Дали постои некој начин за парче материјал(од завеса) да го исфарбам од светло кремасто во светло сино?
Зависи од што материјал е. Ако беше бело мислам дека со прехранбена боја ќе средеше убава работа, ама пробај,ништо не те кошта. Е сега ако ја зезнеш завесата,ќе си имаш мотив да си купиш нова!
Имам голем проблем. Веќе некое време со денови ме болат рацете во пределот на дланките премногу, ми потекуваат и ми вијат одвнатре, ко ќе се истегнам коските ми крцкаат ко да ми се кршат и ќе се скршат во секој момент. Реума ќе да е. И недостаток на калциум во коските си претпоставувам зошто мислам дека ова е баналност за да одам на доктор, ќе ме исфрлат сосе врата... чаре? Што да правам? Да ги ставам во врела вода, нешто така сама да си помогнам?
Oднесов барање во Комерцијална за одење во минус на плата. Типката не ми го прими,зошто требало во фирма да однесам и таму да ми заверат. Отидов во друга филијала,и таму рекоа дека не мора да се завери во фирма,ами барањето да се однесе во главната Комерцијална банка! За стопанска знам како одеше,преедноставно,незнам овие Комерцијална што комплицираат.
Која е разликата помеѓу маслиновото масло што си го купувам од аптека,и овоа од Кам (или од било кој друг маркет) што сакам да го земам? Дали може да се користи и овоа од Кам за мачкање на тело,лице или не? еве овакво е тоа од аптека А тоа од Кам или од другиве маркети е како во шише за зејтин,вака нешто
за минусно салдо кај нас, ние со 3 банки соработуваме и кај сите 3 треба да се завери во фирма, за да се знае нели дека си вработена таму, ама мислам дека нема врска во која филијала ќе го однесеш. Нели има на барањето простор за потпис и печат од фирма како и административна забрана? или во некоја друга форма е
Па има,ама проблемот е што во една ми рекоа не треба да се однесе во фирма,си имаме ние увид на вашата сметка,единствен услов било 6 месеца да земаш плата преку нив,а во друга ми рекоа треба Прашав кај секретарката од фирма да ми завери,она рече првпат слушала такво нешто,никој досега и нема побарано . А не можам до главната да одам,овие ми беа близу .
Може, баш Ариел пишуваше дека овоа за јадење т.е од Кам го користи и за мачкање на тело само што мирисот се впива и на облеката и малку потешко се вади со перење. Нели кожата ти мириса на маслиново масло и се пренесува на облека. Има фантастични резултати, јас понекогаш ставам кога си правам пилинг за тело. Разлика е во цена, паковање, бренд/марка и начин на добивање/правење
зависи кого си прашала Ако е некоја што ви ја знае фирмата и што редовно работи со вас, нема да ви бара се и сешто, ама ако е некоја понова или незаинтересирана, тогаш ќе те праќа и до Велес ако треба (ако не си од Велес ова) Незнам, кај нас редовно потполнуваме вакви барања, ете изгледа зависно е и од банката, јас па баш утрово заверував 2 вакви барања за минусно салдо
Јас колку што знам се закажува на 0800 192 92. Овој број го има на страницата на МВР во делот за услуги.
Дали има летни курсеви за деца по англиски јазик ? Доколку некоја знае име на некое такво школо ја молам за Л.П. (да не правиме реклама )
Има ли стигнато плата за државна администрација? И знае ли некој дали Олимпик (она за пастрмајлии) вршат достава до дома и како се со цените? Фала
Знае некој како се вади мастило од прекривач? Ај ве моолам кажете. Ако зне некој нека ми пише во ЛП, бидејќи тука нема да го видам одговорот. Фала однапред!
Имам едни панталони цевка се ама јас дека имам слаба нога долу и ми стојат така малку поширочко. Ако може сакам да ги стеснам за да ми стојат поубаво. Има некој стеснувано на ваков начин ,дали воопшто стеснуваат и колку пари земаат ?