Имате мах тв? Не знам дали само кај мене не работи или имаат дефект поради невремето... + снемувам мрежа на телефонот и wi-fi ми кочи
Мислам дека околу 4700 платив лани. Редовна постапка околу 1700. Можеш да платиш со картичка дирекно во кабината за сликање, да не се маткаш по банки или пошта.
Каде има кутија за четка за заби ? Слична на оваа на сликата. И дали некаде сте виделе вакво за конец за заби ?
Првото- во Рамстор мол маркетот Второто- во Џамбо видов последен пат, инаку би требало да има во секој поголем маркет или аптеки
Девојки да ве прашам колку пари трошите на одмор на море од прилика онака без премногу распуштање,150 евра дали се доволни што мислите?
Ако си носиш храна со себе, бар за пола денови од одморот.. скромно, но можеш да си дозволиш. И тоа повеќе се однесува за некој од краците што се најблиску. За на остров.. потешко.
Дали кај нас постои онлајн банкинг да префрлам пари на друга сметка а да не морам да одам во банка?За во друга земја ми треба да префрлувам/
Девојки дали кога ќе прифатиш пријател на фејзбук излагат на почетна? Дали можат другите да видат дека сте станале пријатели?
Мислиш дали излегува нешто на почетна кај другите твои пријатели? Не. Инаку нема никој да види дека сте пријатели, ако листата со пријатели ти е ставена на опција only me, или како и да беше, за само ти да можеш да си гледаш кои ти се во пријатели.
Да се покажува а дали кај сите незнам. Пред некој ден видов на почетна некои рандом пријатели станале со некои пријатели.
И кутија и конец има во Cosmo, пред некој ден видов, а најверојатно има и во ДМ. Кажи каде планираш да одиш, па ке може да ти кажам. Има огромна разлика од Грција на прв крак до втор и трет и острови. На прв крак, овие места на почеток што се - можеш, ама без излегување и алкохол. Грција втор, трет крак, острови или оние места како Парга, да речеме - нема шанси. Будва - исто нема шанси, Сутоморе - може, Хрватска веќе не ни правиме муабет, таму и сместувањето е скапо. Бугарија исто можеш, Несебар и Сончев Брег сум слушнала дека се евтини, ама не можам да ти кажам за сигурно. Излегува на страна ако си од лап-топ/ пц онаму кај што излегува кој што лајкнал или објавил. На мобилен не.