Бидејќи е поделен бројот 157 со 100, се добива резултат 1,57. Фактички, 1%=1,57 поени. Е сега, за да добиеме 51%, како што објасни Хипстер: 1,57*51=80,07. А за да добиеме 60,99%, пак го множиме истиот број (1%), само со 60,99. И ќе добиеме: 1,57*60,99=95,75. И како што разбрав, треба од 95,75 поени, да се одземат 80,07 поени. Т.е.: 95,75-80,07=15,68. Колку е точно не знам. Ама барем се обидов.
Како нема? Во Тобако трафиките мора да има. Јас баш гледав во Тобакото кај Бисер и имаше и бурди и тоа другото германското. Ама слабо ги доставуваат новите, па подобра опција е да се позајмиш од некој што има стари.
Имам точак постар модел, француско производство. Од пред некое време, гумите почнаа се почесто да се издишуваат бидејќи се веќе стари. Сакав да си купам нови, арно ама никаде низ нашиве пазари не можам да најдам со такви димензии. Гумите се тенки, не се оние дебелите. Еве вака изгледаат отприлика Тенки најдов на едно место, ама и тие не се до толку тенки. Некое инфо каде има избор на гуми за точаци? Би ви била многу благодарна, оти цело лето без точаче ќе си останам
Квалификации за СП 2013 09.06.2012 - сала: "Борис Трајковски" - 16:30час. билети во ТОБАКО и карши стоковна куќа на штандот кај спомен плочата на мајка Тереза по цена од 200,00 ден.
Незнам дали имам прашано, али јас пак ќе прашам. Можам ли негде да порачам да ми направат беџ со слика по моја желба?
Не најдов ваква тема низ категориите, па се надевам дека од овде некој ќе ми одговори. Каде во Скопје има пирсинг студија и дали некој знае контакт телефон, адреса... ?
За запишување во средно освен сведителство од 5-8 и извод од матична книга требали уште нешто? И треба ли изводот да биде нов тоест не постар од 6 месеци?
Сведителства од петто до осмо, извод не постар од 6 месеци и пријава (пријави најчесто даваат во самото училиште, ама не е лошо да си купиш) и таксена марка од 50 денари мислам дека требаше.
Девојки,колку денови законски следуваат за свадба? Некој вели 2,некој 4 ,некој спомна 7 Или зависи од желбата на главниот
Јас знам за 3 Колешка правеше свадба пред 2 години и знам дека имаше 3, четврток, петок и понеделник. Едит: Сега најдов во Законот за работни односи, член 146, имаш право на одмор до 7 работни дена
И јас знаев за 3,ама дирекорица рече 2.И друга колешка прави свадба,па баш го листала овој законот од Артемишн,пишувало 7 работни дена.По муабетот нема шанси 7 да ми дадат,не сака ни 3 камо ли 7? Мора да ми потпише директорот така ,или само си одам и 7 дена одмарам И што ако не сака да ми даде 7 по закон,еве последно вели имаш право на 2
Законот е стар од 2010 има Измени. Дај што даш па макар и 2 битно ти следува. Можеш да си прашаш и во Трудова ќе ти дадат инф.