Мајки ве исчитав сите, ве молам за помош како го решивте проблемот со психолошки запек? Син ми е 4 години, веке година и пол се мачиме со ова, уште што не пробавме и не бива, излегува на 7-10 дена. Ве читам дека како причина е пресното млеко, а моето дете се нема напиено ниту капка адаптирано, не го прифати како бебе, цицаше до 2 и пол години, нити пак пие пресно млеко, само јогурт, што педијатрите сметаат дека е во ред. Одговорот од сите е да оставиме дека само ке се среди, ама многу време помина и уште се мачи детето, какањето е хорор . Ве молам доколку некој го има решено проблемот пишете. Ви благодарам
Да го носев на психолог кај Христина, носен е во Систина, Ремедика, кај Паскалов и сите се со истиот став, дека се работи за страв од какање. Детето имаше запек на три годишнс возраст и од тогаш е овој проблем
По консултсција со доктори. Испитано е и паразити. Од лаксативи е пробано со сите можни сирупи, ефекол има испиено 15 кутии, пробано со добро, со награди со сите можни начини и уште трае проблемот. Кога му дојде да кака трча,стиска и обично какањето е со плачки кога веке не може да издржи. Еве веке 3 недели како му давам по една лажица ленено масло и пак исто...
Кај моето имаше таков проблем, поточно страв од болка при какање. Запек доби од пиење млеко во градинка (а пред тоа капка немаше пробано), дека сите пиеле, па ај и тој. Цела недела не можеше да се искака, и така почна проблемот. Немаше што не направив за да у помогнам, од лекари до психолози, промени во исхрана, лаксативи, разговори, убедувања, сум плачела со него во тоалет, ништо не помогна. Кога имаше стомачен вирус, успеваше дури и проливот да го задржи од тој страв од болка, додека ептен не дојдеше нож до коска. Самиот се опушти кога наполни пет години, буквално преку ноќ како да му кликна нешто во главата и го снема тој страв, детето се опушти. Кај него траеше две и пол години.
Кај моето трае точно две години. Дека велиш кака на 7-10 дена. Мора да пие секој ден лаксатив и да кака секојдневно. Ефекол беше ефикасен кај моето. Пиеше само додека бевме Мк 7 дена. А тука пие lax Bene и според големината на проблемот се пијат од 1 до 4 кесички дневно. Ефекол мислам дека само по една се пие така? Најважно е секој ден да пие лаксатив, на секои два саати да оди во тоалет иако не му се оди, строго само здрава храна значи никако благо или солено, смоки такви работи строго забрането. Кај нас остана само да чекам да дојде ден кога ќе речам леле помина конечно. Не знам кога ќе дојде тој ден…
Леле значи исто. На син ми дури пред месец дена успеав да му ја тргнам пелената за мочкање, зашто претходно кога пробував цел ден додека немаше пелена не сакаше ни да мочка. Сега со тоа е ок, не носи пелена, носи гаки, ама за какање мора да ставиме пелена, зашто не сака да седне на нокшир нит на шоља, се лажеме некако седи по малку, ама да кака нема шанси. Не знам едвај чекам да дојде тој момент сам да се свести,зашто не де трпи кога не е какан, и тој е нервозен а и сите ние околе него значи треба да чекам само од себе да помине
Јас не давав никакви лаксативи. Сум користела чепчиња кога ептен било нож до коска. Со лаксативи само се отежнува работата на цревата, стануваат мрзливи и се оддолжува проблемот. Соодветна исхрана, физичка активност и доволно течности е решение. А не лаксативи.
Мојов беше скроз одвикнат од пелени кога почна проблемов, ама да, се криеше под маса и во гаќи какаше кога ќе му дојдеше. Пелена не сакаше. Кога ќе се скриеше под маса, ставав долу непропустлива подлога, среќа па не одбиваше тоа, седеше на неа и какаше тоа првите неколку месеци, после во тоалет седеше на шолја, ем плаче дека го боли стомак ем стиска, па некако со сила ќе се искакаше. Дури и хемороид му излезе, ама среќа се повлече.
Исто совет од доктори е да не користиме клизми и чепчиња, зашто посебно клизмата прави уште поголем страв кај детето. Со храна е ок, дете е што јаде многу овошје и зеленчук, манџи, јаде и овесни снегулки, просо, сливи, компоти од сливи, кајсии и пак ништо
Изгледа не преостанува ништо друго освен трпение. И постојано зборење. Мене устата пена ми фати. Додуша, одамна беше, мојов е веќе голем дечко од 12 години, и млеко пие често по своја желба, колку и да не сакам јас, нема веќе проблем со запек, ама ако сме надвор од дома подолго време (на одмор, на викенд и слично), не кака додека не дојдеме дома. За жал, тоа му остана како последица од тој период.
Леле само он да сака нека кака кај што сака он, само да не го гледам како се мачи. Еве и пишуваме во табела по совет од психолог, свесен е за се, правиме муабет за секакви теми за ова избегава, менува тема. Последен совет од Фидановски од Систина е да не му се зборува воопшто нити пак да му се дава значење, а ние дека окупирани и само тоа ни е во глава и му збориме, а кога ке се искака дома е празник
Мајка а да пробаш со парафинско масло,имав сличен проблем само што мојот син имаше и крв во изметот го решивме со тоа, по една лажица насбајле и навечер по препорака од специјалист .
Леле памтам кога прв пат му ставив клизма тоа беше траума невидена и за него и за сите од тогаш реков клизма никако. Чепчиња имам ставано, ама и тие некогаш не ми вршеле работа, се случувало и тие да не го протераат. Ништо ке чекам да се реши се надевам брзо ке биде
Не помага ако запекот е на психолошка основа. Мојов кога успеа пролив да задржи при стомачен вирус, парафинското масло е гола вода.
Пробавме и со тоа, прво по совет од Никчевска од Систина почнавме со ефекол, па после Ацо од Ремедика ни даде парафин, ама и од тоа немаше ефект. Мислам дека ке треба да излезе неколку дена по ред за да се реши, иако и така се случувало и после пак на старо се враќа
Јас не знам кој е тој механизам да може толку да држат, која енергија ја троши детето за да држи, а колку малку му треба за да пушти, ама никако да му влезе во глава
Стравот од болка е преголем, тој блокира се'. Кога самото дете ќе се опушти, тогаш ќе помине и проблемот. Е кога ќе биде тоа, никој не може да каже