Здраво на сите, Би сакала да ја отворам оваа тема со цел да се направи дискусија за болницата во Гевгелија и условите што ги има/нема. Јас сум разочарана од оваа болница т.е. од начинот на кој се води. Има прекрасно одделение, со сите услови за порагај меѓутоа немаат персонал (сестри за чување на новороденчиња) а притоа од самиот вработен персонал имам коментари дека не дека нема кој да работи туку директорот не вработува никој. И ние што сме од градот или околината треба да патуваме најчесто до Скопје (Струмица е ужас) и на сите маки уште тоа да го трпиме за пораѓај. Разбирам дека некој има што сака да оди на друго место, али од лично искуство знам трудници што сакаат да се породат во болницата меѓутоа се принудени да одат во друг град и да се малтретираат со патување па и финанскиски да се оптеретат наместо да си бидат на 5мин од дома. Искрено би сакала на крај да се најде решение и да де вработи персонал во болницата за да сите сегашни и идни трудници имаат опција да се породат и 'дома'. Доколку админите сметаат дека нешто не е во ред со оваа тема или нема потреба од неа, слободно нека ја избришат. Поздрав
Ја знам докторката што работи на одделението. Јас кога се пораѓав со првото таа беше на специјализација во Чаир, и се запознав, многу беше фина. Имаше лоши гласини дека не биле способни вработените за ништо, ама неодамна имаше вести на порталите и за неколку породувања во таа болница, е сеа коментарите беа лоши на фејсбук.
Се додека се вработуваат лица со партиски книшки,болниците ќе бидат во "распад" Болницата во Гевгелија е супер,колку толку средена за разлика од Струмица или од некои други..ама персоналот е лош. Се вработуваат лица пред пензија,наместо млад персонал,кој може да се внесе максимално во работата. Директорот е главен во партијата која што е на власт,не знам што очекувате повеќе.... Работните позиции им се размешани на сите вработени.. уште кратко ќе трае! До вчера немаа анастезиолог,денес немаат гинеколог,утре ќе немаат интернист и така натаму. Штета голема за едно такво убаво место
А гинеколог ? Анита запознав јас, рече дека е од Гевгелија, претпоставувам таму работи. Една така убава слабичка. Ниту се знаевме ниту ништо, специјализантка беше, на сите посветуваше внимание таму во Чаир додека беше.