Незнаев каде да го поставам прашањето, ако има соодветна тема нека биде преместено. Им плаќаат ли на моделиве во центрите за обука на пример во: Кариера Плус, Центар за обука Ева и сл.
@lovemme јас пред една-две години зедов часовник од My Time во ГТЦ на ваков попуст. Си го носиш индексот со тебе, си бираш од часовниците кои спаѓаат во оваа понуда (бидејќи само за одредени важи попустот, не за сите), и потоа мислам дека ти заведуваат име и презиме, факултет и по кој предмет ти е оценката за да не земеш повеќепати со истата оценка, и го купуваш часовникот со 50% попуст. Едит: исто така, ако добро се сеќавам, ти важат оценките само од изминатата сесија (пример ако сега има понуда во јули ќе важат само оценките добиени во јуни), така да не можеш да купиш со оценки од предходни семестри/сесии.
Дали и кај вас не работи странава со возниот ред од јсп? http://jsp.com.mk/VozenRed.aspx Не знам кога имам бус, а апликацијата не можам да ја симнам, немам место во телефон
Кај да видам за апартмани во Охрид, ми треба за 3 дена - 2 ноќа само. Имам работа во градот па да преспијам бар.
На групер имаш апартмани намалени, не како на букинг, е сега дали ти се во рамки на буџетот не знам.. Би препорачала едни, ама да не излезе реклама, а јас модератор..па дупла брука
Ги гледав тие и се јавив на едниот ми вика да не купам купон и да платам 500 денари од вечер. Е што го ставиле тогаш огласот, глупости.
Имам неколку пати купувано за разни телефони не сум имал проблем дури повеќе држела батерија од оргиналот.Кина шопинг поздрав
На страната на мж пишува 1700 Со новиот возен ред од 11.12.2016 година МЖ Транспорт АД-Скопје воведува дисконтни специјални цени за следните релации: Понуда Србија/Македонија Специјал –Скопје-Белград Специјал во еден правец 13,80 ЕУР или 855,00 денари; -Скопје-Белград-Скопје Специјал повратен билет 27,60 ЕУР или 1709,00 денари; -Скопје-Ниш Специјал во еден правец 6,90 ЕУР или 428,00 денари; -Скопје-Ниш-Скопје Специјал повратен билет 13,70 ЕУР или 849,00 денари; (Рок на важење на оваа понуда е 15 дена во еден правец и 1 месец за повратно патување)