Општествени станови

Дискусија во 'Правни совети' започната од zgozelec, 5 септември 2011.

  1. zgozelec

    zgozelec Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Живеам во општествен стан со фамилија повеќе од 10 години.Станот не е на мое име па дали има правна основа да го добијам станот по било кој основ?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Само ако го купиш, направиш купопродажен договор и пренесеш на твое име
     
  3. zgozelec

    zgozelec Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    благодарам за тоа,но да појаснам!
    Имам и полномошно да по откуп на станот е на мое име исто така да ги покренам дејствија за купување на нејзино име, но има една работа а тоа е станот е со времено решение, и најверојатно ќе мора да се откупи на име на носителот на договорот за закуп од времен карактер според законот од март 2011год.
    Ако некој знае правно што и како молам за помош.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144

    Е така си кажи :) . Ако добро те разбрав...
    Незнам зошто сте правеле полномошно и сте ја усложниле работата за да после плаќате данок на имот, но нема везе тоа е др. приказна. Најдобро носителот на договорот за закуп нека го откупи па тебе даде како подарок за да не плаќате дупло данок на имот. А да си прашаш и во Катастар дали тоа полномошно ќе ти заврши работа да веднаш го пишеш на твое име.
    Ако станува збор за оние станови што се на 30-40год отплата и да задоцниш ќе ти пресметаат камата.
     
  5. zgozelec

    zgozelec Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Благодарам за одговорот, а има ли нешто со то што договорот за закуп е од времен карактер или?
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Секој договор за закуп е од времен карактер, кога му истекува рокот или се обновува или не, во зависност како се договорат страните.
    Ако на пр. тебе ти е на 30год отплата и ако задоцниш на пр. не си во можност да го уплатиш станот ке ти пресметуваат камата ама ќе ти дадат и краен рок до кога треба да го уплатиш.
     
  7. zgozelec

    zgozelec Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Закупот е од времен карактер но нема никаде никаков рок,значи до крајот на животот на закупецот, но дали има правна основа да се откупи станот општо е од времен карактер?
    Според некое сознание во СВ 36 од март 2011 година мозе да се пткупи станот со учество од 30% и остаток на 180 рати.Но дали е тоа точно и ...
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Зависи кога е потпишан договорот ако е порано тогаш важат правила од тогаш кога е потпишан а ако сега планираш да уплатуваш таков стан тогаш ќе се водиш по тој Закон. А ако така сакаш со 30% учество и остаток на рати е тогаш ќе се договориш со закуподавателот. Бар јас така знам од луѓе кои имаат такви станови. Мислам дека и најдобра варијанта е да го искешираш затоа што не пресметуваат камата.
    Информација од прва рака можеш да добиеш и од СИЗ за становање така се порано викаа а сега незнам како се преименувани (сигурно пишува во Договорот)
     
    На zgozelec му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ibanez

    ibanez Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    102
    imam 1/6od stanot na mojot tatko.Se e regulirano ,takasto vo katastar se vodam kako sopstvenik zaedno so mojata majka i brat.Pobarav da mi bide isplaten mojot del od nivna strana.Me odbija.Kako da si go ostvaram moeto pravo ? Dali moze da go dadam stanot na aukcija? kako odi toj proces? se plaka li za da se ucestvuva na nea i koj moze se da ucestvuva! Dali na ovoj nacin ke mozam da si go ostvaram moeto pravo na isplata na mojot del? Sakam da znam dali da go zapocnuvam procesot,zosto mojata vnuka inaku vrabotena kako pravnik mi se zakani deka nema da dobijam nisto!
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    средства ќе можеш да добиеш ако некогаш сите наследници се одлучат да го продадат станот. При купородажба ќе морат сите да се потпишат па и ти и ти следува паричен надоместок. Неможеш ти како единка да го дадеш на аукција а исто така и било кој од нив кои се водат како сопственици.
    Никој неможе да те лиши од твојот дел на станот, си имаш регуларен документ Имотен лист кој е спроведен во катастар
     
  11. ibanez

    ibanez Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    102
    lLoso sum razbrana.Jas baram da mi se isplati mojata1/6od stanot.Maka mi i brat mi ne sakaat da me isplatat.Jas razbrav deka sudot moze da sprovede aukcija za da se isplati delot(ne sakam da zatvaram sobi...zosto i toa bilo vo igra...)Jas sakam mojot del da go koristam(materijalno)Koja fajda od imotniot list koga tie gi koristat blagodetite od imotot na tatko mi ,a jas samo gledam od strana...Zatoa ve molam objasnete mi kako odi procesot na aukcija(ako sudot odluci da dojde do nea)Odnapred BLAGODARAM
     
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.776
    Допаѓања:
    28.942
    Пол:
    Женски
    Вака, ти можеш да бараш физичка делба да се направи, но ретко кој прави физичка делба на стан, бидејќи реално е банална. Ама има и такви случаи кои физички делат и станови, па имаат по една соба итн. Затоа обично кога постојат повеќе сосопственици на стан, станот се продава и се делат парите сразмерно делот или пак еден од сосопствениците го задржува станот, а на останатите им исплаќа сума сразмерна на нивниот дел и пазарната цена на станот. Ти не можеш да ги натераш со сила да ти го исплатат делот од станот, ама можеш да поднесеш предлог за физичка делба до судот и да ве поделат, а доколку не постигнете согласност за делба тогаш судот ќе го продаде станот и ќе ви ги подели парите сразмерно деловите. Значи мораш да поднесеш предлог за физичка делба и да отпочнеш постапка, па понатака судот ќе увиди дека е спорна ситуацијата и најверојатно ќе го продаде станот со аукција.
     
  13. chat-pat

    chat-pat Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Vaka , mi treba pomos
    Se raboti za stan koj ne e zapisan vo katastarot na ime na javoto pretprijatie,vo stanot ziveeme so vremeno resenie na dve godini bez da plakame kirija od 1987 god, resenieto e isteceno,sega javnoto pretprijatie pravi elaborat za da go zapise vo katastar na svoe ime , no jas barajki po zakonive najdov vo zakon za sopstvenost i stvarni prava clen 124 koj glasi:worried:ovesniot drzatel na nedvizna stvar , na koja drug ima pravo na sopstvenost,steknuva pravo na sopstvenost na taa stvar so odrzuvacka po istekot na 20 godini.
    Mislenje na pravnik?Sovet?
     
  14. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    во 1991 ва година на таткоми му е доделен солидарен стан. станот во текот на овие години не го исплативме,но имотниот лист сеуште го имаме и за некаква промена не сме известени од сиз за становање. пред неколку дена друг брачен пар се вселил таму и бравата ја сменил,а луѓето ние не ги познаваме воппшто? ве молам некој ако знае како правно да постапиме во случајов за да си го вратиме станот,којшто да повторам се води на име на таткоми. и дали постои можност СИЗ да го доделил без документ затоа што нас не ни е доплатен?
     
  15. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Се работи за нарушување на непосредното владение врз станот кое сте го имале вие како корисници на станот, без разлика што сеуште не сте го отплатиле, и не сте се стекнале со право на сопственост.
    Иако наведувате многу малку податоци, сметам дека сте го владееле станот врз основа на акт (решение) за користење на станот, и врз основа на тоа сте биле должни да поднесете барање за откуп на станот до органот надлежен за вршење на работите од станбено-комуналната област......
    Во однос на прашањето околу повредата на владението, во случај кога лице ќе се всели во стан без склучен договор за закуп, или без друг ПРАВЕН ОСНОВ, во тој случај посредниот односно непосредниот владетел (вие), има право да го поврати владението на станот со дозволена самопомош, и со присуство на полиција, меѓутоа внимавајте доколку полицијата утврди дека тие коишто го завладеале станот имаат некаква правна основа, или е нешто спорно, ќе ве упати правото да го остварувате пред надлежниот суд, во посебна постапка заради смеќавање или одземање на владение.
    Во оваа постапка која е ИТНА, судот ја дава заштитата на владението, според последната мирна состојба на владението, без оглед на законитоста, совесноста на владетелот, и без да навлегува во тоа кој има појако право на владение. Значи се утврдува само фактот кој бил последен владетел, и дека на истиот му е одземено владението врз станот, без да се испитува понатаму било какво појако право на владение, судот носи решение со кое ќе се утврди дека е нарушено владението, и со кое ќе му наложи на тој кој што го нарушил истото да го воспостави во поранешната состојба.......
    Правото на заштита на владението, со дозволена самопомош, или покренувањето на посебната судска постапка поради одземањето на владението се остварува во рок од 30 дена од дознавањето за одземањето , и за сторителот, а најдоцна во рок од една година од настанатото одземање.
    По овој рок ќе мора да покренете РЕДОВНА постапка во која ќе се претресуваат и правните прашања околу тоа кој има појако право на владение.
     
  16. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    БЕСКРАЈНО СУМ ВИ БЛАГОДАРНА ЗА ПРАВНИОТ СОВЕТ. ЗНАЧИ СЕГА,ТОА ШТО ТРЕБА Е ДА ДАДЕМЕ ТУЖБА НА СУД? И ЗАБОРАВИВ ДА КАЖАМ ДЕКА ИЗВЕСЕН ПЕРИОД ОД НЕКОЛКУ ГОДИНИ НАНАЗАД НИКОЈ НЕ ЖИВЕЕШЕ ВО СТАНОТ.
     
  17. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Во тој случај ќе мора со тужба да поведете редовна граѓанска постапка за поврат на индивидуално определената ствар (станот), а согласно чл.160 од Законот за сопственост и други стварни права. Ова е т.н Публицијанска тужба или тужба за појако право на владение, каде ќе се претресуваат правни прашања, и ќе се утврдува чие владение е појако. Најпрво не знаеме дали тие кои што влегле во станот имаат некаква правна основа за тоа, доколку имаат која е таа, и на кој начин ја стекнале, сето тоа ќе биде предмет на докажување пред судот. Доколку немаат никаква правна основа, судот со пресуда ќе го утврди тој факт, како и фактот дека вашето владение е појако (бидејќи наведовте дека сте го владееле врз основа на решение за користење, кое секако доколку не престанало да важи претставува законит начин на владеење), и ќе им наложи да се иселат. Исто така имате право со тужба да барате и надомест на целокупната штета која ви е причинета со тоа, доколку секако постои таква штета, и чие постоење и обем ќе треба да се утврди.
    Ова е накратко околу граѓанската одговорност на тие коишто незаконито се вселиле.
    Да ве потсетам само дека незаконитото вселување претставува и кривично дело, а согласно чл.246 од КЗ на РМ, за кое гонењето се презема по приватна тужба од ваша страна, и каде се казнува оној кој неовластено ќе се всели во туѓ стан, или деловен простор. Ако кривичниот суд им изрече условна осуда на тие коишто неовластено се вселиле, ќе им наложи во определен рок да го испразнат станот.
    Значи сето ова ќе важи доколку лицата НЕМААТ НИКАКВА ПРАВНА ОСНОВА, односно се вселиле "на диво"....
     
  18. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    дали е можно да се поклони од родител на дете,недоисплатен општествен стан? ИЛИ МОРА ПРВО ДА СЕ ДОПЛАТИ?
     
  19. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51
    Ве молам доколку некој знае нешто нека ми одговори. Мои блиски аплицираа за купување на општествен стан ( оние што се во сопственост на државата) . Се ослободи еден во нашиот град и аплицираа уште во февруари, но сеуште ништо не бива. Документите ги поднесоа до Влада на Република Македонија и очекуваат повратен одговор. При внесувањето на документите таму добија картонче со бројка (ја пишува датата на која се внесени документите и бројка 22 (најверојатно под кој број стојат ) ) ни рекоа дека обавезно мора да ги известат и во случај да го добијат и да не го станот. Тие немаат ништо на нивно име што веројатноста да го добијат е голема. Но, таа комисија се составувала многу ретко како што разбравме.

    Прашањето поконкретно ми е, дали некој има искуство со вака земен стан ??
    Дали би знаеле каде во Влада (ако е можно) да се обратиме ??? Број или нешто слично?
    Сакаме да прашаме да си го бараат чарето ако бива нека бива ако не да си ги земеме барем документите да не ги моткаат.

    ВЕ МОЛАМ ПИШЕТЕ СОВЕТ. Поздрав
     
  20. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    за стан доделен во 1991ва година...дали е веројатно ако не е доплатен да биде даден на друго лице без пртходно да се извести првиот корисник? и како се утврдува сума на долг...последните години не е плакана кирија..ако се одземе дали првиот станар има право да се жали за отштета за тие години што ги плакал?