Не знаев каде да го поставам прашањево, не знам дали е за тука, претпоставувам, пошто се општи прашања. Дечки каде низ Скопјево да барам точак да си купам ? Не е толку дека не знам каде колку што во моментов не ми текнува. Гледав во Агротехна, ама не е само да земеш одма, добро е претходно убаво и да разгледаш + сакам да ги искористам субвенцииве што/ако ги дава град Скопје
Ме интересира дали доколку се упатам во Систина на шалтер за информации околу хируршки зафати и сета цена околу тоа ќе ми наплатат? Значи не зборувам за преглед од доктор или консултациа од стручно лице, туку ме интересира за информации околу цената и закажувањето.
Јас памтам дека се имам јавувано на телефон околу информации за цени, тоа не би требало да се наплаќа. За на шалтер како е што е, немам искуство.
Како да дознаам на чие име се води ип бројот на телефон ? Ми влегол некој на профил на фејсбук и ми го покажа бројот од кој тел ми влегол...
Секако дека нема да ти наплатат, тоа ти е исто како на пазар кога прашуваш која цена е одреден производ. За прашања пари не се земаат.
Женски, што се случи со таа страната unofficial: astrology? Групата некој да не ја знае? Баш интересни текстови имаше
Sakam da prasam nesto kako detsko dramsko studio ama da raboti so deca od 4 godini dali Ima niz skopje. Deteto da moze da go razviva govorot da glumi I uci da glumi.
Имаше во Драмски театар такви курсеви за глума. Дали сеуште постојат не сум сигурна, но мислам дека најдобро е да се јавите и да прашате, тие најдобро би знаеле. Веројатно има и приватни курсеви, знам дека имаше еден на фб постојано го рекламираа но оддамна го немам видено.
Провери во Рамстор, одма горе пред ескалаторот лево има привезоци, можеби има и со хороскопски знаци. Ескалаторот од спротивната страна на waikiki, не тој до него.
Дали ако имам трансакциска картичка на дечко ми можам да ставам пари на сметка или пак треба да префрлам како од мое име да уплатам на негова сметка?
http://www.mastersport.com.mk http://modusbike.com.mk http://www.bikemarket.mk http://www.bikestop.com.mk/home.php?lang=2&mb=3 http://www.pro-sport.com.mk https://velosiped.mk
Бидејќи нема соодветна тема за тоа што ме интересира, или јас барем не најдов, овде ќе прашам иако мислам дека не е баш најсоодветно. За да отвориш сметка во банка на свое име и да управуваш со неа, мора да имаш полни 18, така? А пред извесно време имаше дискусија овде дека во иста банка не може едно лице да има две сметки. Дали тоа може да биде проблем и за личности кои имаат сметка отворено на нивно име пред да наполнат 18 со помош на родител старател, па после полнолетство сакаат да отворат нова сметка во истата банка без претходно да ја затворат старата? И како оди вадењето на картички(кредитни, дебитни)? Може Paypal картичка и дебитна картичка на МастерКард на пример да бидат на иста сметка? Ако може некој да ја објасни целата процедура и деталите. И мислење за услигите на Комерцијална и Стопанска банка? Од која сте позадоволни?
Доволно е броjот на сметката да го имаш. Не ти треба твоja сметка. Кажуваш да уплатиш на таа сметка толку пари и готово.
ип бројот на телефон? На IP адреса мислиш? Ништо не можеш ако е тоа. Не се водат на име, се водат на оператор.
Театар за сите, професор е Милош Б Андоновски. Пиши му на фб, мислам дека цените на часовите не му се воопшто скапи.