Аааааа кај си на време да ме обавестиш? Се зезам. За 2 недели ќе одам пак, па ќе наминам. Вчера овде цел град го завртев не најдов сакасии какви што сакав за кактусите.. сеа и по саксии ќе морам до метрополата да одам. #животеимашлидуша што би рекла Ина
Зошто и мене ми стигна нотификација за мислењево? Дали @sjdgo и јас сме можеби една иста личност, а не знаеме?
Добро сеа секој ден тоа го работам, ти ли ќе ми кажуваш? Ако не веруваш иди прашај во било која банка. Погрешно го толкуваш законот, не се однесува на сметка во една банка и не се однесува само на физички лица. Правните лица може да имаат повеќе сметки.
Го има и во Веро 2 во Тафталиџе, цената е иста, 500 денари. На Пинтерест и по Гугл имаш вакви шеми за да си изработиш планер. Јас си испринтав, многу евтино ми излезе а фино книже си направив.
Вака јас имав некоја идеја и однесов да ми испринтаат бела маица, но по првото перење тоа принтаното многу избледи..и сега маицата е за никаде. Па сакав да прашам дали да одам пак но овој пат на друго место да ми ја испринтаат и дали ќе се нафатат? Или некој друг совет што да и правам на маицава да не ја фрлам?
Моето мислење барем беше аргументирано. Би ми било драго ако споделиш и ти аргументи за твоето, освен тоа „банкарка сум“. На крајот на краиштата нема потреба од дрскост, особено кога не знаеш какво е моето искуство и поврзаност со банкраско работење и законска регулатива.