.
    Се надевам ете ако не пие млеко овајпат ќе се среди.
    Неизмерно благодарна за советите.
     
    На Mari*, cresa-jagoda, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Еве и моите три деца пијат многу млеко, средниот особено има денови и по 2 литри пие а оди по нужда редовно, после секое јадење, после пиење млеко.
    Можеби има поврзаност со консумирањето на сирупот - самиот чин кога ќе се напие сируп и делува психички да се опушти и дека треба да оди по нужда. Совет - пробај подметнии нешто друго во шишето од сируп, сокче нешто, и дај и да мисли дека е сируп па види како ќе биде.
    Самото консумирање на лаксативи додатно го успорува метаболизмот.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Не е лаксатив Порталакот, само ја омекнува столицата.

    Иначе, за добро на твоите деца - нека не пијат толку млеко. За жал, последиците се осеќаат многу подоцна. Најголем број од проблемите со системот за варење и крвната слика кај возрасни се токму од кравјото млеко.
     
    На eli25, cresa-jagoda, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ќерка ми какаше ретко. Имаше често остипација како мала, а воедно и да немаше и да имаше, одеше по голема нужда еднаш на 3-4 дена, најчесто.
    Искрено, не се вознемирував нешто посебно, и мислам дека е поради фактот што и јас имав често проблеми од како сум била 2 години.. па до кај 20 и нешто.

    А за стравот од какање, го разбирам искрено, од лично искуство кога бев мала. Секое одење во ВЦ ми беше со плачење. Памтам добро како ме болеше напати.

    И да нема на секое таков проблем, малечко, може да се исплаши. За нас не е ништо посебно, ама за нивна возраст тоа е ужасно страшно. Земете во предвид, како реагираат на боцкање, што е една секунда, со колку стресови и плачења, не пак да го боли 10мин додека не 'исфрли'. Еднаш да било, доволно им е за стравот, ама како ќе растат, ќе го надминат. :hug:
     
    На mal.ecka и tambelina им се допаѓа ова.
  15. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.556
    Пол:
    Женски
    Ни дадоа детска клизма , и знаете што ,па детето мое дефинитивно НЕ сака да врши нужда. Па може 2-3 часа помина од клизмата за да отиде и тоа на две рати ... и што беше нај интересно воопшто немаше тврда столица. Заклучок , детето има страв од "татање" . И сега ќе продолжиме да си зборуваме приказни и да се убедуваме . Ништо друго не ни преостанува .
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Јас сум 100% сигурна дека ќе прекине стравот.
    Како ќе расне, и како ќе учи поубаво за начинот на кој функционира телото, и колку е нешто природно и им се случува на многумина; ќе си се релаксира, и се ќе си биде во ред.

    Малечко е сега... срценце :inlove:
     
    На sj *O*, tambelina и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. Nadja.91

    Nadja.91 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Ние еве 2 ден без млеко но пак денес не беше по нужда,да како што кажа и tambelina проблемот е во стравот да се надмине и резултатат е дека како што ми кажаа и докторите има тврда столица.Како и да е не и давам повеќе млеко и се надевам овај страв ќе го надмине.
     
    На Lolipop23, WildMk и tambelina им се допаѓа ова.
  18. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Јас не сум мајка ама го имав истиот проблем како вашите деца кога бев на нивна возраст. Буквално. Моите престанаа да ми дават толку млеко и ме однесоја на болница да ми направат клизма оти поинаку не успеваше. Оттогаш немам таков проблем.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anarchy

    Anarchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    75
    Истата мака ја имавме и ние потполно те разбирам и соочуствувам. Буквално се применивме, од детски клизми до лаксативи, укинав чоколада десерти, давав течности, суви сливи, киви се можно. Значи проблемот беше психички. Детево немаше проблеми со тврда столица, имаше нагон но се плашеше од чинот на какање. Кога и да добиеше потреба за одење во вц почнуваше да урла низ дома, се стегаше и не дозволуваше да излези изметот. И така неколку дена се дена па стававме клизми и чепчиња за да се олесни. Претежок период, неколку пати стигнавме и до болница да го прочистуваат. Ова траеше од прилика 4 месеци. Кај нас се среди преку ноќ. Лично би те советувала да разговараш со детски психолог можеби ќе ви предложи начин како да се надмине проблемот, не сме се нашле само ние во ваква ситуација. Сигурно постои решение.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nadja.91

    Nadja.91 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Во врска со исхраната од мала па до денес се храни здраво.Благо грицки такви работи скоро и да не јаде.Месо скоро и никогаш едвај негогаш ако ја залажам па сосем малку да касни.Претежно јади овошје зеленчук,газирано никогаш не пие и правам домашни сокови.
    За исхраната немаме проблем крвната слика и е одлична.

    Сме посетиле психијатри,психолози одевме скоро месец се што не советуваа применивме ама пак немаше напредок никаков напредок.

    За чепчињата нас не советуваа никако да не и ставаме оти и тоа влијае за да не може да оди.
    Бар нашиот случај беше таков бидејќи пред 2 години кога беше болна и ставав и чепчиња но примаше и системи тогаш,и после таа случка преку ноќ престана да оди иако дотогаш одеше самостојно.

    Како решение ни рекоја едноставно самото ќе се среди да не се разочаруваме самата ќе сфати дека е нормално секој да оди по нужда.

    Незнам јас сите методи ги применив едноставно да се надевам дека ќе сфати сама.