Кај мојава внучка беше од помош. Џабе ние зборувавме,таа и рекла"даде,нема ништо страшно,вака ќе застаниш и ќе какаш" И успеа
Мајки ви благодарам многу на одговорите, искрено не очекував волку одговори, зашто одамна немаше пишувано на оваа тема. Останува да чекам да дојде моментот да помине стравот и да се реши проблемот...
Кажуваме и на поголеми деца да му покажуваат, кажуваме дека од какање растат мускули, се станува силен, еве сега сум и со мало бебе, мислев ке гледа дека она кака па и он ке се сили, ама пак ништо
Инаку и нас најпрво ни рекоа да не збориме дома за проблемот. Еднаш кажеш нешто нели и крај ама не по цели денови секој ден за тоа да се збори. Јас жими се последна опција ама сеуште ја немам пробано е тактиките на Ана Бучевич и да викам како моето дете кака секој ден без проблем. Некој по бајачки оди некој кај Бучевич. Така ми успеа за второво дете викав дека спие по цела ноќ и стварно почна по цела ноќ да спие. А вака цело време викаме како не какаат и истото се повторува секој ден со години. Мислам јас најсериозно верувам во вакви работи само сеуште го немам применето ова за какањето. Ама ќе почнам уште денес и ќе ви кажам резултат.
Здраво мајки, како се справивте со стравот од какање и на кој начин, ние веќе 1и4 месеци никако да го надминеме тој проблем, нит со храна ниту со ефакол, сега божем ги соблековме пелените ухх пострашно вели не какам и готово
Гушкање,и многу зборување,буквално кога требаше да се кака на нокшир или адаптер и велев да стои(бидејќи така и во пелени се научени),ја гушкав и пред да биде готова ја седнував ,така полека свати дека не боли и сигурно уште 2 месеци ме бараше да ја гушнам а таа седи на нокшир,еве сега веќе сигурно месец дена ,кога е готова не бара само да ја бришеме,сама зема нокшир,сама седнува. *сега видов што е темата,не е за пелени тргнување. Кога имаше проблем со опстипација,киноа со кисело млеко и печурки ,смути од зелена круша со лушпа и масло од ленено семе мн ни помогнаа.На ќерка ми и се правеше од кравјо млеко,пробај да не даваш некој период да видиш дали е од тоа.И како што кажав погоре ,стравот го помина со гушкање и многу зборување.
Резултат има ама сепак резултатот зависи од повеќе фактори. Дури слушав еден германски педијатар на подкаст, сега ова друга тема ама сепак поврзано е. Значи вака, педијатаров вика ниту една мајка нема да рече нешто негативно за своето дете пред други ама за јадењето како од пушка “моево дете ништо не јаде” или “проблематично е кога станува збор за јадење” и вика замисли детето тоа го слуша секој ден и со тек на време тоа му влегува во главата и некогаш и да посака да земе нешто од маса, тоа дете ќе си помисли во себе дека што и ако земе нешто дека пак ќе речат дека ништо не јаде. Всушност треба да се гледа колку јаде, да не се споредува со други деца, најмалку со брат и сестра. Дека сите сме различни и некое е сито со едно парче краставица и една макарона, а некое со цел тањир. Поентата е слична/иста. Викај како кака секој ден. Сега зависи и колкаво е детето. Моево има 6 години. Сега за сега секој ден кака, еве се немам пожалено некој период на темава, и кога кака викам леле колку Мека кака. Леле колку многу јадеш и тоа многу здрави работи. Колку многу кака и сега во стомакот има место за многу убави здрави работи. Колку многу порасна од храната уште малку колку мене ќе бидеш висока. И се повеќе и повеќе јаде и секој ден оди во вц и вика дека не ја болело. Најважното е да не се впуштите во кругот кога каката е премногу тврда и веќе престанува да кака бидејќи го боли и некогаш мора клизма. Вецето направете го интересно. Нокширот нека е топол. Нека лепи стикери околу него додека седи на туту. Давај сок од сливи. Ефекол ако каже педијатар. Чепче за какање ако каже педијатар. Едни капки за гасови се ама помагаа кај мојава sab simplex, прашај во аптека или педијатарот прашај го за нив. Однеси играчки и/или книги во купатило. Јас и телефон и давав во купатило. Сега со една барбика оди во вц последнава недела. А пред да почне да оди со барбиката и реков дека јас ќе одам со неа и ќе ја држам за рака и одев ја држев ама за една секунда ми викаше да излезам од купатило.
Тоа е се така како што велиш, со клизма се исплаши од почетокот, така да не дава ни бришење, па со препорака од педијатарот е ефаколот за да не прави задршка, што и тој не е добар бидејки станува имун на тоа. Имаче наполни сега 3години.. Сепак имаат смисла зборовите на педијатарот
Тоа ни е рутина гушкање зборување, млеко воопшто не пие освен со топчиња и бисквити, сум пробала со киноа меѓутоа не сака се гади едноставно, а сокови од слива, кајсија, круша секојдневно правам тоа пие
Масло од ленено семе да пробаш,по една лажичка наутро на гладно.Како што ти кажа и членката погоре,исфрли кравјо млеко,замени со козјо или јас од овес и давам.
За масло од ленено семе во градинка ми кажа една вработена и во салати и ставав и во краставица и еднаш само во сок од сливи. Ниту еднаш не примети. Ама кога имаат страв ништо не помага. И стомачен вирус кога имаше не какаше се стискаше.
Здраво мајки син по втор пат за кратко време повторно има проблем со столицата,матичната не упати на детска хирургија таму ни кажаа дека има анална фисура да почнеме со парафинско масло и антролин локално 2х. Дали некоја мајка давала парафинско масло и имало подобрување? Прв пат ќе пие парафинско масло.
Јас давав и помагаше додека го пиеше, омекнува столица. Ама по 2-3 дена откако престанавме проблемот пак се врати. едит: веќе 2 месеца нема проблем со тврда и нередовна столица, а лекот е овесно млеко. Не давам воопшто друго млеко, само вакво пие и нема маки повеќе. Пробајте може и кај вас е млекото проблем
Majka Ve molam da spodelis za pregledot na d. hirurgija, i kakvi ispituvanja pravevte? Moeto dete ima 2,5 godini. Veke nekolku meseci ima maka so tvrda stolica a ponekogas i bolna. Od dete sto kakase po 2 do 3 pati na den sega na nekolku dena edvaj. Ne jade suva hrana i nisto posebno nemam smeneto vo ishranataza da dojde do ovaa promena. Probuvam so se sto ke slusnam. I ako nema drugo care ke mora na dopolnitelno ispituvanje .. Odnapred vi blagodaram
Мајка здраво пред се ви посакувам што побрзо да го решите проблемот,да биде во ред Те разбирам како ти е.. Ние бевме на детска хирургија таму открија дека има фисури на две места од преглед мешето му го фаќаа,тестисите и газето му го видоа и да се вратиме кај нив на контрола за 3 недели ни кажаа. Другава недела сме на контрола а ние сеуште не сме го решиле проблемот па матичната ни кажа и кај гастроентерохепатолог да се однесе ама како што знаеш кај нас со терминиве тешко.. Јуни ми кажаа да одам за да ни закажат термин за во Јули. Исто и моево кога ќе се искака тврдо,со мака Иначе на иста возраст се со твоето и моето има 2 ипол.