И ние го имаме истиот проблем. 28месеци сме. Мислам дека им се буди свесноста за контрола на потребата, ја одложуваат физиолошката потреба и секако после е тешко да се искакаат. Исти сме со плачење, пискање, паника, и мене ми е стрес. Не можеме пелените да ги тргнеме. А кажува, бара нокшир, и додје ли моментот да напне станува, па бара да миеме газе, па пелена, па пак нокшир, и така до празнење.
Мајки ајде предлози за јадења кај деца со запек. Веќе 3 месеци сме со овој проблем. Немам веќе идеи што да направам за доручек вечера. Ручек јадеме супа, манџи, и незнам зошто е вака.
Овесни снегулки, мусли, ленено семе со јогурт, овошје, компот, суво овошје, чаеви.....Само течна храна. И вода во поголеми количини. Пробај и со банана, ама презреана. Избегнувај млеко.
Јас не знам за која во тема сум веќе Година и пол одиме на педијатар, во октомври имаме термин на специјалист за црева и бубрези. На педијатар проверуваме урина и ехо на црева и бубрези. Прво беше хроничен запек, па задебелен ѕид на мочен меур, па мал мочем меур, до тогаш урина ок, а ист проблем дете не сака да моча или кака (сеуште не знам што не сака и за што трпи) и сега на крај урината е многу лоша и втор антибиотик пие и мн вода. Е сега како прво јас не знам за што трпи дете 5 години има, за мочање или какање? Зборува течно се ама не можеме да се разбереме околу ова. Денес пднесовме урина пак не била ок ама подобра била од претходен пат ама пак ќе ја прателе за 5 дена ќе има резултат ќе ми се јават. Се стиска и црвено е во лицето, очите насолзени ќе прсне. Ако ја видам изненадно и се штрекне или ако и речам не трпи мочај какај одма кај што си тогаш моча во гаќи. А после трпење со саати кака. И сега не ми е јасно за што трпи, да се разбереме не можеме, што и да ја прашам вика да. Урината мн лоша вика педијатар бубрезите ќе се уништат одма ми дадоа антибиотик одма да се напие ми рекоа се испаничив. Сега со темава се потсетив дека од 3 години пие млеко тетрапак ама не многу и понекогаш само со какао. До 2 години цицаше. Ад нема пиено. Педијатриве двајца се постари и прв пат да не знаат од прва што е проблемот, кога објаснив се дека трпи мислев одма ќе знаат. Упат и за на психолог имаме. Се започна од запекот пред година и пол, а сега урината не е ок и тоа не плаши ептен што е сега со тоа, а бубрезите ги гледаа ок се, а мочнкот меур задебелн ѕид па после нема задебелен ѕид следен пат туку мал мочен меур и некои апчиња за зголемување. Се надевам ќе најдеме решение на проблемот, не знам од кај да барам мислење, помош, во која тема, некој да има искуство со дете што трпи и дс знаел зошто трпи
Децата најчесто трпат кога се плашат од болка. Кога човек свесно задржува урина, може да настанат проблеми со бубрезите и оттаму и проблеми со урината. Детето треба да се опушти и слободно да си ги следи нагоните, и да си оди во тоалет кога ќе и дојде нагон за мокрење или какање. Ама свесно ги задржува и трпи, треба да се открие од која причина. Не за друго, да не си направи самата здравствени проблеми. Не е лошо и психолог да консултирате.
Имаме термин и на психолог. Читав поназад за страв од болка, никогаш не ми текнало тоа, ни педијатарот не спомна такво нешто. А и кога се мокри страв од болка има? Мислам може и болка при мокрење да постои?
Може, ако искусила уринарни инфекции или циститис некој, често има болка и печење пеи мокрење, па може да се исплаши дека ќе ја боли пак ако мочка. Исто и за какањето, при запек, или потврда столица кога имала болка, тоа може да ја уплаши и свесно да задржува. Така беше со мојот постар син.
Колку само има логика ова, а на педијатар не ми спомнаа вакво нешто, мене ни на крај памет. Ќе видам совети по интернет како да се надмине додека да отидеме на психолог и специјалист.
Поголемава 6месеци се стегаше и плашеше да се покака. Првиот пат имаше запек ја болеше,од тогаш штом и се какаше се стегаше и вриштеше со саати,па стигнав и до чепчиња. И идеше нагод на какање и стегаше со сета сила да не се покака.Па одкако ќе заспиеше и немаше контрола ќе почнеше да се кака па пак со вриштење ќе се покакаше.Цели 6 месеци траеше тоа. Фала на ГОспод се среди.
Истото Цела година мака со столица, па стегање, па од стегање уште повеќе и се правеше затвор. Се будеше среде ноќ со страшно вриштење да не знам како да ја смирам. Пеколна година ми беше, среќа се среди и тоа само од себе. @gjoker4e и јас мислам како Анатх да не се повторуваме.
Кога вриштеше и пот течеше од неа да се покака или да не се покака ми идеше главата од ѕид да си ја мавнам.Престрашно.
Не не пратија на никакви испитувања. Баш таа недела пиеше почесто млеко од тетрапак а не пиеше претходно па матичната претпоставуваше дека е од тоа. И го прекинав,давав сируп и регулирав со храна. За кратко не беше веќе запек ама таа се стегаше од страв. Многу и зборувавме дека не треба да се плаши итн.внучка и кажувала како да кака Баш после 6 месеци ја одвикнував од памперс а за какање и го ставав пошто се плашеше. По неколку дена кажа дека сака да проба во нокширче,ама да ја држам за рачиња. Па тоа беше радост огромнана сите им се јави да им кажи дека кака и не се плаши веќе
Душа мила И јас тогаш прв пат и дадов кравјо млеко и тоа по препорака од педијатар размешано со вода, да не е многу концентрирано и кога фати запек, мајко мила....го прекинавме одма ама џабе беше. Точно 1 година Една недела по вториот роденден како ништо да не било
Јас мислев дека единствен случај е мојата А кравјо тетрапак на 3 години почнавда и давам со какао, јас додека пијам кафе таа какао да пие. Никогаш не сум помислила дека од тоа. На 3 години престана да носи памперс и се беше ок до 4 години. На 4 години стигнавме до хроничен запек, на 5 проблеми со урина. А сеуште и правам какао со топло млеко. Не купувам веќе млеко па да видиме. Не сум го знаела ова за млекото дека е поврзано со запек. Мојата трпи за мокрење цел ден што се вика и ноќе мокри. Не знам дали и за какање трпи во исто време ама трпи трпи трпи па после трча да кака. Секакви филмови ми поминаа низ глава. На ехо се е ок па се надевам дека само до стравот е. Што да и давам да јаде и пие што ќе биде добро за црева и бубрези?
Може и тоа како.... чинам ти не си во мк? Нашата педијатарка ми препорача hafer milch..можеш како замена додека се откаже од кравјото. Исто и од благо може да дојде до запек... форсирај повеќе течности, овошје, зеленчук, компоти....наутро прво овошје да касне па да доручкува.... бар вака ни препорачуваа нас, ама за жал кај нас немаше никаков ефект.
Пиеше еднаш Hafer Milch и се свиѓаше ама не бев сигурна дали е ок. Не пие често кравјо, понекогаш односно сабота и недела претежно ама нема никаков проблем ако не купиме повторно не е зависна или нешто 5 години има, ќе пие и hafer само прво да го проучам и него, ако е подобро без никакво нема никакво млеко да пие. Значи нешто посебно нема, здрава исхрана и многу вода и тоа е тоа. А јас мислев и бебе да одбијам и кравјо да дадам дека му се свиѓаше тоа, а ад не сака никаков сите ги пробавме ама сега ќе размислам богами…
Можиш да пробаш одреден период да не и даваш никакво млеко,штом можела и без него. Чисто да видиш дали воопшто тоа ја влошува ситуацијата. Од случкава со првово дете, второво уште ми е на ад а ќе прави 2 .... страв ми е да почнам да давам кравјо, да не ми се задеси истото, оти немам живци пак низ истото да поминувам А не мора да значи дека ќе се случи пак, ама пусти страв.....